Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Може он бил премногу разочаран од претходната врска,утехата ја нашол кај тебе ама убаво му било со тебе :!: ии по некое време се случило нешто сигурно со некој разговарал нешто некоја случка која го “отрезнила“ и сватил дека треба да реши со себе пред да одбере било што.Можеби затоа ти рекол да не го бараш некое времеи немал храброст да ти се јави зашто немал јасна причина за тоа што го бара од тебе.Ти нема да го сватиш,а него најмалку му е до објаснување зашто така прави.
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Tocka,mnogu mi e krivo sto deckoto postapil taka so tebe.Ne trebalo da ti bara odnosi koga znael deka seuste ne ja prebolel prethodnata vrska ali i jas kako drugite se slozuvam deka igra na taa karta sozaluvanje da te otkaci fino i lepo zosto veke cuvstvuva nekoja na sovest,bidejki ti bil prv .
    Spored mene,kolku e vinoven toj tolku i ti posebno ako si znaela deka izleguva od dolgogodisna vrska.Najpametno ke bide razmislete i dvajcata ,mozebi toj ke posaka vrska so tebe no nema nikogas da te zasaka vistinski,onaka kako ti bi sakala,moe mislenje.
    A mozebi go koci faktot sto bivsata se fatila bas so tvoj bratuced,teska teska situacija :?:
    [mod-kirilica:26ff4t93][/mod-kirilica:26ff4t93]
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Дечки ми треба еден совет:

    Ние бевме заедно, се каравме, се миревме и така неколку месеци..
    потоа следуваше сериозен разговор, искрено не бев спремна да го слушнам тоа што ми предложи
    очигледно беше дека врската на далечина нема да успее, и двајцата сме љубоморини
    ми предложи добро да размислам
    дали ќе бидеме само другари или да изгубиме секаков контакт
    со тешко срце донесов одлука да останам другарка со него, од причина ако изгубам контакт нема да знам ништо за личноста што ја сакам а вака барем ќе знам дека е добро...

    На почетокот не жалев за тоа што донесов таква одлука али сеа...
    тој почна да ми кажува како некоја девојка му се свиѓа, ми побара совет како да ја покани на состанок, искрено ме повредува тоа, акко може да бара совет од мене за да освои друга, тој мисли дека сме расчистиле и дека сега сите чувства се само другарарски, ама јас знам дека не е така, јас го сакам него уште, и ме повредува тоа, секој збор ме боли...

    Сакам да прекинам контакт, за да не се повредувам уште толку ама од друга страна сакам да сум близу неко макар и како другарка :(
    Му реков да се слушнеме покасно имам важно нешто да му кажам

    Се прашувам дали сега јас да барам тој да бира ако сака да остане другар со мене да не ми кажува за неговиот љубовен живот.

    Што мислите вие како да постапам дајте ми некој совет :(
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.806
    Пол:
    Женски
    Еленушка, ако нема никакви шанси за смирување, јас мислам дека е подобро да прекинете секаков контакт. Така самата на себе ќе си дадеш време да ја оладиш главата, смириш чувствата.
    Според мене, не бива другарство после врска (барем не после врска со љубов).
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Си требала да одбереш без никаков контакт.
    Знам дека не ти е лесно, но ако немате веќе никаква шанса, тогаш не се останува другарка.
    Ако нема емоции и чувства океј, али вака, само се повредуваш дополнително самата себеси. :)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Оф тешко е после врска со некој да останиш другар без да имаш никакви чувства кон него посебно ако таа личност сеуште ја сакаш.Разбирам тешко е да преминиш преку тоа туку така и да се правиш дека ти е сеедно што тој веќе јавува симпатии кон друга девојка.Мислам дека е најдобро да му кажеш дека не сакаш да ти кажува за неговиот љубовен живоот дека сеуште е рано за тоа да ти кажува и дека сеуште не си спремна. Се надевам дека ти помогнав некако околу проблемот.Среќно ;) :*
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Confused0123

