Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Ако немаат комуникација тоа е проблем.
    Не знам зошто таа се вади со глупави изговори кои реално немаат врска ама чинам дека не кажала овде се.
    Го разбирам тоа негово дека сака да знае што после 5 години исто ко што ја разбирам и нејзе ако не е подготвена моментов.
    Нема потреба од негово повлекување и да биде ладен туку да почека 3 месеци дали таа ќе има исто размислување.
    Ако има а тој се уште е загреан ондак, решението е јасно, секој по свој пат.
     
    На IRBBB и Mantub им се допаѓа ова.
  2. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    6.403
    Пол:
    Женски
    Него го притискаат и неговите и доста често, да не речам секојдневно му викаат ајде, ајде, ајде. Дај и прстен. Ајде. Купи едно прстенче итн. Стари сме, сакаме внуче да видиме, да исчуваме. Неговите ме сакаат многу, мајка му милион пати има кажано а и на него во лице дека освен мене, друга не сакала да види, ниту во куќа да им влезе(малку ми е незгодно тогаш) И сега он почесто ми почнува муабет на таа тема. Јас сакам со него да е тоа, мн нормално, само што јас лани дипломирав, сакам малку да проживеам што се вика, имам/в план да појдам на тура низ Европа, да си исполнам некои цели,свои. Ниедна другарка немам мажена, а нему сите другари му се женети и веќе со деца. Не му реков не, само ќе морам да му кажам отворено дека не сакам бебе баш сега, знам дека ќе се повреди, и ќе олади па дури и секој по свој пат, што за мене по 5 год, нема да го поднесам воопшто,со оглед на тоа колку сум приврзана за него,ама не знам стварно веќе, лошо се осеќам. Му велам исто, не е само ајде ќе се земеме, бракот си има свои закони, ако не оди во врска, во брак ич нема да оди. Истово он го имаше кажано еднаш и се сложува. Значи ако има проблеми сега, и тогаш ќе ги има, и се решаваат само со искрена комуникација а не со криење. Викам, бракот не е по првата расправија одма ајде готово, крај, напротив, ќе ги има многу, што е нормално, сите ги имаат, ама треба да се решаваат смирено. Он ме гледа и само слуша.
    Најлесно е викам да се разведеш, ама не треба да дозволиш до тој степен да дојде. Он ми вика 90% од браковите се разведувале заради немање финансии и тогаш почнувале проблеми и муабети од типот оди си кај мајка ти, и сл. Јас му велам не е само тоа, може да е и неверство, на пример. И он вика е добро бе, ти да идеш на страна со друг, и ја да одам, ќе знаеш ли дека сум бил? Јас ќе знам ли дека си била? Освен ако не ја имаме таа среќа да се дознае па тогаш разводи. И јас изненадена од ова му велам па зарем тоа е решение за се? Која е целта мене да ме чуваш дома, да ти чувам бебе а ти идеш со некоја друга? Зашто ме заробуваш воопшто и стапуваш во брак кога знаеш дека не можеш да бидеш верен на една само, туку си знаеш каков си, не ти држи газот едноставно и тоа е тоа. И он ќути и ме гледа:|:x
    Викам, па така е..
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Едноставна е ситуацијата. Ти нејќеш и тоа треба јасно да го кажеш. Не да оставаш празен простор кај што тој може да си толкува како размислуваш. Кажи си Не и после тој што ќе прави со тоа Не е негова работа.
     
    На IRBBB, eliesaab и candy.cane им се допаѓа ова.
  4. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969

    Тоа што го притискаат неговите не е причина да превземате таков чекор. Стапувањето во брак треба да биде исклучиво по ваша желба во момент кога вие се чувствувате дека тоа го сакате. По прочитаното може тој сака да се верите зошто се плаши да не го оставиш. Сигурно си му спомнала за твоите планови за шетање и сл. Штом имаш ти свои цели и сметаш дека во бракот не можеш да ги оствариш, ја мислам дека ти не си сигурна дека сакаш да останеш со него и покрај тоа што така пишуваш. Има девојки кои се мажат млади па постигнуваат многу и бракот не им е пречка. Ова под услов да имаат безрезервна подршка од партнерот и меѓусебно разбирање.

    А тоа што мајка му те сакала и сл. ми е малку ту мач. Колку примери има вака што им викаат па после се се смени и не можат да се изначудат каква била свекрвата пред да се земат. Какви жени-глумици има ехеее, секоја чест на исклучоците.
     
    На IRBBB, candy.cane и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    6.403
    Пол:
    Женски
    Ова за мајка му е стварно така, ја знам и од првиот пат кога бевме заедно, па он ми раскина, мајка му болна падна за нас. Он ми има кажувано колку пати дома не сум сакал да дојдам зашто знам што ќе ми збори мајка ми за тебе а мене ми било тешко и сл. Комуникацијата со мајка му ми е стварно препрепредобра, ја сакам и јас и ја почитувам и се тоа си е во ред. Е сега, ќе видиме што ќе испадне. Фала за мислењето.
     
