Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Со него сум 2 години и 7 месеци а пред тоа бевме другари 5,6 месеци.Проблемот е што тој во последно време се повеќе нема време за мене.Ќе ми се јави на тел ќе збориме 3 минути и ќе го викне некој од неговите нешто да ни сработи(мајка,татко,брат,баба) и ќе ми рече морам да одам потоа ќе ти звонам.Потоа пак ми се јави и повторно истото.Едвај се гледаме еднаш неделно бидејќи живееме далеку тој во село јас во град а и се имал работа.Ќе ми рече да дојдам на мсн да си пишуваме и на секои 13 минути оди некаде да ни сработи нешто на неговите и го нема по 40-50минути.На мсн кога ќе му пратам нешто од нет тој никогаш не сфаќа како што треба туку секогаш го сфаќа спротивното на пр.вчера му праќам дека за домот Сениќ не требало врски и тој ми враќа ете видиш за таму требало врски нема да можеш да влезеш и секогаш е така.Кога ќе излеземе во град и ќе сретне некој негов другар одма почнува да се смее неконтролирано за се и сешто и да се зафркава за некои банални работи и ако го гледаш од страна ќе речеш дека има 10 год а не 18.Иако има 18год тој не знае ништо за животот,нема изградено свое сопствено јас,секогаш ги слуша другите,никогаш не кажува негово мислење туку се согласува со се што ќе кажат другите.Неговите родители и баба му го третираат ко мало дете,за се треба да бара дозвола од нив и се треба да ги слуша и да ни работи како роб 24/7.Му го кажав сето ова а тој ми вели дека не може да ни се спротивстави и секогаш ми бара време,секогаш ми ветува дека ќе биде подобро и дека ќе посветува повеќе време на мене,ама сето тоа секогаш останува само на зборови и ништо повеќе.Замислете дури еднаш татко му му рекол да му се јавам јас и да го прашам дали може да излезе он со мене за да го пушти тоа ми беше нешто најапсурдно што ми се десило во една врска и се почувствував ко да имаме со него по 8 години па ќе го прашувам татко му дали може да го пушти за да одиме на сладолед ццц.Не сакам да бидав во врска со некој што во паметот е ко детенце.Исти е ко Ставро од зет домазет што се току плаши од мајка му.Му го кажав сето ова и му раскинав вчера бидејќи не можам да го трпам сето ова,а тој како и увек плаче,моли и ветува дека се ќе биде преубаво ако останам со него.Но и покрај тој многу го сакам и ми е тешко без него...Па што да правам да му се вратам или конечно да ставам крај?
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Немој да креваш раце,тоа ако се гласини треба да разоткриеш кој е тој што му ја полни главата.А дека ти си виновна за се,не држи вода :fubar: ,и статистички тоа не е можно.Може до карактерот на дечкото си е.Обично машките се кукавици за многу работи.Само смирено и со ладна глава ,одмори малку и не го барај ти прва,никако,ако те побара значи некој друг се меша ,ако не,кривицата ќе биде во дечко ти.
     
  3. Jelena-JK

    Jelena-JK Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    7
    Кога тој ти ја префрла вината дека ти си го изневерила,а нема врска ај малку преиспитај се мислам дека токму тој го има направено тоа(дај боже да грешам) и сега е во паника дека ќе дознаеш и затоа вината ја префрла на тебе.Размисли добро и испитај ја ситуацијата што прави кога не сте заедно :tmi:
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Да ми простиш на изразов,но сељачко понашање си има детето,па макар и во Лас Вегас да живее.
    Сфаќам дека неговите имаат потреба од него,но до тој степен да го гњават и да те понижаваат и тебе со се него,кој резил :x .
    Мамино галениче ,а?
    Ти прва не го барај,нека те побара он.Ако видиш промени-продолжи,но тешко дека ќе се случи тоа :?: .
    Ако сакаш искрено -подобро батали ја таа врска безврска :!: ,може само полошо да си направиш и да се нервираш.
     
