Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.121
    Пол:
    Женски
    Здраво е партнерите да имаат комуникација, а то значи проблемите да не се кријат во себе и едноставно да се надеваш дека ќе ги снема - зошто нема да ги снема. Ама исто така само ако некој кажи - проблемот не е решен и мора да се најди решение.

    Вие кое решение го најдовте на проблемот? Најдовте компромис? Да се јавуваш пред да оди на пример? Не мора да ми одговориш само пробвам да те насочам кон решение. Зошто ако само сте зборале и продолжвате по старо - значи дека проблемот не е решен, само одложен.

    Следно, разговарај за разговарање на проблеми. Најдете компромис за двата проблеми, првиот проблем тоа што му смета и поради што сакаше да ти раскини и вториот проблем дека чекаше да му се прелие чашата и да раскини место да ти кажи и да проба да го реши. Партнерот мора да знај шо „греши“ за да можи да се смени. Ако не знај, само одложваме неодложливото. Ако сте транспарентни и наоѓате компромиси пред се ќе бидите другари, па партнери. Па некогаш ако едноставно немате љубов - ќе раскините. Нема да раскините зошто некој дишел на грешен начин, а другиот решил да не кажи и да трпи.

    Како ви е дефинирана врската?

    Ако официјално не сте заедно, и ако смета дека неќи нешто со тебе или пак сака ама нели сака да е бавно, ќе те бара. Сепак, одење на работа зема време и затоа размак на одговор од 7-8 часа, што е уствари колку трае едно работно време. Се случва и телефонот да ти е поврзан на интернет ама да си го оставил на биро и да работиш ( ова тропнав, зависно од работата). Сепак, онлајн не е мерило дека некој е вистина онлајн. Ама, имаш целосно право да ти смета нешто и ти ако гледаш потенцијална врска во него фер е да сте на иста страна за очекувањата. Можеби не на принцип лута да си пошто ... да бидиме реални ... бевте на еден дејт, ама секогаш можиш да му кажиш дека сакаш да комуницираш онлајн и дека таквата комуникација ти е доста важна. Следно, треба и да знајш каква врска има со социјалните мрежи. Некои луѓе едноставно не се фанови на социјални мрежи и ги користат минимално или немаат навика, а ти мислиш дека те игнорира. Али ако се лутиш за ова, нема да те земи сериозно зошто пак е то шо е ... social media. Особено ако е постара индивидуа која не е растена и задоена со социјални мрежи.

    Ако сте поминале добро на прв дејт, излезете на втор и таму можиш да спомниш дека оналјн комуникацијата ти е важна. Ако не сте на иста страна ќе имаш само иднина каде сакате различни работи.
     
    На LadyLollypop, *Amethyst*, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Што ако имате од време на време анксиозни напади а партнерот не може да ве сфати или бега веднаш штом станува густо?
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.389
    Пол:
    Женски
    Ќе му објасниш ако сака да му објасниш, ќе чита, ќе гледа да научи што треба тој да ( не ) прави кога имаш паничен напад.
    Ако не сака да научи, за мене би бил голем проблем пошто не е нешто кое можеш ти да го контролираш кога ти се случува за да го темпираш кога не е тука и најчесто е хроничен проблем, не е настинка која трае една недела па ај ќе помине.
    Јас имав паничен напад страшен кога бевме на одмор Грција и маж ми ако избегаше не знам што ќе правев.
    Недавање поддршка при такви психолошки проблеми, за мене е голем проблем. Ако не сака да научи нешто за твојата состојба, и ти одмага наместо да ти помогне, можеби и би размислила дали долгорочно се гледам со таков човек.
     
    На LadyLollypop, *Amethyst*, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.121
    Пол:
    Женски
    Колку и да звучи ова лошо, можеби и само да не разбира и да бега од тоа што не го разбира. Многу луѓе се „справуваме“ со тешки ситуации така што бегаме. Шо на еден начин го сфаќам, ама исто така сфаќам како е да си партнерот кој добива таков третман и какво чувство е. Знам како боли.

