Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Sto mislite?

    Да оставиш како што е,не му се јавувај,знаат твоите што направиле и зошто..
     
  2. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.119
    uzasno mi treba sovett :( kje kazam na kratko se gledam so bosanec i nikogas vo mojot zivot ne mi bilo poubavo, kolku me ispolnuva koga sum so nego.. preubavo mi e..e sea problemot se moite, neznam kako kje reagiraat koga kje doznaat, strav mii e.. neznam dali da rizikuvam, da prodolzam so nego.. neznam :(

    ps. od telefon sum se izvinuvam bidejki ne e na mak font..
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Ива,мило ми е што ти е супер во врската,но дали врската е сериозна,дали Босанецот сака да ги запознае твоите,па толку се плашиш од нивната реакција?
    Ако е дечкото муслиман,мислам дека твоите би се противеле :( ,но се надевам дека не се конзервативни кога е љубов во прашање,сепак они најдобро си знаат дали им е битна вера,твоја среќа итн.секој со своето размислување.
    Мој совет ти е не избрзувај,ептен ако се сакате со Босанецов кажи дома ако не планирате ништо сериозно немој за џабе да се нервираш и да си ставаш проблеми на глава.
    И секако,и фамилијата на дечко ти е важна дали ќе ја прифати вашата врска,но вие ако се сакате ќе успеете да најдете решение дури и вашите ако се против ;)
     
  4. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Феминки,ми треба вашата помош.Имам голем проблем.Со дечко ми сме заедно веќе 7 месеци,но постојано се караме,расправаме за глупости или пак можеби и не се глупости.Се е поради тоа што,јас мојот бивши го имам изневерено,но не затоа што така ми текнало,туку зошто не го сакав повеќе и цело време се обидував да му раскинам,ама тој не сакаше тоа да го сфати.И така раскинавме и сега си одам едни убави 7 месеци со овој новиов дечко.Ама тој не ми верува,ич,ни зрнце ;( секогаш кога ќе му кажам дека ке одам некаде со моите родители,или пак кај роднини,веднаш избувнува и ми вика дека сум се договарала со други да се видам и такви работи.А јас милион пати му имам кажано дека веќе не сум како порано,дека се сменив и дека сега сум само со него и дека сакам да си го средам веќе овој мој живот.Ама така тој не ми верува и кога така почне да зборува се налутува и ми спушта тел.и не се јавува.Тој има другари и излегува и со нив оди на кафе,ама јас ништо не му викам нека излегува и со нив и секогаш ми вика ти нема да ми кажуваш што да правам,мој си е животот и ќе правам што сакам.Последнава недела,кога треба да се видеме,јас одам почесто кај него и му кажувам ке дојдам и тоа се договореме уште од порано и тој тогаш ми вика епа јас сега ке одам на кафе кај другарот и тука пак се скараме.Еве сега пред 3 часа требаше да се видиме и тоа беше договорено уште денеска,му се јавувам му викам јас идам тој не може сега да се вратиш дома,јас ќе одам на кафе кај др.и пак се скаравм,тој исклучи.И јас одам кај него дома и татко му беше таму и тој веднаѓ почна да се дере,да вика и да мава по масата,зошто сум отишла,и веднаш да си одам.Слезе долу на спратот од куќата и се заклучи,не отвара,се налути,и ми пиша неколку пораки во тел.да си одам,се најубаво,да одам со другите што сум била порано и такви работи.И татко му се обиде да го смире, да отвори ама не сакаше и така јас почекав едно саат време,може и повеќе и си се вратив дома.Пак му вртев и не се јавува.И сега плачам ;( додека го пишувам ова,јас навистина го сакам и не сакам да го изгубам.Незнам што да направам,многу сум тажна.Како да му докажам дека само тој ме интересира,кога нон стоп се слушаме и си кажуваме кој каде оди и што прави.Ве молам дајте ми некој совет.Извините што толку ке се изначитате ;( ;(
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Хммм... не знам што да ти кажам освен да му дадеш време да се смири,да олади малку и да се среди ситуацијата.Би ти рекла и дека врска врз основа на недоверба не успева.Ти можеби си му докажувала дека не си таква како порано но еве тој мисли по свое и си продолжува.Па уште згора на тоа те остава на цедило кога се договарате за кафе...Незрело однесување...
    Мој совет,остави го некој период...не го барај за да не дојде до поголем проблем.

