Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Нееее каква адреса, сто пати се свртев да не иде некој позади мене и од такси се симнав на друго место оф што ми требаше ова
     
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Не се секирај. Нема да биде ништо. Не си направила ништо страшно, не си знаела дека е таков психопат.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Го преценуваш, не верувам дека е толку паметен.
    Да бил, ќе знаел дека демнење е кривично дело (барем во нормални држави).
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    1.505
    Не потпаѓај на вакви клошарски децки шанкурина кој немат мадина да прифатат пораз. Ти си кажа шо имаш да кажиш а тој дека ќе го преврти цело ск то мало морген. Блок на сите мрежи, блок на бројот и рајат. Неможи адреса да ти најди и неможи ништо да напрај а ако се заканва со фејк профили ќе му речиш дека го чуваш разговорот и дека ќе биди поднесена прекршочна пријава за закана по живот.
     
    На mssuniquee и Ta-mara им се допаѓа ова.
  5. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    И за што зборуваат? Чудно ми е зошто би зборувал со непознати, би требало да има некоја причина.
     
  6. Sophie3

    Sophie3 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш си тргнувам од себе - дали јас би пишувала и ако би, со која цел. Лично, за да пишувам со некој би требало или да ми е пријател, или пак да имам некоја неубава намера. Не разбрав само, течеше разговорот или само коментар остави на сторито и заврше на тоа?
    Еве, твојот ако води подолг разговор со непознати, дури и ако пишува онака што би рекле општо, за мене тоа е тотално не почитување кон тебе. Него океј би му било ти да пишуваш со некој рандом?
     
    На Hellobeautiful и IRBBB им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Еј, зарем на вакво клошарче ќе му се тресеш? Се надевам немаш покажано пред него, таквите се хранат од ова. Покажи му заби малце, и ич немој да се плашиш, не е див запад ова па да изиграва шериф пошто не му испаднал кеф.
    Или кажи ми го мене кој е да му очитам молитва:nod:
     
    На Celltica, Ta-mara и bicycle им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Да станува збор за твитер или некој форум, каде горе долу луѓето се анонимни и каде што чита како размислува одреден карактер за одредени теми, па се истомисленици или ептен со спротивно мислење, па поради тоа влегуваат во дискусија, во ред, ќе го прифатам тоа.
    Ама инста стори? Шо реплај? Реакција на сликата?
    Не ми е јасно шо можиш да му искоментираш на некој на инста стори, шо не ти е пријател, а е од спротивен пол и истото нема да биди флертување ни сфатено како такво? :^)
    "Здраво Х, на кое место е сликано ова, би сакал да ја носам девојка ми?" :?:
     
    На Bellaa1234, christinnn, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    @Sophie3 @IRBBB

    Не би му било сеедно ако се допишувам. А инаку од тоа што сум видела, реплајот бил на сториња за музика, memes, животни. И после тоа разговор околу истите но не и запознавања и такви ствари.
     
  10. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Ако на него на му е сеедно, зашто не разбира дека и тебе не ти е? Не ми е јасно што е потребата да му реплајнам на некој што ставил меме хахахаххахха. Како тоа некое искушение ли е? Многу ли е тешко да се спречи самиот себе да реплајне на некоја на стори? Стварно не ми е јасно. Колку и тој муабет да е „невин“(у смисла нема никаква предходно поставена цел), мене би ми сметало. Никогаш не знаеш тој муабет кај ќе заврши, посебно дека и вашата врска почнала така.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не разбирам. Ако мене ми е ок да одам на кафе со другар, ок ми е да оди и тој со другарка. Ако мене ми е ок да одам сама со другарките на одмор, ок ми е и тој да оди.
    Себично е во врска да ти е нормално ти да правиш нешто, а да не ти е сеедно ако партнерот го прави истото. Поготово ако го правиш тоа со чисти намери. Очигледно тој не прави нешто добро, затоа и не сака ти да правиш.
     
    На Bellaa1234, cresa-jagoda, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  12. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Јас имав слична ситуација со бившиот каде тој врати вака на стори на една девојка, притоа не му беше никаква познаничка, од другарка многу далеку, туку се следеа вака од град. Е сега не се ни сеќавам баш какво беше тоа стори, бидејќи случкава е одамна.
    Како и да е, јас дознав на многу невкусен начин, девојката да ти испадне другарка на моја блиска и целата ситуација отиде во скроз друга насока (мада сега мислам дека права насока била) т.е изневера.

    Знам дека многу се повредив, не од тоа што и пишал па следно беше што таа раскажа на едно 50 души, туку од помислата која ја имал тој кон неа во даден момент. Едноставно се чувствуваш излажана, заменета, непосакувана и тоа е многу гадно. Но, ајде средивме некако, бевме во караници тој период, па правевме општо за се муабет и се реши (барем не дознав нешто друго после тоа). Најлошо беше што тој упорно ме убедуваше дека немал никаква посебна намера и умисла што и пишал-што секако не е точно.
     
