Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    И зошто да ја навалуваш главата?
    Можеби ќе те одбие дури најубаво да и пристапиш и најјаките теми за муабет да ги смислиш.
    Тоа е ризикот, како мислеше да флертуваш без ризик да те одбие?
    Да можеше така немаше ни да го правиме муабетов :)
     
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    40.786
    Пол:
    Машки
    @Stepan , не, не, немој од одма да одиш со таков директен муабет да се запознаете, кафе да пиете, шанса да те откачи е многу поголема.
    Пристапи и со рандом муабет за факултет и после нека си течат темите спонтано, нека биде флуиден разговорот. Хуморот е исто така многу битен, ако не и најбитен. Ако се чувствува среќно, слободно, ја смееш и го имате она нештото, она кликот, ќе осетиш сам сигнали и од нејзина страна и тогаш може да ја поканиш во живо на кафе. Точно колку време ќе треба за тоа никој не може да ти каже. Може ќе се влечите со месеци, а може по 2 дена веќе ќе пијуцкате во кафич.
    Пак, се зависи од тоа како ќе кликнете. :D
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  3. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Ако се влечите со месеци за една средба или кафе...мислам дека нема ништо од тоа. Најди начин да се видиш како што ти пишале за скрипта, за прашање,,,за нешто што е битно и ти треба од факс. , а демек го немаш. Мислам дека ако има нешто ќе ти даде можност да се видите. И не се откажувај ако првиот пат не даде позитивен одговор, може да одговори брзо и непромислено. Обиди се пак по некое време.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    117.814
    Пол:
    Женски
    Мхм ок |(

    @Stepan нешто во врска со факсот пиши ѝ. Ќе процениш дали ти враќа само со да-не или сака да си пишувате. Почни од таму(fingers)
     
    На Angie1432, Biljarkata и KateKane им се допаѓа ова.
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Зошто да ја навалуваш главата, нема ништо лошо во тоа ако ја поканиш и она одбие, под услов да не се понашаш сељачки се разбира.
    Искрено јас многу ценам кога некој ме поканувал на кафе и секогаш кога сум ги одбивала, а биле културни сум гледала одпосле кога ќе се сретнеме да направам атмосфера да не им биде глупаво, туку општи пријателски нормални муабети им терам како воопшто ништо да не било.:lol:
    Инаку, ова што олку се трудиш за неа ми е преслатко.:$
    Опааа, види го ти Били како знае како требааа(fingers):wasntme::lol:
     
    На Izaabella, Regina.Phalange, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Јас со дм се допишував два месеца пред да излеземе на кафе. И искрено, тогаш иако ми беше тешко, и се преиспитував дека можеби не му се допаѓам, сепак испадна се во најдобар ред и еве скоро година сме заедно.
    @Stepan
    Ако навистина и искрено ти се допаѓа девојката, и сакаш нешто повеќе со неа не брзај, разговарајте нормално, сепак основата на секоја врска прво е пријателство. Ако сте на исти смер, пробај почни со разговор за факултет. Ако ја имаш на инстаграм, реагирај и на стори ако стави нешто што навистина ти се допаѓа/те интересира, за да не мора да глумиш лудило и да ја лажеш колку да оствариш добар прв впечаток. Потоа продолжи со музика, животни, храна (нешто што отприлика знаеш дека би ви било од заеднички интерес), па како ви поминал денот итн. Со среќа :).
     
    На nevermet18, cresa-jagoda, Stepan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    @Stepan како за почеток, сепак мислам дека муабетот со скриптата ти е најсигурен. Избери некој предмет за кој имате повеќе материјали. Ако ти рече дека нема некоја од скриптите или книгите, да побараш друга :lol:

    Од друга страна, дури и на крај ништо да не излезе, сепак нема зошто да наведнуваш глава. Напротив.
     
  8. Stepan

    Stepan Нов член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Во спротивно,не барам за колку време,побитно прашање ми беше и најгенерално прашував каков муабет и како да почнам муабет со нејзе и да дојде до кафе,па ако може и врска.Искрено,ми се допаѓа девојката ,затоа и земав храброст да прашам од овде.Ќе се обидам и со другари да разговарам,но овде е подруго.Ќе побарам помош и од другарки.