    Одлуката сепак на крајот е твоја,со срека :*
     
  6. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Ќе го оставам не го барам,не му звонам, не му титкам,ама знаете потоа кога се смири ми вика зошто пак не ми титкаше,значи незнам веќе како со него,не бидува ни така,ни така,се што правам е погрешно,ако титкам мн зошто така,ако не значи сум отишла некаде,ако зборам нешто,треба да си траам,да не се понашам вака,да не се понашам така,и што треба јас да направам,никако не може да му се погоди.Епа ке оставам што биде нека биде се изморив веќе од тоа да му објаснувам за се и сешто,за секоја ситница и секоја ситуација.И знам дека сега ке се лути и утре и можеби задутре и понатака :worried: а можеби пак нема да сака повеке да бидеме заедно ?! :worried: ;( :worried:
     
  7. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ај размисли малце, зашто ти себеси се подгазуваш во оваа врска?
    Зашто да треба на него да се мислиш како да му погодиш?
    Зашто тој не мисли малце за тебе?
    Разбирам дека го сакаш, но ти на некој начин го толерираш неговото однесување, иако можеби се расправате за тоа, сепак со тоа што се правдаш и се трудиш да објасниш , му покажуваш , без да сакаш, дека може така да се однесува со тебе...
    Си пробала со убаво, и можеби и со помалце убаво, расправии, едно друго, да му објасниш дека си му верна, и дека си искрена...
    Сега треба да пресечеш.........
    ТИ треба да си лута!!!
    Не треба да дозволиш да те става тој постојано во позиција да се браниш за нешто што не си го направила!
    Ти беше искрена со него, а он ако сака може цел живот да измислува и од ништо проблеми да прави, и не само сега туку секогаш да имаш вакви нервози......
    Џабе сите убави моменти, ако има вакви изливи од негова страна, а ќе има, ако продолжиш со играта...
    Проблемот е во неговата глава, и се сомневам колку може тука да се измени, зашто знам некои што си се такви цел живот, ама еве, да се надеваме..
    Но, ти сега повлечи се, и остави го убаво да си размисли....
    Ако сеуште не ти верува, не ти ни треба...
    И каков е тој муабет, он да ти кажува на тебе кога како да се однесуваш, што да правиш, што не,
    да ти приговара за се, а он да ти каже дека неговиот живот си е негов, и да не се мешаш и да трпиш се?
    Премногу си му попуштала, дечково аздисал, и очекува се да биде по негово...
    Никогаш нема да бидеш среќна ако продолжиш по овие негови правила да се однесуваш. :|
    Извини што вака ти пишувам, ама ако не е проблемот во нешто друго ( нешто што он крие од тебе ) тогаш треба да му кажеш дека он си има проблем, и сам да си го реши...
    И искрено има проблем со самодовербата, зашто треба да ти верува и да знае дека ти е доволен на тебе, а не да те гуши вака , и уште да вика дека ти тоа го правиш... |(
    Не му обрнувај многу внимание, и чекај дали ќе се освести сам.

