Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Фала многу, ми значи поддршката и отварањето на очите, особено ти се восхитувам на храброста што со оставила некој премногу што си сакала и тоа ќе ми биди мотивација дека нема да умрам колку и да е тешко, ова ми е прва сериозна врска и некој толку да сакам ама ете ќе ми биде искуство за натака, ќе се изборам за мојата среќа
     
    На edna_malecka и bicycle им се допаѓа ова.
  2. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Ни ти ќе покажиш ладнокрвност, ни тој ќе се смени.
    Ич да не ти е гајле што знаеле и твоите и неговите. Врската ви е ужас и нема решение, колку побрзо го прифатиш тоа толку подобро за тебе.
     
    На edna_malecka, Regina.Phalange, tinka-mace и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Еве кај прајш утка. Токму во ова што си го пишала. Ти овој човек треба да го избришиш, а ти се обидуваш да му докажиш и не знам што. Не му е гајле едноставно... Мораш прво со то да се помириш па да тргниш од тука. Не те заслужува и престани да му го билдаш егото!
     
    На emilii111, raww, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Знам ама тоа ме копка дали навистина не му е гајле или за инает прави, дали е возможно некој да изгуби сите чувства за само две недели, затоа што пред тоа знам дека навистина ме сакаше и се трудеше околу мене ама сега не сум сигурна веќе во ништо, и да решив да прекинам секакп не можам да си правам веќе тортура.
     
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Машки

    Не згреши, ама сфати дека животот не ти зависи од тоа момче, и порано ти реков не е за тебе.

    Се гледа по пишувањето мислам дека си океј личност... и си за компромиси итн, ама ете тој не те прифаќа таква и не го гледа тоа како позитивно нешто, туку како напнување или обврски. Сака да те контролира, ама не сака да ти го даде телефонот. Е каде така?
     
    На mira.mira, emilii111, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    @lolitaaaa секоја минута помината со тој дечко е грешка.
    Всушност секоја секунда која мислиш на него е грешка.
    Треба да се цениш самата повеќе и да знаеш штo e правилно а што не.
    Мислам дека доволно направи за некој кој не е заинтересиран да ја спаси врската.
    Ова е се, освен врска.
     
    На IRBBB, raww, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Знам, свесна сум за се, искрено после разговорот за да се смириме имав голема надеж дека ќе се смени се кон подобро бидејќи и тој покажа дека тоа го сака ама неговото однесување зборува друго. Знам дека пред мене ја избриша типката ама 99% со тоа однесување сум сигурна дека се гледа со неа, а знам ново ко ново е многу поинтересно, само се надевам дека за некој месец ќе се свести што изгубил.. Па решив да прекинам, денес не бев воопшто расположена за никаков разговор но утре тоа е тоа колку и да ми е тешко се помирив затоа што и на овој и на тој начин пак не сум среќна така да ќе издржам колку што треба за да си се вратам во нормален живот, доволно испаднав голема будала.
     
  8. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Сите на некој начин сме испаднале будали во некоја од врските. Свесно или не - свесно.
    Во делот на твоето прашање дали може се да заборави за 2 недели ? - Факт е дека не може,но во новото девојче си наоѓа утеха,интересно му е,сака промени; а на крај по период сам ќе си одлучи дали таа промена е таа што му треба или била само издувен вентил.
    Сега пушти го нека прави што сака,исто и ти излегувај со другарки,пешачи забавувај се. Можеби и ти ќе најдеш некој многу поинтересен и по вреден од него.
     
    На lolitaaaa и raww им се допаѓа ова.
  9. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Готово е ставив крај. Го оставив цел ден да видам како ќе се однесува и пак беше истото, не се ни јавуваше да се слушниме само пишуваше сега се прибрав, сега си легнувам, сега станувам и толку, кога го побарав додека работеше што сум го барала она нервозно, и веќе тоа беше врвот, му се јавив и му кажав дека јас повеќе вака не можам да издражам и само ќутеше па кажав крај со мене и со тебе е завршено, тоа е тоа. Многу ми е тешко, стварно го сакам и се потрудив се да направам за да го спасиме тоа што сме го имале ама залудно веќе повеќе од очигледно е дека не е заинтересоран веќе за мене, па знам дека морам да продолжам натака со мојот живот колку и да е тешко..
     
    На tina2018, raww и piksooki им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Ако си му битна ќе те побара.
    Биди среќна. Земи слави таму што си се спасила од манипулатор.
    Таа другата нема да може да ја манипулира вака и ќе те побара тебе и ти тогаш ќе му речеш "Извини, а кој си ти другар?"
    Опуштено и нежно со себеси :mm:
     
    На emilii111, cresa-jagoda и lolitaaaa им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Машки

    Ако ти е за утеха, од мене поголема будала нема. :D
     
    На lolitaaaa и flawless. им се допаѓа ова.
  12. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Не сте будали, секој позади себе има врска каде се сме дале за да успее и покрај тоа што сме знаеле дека нема да успее, ама надежта последна умира.
    Важно е од грешките да научите и да не ги повторувате во наредните врски.

    @lolitaaaa добро си направила што си ставила крај на таква токсична врска. Тоа што после караница заминал со друга, а уште не сте знаеле дали ќе продолжите, тоа е малоумство од негова страна и кажува каков е всушност тој.
    Направил караница кај што немало потреба, ако навистина те сакал и ценел, ќе се согласел да излезете на кафе со другарка ти и бившиот.
    Јас искрено бев изненадена од страна на мм кога се сретнавме со мојот бивш (мојот прв сексуален партнер), мм знаеше дека ми бил прв, застана се поздравивме, дури и на кафе бевме. Потоа бевме и на свадба кај другарка моја, негова бивша. Нити сме пререкле, нити ништо. Сите имаме минато, а ако на некој му смета тоа, слободно покажи му ја вратата.
     