    Confused0123 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ми треба мала помош, машко сум(се надевам не ви пречи) 16 год. и ова е мојот мал проблем: :rofl:
    Јас обично прво се запознавам со девојката без разлика дали е случајно или пак пријател/ка ме запознава и потоа и пишам на фб и т.н.
    Но сега гледам модерно е запознавањето преку фб ,а во моментов и некако како единствен избор ми е...
    па сакам да прашам што сваќате како сигнал дека му се допаѓате на некој(лајкови на слики, постови и т.н.),pokes или?
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Сега (на 22 години) се замислувам да имам 15 (претпоставувам толку имаат девојките што ти се допаѓаат) и си мислам што би ме навело на мисла дека на некој му се допаѓам? Ете да сме само познаници прво лајк ама не на секоја слика (на повекето) па после кога ке почне таа да врака на лајкови (така одат лајковите јас на тебе ти на мене) после оди поук. Остај ти они што ставаат статуси на фб од типот Ми се допаѓа не значи ми се допаѓаш ако девојка забележи дека си и ставал лајк на слики и те како ке помисли дека навистина и се допаѓаш (зборам за девојки на твоја возраст, се дружам со такви знам како размислуваат)
    Ако се познаваме доказ дека му се допаѓам би ми било некој муабет убав. Никогаш не сум сакала некои глупи муабети од типот Леле каква си убава, прекрасна ваква таква. Убав интересен муабет некое време и после тоа некој шармерски потег. На пример прати и линк од најновата слика што ја ставила на фб и напиши Се разубавила оваа или така ми се чини?;) Како и да ти одговори на прашањето пиши и дека ке мора во живо да се увериш и ја покануваш на кафе. Значи клучот е во трпението. Ако прв пат си пишуваш со девојка и одма вака направиш излегуваш сељак а на 100ти разговор излегуваш типче ;)

    Си велам колку бев едноставна (не лесна) на помлади години, сега за машко да ми привлече внимание и да го задржи истото треба железни опинци да искине.
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Elenuskaa, според мене ако останете другари (ако може тоа да се нарече другарство) ќе ти биде многу потешко, дури и невозможно да го заборавиш.
    Знаеш како викаат-далеку од очи, далеку од срце. Епа примени го тоа, ќе видиш дека ќе ти биде полесно. Ако продолжите да се гледате, само повеќе ќе си ги разгоруваш чувствата, а ако знаеш дека нема никаква шанса да се смирите, уште повеќе ќе страдаш.
    Прекини ги контактите со него и дозволи им на раните да зараснат.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Што би направиле односно како би го предизвикале да направи нешто со што би покажал дека навистина му значите?
     
  11. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Епа вакаа...
    Се запознав (преку фб) со едно дете со кое добро ни идеше муабетот, се гледаше дека му се допаѓам. Ме викна да искочиме, прифатив секако, и мене ми се допаѓаше симпатичен беше :) Искочивме прв пат,втор пат, трет пат...и верувале или не иако се познававме 3 месеци и 3 недели се гледавме не му текна да направи ништо(да ме бакне или слично). Се гледаше дека е прииилично многу срамежлив. Четвртиот пат се слулчи, ме бакна, но дека јас го „предизвикав“ иначе немаче ништо да биде. Искочивме 6-7 пати. За тие 6-7- пати нисе се смувавме само два пати а ме праша и дали сакам да му бидам девојка, прифатив сега сме заедно, се гледаме, правиме муабет, се гушкаме, го чуствувам колку толку близок но не, не се муваме |(
    Мене ми е прв дечко. Не сум била досега во врска али се имам мувано и неможам воопшто да го сватам зашто е таков. Мислам дека се работи за преголема срамежливост, дури помислив и дека можеби сум му прва, дека досега се нема мувано. Имаме правено муабет за тоа и рече дека се има мувано со некоја 2-3 недели и некако не ми се верува во тоа, нема шанси да е така. Постојано го „боцкам“ -да не има нешто што сакаш да ми кажеш, да не криеш нешто? Одговорот секогаш е не. И сватив, срамежлив е но неможе така. Заедно сме а не се муваме, ко дечиња од 7 одд. Па мене кризи ме факаат бе :tmi: , а нејкам да изневерувам.
    Сакав да ми дадете некој совет, како да постапам, како да му укажам на тоа дека ние сме заедно и не треба да се срами да ме бакне или да направи било што друго. Смешно е дури, знам но тоа е. Фин е, сеуште не го сакам но ми се допаѓа стварно! Иначе во врска сме неполни 2 недели :tmi: :lol:
     
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Не играј такви игри. Да му е битно, сам ќе најде начин да ти покаже, а не ти да се замараш со тоа.

