Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Всушност со тој потег она ти покажала која е прва снаа во куќата. Затоа што кога ќе дојдат на гости ти ќе спаднеш едно ниво подолу. Со тоа што она направила за нив за свадбата само докажува дека е над тебе. Тоа ти пречи тебе,затоа што ти потроши 10 години на човек кој сеуште не ти ставил прстен на рака. А старите сега те гледаат со други очи нормално затоа што до сега немале прилика да зборат со тебе. И самата кажа дека кога влегол дечко ти во просторијата разговорот заминал во друга насока. Тие не ни биле либерали како што мислиш ти туку само ќутеле ради синот.
    Затоа разговор со дечко ти,ако има намера да има иднина со тебе добро би било да се земете и да живеете САМИ.
     
    На SummerGirl, H.VAGA, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Искрено, не дека ми се брза да се мажам. Мене ме иритира највеќе тоа што она на второ наше гледање си дозволи да кажува што и како, па уште и ќе ни останело на нас. Колку и да сакам да мислам дека е најдобронамерно, осеќам како се меша и наметнува некои работи. Не сакам да се споредувам со неа,само сакам да си гледа нејзина работа и да не се меша. За "свекрвата" толку и не замерив стара жена, ме изнервира дечкото што не ја седна да постави граница. Знаел да реагира на мн побанални работи, а на ова преќуте. Ако веќе толку ја интересира нека го праша него, или нека не седне и двајцата. Вака ме става во мн непријатна ситуација. Што се однесува до брат му нормално дека ќе му значи, јас не ни сакам да ги скарам, ама не може тоа што ние сме се договориле да падне во вода, и да се водиме по нивните планови.
     
  3. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Во право си, знам колку дадов, не само на него, туку и на неговите и ме боли што не можат да ми честитаат роденден или празник. Она два пати има дојдено на неколку дена, па ја фалат како направила ручек, а јас милион работи имам направено за сите овие години па никому ништо. Небитно ми е мене дали сум прва или втора, секако не сме со ист маж :) Уште еден коментар од мајка му ме боцна ден после свадбата кога беа собрани тетки и стринки.. Им вика ааа до вчера немав снаа, сега имам две. Е како преќу ноќ ти станав снаа? Не знам веќе стварно, преку глава ми е од се!
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Леле со какви глупости се замараш. Не ти честитале роденден. Зошто си се мачиш со вакви работи.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Епа ќе го седнеш пак и убаво ќе му објасниш, нема да дозволите да се водите по нивни планови. Најбитно е да се одделите од нив и дечко ти да не ги слуша нив. Да не испадне после со мама и тато, или мама и тато кажаа вака да биде. Инаку мене тоа да зборуваат пред мене на друг јазик ми е непочитување и недостиг на култура. Како што сфатив ти секогаш му честиташ, не сте мал период во врска, од култура барем да ти честитаат ако ништо друго. И дечко ти нема што да ти кажува, ако сакаш ќе честиташ на снаата ако не нема. Игнорирај ги тие муабети (за куќата и слично), можеби сака да се направи главна ама не и давај значење.
     
    На SummerGirl, H.VAGA, Zumbula и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Се нервираш непотребно и за глупости.
    Секако напомена дека нема да живеете со старите.
    Штом си разговарала со дечко ти и сте се договориле околу се тоа, мајка му што сака нека збори.
     
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.398
    Пол:
    Женски
    Ах, за жал мислам дека на крај се покажале у право светло.
    Според мене ова е најголем проблем во 90% од врски/бракови со различни вери, поготово кога машкото е муслиман. Иако секако има и некои шо супер нашле компромис и верата не им прави никаков проблем ама ми личи кај тебе дека некако тешко ќе е за компромис.
    Чим уште сега така прават и јасно ти дале до знаење што и како, мислам дека понатаму и бетер би било. А, гледаш и не ти верува пошо мамичка е у право, немој така ти се молам, има право да ти наредува и да ти ги кажува обичаите, а ти мора само да поштуваш.

    И иако делува за снаата ко да си љубоморна, ја мислам дека имаш причина зошто така се осеќаш, луѓе сме, не роботи, фала богу дека иаме емоции и дека по 10г треба да те почитуваат, а не така да ти праат да се осеќаш. Ко намерно да те провоцираат ми делува мене. Според мене тие се прикривале, па сега се покажале у право светло. Пред дечко ти ќе глумат фини, а на тебе ќе ти праат тортура, страшно.

