Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.390
    Тотално погрешна причина за брак или свадба. Демек да умре во мир дека ете детето се скуќило.
    Пост фестум не е ни важно веќе. Ако партнерот твој чувствувал обврска, таа сепак не е и твоја обврска. Плус починатиот е починат, го нема веќе, а ваше е да ги градите животите ваши какпошто ви одговара.
    Не ми звучиш сигурна дека сакаш брак токму со оваа личност. Нема смисла никакво брзање според мене. Тоа треба да биде од заедничка желба, а не дека на едниот му се брза дека некаков воз ќе замине. Да,родителот не е тука да види, но болеста се испречила, ваша вина нема воопшто. Грижата на совест ти е само поттик да размислиш како стојат работите и што сакаш понатаму во вашата врска.
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    Битно му беше на партнерот , го разбирам родител
    Меѓутоа сега се нервира многу . зашто ме гледа мене колку се измачувам со таа мисла
    Се мислев да за брак, зашто јас сум личност што сакам да сум сигурна , не сакам сега да кажам ајде па после да се предомислам
    Да бидам искрена имавме период со мн караници, несогласувања каде што верував дека најдобро би било да се разделиме . Имав и долга врска пред оваа , и секогаш кога се каравме со партнерот мислев и на минатото, меѓутоа не верувам дека постои човек што не мисли на минатото
     
  3. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    @Vincent Да сте се земале тогаш, сега ќе размислуваше постојано дали те земал за жена само за да му ја исполни желбата на татко му.
    Нема потреба да мислиш за нешто што и како би требало да биде во минатото.
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    Не верувам , дечкото ме сака, меѓутоа јас не бев спремна за брак сеуште
    Јас не бев спремна за тој чекор сеуште, и затоа сега се осеќам лошо
    Навечер немозм да спијам само тоа ми се врти во главата, пријател психијатар ( комшија) ми препиша димитрин по пола
    Меѓутоа јас не сакам да пијам , а внатрешно нон стоп ме гризе зошто не прифатив итн
     
  5. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    А ако прифатеше брак само да му угодиш на дечко ти мислиш немаше внатрешно да те гризе зошто прифатив?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    Да знам, во право си
    Затоа и не сакав да прифатам, искрено ја знаев ситуацијата меѓутоа ете едноставно не бев спремна на таков чекор што според мене не е баш мал
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    За огромна глупост се замараш. Што ти е гајле какви желби имал починатиот родител. Сите имаме милион желби што нема да ни се исполнат. Правилно си постапила, ни секунда не треба да изгубиш спиење навечер за ова. Значи бракот е за вас двајца, не за родителите. Тоа што родителите сакаат да си го оженат синот пред да умрат, сакаат внучиња пред да умрат е нивни проблем, нивна проекција. Не е твој проблем за ти да го решаваш. Живеј си го животот ко што сакаш и не превземај товар што не е твој
     
    На Konfetka, WildMk и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    На партнерот треба да му е битно ти да си среќна и спремна да бидеш во брак. Секако дека сите сакаме родителите да ни се среќни, ама партнерот твој згрешил многу што те форсирал. Тебе не те зел ич во предвид. Твоето мислење ич не го зел во предвид, родителот му умирал ај да му ја исполниме последната желба на твоја сметка. Јас не знам како се измачуваш со ова. За ова треба да му замериш на партнерот, а не да се измачуваш. Тој да не те форсирал, ти сега немаше да имаш чувства на вина. Тој требало да размисли дека желбата на неговиот родител не е рационална. А не тебе да те форсира
     
  9. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Дали ви се случило подолго време со никој да не се чуствувате компатибилни?
    Ми викаат, не пребирај толку....Искрено не пребирам толку јас колку што не ми се погодува.
    Едноставно или физичка компатибилност, хемија има супер све, карактер катастрофа.
    Или карактер погоден хемија 0.
    Толку ретко се вљубувам, а за сакање да не збориме.
    Еве моментално запознав човек кој е супер, грижлив, посветен,вреден, но едноставно ја нема таа хемија што реално треба да се има на почеток. Сеедно ми е дали ќе ми пиши одман или после 4саати. Сеедно ми е дали ќе се видам. Немам желба за нешто како гушкање и поинтимно. Не се поднесувам веќе сама себе.
    Околу мене ми викаат само 2пати си го видела, ќе ти се заарни. А пишувавме 3месеци.
    Што мислите за ова?
     
    На *Amethyst*, raww и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.349
    Пол:
    Машки
    Може. :P
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Треба сите да бидеме пребирливи, не гледам проблем.
     
    На WildMk и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  12. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298



    Многу сум емотивна и едноставно се си ставам на душа затоа и се замарам
    Јас сум човек што не сакам да повредам никој
    Едноставно не знаев дали е тоа тоа за да стапам во брак , и затоа се мислев
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ти не повредуваш никого. Единствено себе си можеш да се повредиш ако стапиш во брак кога не си сигурна.
     
    На WildMk и flawless_ им се допаѓа ова.
  14. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    И јас не сакам никого да повредам, ама дали и тие не сакаат да ме повредат мене? Не си должна да исполнуваш желби кои нема да те направат среќна, туку сосема спротивно ќе ти отворат дополнителни прашања и нервози.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Нема ништо лошо во тоа да знаеш што сакаш и што очекуваш од иден партнер и да се трудиш да го пронајдеш тоа. Со овој со кој се допишуваш 3 месеци и немаш желба за нешто поинтимно според мене џабе си трошиш време, ако сакате и секој ден гледајте се, џабе е кога нема хемија.
     
    На mila7 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Да, постојано ми се случува ова.Наоѓам некој кој е убав, а не ми одговара карактерно и обратно.Исто и мене ми викаат дека многу пребирам.Не си единствена да знаеш и нормално е да пребираш.
    За тој типот не се надевај, штом досега ти било сеедно така и ќе остане.
     
    На Konfetka, *Amethyst*, mila7 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298



    Да во право си
    Иако сме во врска 4 години јас на моменти сеуште се двоумам
    Имав долга врска пред оваа, и некако на најмала караница и ситница јас се враќам назад , најверојтано таков карактер сум слаб
     
  18. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Не си слаб карактер, само не си сигурна се уште дека е време за брак. Имаш право од потреба на време да сфатиш и си разјасниш себе си дали ова е таа врска која ќе прерасне во нешто друго од статусот во врска.
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    На моменти си викам ако можда раговаравме порано можеби ќе најдеше со време некоја што сака па ќе му се исполнеше тоа што го сакаше
    Дали е грев тоа што на моменти се двоумев дали да бидам со него ?
     
  20. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Aма како така размислуваш тој да најдел друга? Ти гледаш од твоја страна, ама ете тој тебе те сака не сака друга. Како би му било него со друга која само би му исполнила тоа што сака, зошто не размислиш така?
    Не е грев. Работи на тоа секој ден да ви е поубав и поисполнет од претходниот и не се замарај со што би било кога би било. Нема враќање во минатото, животот оди само напред, направи тоа што е сега меѓу вас да е добро.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.