Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Како сте преболиле долгогодишна врска? 5 год сме заедно и не знам што да правам.Не го барам , ама го сакам , и со таа грешка што ја направи му реков крај , и си собрав работите и си заминав а тој беше ладен туш, во кавги и бил секогаш ладен.Ама досега пола година се немавме скарано вака нз како да мислам и што да правам?
    Не ме удри , не ме изневери , само ме оддтурна и агресивно ми се обрати за банална работа оти ја ну возвратив на тоа што тој ме навреди.
     
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ако често трпиш навреди и тоа се повторува и повторува тоа е вербално насилство кое често по некое време поминува во физичко. Имам поминато низ тоа во претходната врска, се пробував да се ''оправат'' работите помеѓу нас, ама кога нештото не го бива џабе е се, стануваше само полошо. По првиот шамар, следеа напади во јавност и секогаш изговорот беше ист, јас демек го предизвикувам тоа да е насилен. Исто беше долга врска и ми се смачи веќе од тоа па тоа, решив дека подобро е да ставиме крај, ми беше тешко по тоа не дека не, каков и да беше и по се лошо имав емоции. Сега ми е криво што толку слепо сум сакала и што при првата негова агресивна реакција не го напуштив веднаш ќе се спасев од многу непотребни нервози и стресови, ама се' се случува во свое време.
     
    На WildMk, Izaabella, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не , не се ни каравме веќе неколку месеци и преубаво ни беше.
    А пред 3 години имавме големи кавги ама вака агресивно како сега не.Јас само возвратив ! А он сфанал си дека ја не смеам да возвраќам а он смее , е така нема.
    А лошо ми е ептен, преубаво ни беше секој ден насмеани бевме и среќни и немаше еден збор настрана долгооо време.
     
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    И јас имав лоша 6 годишна врска, во која првите 2-3 години беа супер, потоа кавги, расправии, скарај се, смири се и пак во круг, само измачување за двајцата.
    Дали ми беше лесно кога ставив крај? Не, воопшто. И плачев и имав депресивни епизоди, и се каев, и милион пати посакав да кренам телефон, и често на социјални мрежи проверував до кај е со животот, и нозете ми се тресеа ако некаде го сретнев... Ама сето тоа помина, а јас излегов една силна девојка што сепак си беше доследна на себе и во ниеден момент на слабост не потклекнав да го побарам.
    Гледано од денешна перспектива, единствено се каам што порано не го откачив, оти беспотребно губев време и нерви.

    Едит: првиот момент штом се почувствуваш несреќна, собирај парталите и бегај!
    Со сопругот сме 7 години заедно и никогаш не сме имале периоди на кавги, навреди, лутења, а сме поминале еден куп препреки и сме решиле големи проблеми.
    Сакам да кажам, не е до периодот, со човекот е.
     
    На WildMk, Veta, Izaabella и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Тоа време кога машкото викало, а жената веднела глава и молчела поминало. Во муабети со постари и мене ми било триено сол на глава да премолчам, ама и тогаш и секогаш велам немам што да молчам, устата е да зборува и да се разбереме човечки, ама физички отурнувања, па шамарчиња не дај Боже е се само не човечен начин за разбирање. Понавредливо нешто нема особено од некој физички посилен кон некој ранлив и послаб. Размисли си убаво што можеш да толерираш, а што не и одлучи сепак самата најдобро го познаваш.
     
    На WildMk, tina2018 и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Буквално се е супер сега , еве само ова ми смета.Друго не можам да се пожалам предобар е со мене и се прави за мене , ама буквално.Не лажам само за да добијам утеха за да се смирам , туку стварно е така.Ја се осеќам лошо, не знам што да правам.Сеа се скаравме денес , а знам дека нема да ме побара , а ни извини не рече ...
     
  7. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    И колку време помина откако се опорави? Само тоа ми е важно сега, дали да продолжам или да чекам да се свести, да зборувам итн.
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш најдобро дали вреди да даваш шанса, јас да сум со овој ум сега, не би преминала ниедна работа што дозволив тогаш да ми ја рече или да ми ја направи.
    Не знам, ваљда неколку недели ми беше претешко, ама најпозитивно беше што јас воопшто не се затворав дома, напротив, нон стоп бев излезена, се дружев, запознавав нови луѓе и наскоро сфатив колку сум пропуштила заради него.
    По неколку месеци (5-6) се запознав со мојот сопруг, почнавме да се дружиме, да се гледаме и за скоро официјализираме врска.
    Макар што ова е многу релативна и индивидуална работа, можеби на некој му треба пократок, на некои му треба подолг период. Само мислам дека е најважно да не се затвориш во себе и да си дадеш шанса да си докажиш себеси колку многу вредиш и зошто тој не е вреден да си ти покрај него.

    Не знам за што ви била кавгата, ама постави си некои хипотетички ситуации со големи проблеми во иднина и познавајќи го, замисли како ќе изреагира. Сакаш таков партнер покрај себе?
     
