Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Па мора да се запознаат, како може вие во брак пример а вашите да не се знаат? Невозможно е никогаш да не се запознаат.
     
    На Sahlene, cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ако не си близок со своја фамилија, може.
    Еве да речеме ќе останеме заедно и ќе се земеме. Да се запознаат онака кежуал, океј. Да се зближат и да се однесуваат ко фамилија да се, не. Особено не сум тип што обожава семејни собиранки.
    Моите го знаат него, јас ги знам неговите. И доволно е.
    Зборам и за во иднина ова, не дека брзам сега негде.
     
    На Idedemja, Sahlene и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    не сакам јавно да пишувам, ако може некој нека ми пиша, итно ми е, фала.
     
    На MartiG и Sahlene им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Пиши ми. :)
     
    На Sahlene и bicycle им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    пиши ми :nod:
     
    На bicycle и Sahlene им се допаѓа ова.
  6. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Саботата правевме муабет и решивме да си дадеме уште една шанса, зборувавме за се и се беше прифатено, муабетот помина супер, но ме мачи што ми кажа бидејќи не сакал да крија и го мачело дека со некоја девојка се видел два пати и дека таа цело време после тоа му пишувала и сакала посериозно а тој не и враќал и и кажал дека дека не сака одма да почнува нешто бидејќи сеуште ме сакал, кажа дека се кае за тоа но не знаел дека ќе се смириме, го прифатив тоа затоа што сепак бевме скарани и не се знаеше што ќе биди и немавме никаков контакт таа недела, после тоа го прашав и што ако таа продолжи да ти пишува и тој ми рече дека ќе ја блокира, не ми кажа која е но ми покажа слика и јас најдов која е и ете поминаа денови бившите што ги имаше ги избриша ама нејзе сеуште не, вчера баш му спомнав што направи видов дека бившите ги избриша а дали нејзе ја избриша и ми кажа не утре ќе ја избришам и денес пак ништо. Не знам што да правам не ми е мирна душата се договаравме за викендов да одиме некаде да го поминиме заедно ама некако многу ладно ми се однесува, кога и да го барам за да поправиме муабет некако ко воопшто да не му се зборува или ќе каже ајде ќе си легнувам и после еден саат активен е и пишува сега си легнувам и ги нема тие пораки како предходно, ни те сакам ни ми фалиш ништо воопшто онака само колку ради реда си легнувам ајде и толку, јас кога си легнувам пак му пишувам и те сакам и се и тој наутро гледам само едно ебано срце и толку, вчера кога му реков за бришењето демек што ми било што сум се напнувала, исто ми кажа ќе излегува и му се јавив да ми каже што прави кажа работел нешто и му викам што ти е планот кога ќе излегуваш да знам да испланирам и јас за да си поправиме муабет и тој пак со тоа што се напнуваш изези си слободно ете као демек ти сакаше појќе слобода нема што да ме прашуваш. После муабетот и сам ми рече ќе ти посветам целосно внимание ама од тоа ништо, стварно мислев ќе биди се преубаво сега и јас ќе се трудам најмногу што можам и повеќе внимание и се давам од себе и се и така почнав ама од негова страна ништо, не можам да разберам зошто кога го гледа сето тоа воопшто не возвраќа и се понаша ладно. Не знам дали да чекам до викендот, да му дадам време да се пролагодиме или воопшто да не чекам, и за таа што бил не знам дали пак да му речам да не го напнувам да видам дали сам ќе се свести и тој секако не знае дека јас знам која е па да видам дали ќе проба да ме направи будала или стварно ќе ја избриши. Извинете на долгиот реферат но стварно немам со кој да се посоветувам, тешко ми е наместо баш да бидам среќна јас сум се повеќе напната.. Правевме муабет инатот да се тргни настрана и не ми е јасно дали ова го прави за инает има некоја цел или е нешто друго во прашање.. И ви благодарам одднапред.
     
  7. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама имаш барем малку самопочит ти девојче?
    Сте биле една недела скарани и тој си излегол со друга, ништо чудно и да продолжил а ти уште си со него?
    Колку повеќе треба да те понижи и повреди за да ти дојде памет?
     
    На crimson, thelittle17, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Не те сака.
     
    На raww и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Свесна сум, ама ете не знам очекував после разговорот дека стварно можи се да се смени на подобро, ама после неговово понашање скроз се разочарав ..
     
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Тотално небитно дали ќе ги запознаеш, а и ако ги запознаеш дали ќе дружат по ова што читам какви ви се односите. Вие бидете си среќни заедно, за другото ќе видиш со тек на време како ќе бидат поставени работите па да знаеш како да реагираш.
     
