Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ах после сексот ти рече нема да сте раскинувале ама ако не се сменело не знаел до кога ќе тера вака. Јас да ти кажам до кога ќе тера, ќе тера така со манипулации со тебе кои завршуваат со секс додека не се заљуби во некоја друга и започне со неа романтичен секс од љубов и сакање. Во вашава приказна има многу сигнали дека се оладил кон тебе, независно од причините и независно дали тоа му пречи/пречело што ти го спомнал или не. Најдобро да се повлечеш и ти да се оладиш, да не те повредуваат ваквите негови манипулативни уцени ако не се смениш ти и твоето однесување ќе сте раскинеле. И јас во првата врска така сум реагирала како тебе, сега некој така да ми рече дека раскинуваме ќе му се изнасмеам во фаца само и очи нема да му видам.
     
    На spacegirl92, *Amethyst*, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Што е манипулативно ако некој ти каже јасно во врска што му пречи и дека тоа му пречи до степен на раскинување?
    Единствено лошо е што не искомуницирал порано.
    И јас да имам дечко и да ми доаѓа ненајавен и да немам време за себе, ќе ми пречи.
    Не мора одма дека некој ве манипулира нешто, едноставно некогаш некои работи му пречат на човек.
    Се смириле па имале секс, ама и сексот не бил со уживање и денес не ја побарал затоа што после разговорот сака да се увери дека таа ќе си стои на зборот.
    Некогаш сте премногу мажо мразачки без потреба.
    Чувството да се осеќаш загушен во врска е скрос легитимно и сериозно чувство.
     
    На spacegirl92, Waverly Raven, __cataleya___ и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Мене така ми делува затоа што сметам ако нешто ми смета одма си кажувам и разговарам отворено, не ќе го собирам и собирам и да го плеснам без да дискутирам како причина за раскинување што можда е и само изговор. Иначе не сум мажо мрзачка без потреба ама ако така мислиш ок:D
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Па тоа е лошо што не искомуницирал.
    Ама не искомуницирал затоа што таа се лутела и го напнувала, тоа веќе го напиша таа, зошто да му е изговор кога кажал зошто не искомуницирал досега. И му пукнал филмот.
    Ништо комплицирано нема во ситуацијава, многу вообичаено.
    Не би била со никој кој не ми ја почитува слободата.
    Манипулативно е.
    Прво слобода после љубов.
    Оти слобода без љубов може, ама љубов без слобода не може.
    И секој си има право да си ја брани слободата и да раскине ако му е нарушена.
     
    На __cataleya___, *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Така е, ама раскинуваш, а не после сексот велиш а ај смени се ќе продолжиме понатаму ама пак не знам до кога. Тука е манипулацијата, ја заплашува со раскин па по секс ја заведува со убаво спакувани зборови.
    Прво некоректно е што ни еднашка не и наговестил што му смета туку он сам си одлучил во глава дека ќе раскинат и ја става пред свршен чин и тогаш и кажува се и она кога се побунува и завршува се тоа со секс како демек ќе продолжеле ама види ти паметен не знаел до кога вака. Дечково постапил многу не фер според мене затоа што не се пожалил што му пречи и не оставил простор таа да знае и конструктивно да го решат проблемот и ми делува како и воопшто да не сакал да го решат, ми делува како беден изговор мене лично, иначе ете нека грешам и нека им е супер понатака.
     
    На Hellobeautiful, deskarada, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ќе раскинеме, нема, ќе раскинеме, нема...
    Ја ти викам откачи го, вака ќе бидеш на штрек дека и најмала ситница ќе ја земе за изговор за раскинување чим ти рекол дека не знае до кога ќе тера.
     
    На deskarada, Bezimenka90, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Пред сексот и рекол Ќе разговараме, ќе најдеме компромис, не после.
    Небитно.
    Со ваква параноја не се градат стабилни врски.
    Не значи дека секој маж сака да повреди, тоа му е целта, ајде сите мажи ќе ги мразиме.
    Тој направил грешка што не искомуницирал порано.
    Таа направила грешка што одела ненајавена и секогаш било се по нејзино бидејќи не треба некој да го искомуницира тоа со тебе за да знаеш дека е грешно. Ти одиш кај некого ненајавена и чекаш да ти каже дека тоа му смета или воопшто не одиш ненајавена?
    2 години не се останува во врска ако му било целта да манипулира.
    Некогаш стварно не ја земате другата страна во обѕир.
     
    На __cataleya___ и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  8. Micika12

    Micika12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2018
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво, најпрво се извинувам што пишувам олку касно. Ми треба ваше мислење и совет за следново.
    Пред една недела излегов на дејт со еден дечко 11 години постар од мене многу убаво си поминавме и тој сам кажа дека многу убаво му било. Арно ама последниве неколку дена ако не му пишам ја тој слабо, ај претходниве 2 дена ја му пишуав и решив да видам дали ќе му текне на мене и цел ден вчера ништо не му пишав и тој ништо не ми пиша. И денеска сабајле му пишав и му кажав дека ме нервира што не ми враќа на пораката по 7-8 саати. Ми вика на работа сум вака така, ама и во тие 8 саати го гледам уклучен ама не ми враќа и тогаш. И откако се тоа му кажав дека ме нервира се налути.
    Дајте ми совет што да правам или мислење некое искрено.
     