    Ќе ти повторам, не му се правдај , не му објаснувај , треба да си лута веќе за неговите обвинувања а не да пробуваш да го разубедиш!
    ;)
     
  8. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Остај го нека се изладит малку и ко ќе е спремен да излезите и да разговарате кажи му све што ти лежит на душа. А зш остаде само тој да те контролират тебе ти да немојш да излезиш со друштво.Како тој така ти, не оставај така да се понашат со тебе.Ти да не мојш да излезиш без тој да посумљат во тебе а тој да си се шетат си другари ко ќе му се сосакат без ти да се љутиш а? :^) Мој совет остај го нека се издуват малку продолжи ти да го бараш ама не напињај мн, од ко ќе се смирит тогаш излезите поразговарајте и сл пат ко ќе ти речит требит да излезам со другарите ти немај доверба во него и лути се или пак ко ќе те извисит за нив ;) . Среќно. Позз :*
     
  9. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Фала ви на сите за советите :* ,ќе го оставам малце нека си размисли,и ке видиме што ке биде,убавина со сила не бидува.Позз :*
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Абе можам ли јас да заминам некаде а да не се појави некој проблем :^)

    Иде другарка да се поздравиме и ми вика
    а бе срце ми се свиѓа еден дечко симпатичен е сеа ќе го видиш
    ми отвара фб на дечкото и го гледам Петко :o :o
    се шокорав ми побара мислење, дали сум го знаела, едвај си подгтнав :devil:
    како да и кажам дека и мене ми се се свиѓа :doh:
    ништо не одговорив сменив тема, ми беше страв да и кажам за мене и Петко

    Дечки совет :sweat:
     
  11. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Ништо страшно. Се случува.
    Мислам дека треба да бидеш искрена и да и кажеш уште од сега се. Не знаеш што те чека понатаму, можеби ќе ти предложи па ќе ти биде потешко тогаш. Седнете и разговарајте.
    И јас се затрескав во едно машко, и само што ќе и кажував на другарка ми какви планови имам за него, таа ми кажа дека го бендисува. Се воздржував неколку денови, ама на крај и кажав. Па сега двете си го бендисуваме :)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Кажи и. Не е страшно, имате ист вкус изгледа.
    А јас така една вечер бев излезена со другарките, и ми се свиѓаше еден тип, не и кажав ни на другарка ми, а него го игнорирав :lol: , си зборев со другар му,додека другарка ми се врткаше околу него, а јас чекав тој да му текне прв и да ми пријде, и таква важна, кога се свртев после некоја минута другарка ми веќе се муваше со него. :D
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Па најфино и најкултурно кажи и дека и ти го симпатизираш.Подобро тој нека одлучи која ќе му се допадне,оставете ги работите спонтано да се одвиваат :D .
    Совет:само немој да се скарате за дечко,не вреди :!:
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Епа вака..
    Имаше еден другар брат ми се дружеа пред 3 години, се зближив со него покрај брат ми..и се приметуваше некоја хемија меѓу нас...Го засакав иако имаше женска..Ми немаше кажано ама знаев и осеќав дека постојат страсти меѓу нас, не ми кажа никогаш дека ме свиѓа..
    Помина доста време ...пак почнавме да правиме муабет...
    Тој веќе извесен период воопшто не се дружи со брат ми..се зближивме..пред 2 дена раскина со женска му што идеа скоро година дена...
    Во меѓувреме постојано се жалев дека нема да фатам дечко и дека немам среќа во љубовта..
    Налетав на еден што еве како да идеме, нонстоп сме заедно веќе 2 недели...
    Но од него не добивам некаков почит..другарите му се на прво место , казиното , искачањето ..
    Навика ми бидна више...и по телефони висење и се тоа.
    Со типот кој го сакав највеќе од се иако не бевме заедно, ми предложи да излеземе , збориме на телефон(на брат ми другарот) но..
    Од една страна не сакам да прекинам со овој, зошто и ми е убаво и не, ми влезе под кожа некако , но сепак другарите му се најбитни..
    А овој пак што толку го саакав, кога дојде ред и можност да можам да бидам со него , не сакам да го пропуштам..
    Сега на 28 ке идеме у Охрид со другарките мои , а и овој што моментално "идеме" ке биде таму..
    а овој другиот у Будва ке иде..
    незнам што да правам, инсистира да се видиме
    значи ситуацијава е ем ми се иска ем ми се стиска..знам дека на 2 столици неможам да седам..
    Што ме советувате вие..??? :)
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Излези, чисто да видиш да пробаш ... Овој сега што е со тебе веројатно и понатаму ќе биде повеќе за другарите и казината (ова не ми се свиѓа воопшто), а ти ќе си негде после тоа може и последна. Излези штом ти се пружа шанса, не мора да правиш нешто чисто разговарајте, дружете се. Па после размисли што ќе правиш.
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас би ти рекла - остави го тој со казината ПОД ИТНО, без разлика дали ќе имаш друго столче да седниш или не.
     