    На taznatajbg му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    девојки ми треба хитно совет и мислење од вас, претходно пишав и на друга тема, ама нема врска.. значи јас и дечко ми ја немаме таа хемија која што ја имаше на почетокот, постепено се станува навика, од секогаш имало расправии (не за сериозни работи, туку само за глупости), а знам и дека ќе ги има понатаму.. многу ми е долга приказнава, можам да се оставам од пишување, ама ќе се обидам да бидам најкратка што можам.. Заедно сме скоро 3 години, секогаш сме се карале за што не, а и секогаш сме опстојувале поради мене затоа што сум таква личност што ќе преќути за да не дојде до тешка расправија, ќе оставам да мисли дека е во право за да не се расправаме.. а дечко ми е таков карактер што е одма избувлив, само он е во право, он е најдобар се он.. кога и да се расправавме јас ќе корнев коси, ќе плачев, а он после пола саат ќе си дојде исто како ништо да не било, како ништо да не рекол.. и после сиве овие години ми дојде преку глава.. си ќутев ама полека во мене чувствата се намалуваа, почнав да имам одбивни чувства кон неговата фамилија, ме нервира начинот на кој се однесуваат неговите родители затоа што не се однесуваат како семејство а и му го немаат доловено поимот семејство како што тоа го направиле моите за мене.. не знам како да ви објаснам.. стравувам дека утре кога ќе бидеме во брак он ќе ги има истите карактеристики, истото однесување како и неговите родители, нешто што најмногу ме нервира и ми е одбивно.. многу мисли ми се вртат во глава.. а премногу ми е сериозна врскава, моите со неговите се знаат.. плус дечко ми многу добро стои со моите дури повеќе со нив се сложува отколку со мене.. се зависи од мене.. а и пред 2-3 дена го слушнав како се договара да иде на едно место и се обиде да скрие од мене, ме лажеше дека спие дома.. видов дека ја нема колата од паркинг, отидов до тоа место (кај другар) и беше таму потпрен до друга девојка (а да не заборавам ретходно на телефон збореше “има ли нешто за мене“).. и кога го видов таму ми се пресекоа нозе.. знам дека ме нема варано со неа, ама од друга страна не сакам да бидам будала за утре да зборат еј види ја дечко и ја лаже дека спие а он шета и она уште си е со него.. ај за тоа мање-више ама па може утре ќе сокрие нешто друго од мене, може утре ќе ме извара.. може ова не му било ни прв пат.. многу работи ме мачат.. многу работи ни се заеднички многу сме поврзани.. од една страна сакам да почнам нов живот да најдам некој подобар и повисок ( понизок е од мене, воопшто не си одговараме ни физички, ни според хороскопските знаци) изгледот на крај, ама карактерот ме јаде од внатре.. во целосна дилема сум.. знам дека во секоја врска има кризи, оваа криза зависи од мене.. јас сум таа што треба да одлучи, ама не знам што да правам, да продолжам или да прекинам.. од една страна сакам да прекинам, ама од друга не сакам да го изгубам, некако многу повеќе во него гледам како близок пријател отколку нешто друго.. за разговор неможе со него да се прави асален затоа што не можеш на крај да излезеш со него, одма се расправа по негово си кажува што му дојде, се само за он да биде во право, а јас таа кривата.. многу работи изнапишав, демек кратка ќе бидам, ама пократко од ова неможев.. може ќе ве збунам, ама стварно се надевам за некој совет кој добро ќе ми послужи, затоа што утре морам да му кажам што сум одлучила.. а инаку заборавив да пишам вечерта кога го видов таму му раскинав и наводно не ми е дечко ама пак исто ни е се, само што јас сум ладна а он ко ништо да не било.. а да и уште ми вика не ми е јасно зашто се лутиш, јас легнав да спијам и ми се јавија само да ги однесам до таму и одма се враќав, не те варав, за глупости се лутиш, ќе ти кажев сабајлето дека сум ги донел до тука.. а да сакаше стварно да ми кажеше ќе ми кажеше од претходно кога се договараше на телефон а мислеше дека јас не го слушам.. што мислите вие, јас се побудалувам не знам што да правам, он пауза не сака, или продолжуваме или раскинуваме.. а знам во себе дека ме сака многу, се гледа тоа, дури и татко ми ми го има тоа кажано.. а ја самата сум 50-50 и сакам и не сакам да продолжам.. ни со него-ни без него..
    Поздрав до сите се надевам ќе ми помогнете да одлучам што ќе биде најправилно!! :*
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Блонди,тешка ситуација.Не знам дали те изневерил дечкото,но факт е дека крие многу работи од тебе,излегува без да ти каже,тоа не е понашање за во озбилна врска.И што значи тоа :има ли нешто за мене :^) ?
    Замисли се...стави си прст на чело и запрашај се колку вреди тој да ризикуваш да останеш во таква врска,многу работи ве разделуваат,мање-битно висина,хороскопот не е важен,тоа е занимација :rofl: .
    Велиш тој има карактер како неговите родители,тоа е важен сигнал,дали тој ќе ти одговара како брачен партнер :!: .
    Не си требала да допуштиш толкава блискост помеѓу вашите семесјтва,сега повеќе ќе се чувствуваш притиснато.
    Дечко ти најверојатно се опуштил ,си рекол еве се знаеме ,стекнал доверба кај вас и затоа прави вакви испади.
    Верувам дека те сака,штом и татко ти приметил,така е :) .
    Немој нагло да прекинеш ,туку дај му малку слобода,да здивнете и двајцата,размислете што сакате и ти убаво си процени дали тој те сака вистински,следи го,увери се дали твоите сомнежи се вистинити,конечната одлука е само твоја.
    Поздрав и до тебе :hai: :*
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Дечкото почнува да ти станува одбивен и веќе си почнала да се сомневаш дека те изневерува, според мене ова е еден начин за полесно да можеш да го оставиш и да ја прекинеш врската. Ако сакаш да се скарате ова ќе ти е добра причина и тоа со висината што го рече( и јас сум имала таков проблем ама не се секирај колку си повисока толку подобро :* ). Ако не сакаш врската да ти прекине седни и зборувај отворено со него за се што те мачи. Кажете си се и помислете дали вреди или не вреди да ставите крај.
     
