Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Еднаш ми се има случено и се надевам нема повеќе. Ни по месец и пол излегување не ми се пројавија никакви поинакви чувства освен пријателски. Кога почнав да се гледам со него се чувствував грдо затоа што се терав со сила. Кога престанав да се гледам чувството стана уште погрдо затоа што изгубив пријател.
     
  2. UnusualGirl

    UnusualGirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    sweet 25...еден искрен совет од мене:) Ја доживеав истата ситуација пред пола година одприлика, и текот на настаните оставија длабока лузна во мене, која уште ме следи....на почетокот немав апсолутно никакви чувства кон типот, меѓутоа имаше нешто во него што ме привлекува(смисолот за хумор, начинот на кој се однесуваше кон мене). На почетокот бев цврсто решена да не му дозволам да ми се приближи, меѓутоа на крајот успеа да ме освои....несвесно почнав да се вљубувам во него...искрено мислев дека сака да биде со мене, дека му значам, за на крајот ладно да ме праша што планирам за понатаму, зошто он не планирал ништо сериозно со мене. Ме пресече. Уште не можам да го заборавам моментот кога со плачење си отидов од кај него. Не дека не ми се извинуваше, се правдаше дека имам право да го мразам но која е целта на сето тоа....? Така да убаво размисли си дали и зошто сакаш да бидеш со него, и доколку решиш да бидеш со него само „ради реда“ најпрвин расчисти со сама себе и вети си дека нема да развиеш по сериозни чувства кон него....што реално не можеш да го контролираш така да....се надевам дека од мојава ситуација ќе извлечеш некаква поука и нема да ја повториш истата грешка, зошто стварно е многу болно...ти на почетокот си се плашела да му кажеш дека не сакаш да бидеш со него за да не му ги повредиш чувствата а истиот на крај безмилосно да те отфрли....не заборавај колку вредиш!!!! Голем поздрав од мене :*
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Овака сеа сум со еден што е далеку од мене 200км. а и не доаѓа често во градов, може чувствува нешто спрема мене ама сигурна сум дека не е љубов, јас врска си немам што чувствувам. Се ми е испомешано. И сеа тој уште една недела е овде, па ќе си оди и јас којзнае кога пак ќе го видам, а поголем е од мене една година и убаво ми е со него бидејќи можам да разговарам за се, скоро исто размислуваме па не ми е проблем тоа. Арно ама, пред него имаше еден што ЕПТЕЕН,цела година ми се допаѓа, и сеа баш ме праша да се видиме , и јас прифатив. Еве вечерва се смував и со него. Значи го изневерив тој другиот. Нема шанси да дознаат, знам. Ама што да правам? Знам дека направив грешка, и немојте да ме осудувате. Ама незнам и јас што чувствувам веќе. :fubar:
     
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Чекај малку, како го изневери? Во врска си со тој што е 200 км оддалечен од тебе? Ако си и си го изневерила поради тоа што не знаеш што чувствуваш, според мене си направила грешка. Ако не знаеш што чувствуваш зошто едноставно не му го кажеш тоа? За да бидеш сигурна во своите чувства понекогаш треба и да бидеш со друг. Така ќе направиш некоја споредба. Се разбира, го одобрувам ова само доколку не си во врска. Доколку си, а сакаш вака да експериментираш со своите чувства, прво расчисти со едниот за да нема изнеерени и повредени поради твоите внатрешни дилеми.
    Не си направила ништо лошо со тоа што си се смувала со дечко што подолго време ти се допаѓа. Ти не велиш дека си заљубена во едниот, ама си го изневерила, туку дека си збунета, а јас не сакам да те осудувам.
    Ти предлагам доколку си во врска со дечкото што е далеку од тебе и наскоро ќе си замине да му кажеш дека ти треба време до следниот пат кога ќе се видите да размислиш за своите чувства кон него. Сепак, дали тој би те чекал?
    Не велам дека е невозможно, бидејќи имам врска на далечина и извонредно функционира, така да се надевам километрите не се она што те збунува. Ако постои љубов, ќе најдете начин да се гледате. Но, прво расчисти си со себе. :)
     
  5. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    epa vaka mi treba vash sovet, mislenje.. edno dete me svigjashe i sakashe da se muva so mene i dobro se zapoznavme ova ona i posle eden drugar mu se javi i mu reche za sho kje pravish kao dali sakash ushe so nea.. i on rekol kao pa ne ja vekje se smuvav so druga vekje dva dena i ne sakal da me povredi i zatoa ne sakal.. i ja dobro ne go napagjam so mn lajkovi na fb samo pesni sho gi znam i on pred da mu se javi drugar mi mi lajkna edna pesna ja mislev sig deka znae deka treba da ima nesho so mene ama ne e toa.. samo beshe toa pretpostavka moja i drugar mi mu pishal na fb kao da proba so mene mozhe kje ti se zasvigja nemora da se fatish so nea probaj pa kje vidish sho kje bide i on rekol aj dobro kje vidime i trebashe da se vidat tie dva dena, prviot den ne mozheshe da go dobie i dobro aj vtoriot den mu vrteshe i mu spushti ( toa e kao da izbegnuva nesho taka ) i dobro vishe ne go napinjashe ostaviv da si techat rabotite sami.. i samo edna vecher pominuvam so drugarka tamu kaj sho beshe on i samo me pogledna i ja nego i eden od negovite reche kao ene ti ja onaa ( za mene) i se smeeja oni malku cinichno kao da go zaebavaa i on samo me pogledna pak i neznam kao izreagiral on dali i on se smeel ili im rekol nesho kao aj prekinete posho beshe svrten so grb posle koa me vide nesho dr se zaebavaa se smeeja za dr taka da neznam vishe sho da mislam, mn prashanja bez odgovori mi se vrtat u glavata.. :\