  17. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Ете така. Ова ти е најпаметното што можеш да го направиш.
    А штом имало некоја хемија меѓу тебе и другарот на брат ти, и сега те кани да излезите, има шанси да биди нешто, па пробај си ја среќата :)
     
  18. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Измешани ми се мисливе и незнам од кај да почнам...Се надевам ќе ме сватите.
    Има едно машко што го свиѓам уште од памтивек. Ептен е добар и знам дека е озбилен во намерите со мене.Тој ми е пред се другар бидејќи знае многу работи за мене што не ги знаат ни најдобрите другарки, значи него можам да му се доверам за се. Во животот имал само една девојка, тоа ми го има кажано (јас прашав повеќе луѓе што го познаваат и ми потврдија).
    Никогаш немавме зборувано за тоа дека ми се допаѓа, а јас колку толку можам да забележам дека и јас му се допаѓам.За пивофестот се направи ќофте :D и ми кажа дека сака да биди со мене. Јас знам дека тој имаше една девојка и нормално беше да прашам за неа ( да беа повеќе не прашував). Ми рече дека со неа е завршено , дека сега му е само добра другарка . Јас незнам што да правам бидејќи на неговиот профил сеуште има слики до неговата бифша кај што се заедно и за тоа дека се најубав пар.. Отварам кај неа -истото. Сега некој тука ќе кажи не се замарај со социјални мрежи. Не би се замарала да не ми е навистина дојдено до него.Незнам дали да му го спомнам тоа. Што мислите да му рачам да избриши се нејзино? Премногу ли е? Да не испадне дека сум љубоморна(што и сум ) , н о зошто сеуште да чува нејзини слики :worried:...Tогаш тој кога ми рече дека ме бендисува сакаше да ме бакни ама јас се тргнав бидејќи несакав целава работа да биди на пијано и уште не е се расчистено. Незнам дали воопшто да му ја спомнам бифшава, да не зафркнам се.
    Неможам со никој да бидам освен со него , чуствувам одбивност кон сите, во сите го гледам него :(
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Рипке,убаво те сфаќам,но таа девојка за него е МИНАТО,самиот ти кажал.Е сега,пред да почнете било што,ти веќе си го прашала,мислам дека не треба да повторуваш ист муабет,иако чудно ми се виде ова со нивните слики :^) ,а тебе ти се пуштал.
    Ако му станеш девојка,дури тогаш замарај се за бивша или друга девојка(ако ти даде повод за сомнеж ,секако).
    Сега сеуште си му само другарка,не се изложувај непотребно.
    Е сега ако дечково не знае како да ти пристапи ,или не преземе ништо на трезно,значи сакал само мување :!:
    Само со среќа и памет :hai:
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ЈА мислам да си седнеш фино лепо со детево и да го догураш муабетот до таа вечер на Пиво Фест, ако истото ти го каже дека сакал да биде со тебе, спомни му за тоа демек шо направи со девојката ова она и сам ке ти каже шо е и како е .
    Toгаш спомни му у стил као абе те прашувам зашо онака ми изгледате ко уште да имате нешто у стил , ако те праша шо како спомни за на фејс, е тогаш ке видиш ако немаат ништо ко ке си замине дома ке избрише све , а ако те лаже ондак ке си има проблеми и ке си го приметиш ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.