1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Значи одјеби го фино лепо. Не можеш да смениш човек на 30 години. Да има 20 и да е зависен океј ајде, ама на 30???? На 30 луѓе веќе имаат оформено фамилии, имаат свои домови, имаат веќе неколку години стаж. Мене ова ми е чиста дефиниција на мамино синче. И уште е тоа, мало детенце.
    Слушај ги твоите, и не се замарајјјј.
     
    На cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А бе остај го пустец и мајка му.
    Имаш проблем со дечко ти.
    И на маж ми мајка му не е светица па што ми е гајле кога маж ми е независен и не смее таа мене ништо да ми пререче бидејќи знае дека тој ќе и се лути.
    Јас вода не станувам да и донесам кога сме кај нејзе дома пошто јас сум гостинка таму.
    А маж ми живееше сам и пред да ме запознае мене пошто така прават зрели мажи.
    Не ни смее свекрва ми да помисли да направи со некој потег, а камоли да ми рече дека јас и пречам што не и ги задоволувам кротериумите за домаќинка.
    Пошто ќе си го добие убаво од маж ми за пикање нос во работи што не се нејзина работа.
    Затоа што маж ми ме цени и ме вреднува.
    А не уште да ме тргне на страна и да ми рече вака и вака ќе биде, во 2 секунди ќе се разделев без око да ми трепне.
    Затоа престани да го бараш проблемот во пустец, во свекрвата, во сите освен во тој токмакот.
    И братучедите ги гледаш како среќно живеат и ние ти кажуваме и родителите ти се лутат, свесна си дека има родители што се бетер од свекрвава твоја? Па поддршка да имаш толку, сите истото да ти го кажуваат, мораш да сфатиш дека грешиш многу што си со таков човек.
    Мислам дека потценуваш колку многу несреќна можеш да бидеш.
    Еднпставно не си свесна дека таквите прости луѓе до нервен слом можат да те доведат.
    Не е ни прв ни последен на светов.
    Да знаеш колку многу би те ценеле други, сега дури зборуваме ќе му се јавиш и ќе го откачеш
     
    На noteforself, H.VAGA, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Ај прочитај го тоа што го пишуваш.. Милион изговори ќе најдеш за да го оправдаш.. За што бараш совет иначе?
     
    На raww и tinka-mace им се допаѓа ова.
  4. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Добро, ќе бидам искрена.

    Во моментот кога ми го кажа ова, во главата си замислив како сум со него некаде на улица и ми признава неверство.
    Си помислив ете, дека има и полошо. Си замислив како одам во неговиот град и се гледаме на тајно место затоа што пример би имал друга за дома, си ги замислив сите полоши сценарија како го откачувам и фаќам тип што тепа, дури замислив и црно сценарио како за 10години мајка му е премногу стара и немоќна, или почината и како веќе е независен, си реков мора да има надеж.
    Си замислив како додека одам кај него дома и или сме сами или ги гледам неговите, и паралелно замислив како одам на гости кај дечко и го фаќам на сред секс со друга.
    Просто верноста ме држи, не знам како да го објаснам, искрено навистина има добар карактер само мајка му е проблем, дури додека бевме на кафе со другарот замислив како наместо кафе можеше да ме вика само за секс, да има друга за јавност и да не ме претставува никаде.
    Кога ќе ми пише порака на месинџер,смс, кога ќе ми се јави знам дека е тој, знам дека нема да се јави девојка која би ми рекла-девојко не го замарај мојот партнер, знам дека кога и да звонам нема да се крие, да гаси телефон, да бега.
    Ете заради тоа ми е највеќе :(
     
  5. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Главниот совет ми е како да ја нормализирам ситуацијата и да му покажам дека животот не е тормоз туку уживање, просто сакам кога ќе одам кај нив да седнеме на маса да јадеме и пиеме кафе со смеење, да кажам виц на мајка му без да се нервира, да можам да излезам со него во град, на планина, на одмор без да биде сето тоа неморално, да доаѓа кај мене, моите кога беше кај нас пробаа како повозрасни да му покажат како живееме,затоа ги посочив тие примери за да гледа на убавата страна на животот, му кажав дека треба да бидеме среќници што не сме изневерени еден со друг, што имаме љубов и што сум тука за него, со еден збор кажано сакам нормална врска :(
     
  6. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    И мислиш дека треба и може ти нив да ги промениш? Во заблуда си. Тие се такви какви што се. Ти немаш никаква моќ да ги менуваш. И не треба.
    Тоа што си несигурна во себе и сигурноста ја бараш кај некој друг кој што чим не те изневерува "супер е"...
     