    На IRBBB, emilii111, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Моето мислење касни.

    Јас те читав на почетокот и уште кога кажа дека после жестока караница излегол со друга девојка знаев дека е завршено. Но,ти сепак се понижи и му даде шанса со притисок да ја избрише таа девојката. Девојката ја избриша ама и него го изгуби. Што значи втора шанса се дава кога некој навистина заслужува,се труди и сака да е со тебе а не ради тоа што ти си го сакала и ти држиш конците,а тој ги олабавил.
    Проблемот не лежеше во девојката туку во дечко ти, со еден збор чекал прилика да се скарате бидејќи љубовта во него кон тебе исчезнала.
     
    На bicycle, tina2018, FVP и 5 други им се допаѓа ова.
  14. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Знам, свесна бев за се затоа и решив да ставам крај, осеќав дека веќе не сака ништо со мене, само не ми беше јасно тоа што кога разговаравме стварно покажуваше дека сака да се смириме и да се средат работите плус тоа тој го сакаше тој разговор и наеднаш после тоа почна преладно да се однесува, без воопшто покажувања на чувства, кога се јавив за крај неговиот муабет беше дека не сакал да се слушаме бидејќи имал некои филмови после некои случувања и сакал да си ги среди мислите бидејќи се осеќал исто како кога бевме скарани и да сум знаела дека не ни мисли да отиде со друга, ама покрај сето тоа што се случи јас му кажав дека веќе не можам да продолжам така и јас си имам свој живот, а ова ми беше огромна лекција да не верувам толку бидејќи стварно мислев дека навистина ме сака и се ама накрај секој си го покажува вистинското лице, колку и да ми е тешко живот иде даље. Сепак без вашата помош мислам дека немаше да бидам доволно храбра за да го направам тоа, ви благодарам на сите :l:
     
    На tina2018, Ugly Duckling и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.059
    Пол:
    Женски
    На каков начин би сакала тебе да те откачат? Да те игнорираат дур сама не си сфатиш или фино да си седнете на муабет и да си се објасните дека допаѓањето не е обострано?
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.059
    Пол:
    Женски
    Јас сум веќе у години жена :) ама имав таква врска која многу ме оптеретуваше искрено. Излегуваме, после напорна работна недела во која не сме се виделе ич баш за да се видиме, да си кажеме некој збор, да се гушнеме, да се прошетаме, да бидеме раат и зјапање и проверување на телефонот нон-стоп, за небитни работи, многу ми пречеше и самиот си знаеше дека му е лоша навика. Буквално, седиме на маса ние сами, он зева у телефон, јас зевам у таван и еднаш кога замолив малку да олабави и да се гледаме у очи (такво понашање и у друштво многу ми пречи), ми рече дека не треба да бидам атенш хор. Многу се навредив и се разочарав од коментарот. И секако, не траеше долго врската :) Сега просто уживам кога на либе не му ни текнува на телефонот кога уживаме во заедничкото време :)
     
    На tina2018, tinka-mace и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Толку многу се пронајдов во твојот пост.
    И јас излегував со тип кој постојано зјапаше во телефонот и ич не се осеќав пријатно. Како сама да седам и зјапам во Тв,во цвеќиња....гледав како луѓето од околните маси си муабетат се смеат,јас дремев. Секое враќање дома ми беше полно со нервоза. Среќа па и тоа не траеше долго и прекинав.
    На ,,последното,, кафе како да осеќав дека ќе е последно. Толку голема напнатост,немање зборови. Седевме немавме што веќе да си кажеме (бетер од пензионери) и он вика : ауу ти да ќутиш значи стварно нешто ти се дешава . Тогаш ми светна во главата каква сум јас и што всушност мене ми треба. Ми даде прилика да се надоврзам на неговиот муабет и истата вечер да му раскинам.
     
    На thelittle17, piksooki, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Знам дека прашањево не е за тука но не можев да пронајдам друга тема за совет и мислење. Имено вака, уплатив за програма за исхрана и вежби е сега, пред да започне програмата ми беше испратено прашалник јас го пополнив и наведов спечифично дека сум алергична на еден продукт, кога ми пристигна менито 50%од јадењата беа со тоа. Кажав дека сум алергична и дека сакам да се смени за да имам поголем избор во јадењето, ми беше одговорено добро, и дека за брзо ќе се смени... Но ништо од тоа пишав уште неколку пати но секој пт го добивав истиот одговор, попосле, или најбрзо што можам итн.. различни изговори. После со вежбањето пишуваше дека мерки ќе се прават неделно дека и програмата ќе може да се сменуе ама ништо ни од тоа не добив.. Јас веќе не сум во план ни да пушувам ни да се молам за нешто. Јас уплатив пола од цената на програмата бидејќи пишуеше дека може така, треба овие денови да ја платам другата половина, но сметам дека не треба тоа да го направам бидејќи не ја добив услугата што ми е ветена? Што мислите вие дали би го уплатиле другиот износ? Јас се чуствувам изиграно бидејќи трењерот никаде го нема и покрај сите мои пишување, јас се откажав и чекам на него сега, но од негова страна нема ништо.
     
    На emilii111 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Не.
    Дури и јавно ќе го кажам кој е за да си знаат останатите за неговата/нејзината непрофесионалност.
     
    На Принцезичка1, sparklie, piksooki и 11 други им се допаѓа ова.
  20. emilii111

    emilii111 Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    се согласувам , дефинитивно expose за да не се лажат и други луѓе
     
    На Принцезичка1, piksooki, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.