    Па сељачки не би се понашал,повеќе ми е ако одбие.

    Преслатко е и блок да добијам.
     
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    :rofl::rofl: епа сега ризик јак, душа мила:wasntme::D
    Ајде собери храброст, подобро да пробаш и ништо да не биде одколку да не пробаш и да ја видиш со друг дечко за некое време.
    На крај краева ако гледаш дека не ви оди муабетот, заблагодари и се за помошта за скриптите или што и да е за факсот и готово. Барем ќе си бидеш на чисто.:)
    Со среќа, па извести не:lol:
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    40.786
    Пол:
    Машки
    Никој не може да ти каже конкретно каков муабет да правиш со нејзе. Нема тука некое правило, некоја скрипта као еве овие и овие теми и треба по овој и овој редослед да ја испрашуваш, сфаќаш? Не е ова интервју за работа, не е полициски распит, затоа и реков дека најдобро е да биде спонтано и сами да си идат темите во текот на разговорот, флуидно.
    Мој совет е секогаш да започнеш неколку теми истовремено па да видиш на која тема ќе се задржите повеќе, отфрлајќи ги останатите со текот на времето, ама ете секогаш да има нешто за што може таа да ти врати, а не да го доведуваш разговорот во ќор сокак и да доаѓа таков awkward момент каде нема што повеќе да се каже, па мора да се менува темата на муабет.
    Па така ете ако почнеш да збориш за факс на старт, продолжи со миленичиња, патувања, со планови за иднина, храна, пијалоци, хобија, музика, филмови, тв серии, преокупации, квантна физика на крај ако сакаш збори и, ако ја интересира, и тоа ќе сака да збори, ако нејќе и колку да си и интересен само ќе ти враќа кратко и нема да е заинтересирана па и на глава застани ако сакаш.

    Без премногу overthinking, пиши и, лабаво, без никакви очекувања, допушти моментот да те води.
    Среќно.
     
    На Fluffy^-^, nevermet18, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.322
    Допаѓања:
    21.566
    Пол:
    Машки

    Ти сигурно ја знаеш подобро од сите нас овде, има секакви типови и типки овде од најлабави од најсериозни, а исто и типови. Ти си во оние типови што чувстуваш мала несигурност и ти е страв да и пријдеш да не си одбиен затоа што сите твои филмови кои ги имаш сега ќе бидат уништени. Јас би ти рекол да ризикуваш послатко е. ;)
     
    На Stepan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Јас вака кога ве читам како давате совети за удварање се осеќам ко идиот оти ич ме ме бива да флертувам:tmi:

    Првиот пат кога пробав со еден си изедов корпа. А и искрено си признавам многу кринџ му се пуштав
    После тоа само други мене ми се пуштаа:rofl:

    @Stepan типов што ме одби ми беше во клас па го гледав секој ден и не ми беше гајле.
     
  13. Stepan

    Stepan Нов член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    И јас се осеќам како идиот,бидејќи незнам баш со колешка да флертам,ќе се исплеткам во тоа што го кажувам.

    Јас само на испит можам да ја гледам.Другово не е страшно. :D

    Ќе ризикувам,фала на совет.
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    62.305
    Пол:
    Женски
    ООО секо. Не знаев во која тема да го напишам ова, ај во оваа да се посмееме. Идев тоа време у читална да спремам еден ептен тежок испит. Идеше и едно машко, ама баш беше симпатичен, висок, згоден, убав, редок примерок што би рекол Фројд. Ниту јас го знаев, ниту он ме знаеше, ама секогаш се погодувавме да седиме во истата просторија. И стварно ми беше убав дечкото, со едни убави плави очи, со интересни кошулчиња стално... И ок, го подзагледував, а некако како да приметував дека и тој ме гледа. И си патев така еден месец секако, а осеќав дека веќе добро ме знае и ме чека да си се упатам на моето место.