    На WildMk, Nausicaa, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Нормално дека нема да го сакам таков.Ама ако е некој таков агресивен и склон кон тепачки, тоа нема да го задржува 8месеци , како и да е ќе сме се скарале вака, немало да биди мед и млеко 8 месеци.Не разбирам.
     
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Првиот пат ние кога имавме голема кавга и се разделивме, бевме разделени неколку месеци. Потоа почна да ме бара, да се слушаме, да пишуваме. Дури и дојде да разговара со татко ми (по негова иницијатива) дека е сменет и дека е сериозен, дека нема повеќе да ме повреди ниту да дозволи некој да ме повреди. Се смиривме. Мед и млеко беше 2-3 месеци, потоа не беше ни стара песна, туку многу полошо од претходно. Одтогаш почнавме скарај се, смири се, навреди се, лути се и се така додека не прекинавме по 2 години. Само мачење, верувам и за него, не само за мене.
    Затоа велам, се каам што не пресеков првиот пат и му се вратив.
    Волкот влакното го сменува, карактерот не.
     
    На WildMk, Veta, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна си сама на себе. Прво, не мора сѐ да прави за тебе, доволно е да те почитува. А дерење, молкнење и навреди почит не се. Океј ајде, секој е човек, може да згреши, ама тој што греши бара прошка. Ако не бара значи не чувствува вина, а ако не чувствува вина, смета дека е во ред тоа да ти го прави. И ќе продолжи да ти го прави, оти него тоа му е во ред, а и ти ако останеш рамнодушна на ова, значи и тебе ти е во ред.
     
    На WildMk, Nausicaa, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски

    Не ми е во ред , затоа и му реков крај е.
    И си заминав.
    Ја разбирам дека од кавги со домашните и порано тоа што беше он психички е вака растроен , и јас сум , ама да отидам и да му се врекам или да напрам таков хаос нема смисла.Јас сум растроена ама него да го навредам никако.Знам дека ме толерирал и ја него , ама како така наеднаш испад 8 месеци збор си немавме речено , имало кавги ама ептен мирни да речам и на крај одеднаш крај, а живеев кај него и се беше перфектно.Тоа ме буни.Да е било секој ден ќе речев трпам крива сум , ама не, он буквално 24 7 е со мене , внимание ми посветува секогаш и секаде, она се топ искрено.Јас сум во шок и плачам не се смирувам.Не можам да се помирам
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    "не ме удри само ме оддтурна"
    Си била со човек кој бил на раб да те удри.
    Следно карање може и ќе те истепа.
    Со таков сакаш да си?
     
    На WildMk, cresa-jagoda и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не нормално.
    Ама не знам како понатаму.Буквално цела му се предадов а не викам дека он мене не ми дал се, и он мене ми дал се ..ама ..
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ќе помине сигурно.
    Секој ден ќе ти е се полесно.
    И еден ден ќе си викаш како може да мислев дека нема да помине.
    Фокусирај се на работите што може да ги правиш, какви прекрасни луѓе можеш да запознаваш сега, ќе видиш дека после некое време ќе ти е смешно што си била тажна за насилник
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Во ред, си му посветила добар дел од животот, ама не е крај на свет. Освен убавите моменти, ништо не ве врзува (мислам на деца).
    Понекогаш е подобро некој да остане запамтен по добро во нашите сеќавања и да си се насмевнуваш кога ќе помислиш на него, наместо да се фрустрираш.
     
    На WildMk, Veta, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Оти бе вака ги оправдувате?!Психички бил растроен од порано, бил избувлив, му бил стресен периодот и не знам уште што имам прочитано. Па што ако бил? И јас можи сум па не одам наоколу и не се истресувам на луѓе. Психичкото растројство се знај како се решава. Значи сите одговори ти се во мислењата што си ги напишала.
    1. Те оттурнал малце погрубо.
    2. Причина за првото е што си возвратила во кавга.
    3. Знајш дека нема да се извини, што укажува дека и порано вака си праел и ти си го мољакала.
    Ама ајде ти се молам. Арно си го собрала куферот, сега заклучи го некаде и да остани собран!
     
    На WildMk, Maša8, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не го оправдувам воопшто.Кажав дека и јас сум па не правам така.
    Он е во големи проблеми е тоа го разбирам ама не е изговор ти од нигде никаде да ми се губиш, а ваму јас од др страна не се ни карав со него само му возвратив на зборовите, не е фер едноставно ... не заслужив макар и најлоша да сум била периодот или во моментот
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Дечковците ваши дали и колку често гледаат порно?

    Дм гледа одвреме навреме, не дека само на тоа мисли или е зависен, таман работа. Ама самиот факт што воопшто гледа такви работи ми смета, то ест што се пали на нереални сцени, како да кажам, малце гадно ми доаѓа. Му го реков ова, ми вели само кога сака да се релаксира некогаш пушта, а со мене тоа воопшто не го меша. Океј, ама сепак не е потребно да гледа и сам кога е, има и други начини сепак нели.

    И не знам дали претерувам или...
     
  20. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Дали има иднина врска која и пред да започне е почната со недоверба, сомнежи, прашување да или не, дали да прекинам дали вреди?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.