    На Regina.Phalange и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Значи тој од старт е океј со тоа да се изневерувате се додека не дознаете. Интересно...
    Декува ко да сака да се жени зашто така треба, заради притисок и сл, а после удри бригу на весеље... Шо знам, јас би раскинала уште по таа реченицата, “од кај ќе знаеш дека сум бил со друга”
     
    На Nausicaa, piksooki, IRBBB и 14 други им се допаѓа ова.
  7. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    Ти верувам дека е така, не мислев дека преувеличуваш, ама... Со среќа што и да одлучиш. Не знам колку си блиска со твоите ама не е лошо да побараш совет и од нив, дека они сепак те познаваат и ти мислат најдобро.
     
    На tina2018, candy.cane и Oscar Lady им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    @Oscar Lady
    Најпрво, да ти кажам во право си и никако да не се мажиш само затоа што на некого му било времето.
    И ја сум со 5г постар дечко од мене, уште кога почнавме врска со дм и после кога упишав медицина мајка му му рекла "ауу, сине, супер девојката е ама што таа колку ќе учи, па и млада е доста, ти да не ни останеш неженет ради неа". |(
    Му реков да и објасни убаво ова прво и последно понашање такво да и е зошто ние си знаеме шо праиме и шо планираме, нема потреба да се меша.

    Неговите се така малку постаромодни, на 19 го родила мајка му, дур моиве на 30 се земале, па тој иако е постар има доста помлади родители од мене со сосем други гледишта дека мора помлад да имаш дете и бракот бил битен. :tmi:
    Ама добро е шо дечко ми поинаку размислува, дека треба да имаш факс завршен, па работа и пари за свој стан, а не туку така деца на 20 и нешо години.

    Убаво уште тогаш разговарав со мојов, дека вистина си имам доста планови за животот и пред 29-30 не сакам да помислам на брак и деца, ако е океј со тоа и он до 35та да не е татко и во брак да си продолжиме врската, ако не на време да се разделиме и нека си бара некоја што ќе сака побрзо брак и деца од мене.
    Ми рече он бил сосема океј со тоа да сме 10+г у врска и дека и дома објаснил уште сеа да не се мешаат. Не ми спомнал дека веќе вака нешо кажале.

    Ние сега за сега сме 2г и нешто заедно, но искрено добро ни иде врската и се гледам и во иднина со него, но тоа не значи дека ако сме 5+г заедно одма мора да се прејде на нешто друго. Го гледам во своите замисли во иднина, но не сакам брак до одреден период и тоа си е кажано, нема лутиш.
    Погрешно е да се очекува по одреден број години во врска да МОРА да се отиде на следен чекор.
    Сосема е океј да си и 10 години со некој и уште да не се оди на следен чекор. Ти не сакаш сега и не може само зошто сте 5 години заедно ајде мора да се омажиш.
    Бракот треба да е желба и на двајцата, а не ради желба на родители, ради ме газат години, а другиот партнер со сила и слично.

    Имаш неколку опции:
    Прво, да најдете компромис и уште некоја година да си останете во врска, но да не ти прави таков притисок.
    Друго, да прифатиш брак, кое според мене ќе е најпогрешна одлука зошто ти не сакаш сега и мислам дека не треба да брзаш.
    Трето, 5години и не се толку многу кога ќе видиш, па може и да оди секој по своја страна. И ова е опција подобра од тоа на ваков начин со присила и перење мозок да се земете.

    Првата опција е најдобра, но за тоа треба да има разбирање и компромис од негова страна.
    Не дозволувај со сила да те разубедат во нешто спротивно.
    Среќно како и да одлучите.
     
    На MrenaRiba, Hellobeautiful, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    После ваков муабет, не знам ни дали сега ти е верен. Јас би ставила крај ако ова го слушнам. Целата доверба што би ја имала во него би отишла во неповрат. И ќе ме јаде црвот дека и во тие 5 години врска дека може ми работел зад грб и не сум дознала...
     