    И ок, искачам еден ден на пауза, еве го доаѓа малку подоцна. И ми приоѓа, има ли место внатре? Има викам, Сабота е попразно е, влези ќе најдеш. Океј влегува, не поминува многу време и еве го пак доаѓа надвор. И ми вика леле фала едно друго, од кога си тука? И му кажувам па сабајле уште дојдов, не ни знам што му зборев, веќе од срам ми се има избришано меморијата. Аха, значи цел ден ќе учиш? Епа да му викам. Па ај вечер едно кафе да испиеме ми вика, таман релаксација малку.

    И другарка ви, најпаметната место да го прифати предлогот, да отиде на кафе и убаво да си помине одговори со: А НЕ ФАЛА, ПИЕНА СУМ ДЕНЕС ЕДНО, НЕ МОЖАМ ДВЕ, ЛОШО МИ Е ОД МНОГУ КАФЕ. Леле луѓе фацата да му ја видевте. Ок ми вика, некој друг пат тогаш. И поминува некое време, јас седам и учам внатре и го имаш овој момент

    [​IMG]

    Коа ми текна што направив ми идеше сама да си ја учукам една, добро си викам како си олку глупа. И се гледавме уште некое време, онака едно бледо здраво и толку.

    И така :D
     
    Последна измена: 10 ноември 2020
    На noteforself, candy.cane, Biljarkata и 36 други им се допаѓа ова.
  15. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    И јас имам еден ваков гаф, сега после 10-12 години ми иде да се треснам :headbang: баш размислував пред некој ден за тоа....Братучед на другарка ми, иако беше постар од мене 8 години, ептен се слагавме во карактери, и многу ми беше забавно со него, ама го гледав ко другар, (не сакав да си признаам дека чувствувам нешто за него, иако и мајка ми и другаркиве ми велеа апла дека ми се свиѓа :wasntme: ) Дечково ми се понуди да ме носи дома, а јас одбив... ако прифатев кој знае што ќе беше денес со мене :rofl: ама сега ми е поубо :l:
     
    На neno0o, tina2018, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    40.786
    Пол:
    Машки
    Неќу кафе, пијана сам какао. :rofl:

    Ама ова изгледа како мачкина кашлица спрема мојата глупост што ја направив со колешка. :D

    Се запознавме така што, јас секогаш практикував сам да седам на часовите на факултет ако ми ја немаше мојата "дружина", а во петок на попладневните часови најчесто не доаѓаа. Па така Били стандард си ги прескокна сите празни места на другите клупи, и седна на првите слободни две клупи прескокнувајќи ги трите празни столчиња и бирајќи го тоа до ѕидот.
    И влезе една колешка со која се знаевме само на лик, ниту здраво немавме дотогаш, и направи исто како мене, ги прескокна сите празни места, ме праша дали е слободно, зачудено и реков да и ги прескокна другите две столчиња и седна до мене. :$
    Од тогаш бевме во некој контакт и секогаш девојчето ми приоѓаше, разговараше и се гледаше дека беше заинтересирана за мене, константно иницирајќи нешто, а јас бев по малку резервиран поради мојата интровертност, иако и јас сакав.
    Изгледа таа моја индиферентност и не правејќи чекор тешко и паѓаше и девојчето се реши да ме покани кај неа во стан да се спремаме за следниот испит. И јас, како таков, тоа си го сфатив стварно како покана за учење, и наместо да отидам сам, викнав уште 2-3 колеги за подобро да учиме. Кога и го кажав тој предлог во 5 до 12, сакаше-нејќеше, се сложи да дојдат и тие. :rofl::rofl::rofl:
    Изгледа тоа и беше знак дека ништо не сакам повеќе од пријателство, па почна да се оддалечува од мене, и така, ништо не бидна.
    Дури ниту испитот не го положивме. :D
     
    На noteforself, Biljarkata, darlingdragon и 30 други им се допаѓа ова.
  17. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Star_dust и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Цар. Те обожавам :rofl::rofl:
     
    На Biljarkata и Billy Idol им се допаѓа ова.
  19. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    (facepalm):rofl::rofl: Били бе оти вака, а таман те пофалив вчера.:wasntme::rofl:
    Барем да сте го положеле испитот.:D
     
    На Biljarkata, flawless. и Veta им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    40.786
    Пол:
    Машки
    Тешко беше за 18 годишниот јас да ги прочита тие знаци.
    Young and foolish. :D
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda и tinka-mace им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.