    Од искуство, на машкиве јесте да им треба поттикт, оти не знаат да читаат меѓу редови, но за некои стварно мислам оти не вреди стално ти да им бараш самата докази.
     
  13. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    ако му се допаѓаш немало да си фати женска туку би бил со тебе.спомна дека се познавате пред тој да си фати женска.зошто тогаш не е со тебе туку со женска му?мислам дека одговорот го знаеш и ти.нема друго што да ти кажам.подалеку од него за де не бидеш повредена.
     
  14. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    24
    Се запознавме со еден дечко се беше супер , но вика дека имал долга врска и дека си нема фатено девојка од тогаш и дека не можи да си најде некоја за да не ја повреди, бидејќи уште ја сакал наводно таа предходната, и вели дека само еднаш се сака, а кога е со мене се осеќа преубо ми кажува дека му е многу убаво и сега ќе ве молам за совет за како да направам да го добиам, да се заљуби во мене тој има чувства ама не доволно големи,
     
  15. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Jaс мислам дека дечкото треба да олади малце од предходната врска, и по никоја цена не се впуштај во ништо со него така лесно, бидејќи тој може да бара утеха, или ненамерно да те повреди сепак ти би го извлекла подебелиот крај, едноставно биди своја, дај му простор и време кое му е потребно да ја заборави и кога тоа ќе го направи, ако сега му се допаѓаш биди сигурна дека тогаш навистина ќе може да те засака, а да му ги измешаш мислите со тоа што сакаш да му ги „закопаш“ чуствата кон неа и што побрзо да го навлечеш на себе не е добро, пак ќе ти речам некогаш ќе свати дека не ја заборавил потполно и ќе те повреди... Не престанувај да контактираш со него, ама дај му време, после се би требало да иде во твоја полза ;) :*
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    58
    Јас сум сега во ситуација кога незнам што да правам а богами и незнам што сакам. Со еден дечко се мував речиси 2 години а не го сакав туку од навика. Тој многу ме сакаше се трудеше да ми погоди секогаш и беше премногу повреден кога му реков крај. Можеби и од премногу внимание јас се однесував така нели кога ти е нешто послужено на послужовник е помалку сакано за разлика од нешто кое ти личе на недостижно. Тој и покрај тоа повторно нонстоп ми пишуваше едноставно ме молеше повторно да сме заедно. Но мене тоа не ми значеше ништо зашто бев заљубена во друг дечко (и сеуште сум и покрај тоа што премногу ме повреди...). Е сега овој му здосади веќе да ме моли мене и престана да ми пишува веќе еден месец. Мене тоа почна да ме загрижува речиси секоја вечер очекувам да ми напише нешто било што но него го нема. Но од друга страна знам дека тоа го прави намерно и знам дека и да ми напише пак нема да му се вратам. Знам за ќотек сум но што да правам. Незнам што ми се случува најсериозно! :)
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ И за што тука ти треба совет?
    Арен бил дури трчал по тебе, а сега ти фали неговото внимание? You've been a bad bad girl!
     
  18. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    А што ако сака сам да иде на одмор со другарите а ја да останам овде? Зарем не е себичен... :'(
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ти недостасува неговото внимание. Ти си трчала по друг, а он по тебе и во него секогаш си наоѓала некаква утеха дека постои некој надвор од твојот свет, кој се би направил за тебе.
    Не биди толку сигурна дека сето ова го прави намерно, можеби едноставно му здосадило да те брка и веќе нема папучи за кинење по долгометражни патишта кои не водат никаде.
    Тоа што за тебе преставува „привезок за клучеви“, можеби за некоја е целиот нејзин свет.
     
  20. mija23

    mija23 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4

    Тоа не е себичност. можеби сака да помине малце време и со другарите. нормално дека секое машко и покрај љубовта се друди да не ги заостави и другарите, бидејќи знаеш тие имаат некое нивно што го нарекуваме ние машко его и можеби и покрај тебе сака да им посвети внимание на нив па се труде да биде рамноправен меѓу љубовта и пријателството. не биди себична и ти не го делиш сепак со друга треба да го разбереш и него, зар некогаш не си посакала и ти да бидеш една вечер само со другарките и да си поминете лудо и незаборавно ?!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.