    Ќе зборам во прво лице, да не биди дека зборам за тебе кога кажвам примери за да разнајснам шо сакам да кажам. Јас, ако знам дека имам анксиозни напади или било какви други проблеми, би се обидела да ја доближам идејата и да му ја разјаснам на партнерот. Како прај да се осеќам таа ситуација, што чувстувам, па дури и какви очекувања имам од околината кога не можам да се смирам. Знам дека звучи ептен џвакано ама човек кој нема осетено, и човек кој не се бави професионално со тоа, тешко е да претпоставиме дека можи да разбери. Барем сега има и многу webinars, како настани на фејсбук ќе ги најдите на различни теми, а пред се анксиозност како актуелна тема со короната. Се е перспектива.

    Сосема друга ситуација е ако партнерот неќи да научи, и неќи да биди поддршка. Пошто анксиозни напади не се нешто незначајно и неболно. Во најмала рака боли кога се потпираш на некој со цел твој живот, тој некој да бега. Сосема друга ситуација е ако партнерот само не разбира и не знае како да пристапи и се што му треба е да научи повеќе за состојбата.
     
    На Milobebence, *Amethyst*, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски

    Па вака инаку океј личност е ама со некои постапки знае да ме извади од памет, да имам анксиозен напад, да се скараме, да го молам да ме остави додека се смирам и ситуацијата знае да ескалира.
    Знае низ што имам поминато и секогаш бев искрена кон него. Не сакав да кријам ништо, сакав да знае каква личност сум и со што се справувам. Знае кои работи ме нервираат и некогаш ќе ги прави одново и одново.
    Ми беше потребен период да стекнам доверба во него и да бидам целосно опуштена.
    Па ќе се повлече, па ќе го нема, па ќе спие до доцна, ќе исчезне некогаш сред разговор и ќе го нема со саати.
    Последно нешто што беше е што ме нарече лажга за едно прашање. А претходно ми се изнасмеа како зборувам на дијалект и тоа прилично арогантно.
    Исто така ми има кажано внимавај колку јадеш, да не се поправиш, ќе ми биде срам девојка ми да има повеќе килограми од мене.
    Исто и така, кога знаеше дека ми се допаѓа, не беше искрен дека договара дејт кој 2 пати му пропадна и потоа се свести дека јас постојам но не сакал да ми каже затоа што не знаел како ќе испадне со девојчето.
    Вчера му го кажав сето тоа, се навредил момакот, глуми нешто жртва.

    Некогаш не внимава што зборува, што може да ме доведе до тоа ептен да ме повреди со неки разговори.

    Денес глуми цел ден лут откако прекинавме вчера затоа што навистина ме навреди со некои зборови.

    Се случувало неколку пати да се повтори тоа, да го средиме проблемот и за некој ден повторно да го повтори.

    Не очекувам нон стоп да седи онлајн и да зборуваме со саати, туку сакам да се чувствувам сигурно дека можам да му верувам.

    Ќе зборува како го боли глава, ќе добил удар од караниците, ќе си го одземел животот ако ме изгубил а од друга страна ќе прави упорно некои грешки кои ќе ме доведат до тоа да имам напад, и ќе се лути на крај.

    Ми значи ама навистина не знам како да постапам.

    Денес му пишав неколку пораки, чисто да разговараме и ако не, да ги средиме односите и секој по свој пат.
    Се осмели вчера да ми каже да посетам психолог за да биде со мене.
     
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    @bicycle
    Ауу точаче, ова за мене се премногу црвени знаменца.
    Јас би раскрстила многу порано, не би чекала толку искрено.
     