    На Izaabella, Nausicaa, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Да и мене тоа ми падна на памет. Замисли тебе да ти е познаничка, и да збори по твои другарки види чив дечко ми пиша. У такво општество сме, што да правиме.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, Hellobeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека каде и да си, кругот на познати секогаш ќе коментира што е и нормално. Кај нас тој круг е малку поголем, градовите малку помали и може да се рашири веста низ цел град.

    Според мене не е нормално да одат коментарите до тој степен личноста која доволно е повредена, да се осети уште толку полошо, не е етички ниту пак некој трет е должен да држи предавање што треба и што не треба да се прости. Имаш став? Океј е, ќе те ислушам, но не ми го наметнувај ставот со сила, моја работа е како ќе одлучам да живеам.

    Инаку, сите сме свесни дека потегот не е никако морален (за мојов случај зборувам), направено е со умисла каде се работеше за 20-годишњак. Но, сепак кога е во прашање дали да се продолжи врската или не, одлучуваат само партнерите и никој друг. Тој период јас чувствата спрема тој дечко ги ставив пред сѐ, имавме планови и сакав расипаното да го поправам, а не да го фрлам.
     
    На busybee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    @Hellobeautiful
    Да се надоврзам поконкретно на твојот случај. Според пишаното сфаќам дека имате полиберална врска што е можеби и подобро само ако и двете страни го зазимаат истиот став.

    Во било кој момент како девојка имаш право да му кажеш на дечко ти што ти смета, што сакаш да промените, каде грешиш ти, каде греши тој. И најважно од се е што вели твојата интуиција, што вели твојот внатрешен глас.

    Еве јас бев мета на осудувања и потсмев од скроз небитни личности само затоа што одлучив да дадам шанса за подобро утре.
    Можеби во следна врска на иста ситуација ќе изреагирам сосема поразлично и ќе бидам контрадикторна- се тоа зависи од моите мисли и видувања во моментот.

    Што се однесува до самиот потег, реално, сите различно го доживуваме. Од личен аспект би се повредила многу, но тоа не значи дека ти на ист начин ќе го складираш. Бидејќи ти зборувам од лично искуство, мојот совет би гласел вака: прави како што ти мислиш дека е најправилно во моментот, гледај твојата душа да биде мирна. Поздрав :hug:
     
    На IRBBB, Hellobeautiful и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Не дека сум толку либерална па што сака нека прави, туку едноставно од последната караница се покажа дека можам да имам доверба во него па затоа и има "дозвола" да се допишува ако сака, иако самиот тој последниот пат ми рече дека нема потреба веќе од тоа ама пак, не знам, можеби пишал и еве моментално не ме секира тоа и немам потреба телефон да му барам. Но, сепак мојот став уште од почетокот на сите мои љубовни врски е дека не треба да има допишување со непознати, па затоа ќе му кажам што точно мислам :).
     
    На cresa-jagoda, busybee и supersandy им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Зошто "дозвола" кога си кажала дека ти пречи, ветил дека нема повеќе и си го фатила во лага?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Кажав дека ми пречи уште на почетокот на врската, кога ми покажа он чат со девојка на која и реплајнајл на стори и го коментиравме истото. Тогаш му кажав дека не гледам потреба во допишување со рандом ликови. Потоа, пред некој месец ипол се сомневав дека направил реплај на стори кај некоја девојка (другарка моја, не негова), ме јадеше од внатре и го прашав. Ми покажа чат со таа личност, и' враќал пред да бидеме заедно онака 1-2 реда муабет (тука нема пролбем). А последно она му имала пишано прва а он и имаше вратено неколку пати (ова пред некои 3-4 месеци), сепак не се знаат, не му е другарка и не гледав потреба од тие разговори. Мислам дека е сменет, барем ми има покажано дека е, и ако направил некогаш пак реплај не верувам дека биле со некои задни намери.
     
    На busybee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Дали ви пречи понекогаш некој со кој се слушате да треба секое сабајле да му пишете кога ќе се разбудите, доколку не, да ви се лути, да зборите исто, јас не сум личност која сака да збори многу, поготово не од сабајле кога уште спијам, мене ова ме нервира, се осеќам како да сум на пријавница некоја и секој ден му се пријавувам на него кога станувам, впрочем треба и преку цел ден да му кажувам каде идам и што правам, искрено не знам дали сум единствената на која и сметаат овакви работи? Не ми е јасно дали е он во право или јас претерувам:wasntme:
     
    На kathy es, tina2018 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Мене лично не би ми пречело, сум го правела ова и ете пак да стапам во врска- пак ќе го правам.
    Но, не сме сите исто. Доколку не ти одговара ваквиот однос, убаво ќе биде да му кажеш на партнерот. Може на прва ќе се повреди, но секако ќе те разбере.
    Е сега ако не се обидува да те разбере, тука веќе ќе настане проблем.
     
    На Irenaiki, Billy Idol и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.