    П.С: извинете за фондот :worried:
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Moжеби си му била само така како авантура, знаеш онака „само за еднаш“.. а и како што ми изгледа мислам дека и другарите негови имаат влијание врз него па затоа тој несака веќе со тебе,поготово така ако не е некој цврст карактер.. :|
     
  7. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Здраво...ве молам за совет..
    Во врска сум 2-3 недели, а се осеќам како пола година да идам..
    Нонстоп се глеаме, муабети по телефон, значи секоја минута скоро, се навикнав на него, а и одморот уште поиште не зближи...бевме у Охрид, јас со мои другарки ,он со негови другари а таму цело време бевме заедно..
    Меѓу нас нешто повеќе од петинг не постои, но типот постојано ме напиња за секс да имаме...од една страна за него е нормално зашто има 22 години, јас имам 17 и пол.....ама не е тоа тоа...
    Значи смешно е ако кажам дека идам 2-3 недели.. ама јас ептен се приврзав за него...неразделни сме...и само тоа како да чека...да дојде моментот за секс..јас му имав кажано дека не сум скината...но денес ме исчуди со истото прашање..кога ке му кажам дека не сакам сега да имам секс..одма го мења расположението...
    Се гледа дека му значам...не му е и него сеедно..
    Но незнам што да правам..Знам дека на секој од вас од страна вака ке му звучи безврска и секој ке ми каже да го откачам што побрзо..но ептен ми влезе под кожа..незнам , се изгубив, што ми советувате вие ? :(
     
  8. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    МОргана мој совет тие разговарај со него и кажи му дека кратко време сте во врска и сеуште не си подготвена на тој чекор ,ако мене ме прашаш и петинг е повеќе од доволно за две недели врска ако му значиш и сака врска со тебе ќе те почека некој месец и едноствано ќе остави тоа да се случи спонтано без договарање и убедување ,најдобро е не брзај да раскинуваш со него ниту да имаш секс со него само за да го задржиш за себе ,направи го тоа кога ќе се чувствуваш подготвена и кога врската малку повеќе ви се зацврсти .
     
  9. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Проблемот е во тоа што како помала имав една повреда од велосипед..и крварев малку...но ако му кажам тоа нема да ми веерува...зошто и вака слабо верува...
    незнам како да постапам..и да биде за некој месец тоа..ако нема крв или ако не се осети дека ме кине...ке си мисли дека не сум невина..што да правам...можеби смешно звучи но стварно сум збунета...
    некое ваше искуство?
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Ако тој нема доволно доверба во тебе и во твојот збор, не ни заслужува да ти биде прв!
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Брзо заљубување, брзо одљубување :) Колку повеќе си со него, толку повеќе ќе имаш можност да го запознаеш и да сфатиш дека не е тоа што ти треба. Човек што се заљубува за 2 недели, се заљубува во илузијата, чувството да се биде со некого, а не во личноста. Тоа што сте цело време заедно придонело да се навикнеш повеќе на него, ама и тоа ќе помине.
    И искрено, дека му значиш? Тешко малце :worried: За да ти стане некој човек битен во животот, треба да го знаеш, сакаш, почитуваш. А дечково некако...како да не те почитува.
    Јас разбирам ај сеа му се сака, на сите им се сака денес бре, како хормони за ручек да јадат, наместо леб, ама преиспитај се околу дечково реално. Тргни се на страна неколку дена, види дека можеш и без него, отвори си ги очите околу неговиве неодложливи потреби и продолжи си со крената глава, пред да те искористи и отфрли.
     