    На Stressed Out, Waverly Raven, noteforself и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.389
    Пол:
    Женски
    Ти ги одделив реченициве само за да ти кажам дека човеков е за на психолог под хитно, воопшто не е океј личност како што си напишала и тоа што не те разбира при паничен напад е помал проблем од овие другиве.
    Само нека проба некој да ме манипулира дека ќе се убие ако му раскинам, а притоа да сум несреќна во врската.
    Ќе му раскинам во наредните 2 секунди, па што ќе си прави со себе си, негов проблем.
    Јас едновреме се борев со депресија и панични напади страшни, значи ужасни, кога читав по интернет дека паничните напади траат докај 20 мин ми беше смешно, мене ми траеја по 6 часа без никакво подобрување. И тоа е дел од мене, никогаш маж ми не направил да се осеќам лошо поради тоа, баш напротив.
    Или body shaming затоа што си јадела.
    Или да ти каже дека ти си за на психолог, а тој не гледа какви работи прави.
    Тоа се крајно црвени линии кои никогаш не треба партнер да ги премине во врска.
    Мене лично ако ме прашуваш, ова да ми се случи, не би продолжила со човекот повеќе. Би ставила крај.
    Верувај ми, јас за раскинување не давам совет така лесно.
     
    На spacegirl92, Stressed Out, noteforself и 12 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    @tinka-mace и @Mantub
    Дали може да ви пишам во лп, не сакам многу јавно да пишувам. :)
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Може се разбира душо :l::hug:
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.389
    Пол:
    Женски
    Пиши
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.476
    Ова како јас да се читам.:D

    Кај мене, мојот ме замара да јадам, демек многу сум била слаба. Му кажав дека замарање за да јадам, е исто како на дебел човек да кажеш да престане да јаде, оти е многу дебел. На фин начин му кажав, ако уште еднаш спомне за мојата килажа, може слободно да престанеме да комуницираме. Без разлика дали си слаба или дебела, некој да ми кажува како треба да се хранам и колку, е навреда за изглед (body shaming).

    За анксиозните напади, кој ги нема доживеано, нема да разбере што и како да прави во ситуацијата. Можеш да му објасниш што е анксиозен напад и што би било најдобро да направи во таа ситуација.

    За "ghosting-от" не знам што да дадам совет. Освен да ти каже нареден пат- зафатен сум сега, ќе збориме за неколку саати.

    Разговарајте, ако нема промена во иднина, раскините. Најдобро и за двајцата.:)
     
    На Mencia, eliesaab, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски

    Фала ти душо, и ти си во право, нема почувствувано и не знае како е, можеби затоа тоа одалечување.
    Инаку имам едвај 56 кг, се хранам исклучливо здраво поради тоа што ми наби комплекс за мојата килажа, дури и вежбам.
    Решив да се тргнам, да дадам време.
    Не можам повеќе.
     
    На tina2018 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Не дозволувајте вакви комплекси да ви набиваат девојки. Ако ви речат пак така, речете им дека тоа не е нивна работа, ваше тело ваша работа. Најбитно е да си се чувствувате вие добро во своето тело па дали со 56 или 76 кила.
    Кој слепец, 56 кила дебела му била. |(:envy:
    А он манекен да не е случајно? Па и да е, пак не го оправдува . :@
     
    На noteforself, eliesaab, S.W.A.G и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.476
    Знае дека 56 килограми е нормална тежина? Прати му слика од BMI, дека се е во ред со твојата тежина, а тој ако има набиено комплекси за неговата тежина, не е твој проблем. Па сега на тебе да ти кажува што и како треба да правеш со твоето тело.|(
    Важно е ти да се сакаш каква што си. А него ако не му се свиѓа, нека си фате патот (без навреда). Бидејќи ако некој искрено сакаш, тогаш сите негови маани ќе ти бидат совршени.
    Кога и да ти требам нешто, слободно пиши ми ЛП.:hug:
     
    На Mencia, noteforself, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Мислам дека треба да прочиташ повторно што имаш напишано. Одговорот лежи во тебе. Потсвесно знаеш дека личноста едноставно не е за тебе. Љубовта подразбира да бидеш со некого и во добро и во зло. Со дечково, само ќе тонеш и ќе ти се намали самодовербата. Единствено се согласувам со него, за последната реченица, лично и само лично за тебе, да ти биде подобро. Само контекстот на неговата реченица не е во ред искажана.
    Во таа состојба во која си, најмалку ти треба таква личност покрај тебе, туку треба да си опколена со луѓе кои ќе те разберат и ќе ти дадат поддршка. Ни прв, ни последен. А анксиозноста некогаш се јавува и од токсични луѓе околу нас. Така да, направи селекција на оние кои те прават да се чувствуваш неубаво.
     