    Другарка имав, 3г идеше со муслиман, нејзините не ја поддржуваа, но сепак се бореа да им успее некако врската, ај таман се помирија, демек помодерен е, неговите ја прифатиле се океј, е кога се смири топката од страна на родителите од другарката, тогаш почнаа проблемите.
    Ја пратеше кај иде, одеднаш забрани, со мажи не смеела да се дружи, па обичаите, па ако сакала да е со него во иднина за брак морала тоа, морало она, ако го оставела, ќе ја убиел, друг маж жената не смеела да има според него, така му налагала верата. Да не се разголувала, провоцирала мажи, според Алах тоа било грев. Он да одобрел дали можела тоа да го носи, па после ќе излегла. Одма да се земеле, никако да не работела, студирала и некои си затуцани муабети.
    И мајка му ја викнала да и збори муабет као сеа морала да избере меѓу син и и иднината, не прифаќале она снаа шо работи, се меша со мажи превише и шо се однесува така, тоа било ван граници на толеранција.
    А, на старт сите имавме мислење колку кул чоек, модерен, либерален, млад, ете доказ верата не праи никаква разлика ама на крај испадна многу добро глумел само...

    На крај му раскина поради се тоа, а што се не преживеаа за да им успее врската, па гледам сега иако веќе не сме толку блиски, си нашла нов дечко и многу посреќна ми делува, а и сама ми кажуваше коа се сретнавме, дека многу се кае за порано шо толерирала и дека сега кристално кога ќе погледнела, голема грешка и била врската. Ние другарките увек ја поддржувавме, се дур типот не почна со неговите обичаи и да и забранува се и сешто, ептен токсично беше, па умешување на родителите и не знам ти што.

    Ја искрено не би сакала такво мачење у животот, да ми кажува некој за обичаи, па да ми се меша за имиња на децата, небаре она ќе ги раѓа. Не ми мириса на добро ова твоето. Седни го дечко ти, у предност си што не сте у брак, па на време напрајте убав муабет. Прво и прво дека со нив нема да живееш ако се земете, второ дека нејќеш да ти се мешаат и трето дека дечко ти не треба мамино синче да глуми, туку дека ако сака да гради фамилија со тебе, треба да ти верува и да те поштеди од такво однесување.
    Ај на снаата игнор ќе и удриш и така не ни живеат тука ама ова со родителите е поголем проблем и тоа шо дечко ти не ти верувал и ти рекол дека сакала да те поучи мајка му, не мислела лошо.
    Сега те поучува, а у иднина коа ќе сакаш да стаиш на детето пример некое интернационално име за компромис да речеме ко на пример Сара, ќе ти речат, никако, мора да е Семра, тоа се нашите обичаи, ние на време те подучивме, нема сеа мрчење.
     
    На SummerGirl, *Amethyst*, темјанушка и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    За жал или можеби за среќа, предност е што се покажаа пред брак. Он дури има идено со мене во црква и во манастири, затоа и сум толку запрепастена. А штом мајка му ми направи таков муабет очигледно им е битно како ќе им се викаат внучињата. Јасно ми е дека ги интересира што и како планираме, и моите ги интересираше, но тој муабет си го направија со мене, него ништо му немаат спомнато. Им дадов до знаење дека ние сме тие што ќе си направиме компромис. А негова мамичка штом толку сака да ме "подучи", ќе продолжеше и кога тој влезе во собата.

    Фала ти што ме разбираш за љубомората кон снаата, иако повеќето ми кажаа дека се замарам со глупости. Едноставно ми предизвикува лошо чувство дури и да и го слушнам името. Ден после свадбата кога беа собрани тетки и стринки, она во фустан и ми вика мене да ти го оставам на тебе. (Они имаат обичај да се собираат само жени).. И ја и викам како ќе ми го дадеш, ова ти е спомен од свадбата, треба да си го чуваш. И ми вика, абе тебе ќе ти биде голем... Или е премногу добра или премногу лицемера, ама ќе се дознае.


    Доколку е спремен да прифати и да почитува се она што сум јас, како што јас го прифаќам него ок, доколку не, секој по својот пат. Нека најде некоја "негова" што ќе им бакнува рака на цела фамилија. Мајка ми сепак ќе излезе во право на крај... Фала ви на сите за одвоеното време
     
    На *Amethyst*, Regina.Phalange, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    И во христијаните има вакви, до кога со овие стереотипски осудувања?
    Посесивен и љубоморен не те прави ни вера, ни религија, ни нација, ни боја на кожа, ни пол ни бутур!
     