    На Blondy.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LusijanaLusi

    LusijanaLusi Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Епа Блонди мислам дека дечко ти не те заслужува..Како прво тој сега кога сте во врска така се однесува спрема тебе мислам ке се скарате и после пола час како ништо да не,тој ке вика а ти ке ќутиш..Ајде замисли си у брак како ке биде неможе се тој да е у право а ти како ќос да дремеш.Дај седни размисли си што планираш да правиш амааа од оваа негова избувливост и твоето ќутење еден ден ќе ти прекурчи така беше и една моја пријателка викаше го сакам сигурно ќе се смени кога ке имаме деца кога ќе бидеме у брак ама се излезе наопако и прекурчи си го зеде детето итн.. знаеш понатака...Твое си е одлучи си сериозно прст у глава...СО СРЕКА ! ;)
     
    На Blondy.92 и hermosa им се допаѓа ова.
  9. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Мој совет е да му се скараш значи мое мислење е ова, пробај без него види како ќе ти биди. Одев со дечко 4,5 год. кој беше понизок од мене на почетокот не ми сметаше ама после е не можев да издржам едноставно не личевме на ништо дотерана се морав со балетанки да одам секаде. Плус кога ќе ми се испонашаше нешто кој сум што сум оти доста беше љубоморен си велев овај кепецов ќе ми кажува мене :D :D :D Шала на страна , јас за мене донесов одлука и сега се шетам со човек повисок од мене една глава а мојата е гордо крената :) Сакам да кажам ти најдобро е да си одлучиш , размисли дали вреди да стоиш со наведната глава секој пат кога ќе те убедува дека тој секогаш е во право или да имаш брак како неговите. На крај краева седни разговарај со него отворено кажи му што ти пречи ако гледаш тера по старо ма не оделе 3 години 100 нека се клоците в г*з и во потрага по некој што ќе те исполнува целосно. Поздрав
     