    На TanyaM. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Дистанцирај се малку, дозволи да сфати сам дали сака да комуницирате или не. Ако напнуваш само ќе се разочараш, а и убав однос не е едносмерна улица, За било каков однос и да станува збор.

    Едно нешо во кое сум сигурна е дека машко шо е стварно најзаинтересирано на свет за некоја, не може да се откачи туку така. Сам ќе иницира средби, ќе муабети и ќе се вклучува во твојот ден макар и на 10минути со телефонски разговор на пауза, ако е толку многу зафатен ко шо ти се правда дека е.

    Друго, не покажувај канџи од одма. Си се нервирала ако враќал покасно, си се нервирала шо не те барал, шта год, не го кажувај тоа. Биди кул и глеј до кај ќе тера работава, сама ќе се избистри сликата за некое време, само играј паметно.

    Сречно
     
    На raww, Angie1432 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Оти бе да не кажва?
    Ако треба да глумам и калкулирам за секоја порака... пиши пропало.
     
    На Micika12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти рекол дека си поминал убаво не значи дека мора да продолжи да комуницира. Не значи ни дека си поминал убаво. Можда кажал од култура и да не те навреди.
    Нема што да те нервира дека ти враќал покасно или не ти пишувал. Тој тебе не ти е ништо, не е должен да ти пишува и да ти се објаснува.
    Ако е заинтересиран, тоа ќе ти го покаже, ако не е, а не е по понашањево, исто ти покажува и треба тоа да го почитуваш.
     
    На Stressed Out, LadyLollypop, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Самото то што и раскинува пошто му одела дома ненајавена е урнебесно смешно. Се извинувам, ама така е. Жива смешка. Како можи некој што го сакам да ми здосади што иди да ме види?! Ај да речиме немал време, можел само суптилна забелешка да и дај и ќе сределе од старт. Ама не, типот оладел сега и се ваѓа и сѐ му смета. Јас ја зедов обѕир и машката страна и не се сметам за мажомрзачка секако, но во слчајов причината за прекин не ми е легитимна. "Извини, не можиме да продолжиме, ми се оладија чувствата" - ниту едно машко никогаш, сѐ само некој смешни изговори, патетични дури.
     
    На Stressed Out, Idedemja и lonely222 им се допаѓа ова.
  13. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Чупе, две опции.
    1. И претходно ти си го барала прва и сѐ ти си иницирала и сега тој си е така навикнат, а ти очекуваш да се смени после средбата.
    2. Можи увидел дека не си негов тип, нема потреба да го напнуваш, остај нека се потруди и тој малце, доколку сака, секако.
     
    На WildMk и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Мене ме чуди како 2 години трпел па сега одма раскинување за тоа што одела дома му, немал слобода.
    Ако проблемот тазе настанал, секогаш може да разговара и како човек да каже дека му треба простор.
    Очигледно подлабоки се причините, ова се само површни изговори.
    Жално е после 2 години да не може искрено да се разговара туку да се збира во себе. И на крај, решение- раскини. (facepalm)
    А ако оладил, многу глупави изговори нашол, барем биди искрен и во лице кажи си.
     
    На Stressed Out, LadyLollypop, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто смешно.
    И јас би раскинала со некој ако ми доаѓа ненајавен, не можам да го откачам и секогаш сака да е по негово ако не е се лути.
    Да не гледаме многу романтични филмчиња дека ако некого го сакаш ќе сакаш само него да го гледаш.
    Се работи за граници.
    Ако некој те сака ќе ти ги почитува границите.
    Ако те угушува, не ти ги почитува границите, не те сака туку е опседнат со тебе.
    Тоа дека ако во некој си заљубен нема никогаш да ти здосади се приказни за мали деца.
     
    На spacegirl92, Waverly Raven, Bella ••• и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    А шо па некој мора да знае дали ме нервира или не, посебно кога можда и му е гајле за тоа?

    Мене ми излеа дека дечково свесно го праи тоа шо го праи и за таквите само игнор е мајката.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Прв дејт и си му пишала дека те нервира што не ти враќа побрзо?
    И јас ќе се налутев на негово место.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Мое мислење е дека секој, колку и да е зафатен, може да најде време за една порака или повик. Освен во некои исклучителни ситуации...
    Добро е што си била искрена и што си кажала дека тоа ти пречи. Од друга страна, можеби тој не го сфаќа сериозно вашиот однос и подобро е сега, порано да го осознаеш тоа отколку да живееш во заблуда.
    Види како ќе се одвиваат работите следниве неколку дена, ако нема промена, значи дека тој не е тоа што го бараш.
     
    На LadyLollypop и Micika12 им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Е де... ќе му кажам шо мислам, и ќе го игнорирам :D
     
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Пф, да му давам на некој до знаење дека ме изнервирал на уше непочната работа, притоа постар и дупло искалкулиран од мене, важи (fingers)

    Може он и од тоа бега :emo:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.