    На noteforself, 1209, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  7. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Сами си го бираме патот по кој талкаме. Ти толку го имаш споредувано со бившите на другарките твои, што си го направила светец. Сметаш дека само он ќе те сака? Дека он нема да те вара, да те тепа? Постојат прекрасни луѓе кои милион пати посреќни ќе те направат. Ти сметаш мајка му дека е некоја мала ситница. Немаш појма у каква каша си навлегла. Албанката ќути затоа што така е растена. А ти? Ќе се земеш за маж што ги има истите очекувања како мајка му, да си слугинка и робинка. Едноставно да си потчинета. Ти како девојче со нормални родители, кога ќе сакаш да излезеш со другарки или било што му противречеш, мислиш нема да си дозволи да ти ја врзе една?
    Вика дека братучедка ти не знаела да воспита дете, како планира да го воспита вашето. Да го направи неспособно како него и брат му?
    Алооо брее, главата горе. Жена си. Не е прв не е ни последен. Слушај ги своите родители, најдобро знаат.
    Али некои од нас учат на потешкиот начин.
     
    На H.VAGA, marija305, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    24.940
    Е*ати животот ако треба да чекам некој да умре за да сум среќна...
    А мислиш кога ќе умре мајка му, ќе умре и „воспитувањето“ кое му го всадила? Не душо, отиден е тој воз.

    Можеш да го имаш се ова што посакуваш, ама со овој дечко не.
     
    На noteforself, marija305, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Па ете го имаш цел, твој и верен. Уживај во наведнувањето глава и служењето цел живот.
    Со среќа :*

    Ете тоа што сакаш да го прочиташ ти го пишав.

    "Пу пу има и полошо" - ете од што си патиш.
     
    Последна измена: 8 ноември 2020
    На noteforself, apple12, MeowMeow и 14 други им се допаѓа ова.
  10. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Мајка му не те сака, зашто она веќе има план дека син му ќе го жени со девојка од пустец. Не го сметам нормален тој човек што живее со истите мислења од 15ти век. Не е само мајка му, он ги дели истите мислења. 6 месеци идете, не 6 години. Прекини дур не е касно и уживај си во странство.
     
    На buba4e89, Juicy, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Заради што ти е највеќе девојче?
    За 30 годишник кој има затуцани мислења и нема намера да се смени?
    За некое си маже што се тресе на мајка му?
    За некој што си мисли дека цел живот треба да си седи до мамичка и жената да му биде слугинка?
    За некој што сака да и ги миеш нозете на свекрва ти?
    Што мислиш дека ќе пропуштиш ако го оставиш? Ќе ја пропуштиш само шансата да си го уништиш животот, ако сакаш да си го уништиш оди и зграбчи ја.
    Како да е последен во светот па следниот ќе бил пијаница или ќе те изневерувал или ќе те тепал.
    Па и последен на свет да е нема да му бидам робинка на некој. Подобро цел живот сама да бидам.
    Чукни си ја главата малку и размисли дека ако се земете не ќе можеш на раат да продишиш во таа куќа со мајка му, ни бакнеж ни гушкање ни секс ништо, мислиш мајка му ќе ве остави на мир?
    Не ти е забегана фамилијава цела? Отвори ги очите, заљубеноста ќе помине за кратко чим ќе ти виси на глава свекрвата деноноќно.
     
    На *Amethyst*, 1209, marija305 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Види не е само неверството главна причина за раскинување.Најчесто раскинуваат заради финансии, неможност едниот од партнерите да има деца, раскинуваат ако религијата им е различна, проблеми со бивши, проблеми со друштво, проблеми ако партнерот пие или се дрогира,ако се коцка,ако лаже,пишува со други и сл,ако партнерот подигне рака или недајбоже направи полошо, ние ништо од ова не сме преживеале дури и сме разговарале за се ова, кај нас нема таква причина дури и сите негови другари му рекоа ако ја испуштиш ластхоуп заборави на жена, таа е измислена за тебе.
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Се раскинува и ако немате исти гледишта, исти желби, исти ставови.

    Не знам што очекуваш да ти кажеме? Ако си спремна на таков живот, слободно. Од сега знаеш што те чека.
     