    На Nausicaa, eliesaab, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Јас да се надоврзам на темата за постар дечко, мм е 6 години постар од мене, пред 9 месеци ме побара после 4 години врска, нормално дека сакавме и двајцата, заедно живеевме 1 година, јас за тоа време завршив и факултет, двајцата работевме, шетавме, одевме на одмори, правевме се што сакаме, ништо не сме си скратиле, е сега кога влегувате во врска со постара личност треба и на таа тема да размислите, дека ете можеби он ќе сака да се земете, како тоа само он треба да ве сфати, затоа што сте помали? А вие што не го сфатите него, еве да речеме? Не е работата да си со некого, а да не му кажеш отворно што и како размислуваш околу темата брак, ако не сакаш кажи му, дека не си за тој чекор сега, ако сака да почека.. ама ако не сака тоа е тоа, понекогаш различните гледишта во животот те носат и на различни патишта со партнерот, можеби ти сакаш да шеташ, а тој сака фамилија, и сега кој е тука компромисот? И јас на 20 години не сакав да се земам со тогашниот дечко, иако се гледав со него "за цел живот" па се разделивме, затоа што нашите патишта не се вкрстуваа. Искрено и отворено целете во животот, и некогаш ставете се во кожата на другиот, не е само вашето мислење важно, не сакам брак сега, кратко и едноставно, па тој ќе одлучи самиот дали сака да чека, секој различно си гледа, ако е спротивно од твоето не значи дека е погрешно.
     
    На Fluffy^-^, Callie, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Е баш ова. Како смеел он да сака брак и деца зарем не гледал колкава била кога почнувале, а таа зарем не гледала тој колкав е кога почнувале (facepalm)
    Секој аргумент за едниот може да се искористи и за другиот.
    Само јасно и гласно треба секој да си каже што сака и толку. Па другиот да си одлучи дали му одговара или не
     
    Последна измена: 4 септември 2020
    На Callie, IRBBB, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Па така де, јас не накривувам никого, само што, не може само едниот да се критикува, колку е едниот "крив" толку е и другиот, никој со сила не натерал ништо, како што таа бара да биде сфатена, нека проба и таа да го сфати него, ако нема начин и компромис, секој по својот пат, и чао пријатно.
     
    На IRBBB, tinka-mace, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    По колку години имате ?
     
    На lolitaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Не знам како успевате секогаш да ги вадите работите надвор од контекст. Како поинаку да ви каже @Oscar Lady дека САКА да биде со него, дека гледа иднина со него, но дека едноставно не сака сега да стапи во брак? Неколку пати веќе потенцира дека не се чувствата проблем, дека има други планови и цели кои сака да ги оствари пред да стапи во брак. И сега што? Треба да прифати само затоа што на дечкото му било време да се жени? Зборувате за бракот како да е ситница, како да треба да прифати само за да го усреќи.
    Точно е дека знаела колку години има тој кога почнале, ама точно е дека и тој знаел колку години има таа кога почнале. Со оглед на тоа дека лани дипломирала, значи дека има само 23 години. И сакате да ми кажете дека е во ред некој да ви прави притисок на 23 години за брак кога цел живот е пред вас? Ја разбирам тотално. Го разбирам и него, меѓутоа требало да знае дека ќе треба да ја почека, наместо да ја притиска одма штом дипломира.
    И тука прстенот не е проблем. Тој јасно и кажува дека не сака да биде "стар" татко, што значи тој веќе сака деца, ако и даде прстен тоа нема да го смири, туку ќе продолжи да ја притиска за брак, а после тоа и за деца.

    Оскар, се работи за сериозен проблем, меѓутоа долго време сте заедно и ако навистина се сакате, ќе успеете да дојдете до некаков компромис. Најважно е да бидете искрени еден спрема друг, и да разговарате за вашите желби и планови за иднина, колку и да не се поклопуваат истите. На овој начин само ги избегнувате проблемите и вртите околу нив, наместо да седнете и искрено да разговарате.
     
    На Nausicaa, Estranged, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Периодов не ми е баш најсјаен, лоши вести од секоја страна башка и испитна сесија ми е и немам воља за ништо просто кажано. Се повлекувам во себе и сведувам контакти на минимум. Проблемот е што почнува да ми влијае малце на врската ова. Избегнувам средби а ако искочиме физичкиот контакт е на минимум. Не сум во такво расположение воопшто. Е сега еднаш порано заебав врска ради вакви работи, не сакам да ми се случи пак. Знам дека го сакам и знам дека е период ова ама не сакам да има последици. Не можам да се опуштам ама и не знам како да му дадам до знаење дека не е он крив за ништо. Секој совет е добредојден.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    Мој совет тие да си гледаш пρво училиштето. Се дρуго ќе си дојде само по себе а и е минливо.позз
     
    На tina2018 и honey.11 им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Од искрен и отворен разговор не гледам подобра опција. Ем тебе ќе ти олесни, ем ќе му дадеш на знаење што е причината за твоето однесување.
     
    На yourfavoritegirl, Billy Idol, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Му имам кажано дека е период и дека ќе ми помине, ама кога ќе искочиме седам и ќутам, ништо не ми се збори, немам мерак ништо да правам..
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Што ти вели тој?
     
    На IRBBB и flawless. им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Епа наместо да ќутите, кажи му како се чувствуваш, а не дека е само период. Ако и тогаш ти ќути и нит се трга да те остави да се избориш сама, нит е до тебе да те утеши, не му е гајле за тебе. Ако е така, нема за што да се плашиш дали ќе го изгубиш.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.