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    И јас имав ваква дешавка, и од моја страна и од негова.
    Разликата беше во тоа што он буквално се знаеше за тоа што се случува, како дошло до зборењето итн итн. Значи сите детали. Он ми правеше филм како некоја го замарала му пишувала цело време и ме направи да сум против девојчето, за после неколку месеци да ми признае дека он го почнал разговорот со неа дур сме биле скарани. Којзнае уште што се десило меѓу нив, никад не дознав и најверојатно нема, ама и во твојата ситуација мислам дека има нешто повеќе од тоа дека му пишува само она. Да не му одговараше и да сакаше да се бори за тебе уште во истиот момент кога си му спомнала ќе превземел нешто. Ама очигледно не сака да се поправи.
    Остави го, не вреди да се мачиш со него.
     
    На raww, cresa-jagoda и lolitaaaa им се допаѓа ова.
  12. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Чудно е зошто он бил иницијатор да се смирите а се понаша ладно, обично така кога ќе се скарам ете на 1 недела и ќе раскинам после тоа јас сум поладна а он пошо сака да се смириме прави све да ми удоволи и да ни е убаво.
    Така да не знам зошто се понаша така, прочита што зборел со таа и дали уште зборат?
    Да не заборавил да ја избрише хах, и една недела е многу малку време да сте раскинати а веќе да искача со нови, покажува дека нема никаква почит према тебе, туку одма гледал нова некоја да фати, кога успеал да излезе дури два пати со неа..од пред тоа да не се знаеле?
    Јас не би се смирила искрено.
     
    На raww, edna_malecka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Да сакал да ја избрише, ќе го земел телефонот во моментот кога сте збореле, и ќе ја избришел. А не, утре ќе ја избришам, заутре ќе ја избришам
     
    На Izaabella, Dust, piksooki и 10 други им се допаѓа ова.
  14. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Не, не прочитав само ми кажа и ми покажа слика, а за тоа цел месец не бевме океј се каравме и само една недела немавме никаков контакт воопшто, а иначе како што видов одкако се скаравме ја имаше додадено па ваљда не се знаеа од пред тоа, ама според цело однесување и чим не ја бриши скроз се сомневам, а ме буни тоа што ми прави муабет за во иднина за да најдам сега поскоро за работа за таму се заангажирал па за викендов да појдам да излезиме да бидиме повеќе дена заедно се како да е најокеј, и збунета сум скроз, дали сака да ми врати за тоа што јас му кладов крај и не можел цела недела да се совземи па сега сака да не остави на цедило да ми мавни вратка или стварно што му е целта не можам да разбераж, покажува така заинтересираност ама никакви чувства и само ладнокрвност, милион мисли ме тепаат..
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Со тебе збори затоа што си му сигурна, навикнат е на тебе и знае што може да очекува.
    Со неа му е ново и интересно, поготово ако сте биле во долга врска. Можеби уште не е свесен дека со постапкиве те губи, ама па и не си ти должна да го чекаш и молиш.
     
    На crimson, buba4e89, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  16. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Па најверојарно, деновиве сум сигурна дека се нема видено бидејќи имаше премногу работа ама дека се во контат сигурно се барем така мислам заради неговото однесување..
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Може и најсупер да се однесува со тебе а потоа кога е сам да се допишува. Не мора да значи дека ако ладно се однесува со тебе, дека со неа е сјајно. Ама, самиот момент дека се уште ја нема избришано мислам дека кажува се.
     
    На Veta, thelittle17, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  18. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Не можам мирна да седам, утре ќе го прашам најотворено и ќе му кажам тоа што ми тежи, па на крај краева сам ми рече кога правевме муабет дека ако се сомневам слободно ќе ми даде пасворд и тоа и ќе го направам, ама и тоа не е решение ако сака пак ќе се допишува ..
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    А да збориш отворено со него?
    Ај сеа да не биде заедно сте и да се сомневаш, нема полошо
    Треба он да сака да ја избрише, не е убаво да му се заканиш пример ако не ја избрише дека ќе раскинете, така ќе знаеш дека ја избришал само пошо си му кажала 200 пати да ја избрише :(
    Што ако сте биле скарании, он ти пишува да се смирите а у меѓу време искача со друга, за секој случај ако не му се смириш да си има резерва.
    А со понашањево уште полошо прави, не знам зошто уопште сакал да се смирите ако не се труди,али ете ко што кажа може треба време да се прилагодите, али од друга страна па не сте биле долго време одвоени, 1 недела е у прашање не 1 месец.
    Збори со него најубаво. Со среќа:D
     
    На edna_malecka и lolitaaaa им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Е ова стварно интересно, пасворд ќе ти даде наместо само една типка да отстрани од листата на следбеници. Да се замисли човек :D.
    Збори со него, се надевам ќе има убав исход, ако не барем мирна душа ќе имаш понатака.
     
    На Elf, edna_malecka и lolitaaaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.