  12. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    ми треба мало мислење
    имам дечко од едниот крај на мк а јас сум на другиот крај на мк..
    заедно сме неколку месеци и моментално успеваме да бидиме заедно преку skype и преку телефон
    проблемот е во тоа што почна да се изразува како му пречи еден мој братучет со тоа со објавувал “педерастични статуси“ на фб и дека му оделе мн на нерви такви “педерчиња“. На тоа јас му кажав дека многу ми оди на нерви кога некој од страна ќе се смеша во мојата фамилија и ќе почни да зборува за неа без да ме почитува мене. му кажав дека истотака немам многу добро мислење за неговата фамилија ама сепак моите забелешки остануваат мои и дека не му кажувам за да не го повредам...
    човеков на сето ова ми вика: што сакаш? сакаш да ти чутам и да ти мислам се зад грб да ти правам лице и незнам шо таму...
    незнам како да му кажам за да престани зожто многу малку ми фали да му се пуштам и да го отерам упм
    стварно страшно ми оди на нерви
    совет што да направам??????
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Уште се прашуваш што да направиш? Од каде му е на тој шутракот таква храброст да покаже толкаво непочитување кон тебе со тоа што го навредува братучед ти. И да, заблагодари му се што не ќутел и не ги криел намерите и недокваканоста негова. Кажи му „фала ти, ме предупреди навреме со кого си имам работа“. И бриши го и од скајп и од чуда ... не заслужил да постои во твојот живот. Или пак, врати му со иста мера, нешо у стил „мн ме нервира братучетка ти, изнаставала слики поише гола него облечена, ко ороспиче некое“ па да видиш како ќе реагира, па тогаш речи му го истово „што сакаш? сакаш да ти ќутам и да ти мислам се зад грб да ти правам лице“ И после корпата акни му ја како шлаг на торта. Зарем во 21 век се`уште постојат такви нецивилизирани сељаци... |(
     
  14. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Немој да се приврзиш толку за него,немој после да ти е тешко кога ке испадне дека си само за летна авантура. И ти сама си викаш-тоа чека само-да дојде моментот за секс. Ти сама си даваш одговор за неговата т.н. приврзаност и заљубеност.Нема да имаш шанса за втор "прв пат во сексот". Гледај да биде кога и ти ќе сакаш,кога и ти ќе се осекаш спремна,а не кога некој неможе да почека и да си го држи во панталоните. Не мора да го откачиш ти,ако бидеш силна и си стоиш на зборот за да немате односи,тој сам може ќе му ја летне. Ти си знаеш,само немој да после да се каеш. Од кога ќе му дадеш и наеднаш стане не толку заљубен и не ти звони секоја минута немој да си ја трескаш главата од ѕидот. Тогаш нема враќање.
     
  15. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    ми треба одговор на едно прашање.што мислите дали љубовта може да се одглуми?кога некој ви кажува дека ве сака,ве гушка но потоа излезат некој проблеми и тој се повлекува.што мислите дали искрено ве сакал?
     
  16. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    може да се одглуми и тоа како .. се имам најдено во таква ситуација... се праи дека те сака и дека се е ок ..но после некои работи се одалечуваат,мислејќи да го прават тоа неосетно..
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Од сакање до вистинска љубов има и те како голема разлика.Ако ја прикажувта љубовта онаква како што е ,т.ест и чувствата и делата на тој човек спрема тебе се исти,тогаш не глуми,а ако е обратното-тоа ти е глумење на големо.
    А какви проблеми произлегле,и како личноста се повлекува :?: ,дај објасни малку поопширно да ти одговорам.
     
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    проблемот е во тоа што тој мене ми ја префрла вината.демек јас сум била виновна,сум го изневерувала и не знам уште што.ми рече дека тоа го дознал од некоја моја блиска личност.не знам кој што му кажал или тоа се само изговори знам дека јас не сум виновна.не направив ништо што може да го повреди.на убав начин му реков дека не му требаат изговори ако сака да ставиме крај но тој се фатил за тоа дека дека јас сум погрешила и дека тоа била моја вина.
    се обидов на милион начини да му објаснам дека сето тоа е лага но залудно беше.тој си зацртал нешто во главата.му реков да разговараме со таа личност но тој не сакаше.не знам дали се работи за изговори и дека тој сака крај но не знае како да ми каже или нвистина некоја му ја наполнила главата
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Вага,ова било полошо отколку што очекував :o .
    Важно,го најде вистинскиот човек за совет.Мене исто ми се случи со бившиот,добро не скроз истото,имавме и други проблеми.Тој ме обвини за неверство,за се јас му бев криваљубомореше за друг мој бивши,јас сум го мразела,па и врвот беше дека тој имал ДОКАЗоти јас го изневерувам(приметил нешто на моите брадавици :tmi: .
    И јас како тебе бев жртва,но колку и да ми беше тешко,му раскинав и сеуште страдам,не е лесно :( .
    Одговорот е дека не те сака вистински,си барал причини да стави крај,а можеби и некој му ја полнел главата,но не верувам :?: .
    Бившиот мој ме побара некое време после разделбата,додуша јас прва му ѕвонив(бидејќи му беше именден)и ми рече дека сакал да се видиме,и јас попуштив и ми рече ме сакал,но јас сум виновна и чувствата за мене му биле 50-50%,а тврдеше во врската дека јас сум се,дека најмногу ме сакал од сите негови девојки,и многу беше горд што ми беше прв ,со него ја изгубив невиноста :emo:
    Стави ги на кантар работите,но мислам дека кај тебе се е јасно,типот или направил прељуба или нешто друго го мачи,па те повредува :x
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    не знам сега што да направам.не сакам да го барам.а и да го барам што тоа може да промени.забележав дека односите ни се оладија.само многу го сакам.не знам сега што понатаму.а и не знам што го мачи и што направил само цело време ми кажува дека тоа било моја вина и да не биле моите лаги би можеле да бидеме среќни.но што е тука е.сепак со сила ништо не бидува
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.