    На Blondy.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    ти еднаш си го фатила како те лаже,а знаеш ли уште којзнае колку пати те има излажано а незнаеш? дали сакаш да неможеш мирно да спиеш коа ке ти каже дека не искача,дека ке спие или нешто слично? и друг да лаже дека отишол само да ги однесе.Според мене прекини додека не е касно.во брак којзнае што не ке ти прави..Ако продолжиш само самата ке си се зафркнеш уште повеке.Знам дека го сакаш ама се гледа дека т ие дојдено преку глава.Олади малце кажи му дека не сакаш да одиш со некој што те лаже па уште и не признава,а и тоа муабетите со другарите има ли нешто з мене..искрено не ми личи баш како да ти е верен...не сакам да те растажам ама така ми изгледа.....тргни се додека не е многу многу касно....
     
    На Blondy.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. apsolutna

    apsolutna Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Драга моја блонди, подоброе твоите да се нервираат една недела отколку да плачат цел живот за твојот избор. Размисли вака. Дали ти, кога би ги тргнала настрана фактите дека вашите се познаваат, дека на него си потрошила толку време и сила, во овој момент да го запознаваш, дали би останала со некој таков? Себичен, затворен без чуство за тугите потреби. Сеуште си млада и имаш време да свртиш нова страница. Но изборот е само твој и направи го со ладна глава без да размислуваш што ке речат другите и како ке се одрази тоа на нив.
     
    На Blondy.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    Ви благодарам на сите за советите и јас размислувам нешто слично како вас, мислам дека најпаметно ќе биде да прекинеме сега, за понатака да не биде предоцна.. а и онака треба вечер да излеземе на кафе да правиме муабет да расчистиме се.. а инаку он уште си продолжува да се однесува како ништо да не се случило, како од се голема работа да правам.. си мислам и дури и си се смеам (толку од нервите хихих :) како и да е фала ви, се останува за вечер..
    Поздрав :*
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Тој ме бара нон-стоп и ветува дека ќе се промени,но тоа го ветува секогаш а никогаш не го исполнува за жал...Ракинав со него сега само треба да го заборавам но тешко ми иде се мислам на него па не е малку времето што сме биле заедно и се навикнав на него... :worried:
    фала за советот :hai: :*
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcuskata55

    srcuskata55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    29
    ми треба мислење од вас :/ Направив нешто и незнам дали постапив исправно :?: Вечерва во 11 часот требаше да одиме на село кај една другарка и да спиеме во куќата кај неа и утре да се вратиме..но мене искрено не ми се ни одеше таму :/ веќе 1 недела се двоумев дали да одам или не..Не му ни имав на дечко ми кажано за то му кажав дури денес кога бевме излезени на кафе и бидејќи не ми се одеше му реков дека не одам.. иначе мн често го правам обратното од она што сум го кажала :worried: и тој ми вика знам дека ќе одиш те научив веќе, јас нема да одам и се инаетевме и ми вика не дека ти забранвам да одиш ама научисе веќе еднаш да не правиш така и јас упорна не одам и ми вика само ако појш ќе видиш утре и јас ќе видиш ти пак упорна..излегвиме со друкарките да се договориме што како ке носиме и 4 часа ме убедуваа да одам ми викаа дека дечко ми ми забранал да одам со нив а не е така :/ му досадвев на дечко ми да му кажам што ми викаат другарките и што да правам не сакам да мислат така за него, го изнервирав и него и јас се изнервирам и он ми вика што сакаш прај :/ и се решив да не одам барем еднаш да не го прекршам зборот што сум го дала :/ Дали постапив исправно? :/
     
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    srcuskata55 добро си направила што не си отишла иако мислам дека ни од нервозите немало потреба :D
     
  16. Blackk

    Blackk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Ми треба совет и мислење :D

    Вака , постои едно девојче со кое подолго време комуницираме (моб,фб) , при што еднаш излеговме и супер си поминавме. Но еве има 1,2 поради сплет на околности , се немаме видено , поради обострани причини. Проблемот ми е тоа што сум го изгубил она флертување, начин како да ја и докажам дека ми се свиѓа , целиот разговор ни е општ , значи порано сум бил отворен, па ќе им делев комплименти , па ќе лупнев некоја глупост , ма да тогаш бев помлад.
    Некој совет што да правам да ми кажете, глупо ми е низ муабет од нигде никаде да и кажам дека ми се допаѓа.