    На H.VAGA, Annora, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Јас го сфаќам тоа. Ама ти не сфаќаш нешто друго. Не дека си заљубена во него, ама имаш толку ниска самодоверба што си смислуваш оправдувања за да не му раскинеш.

    Замисли го сега следново: Живеете заедно кај него со мајка му. Стануваш наутро, невработена, бидејќи се грижиш за домот и семејството. Правиш кафе за него и неговите. Додека го испијат, ти почнуваш да спремаш ручек за сите, во меѓувреме и зачистуваш по дома. Конечно сте седнале да јадете, ти наредуваат да одиш да купиш пиење со ручекот, сте заборавиле. Тебе ти паднал притисокот и ти се слошило, ама не може да кукаш. Чим мајка му ќе нареди, мораш! :!:
    Па тука маж ти не сака да влегува во конфликт со мајка му, ќе ти се раздере да не се жалиш и да одиш чорапите да ги испереш.
    Така вечер ти мртва уморна, сакаш само да спиеш, доаѓа маж ти и те потсеќа време е деца да правите. Уморна, не уморна, внуци сака мајка му. Има да слушаш.

    Мислиш дека преувеличувам? Дека нема да се случи ова? Не биди толку сигурна. Слободно листај низ темите, види низ што се поминуваат некои. А нивнити мажи не биле ни приближно забегани како твојов.
     
    На noteforself, apple12, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  15. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Да пошо ниедна нема да го земе таков каков што е. Оди си со главата во ѕид. Ние сите тука живееме со неверни и во моментов ти многу завидуваме. :rofl:
     
    На Juicy, Reja, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Сте се нашле тогаш. Он има 30 и се понаша како 13, ти 21 и се понашаш како 12.
    Само не заборавај колку ќе ги повредиш мајка ти и татко ти.
    Знаеш јас како го замислувам тоа: ти секој ден и ѕвониш на мајка ти, бараш излез и мајка ти со плачење заспива. Зашто она родила дете, кое можело светот да го освои, а она одлучила да биде нечиј роб.
     
    На MeowMeow, tina2018, sparklie и 9 други им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Плус ги заборави проблемите со свекрва(имаш цела тема од еден куп страни), мешање во бракот на 3та личност(свекрвата), проблемите со тоа што мажот не те става никогаш на прво место, проблемите што мажот мисли дека мајка му е секогаш во право, проблемите кога тој нејќе да се оддели во посебен дом итн..|(
     
    На busybee, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Бесконечно гарантирам дека нема да изневери,инаку со сите што ме запозна му рекоа ако ме испушти дека ќе остане засекогаш сам, кај него е проблем физички работи, така да знам дека нема да изневери, а и сам ми кажа дека кога бил мал и во основно и во средно и ептен мал кога бил дека го исмевале заради болеста и синдромот, така да знам дека нема да ме изневери..
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Што си се запнала толку дека не те изневерувал?
    Ко демек тоа е прејако постигнување што само дечко ти го може и друг никој. Многу има што не изневеруваат, ама исто така имаат и почит кон жена.
    И какво размислување е тоа дека мајка му кога ќе почине тогаш ќе е независен?
    Ќе чекаш мајка му да почине?
    Што ако до 100ка живее мајка му, ти ќе имаш 46 години тогаш.
    Најубавите години ти поминале во нервирање.
    И после толку нервирање нема ни да го сакаш повеќе.
    И ќе си речеш убаво ми викаа ама не слушав.
    Така мислиш магично станува човек независен кога родителот ќе му почине?
    Тој што е независен е независен и кога родителот му е жив, тој што е зависен и одкако ќе му почине родителот не ќе знае како да се носи со животов затоа што мајка му се' правела за него, па нема да може да се опорави, а не па да води среќен живот со тебе.
    Нормално дека ќе сака да те задржи затоа што друга не би сакала да биде со таков ко него.
    Ко што никоја не сакала и со брат му кутриот кој барал невина, па морал да купи девојка.
    Значи замисли дека ти си единствена што би била со дечко ти и другата опција му е купечка невеста.
    Мислам, ако сакаш да си девојката што е со дечко кој друга не би го погледнала, ок биди, твој избор.
     
    На H.VAGA, smooch, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  20. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Помалку би ме болело да ме изневери, отколку да сум му потчинета. Да живеам живот без сопствено јас, да живеам живот за некој друг. Еднаш ќе те изневери и еднаш ќе те боли. Со оваа болка цел живот ќе се будиш и ќе заспиваш.
     
    На noteforself, sparklie, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.