Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Зошто не верувам дека постои машко кое би ги трпело сите овие наредби, забрани, барања :?::^)
    Невозможно ми е.
     
    На bicycle, Waverly Raven, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Женска еве вака искрено ќе ти кажам, со секој твој нов ,,проблем,, во било која од темите ти се повеќе ме разочаруваш и заличуваш на психопат, али најсериозно.
    Тоа со порничот испишавме 20 страни се со цел да ти помогнеме, дававме совети како да спасиш врска и како да избалансираш и кога таман помисливме дека тоа е најголемата твоја глупост и себичност се појави уште една. Но, ова ќе кажам дека веќе не е себичност и глупост, него безобразлук од твоја страна.
    Следна твоја тема дека биде за Психијатар и активирај се на тие теми, зошто тебе стварно ти е потребно стручно лице.
     
    На Emy867, christinnn, bicycle и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    За жал постојат такви луѓе со лабилен карактер, јас познавам неколку такви, а верувам дека ги има многу, не знам дали е до наивност или до што е навистина, и машки и женски постојат, ама најголемата причина мислам дека е од страв да не бидат сами или да не не најдат некоја подобра, па одат на картата подобро нешто одколку ништо, а од љубов да е не е сигурно.
     
    На bicycle, Waverly Raven, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена од страна малку кога прочитав и вашите зборови напишани кон неа се малку прегруби, но да не е трол и потребна и е веројатно психолошка поддршка, бидејќи порано не беше вака, бар колку што сум читала, сигурно нешто се случило дали во врската, дали надвор од неа и само потребно и е да разговара со стручно лице и да поработи на себе.
    И мислам дека треба да ја прекинете врската, ни он ти влијае добро, ни ти на него, ептен токсичен однос... Но, ај нема да се мешам, сепак сте возрасни да си одлучите за тоа, ако ви одговара ваква врска што да речам, која сум јас да зборам нешто крај краева...

    Не е во ред да го тераш на такво нешто, плус сте 20 и некоја година, ако ти не сакаш деца океј немај, но нема потреба од вакво нешто, којзнае за некоја година и дали ќе сте заедно.
     
    На Moon.Girl, petrova89, christinnn и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не. Ниту би ппмислила јас да направам нешто слично ради туѓа желба, ниту би барала од маж ми нешто трајно да прави на свое тело, ради мои желби.
    Ако ти лично не сакаш никогаш да имаш деца тогаш подврзи јајници или инвестирај во кондоми. Твое тело, твој избор.
     
    На christinnn, bicycle, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ќе ти одговорам само на твоето.
    Не реков оди и направи или тешко тебе него онака падна таква тема на муабет и бев ко - абе што мислиш за тоа, би направил? И одговори со гадење, веројатно си го замислува тоа како да му ги сечат јајцата. И ок реков.
    Имаше една членка што не сака деца, а дечко ѝ сакал ама заедно се веќе 10 години. И тука повеќето ѝ кажавме дека поарно е порано да се разделеле оти имаат различни желби за битна работа. А ние имаме иста желба.
    Не знам за возраст, затоа еднаш прашував кои се условите за таква стерилизација.
    Значи да го терам не. Ама сметам дека нема ништо лошо во тоа да спомнам да го има во предвид дека постои такво решение за понатаму, може и би се премислил. Па во темана за абортус колку пати сме рекле нека направат машкиве вазектомија ако се против абортус а овде друга прича. Ок дм не е против абортус ама и он ме прашувал за други контрацептивни методи какви се, дали се штетни итн.
    Па и било зборено дека е многу подобра опција од контрацептивни пилули или спирала или поврзување јајцеводи.
     
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Аууууф коса ми се крена :tmi::swear:
    Еве, вака се манипулира
    .
    Манипулатори не користат директни забрани!
    Туку прашања, потпрашувања, па после следат муабети од типот “Ама јас ова за твое добро го мислам/велам/правам и сл“

    Човече ти си класичен манипулатор.

    И не, не сметам дека сме премногу груби со тебе туку напротив уште повише треба да бидеме.
    :fubar:

    Кога сме на тема вазектомија, имав партнер со кој одлучно не сакавме деца, тој самиот си помисли да си направи вазектомија ја не ни знаев тогаш што е тоа. Реално, не ми се допаѓаше идејата ама тоа е негово тело и има секое право на истото.

    Ауффф

    Што е следно од тебе?
     
    На MissBreezy, Emy867, lovestoneddd и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    @Tan4ence имате доволно средства за контрацепција, ај не идете во крајности на млади години. Да не звучам како некоја бабетина, ама до 30 други луѓе ќе сте, нема ни да се препознавате себе си кога сте биле 20, нема потреба да правите зафати за кои веројатно е да смените став. Така да забавувајте се, има начин да се спречи несакана бременост и без толку драстични методи. Не знам зошто воопшто размислувате на такви теми на толку млада возраст. Те имам читано студентка дека си мислам, може сум грешка, дај олабај се малце. Уживај во младоста :)
     
    На lovestoneddd, MagsDestiny, Guns N` Roses и 14 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence Дали си добра девојко?!
    Оди во манастир,закалуѓери се подобро него овие работи :x

    И после се лутиш зошто другите кажувале работи за тебе.

    Ми е жал за типов жими се.
     