    Фала однапред :)
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ех зошто глупо па на нареден разговор кога ке го имате дали на фб или на моб покани ја да се видите па измисли кај ке испаднете да биде некое убаво место икази и дека сакаш да разговараш со неа кога ке те праша што е темата на разговор кажи и слободно дека ти сесвига и дека сакаш да бидеш со неа не се срами ич најотворено кажи и се сто осекаш спрема неа
     
    На Blackk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Јас си иам приметено бар за мене,кога нешто планирам,шо да кажам,кога да кажам како да кажам ми ствари повеќе нервоза,не сум отпуштена,не сум си јас јас. А кога ќе се препуштам на моментот,како според ситуација,околности,ќе си дојде само од себе се. Ти ќе го осетиш правиот момент. Не мора да биде на следно видување ако сметаш немаш добар момент за тоа. Како ке се одвиват работите така и ти ќе постапиш. Понекогаш дури мислиш Вселената ти ги создава идеалните услови и шанси,од тебе останува само да дејствуваш и да ги искористиш. Тоа е мој совет-да не му ја мислиш многу многу и да бидеш себе си. И смело напред ! ;)
     
    На Blackk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    ах блондиии :headbang: земи на едно ливче напиши позитивни и негативни работи од врскава твоја па да видиш што ќе надвладеее на вагата ....мое мислење по тоа што го пиша ти веќе подолг период си со дечко ти од навика или од страв да не останеш сама ,можеби на почетокот си била заљубена во него но подоцна тие чувства избледнале кон него во мометот кога си сфатила дека постојат премногу работи што ти пречат кај него почнувајки од неговиот карактер,до односот на неговите родители итн и самата велиш дека сакаш да раскинеш ,да си најдеш подобар од него некој што ќе ти одговара самата си го даде одговорот на прашањето што треба да направиш.

    Блонди убаво е да биде човек искрен пред себе си ,зарем стварно мислиш дека не те изневерил со неа кога веќе си го слушнала муабетот,си го видела со друга девојка???па уште и дечко ти се обидел да се извлече со тоа што ти рекол ама јас само ја превезов небитно до каде ???па дечко ти не таксист ,не и дечко на таа некоја си па да ја превезува со кола или не знам што :fubar: Тоа што велиш дека те сака и татко ти вели дека те сака искрено по сето ова ти ова за љубов ли го сметаш ако те сака нема да те лаже и да оди со други девојки наоколу .
    мој совет тие е да му ракинеш ,нема смисла да бидеш во врска која прво не те прави среќна ,второ си со личност која ниту физички ниту карактерно не ти се допаѓа и плус те лаже и 93% сум сигурна дека те има изневерено донеси одлука која сметаш е најдобра за тебе позз./b]
     
    На Blondy.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Не е можно, во истата ситуација сум :o
    Нејќам и јас да го барам, оти то ништо не можи да промени, многу пати сум рекла дека ќе се сменам а не сум се сменала, а немаше врска то.
    Цела вина ја префрли на мене, јас сум била крива за се во врската, сум била напната многу и не знам шо други ствари, јас го чактисав дека е сменет и дека има нешто друго, ми призна дека му се бендисвала друга, и ми рече дека јас со мојте глупи работи сум напрајла да дојди до ова ситуација, да немаме слога и да се караме, и многу работи сум криела, иако тој беше првиот шо дознаваше за се. |(
    Ми се смачи да се борам сама,а гледам дека тој не ми возвраќа, нема смисла да продолжам сама, а и со сила ништо не бидува.
    Тешко ми е и страдам, оти уште имам чувства, но морам да продолжам понатаму.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.