    На buba4e89, piksooki и black-angel им се допаѓа ова.
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Маж ми (кој има 30год) го прави истото. Едноставно тоа го релаксира. Поготово сега со коронава, нормално е да игра повеќе од вообичаено. Се додека збори со тебе додека игра, јадете заедно, гледате тв/филм заедно, извршува домашни обврски (пр. фрла ѓубре, ти помага со нешто), излегувате заедно, одите на викенди итн да не набројувам - значи се додека обавува нормални работи, а игра во слободно време, тогаш е океј.
    Верувај, имам другарки кои мажите/дечковците не можат дома да ги соберат, па така му благодарам на Господ што "порокот" му се игрите :rofl: Замисли да иде по казина и обложувалници и да седи пијан по кафани... Вака дома ти е, си комуницирате:lol:
     
    На Regina.Phalange, ЕденЧлен, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.398
    Пол:
    Женски
    Самиот се вадел на тоа мене верата така ми налага. Ја морам тие правила за изборот на жена и за морал да ги поштувам од мал така ме учеле.
    Муабетот беше дека на старт се правел либерален со погледи модерни кон светот, не му биле битни религиите, а после откако ја придоби и неа и фамилијата нејзина почна да меша религии и обичаи и морало по негово да е.
    Никој не вика дека нема и христијани такви, друг беше муабетот.
     
    На SummerGirl, Alisa22 и BlackMistery им се допаѓа ова.
  12. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Ти никогаш нема да бидеш прифатена во такво семејство, без ралика на вера, нација, раса....Се додека дечко ти е на страна на мајка му....Не велам дека не треба да ја послуша, но штом ќе реши да живеете заедно треба да се знае кој - кој е. Според мене, подобро тргни се со време, за да во иднина не бидеш крива за секој поглед упдатен кон мајка му, не камоли збор. Ние живееме во зедница, фала на Бога до сега не сме имале некоја ситуација, меѓутоа нашите проблеми, заеднички финансии и инвестиции си ги решаваме со мм, без мајки и татковци (мои и негови).
    За деца и имиња не дискутираме, ние одлучуваме за нашите деца.
     
    На SummerGirl, Lence2020 и Zumbula им се допаѓа ова.
  13. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Мислам дека самиот факт дека си друга вера, ќе предизвикува нон-стоп да те гледаат со други очи и да те држат на дистанца. Штом сте веќе 10 години заедно, а до сега ништо не се променило, нема ни да се промени. Можеби ако имате дете еден ден, ама тек тогаш па други проблеми би настанале...
    Ако се сакате, мислам дека треба сами да си живеете и во вашата врска/брак да не ги мешате родителите.
    Знам дека боли, но ти си со него, а не со мајка му.Она за другата снаа - тотално ич немаш потреба да се преоптоваруваш, а уште помалку да љубомориш. Секој си е сам за себе, сигурно и она не е совршена. Ти си едно, таа е друго. Ако е она снаата која ја сакаат, ти биди снаата која ја мразат и чао! :)
    Секогаш кога имаш очекувања кои не се остваруваат, следуваат разочарувања - во превод не очекувај да ти честитаат празници и родендени и нема да се нервираш. Прифати ја ситуацијата таква каква што е, пак ќе кажам, ако за 10 години не се променило ништо, немој залудно да се трудиш да те "засакаат".
    Почитта и љубовта во животот треба да ги пуштиш да дојдат природно...
    Се што се случува природно е искрено.
    Поздрав и секое добро!
     
    На SummerGirl и Zumbula им се допаѓа ова.
  14. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    И јас ги имав овие размислувања, но почнав да ги менувам. Не можеш да кажеш дека кај нив не се построго држени жените. И дека не постојат "правила" кои мора да ги почитуваат инаку лошо за нив. Кај христијаните не би рекла дека е толку строго. Посесивност и љубомора е едно, а наметнување на обичаи и мешање во твој живот, исто на религиска основа е друго. Мислам дека сме многу пофлексибилни на таа тема. :)
     
    На SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  15. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    Да, и јас во последно тоа го размислував дека има и полоши работи кој за среќа не ги прави.
    А исто така разговаравме во врска со ова и најдовме компромис така да, до некаде се среди работата :)
     
    На *Amethyst*, Regina.Phalange, meggle и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Zdravo imam 18.5 godini i nikako ne uspevam da si fatam devojka moze nekoj sovet nikogas do sega ne sum imal devojka
     
  17. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Си се потрудил ли?
     
  18. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    da 100tici chatovi na insta sekoj petok sabota na zurka koga ne bese koronava inaku izleguvanja i se devojcinjata kako drugar me smetaat i gledaat
     
  19. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Може така се однесуваш. Превземи иницијатива, на таа што ја меркаш, дај и знак дека ти се свиѓа, речи и да излезете двајцата и така..
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    А убав си?8-|
    Сериозно те прашувам, битен е и физички изглед.
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.