    На MagsDestiny, Guns N` Roses, bicycle и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.857
    Прво, само што ќе го пишев истото од @Celltica .
    Второ, ничиј личен живот не следам за ад хоминем дискусија, ама ми се чини еднаш праеше муабет дека секс не доаѓа предвид во врската. Ме зачуди прашањево сега, дали си го надраснала тој страв или јас грешно сум разбрала? Ако тоа си го надраснала, веројатно и ова ќе го надраснеш. Јас овде гледам многу стравови и верувам дека стравови се решаваат на соодветен начин, затоа не забегувајте по екстремни решенија и идеи, кои можеби/веројатно ќе се променат.
    И трето, членката од дискусијата, строго хипотетички или реално дискутирала. Дали можеби и таа не си го сменила мислењето :?:
     
    На candy.cane и Celltica им се допаѓа ова.
  11. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Ако ти го гледаш тоа толку лесно, зашто ти не легнеш под нож? Или и тебе ти е страв?
    Има илјада и еден начин на контрацепција и ти на млади години ќе идеш во крајност? Како сфаќам да не сакаш деца и океј сум, секој со својот избор, али вазектомија не е реверзибилна ко шо мислиш. Чим не сте во брак не сметам дека смееш да побараш такво нешто. Уште ти е дечко и не знаеш утре што ќе биде.

    Има ли една асална здрава врска помеѓу две зрели личности, со меѓусебна почит љубов и разбирање, на форумов?
     
    На Jana06, MagsDestiny, bicycle и 8 други им се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    И јас си го помислив ова. Ауу, страшна работа е денешницава и луѓево. Да не можеш на нормален човек да налеташ.:x
     
    На christinnn, Jana06, MagsDestiny и 10 други им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    И да се во брак, може да се разведат, тој да запознае нормална личност со која ќе сака со деца. Со ваква, ни јас не би сакала. Туку којзнае каков е тој што ја трпи, можда бетар од неа.
     
    На Jana06, MagsDestiny, S.W.A.G и 11 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Факт е дека типот си ја сака,има чувства кон неа што е и нормално, само мислам дека нејзе и недостасува правец во животот. Не мора да постои психолошка траума да не сакаш деца, може да се во брак да немаат деца,познавам такви луѓе. Но, сулудо ми е да бараш вазектомија.
     
    На MagsDestiny, S.W.A.G, bicycle и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Ако сите си пишуваме за хипотетички проблеми, кај ќе ни беше крајот? :?: И што е најжално од сѐ, ти веќе си имаш зацртано мислење и не ни имаш потреба од нашите совети. Џабе вергламе со деној ко југо на угорница.
     
    На MagsDestiny, S.W.A.G, bicycle и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да, имав пишувано за тоа и ја имав кажано и причината зашто мораше така да биде. Е сега не пишувам апдејт за сѐ што е ново кај мене.

    ***
    За другите не коментирам.
    Прашав едно, си добив куп навреди.
    И он ми предложил во иднина без кондом, па мое е да одбијам ако неќам, не да ме тера.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.857
    Главното, не знаеме дали членката што те инспирирала се премислила8-|.
    Не верувај па ти на се што ќе прочиташ, и не земај се на срце;).

    Секако дека секој може да си праша и да прифати не за одговор.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Не видов членка да те навреди со погрдни зборови,сите се потрудија да ти објаснат зошто е погрешно тоа што го бараш ама ти сакаш да го слушнеш тоа што ти сакаш.

    Секогаш се вадиш на таа карта,повеќето сметаат дека тоа е луда идеја.
     
    На christinnn, MagsDestiny, S.W.A.G и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, можеш да одбиеш и нема право да те тера.
    Ако тој дојде на форумов и напише - Сакам со девојка ми да имам секс без кондом, ама таа ми рече НИ ПОД РАЗНО, ама јас сметам дека е добра идеја, знаеш што ќе му речат сите?
    Ќе му речат да не се дрзне уште еднаш да ти напиња за секс без кондом.
    А ти еднаш го прашуваш него, ти вели НИ ПОД РАЗНО, и идаш овде да не прашаш нас дали би му барале на партнерот такво нешто.
    Како можеме ние и ти да си дискутираме воопшто, што треба да прави некој трет човек со сопственото тело?
    Знам дека нема сосила да го однесеш.
    Сакаме да ти кажеме дека немаш право ни со муабет да го тераш или да му правиш манипулативни муабети за да го убедиш.
    Можеби во моментот нема ни да сфаќаш дека е манипулација.
    Ама е.
    Не ми кажа, ако си сигурна дека нејќеш деца, зошто не си ги подврзеш ти јајцеводите?
     
    На MagsDestiny, S.W.A.G, bicycle и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Би ги подврзала ако немам друг избор, значи како крајна опција. Ама од двете, вазектомијата е подобар избор, ако ги споредуваме нели.
    И да, он ќе одлучи. Ама таа одлука дали ќе сака или ќе неќе ќе влијае општо на нашата врска/брак.
    Значи не зборам за сега одма, него ете ако почнеме заеднички живот. Наместо да се замарам јас да пијам секој ден таблети или постојано да трошиме на кондоми, си реков подобра алтернатива, подобра и од подврзување.
    А сигурно ќе се натегаме, он нема да сака вазектомија, јас нема да сакам пилули и ќе остане да се разделиме, и вака со секој оти мал е бројот на такви кои би направиле. А може он многу едноставно да се согласи и и двајцата да сме раат. Али океј, не е мое да го терам нели. Мада што тоа мое тело мој избор не го сфаќам толку сериозно кога станува збор за машко тело, можда зошто не сум слушнала некој да бил приморан да менува нешто со свое тело.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.