    На eliesaab, *Amethyst*, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.121
    Пол:
    Женски
    @bicycle се согласувам со сите шо ти пишале. Премногу, премногу црвени знаменца. Па и делот дека ќе се отепал, ле-ле, ле-ле. Тоа ти е манипулација 101 во врска каде партнерот сака да го „заземи“ другиот партнер и да го присвои. Да се осигура дека нема да биди остаен.
    Ова се надовества дека има подлабок проблем од првото дека се оддалечва кога ти треба при анксиозен напад. Ова е се манипулација, пробва да те турни уште поќе долу и да те моделира по ќеф и да се осигура дека шо и да прај, како и да те вреѓа - нема да заминиш. Не отстапувај, стави се себеси прва.
    Ова значи дека проблемот пробваш само ти да го средиш. Тој не пробва. Тој ќе се смири само моментално, извесен период, да ти замачка очи, да се опуштиш за и тој да се врати на старите навики.

    Жал ми е низ шо врвиш, ама мислам дека webinars кои ги предложив во претходното мислење нема да вродат со плод зошто проблемот е многу подлабок од тоа, иако, обиди се. Обиди се и за самата подобро да научиш како да се справуваш со некои работи, а и ете, можеби ќе се свести и тој. Ајде за испарвање од сред разговор од нигде никаде ми се има случено да заспијам со телефонот на лице, зато и решив ете да не го цитирам како црвено знаменце како сериозен проблем, ама ако е повторлив - е сериозен проблем.

    Ти посакувам многу среќа Точаче, ако полека влегваш во нешто токсично, се надевам на време ќе излезиш.
     
    На noteforself, *Amethyst*, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Леле, понекогаш кога ја читам темава се нервирам што сѐ трпите и уште барате совети за демек да поправите нешто.
    Што да се поправи? Да му ги одврзите уште повеќе рацете да ве догази?
    Ова се однесува на сите девојки: прво сте вие, лично вие и вашата среќа и задоволство. Почитувајте се, сакајте се себеси со сите маани, доблести, недостатоци... Ако нешто сакате да смените, сменете го за вас. Ако тоа ве прави среќни. А не за некој мочко кој злоупотребува ситуација за да лечи комплекси.
    Не понижувајте се да молите некого за внимание. Тој што ве сака и цени ќе ви го даде целото внимание на светот. Можда не сте осетиле или доживеале, но кога некој ве сака ве сака слаба и дебела, ниска, висока, со одредена дијагноза или комплетно здрава, токму такви какви што сте. И прави сѐ за да биде со вас во секој момент, колку и да е тешко.
    Сѐ друго е само пополнување нечие време.
     
    На Lollipop_123, noteforself, LadyLollypop и 12 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Во право се членките над мене, дека не треба да бидеш со тој човек. Не те заслужува. Неговото однесување ни малку не е океј. Личност која вистински те сака и почитува никогаш нема да се однесува така со тебе. Не се мачи да ја спасуваш врската која не е за спасување. Остај го нека глуми жртва, нека се лути, ма што сака нека прави. Подалеку од него.

    Ако сакаш можеш слободно да ми пишеш лп. :hug:
     
    На H.VAGA, eliesaab, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Да ве известам.
    Готово е.
    Ви благодарам.
     
    На spacegirl92, tina2018, LovelyGirl3 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Ќе коментирав и за ситуацијата ама веќе нема потреба.
    Мило ми е за тебе, мило ми е што стави крај со ваков токсичен лик.
    Посвети си време на себе :hug:.
     
    На *Amethyst*, Idedemja, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.