Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Машки
    Требало уште одамна кога си приметила дека оладува од тебе и сменува понашање да го седнеш на разговор и да видиш каде сето ова оди, па врз база на тоа да донесеш одлука за раскинување.
    Овака, вие сте биле заедно, ама тоа било само од твоја страна, од негова не.
    И додека ти си го губела времето, дечкото бил во потрага по замена (може и ја нашол).
    Немало потреба да инсталираш тиндер, да има расправии, кавги... Гледаш не бива, ставаш крај. Подобро така него вака џабе да трошиш време на особа која не сака да е со тебе.
     
    На sparklie, H.VAGA, sunshinebabe и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    4.975
    Пол:
    Машки
    Не вреди да се замараш со таков.
     
    На Pretty butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    @Pretty butterfly штом за Тиндер ти раскинал значи едвај чекал причина и ја нашол.

    Заборави го.
     
    На Martka, sunshinebabe, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Pretty butterfly

    Pretty butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Фала на советите,нема кој не ми кажа и некако се чувствувам лабавоо да ви кажам а ќе ме барааа еден ден верувам дека ке ме бара не верувам дека имал подобра женска од сите што му ги знам,тоа е си мисли дека го сакам па ќе трчам по негоо,само лабаво.
     
    На Компир Манџа и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Неколку имавте напишано демек океј ќе го преболам ама ќе ме бара.
    Ама зошто да те бара? Ти раскинал како најголем селјак без грам почитување и ти се тешиш дека ќе те побара?! Зошто?!
    Заминува, ти раскинува најмизерно без објаснување, плачеш, со денови си во агонија.
    Го бараш, не крева и слични детски глупости. Многу работи недоречени, недокажани. Погрдо нема.
    Ама ќе те барал.
    Ти треба ли таков човек да ти се врати во животот?
    Нема да најде подобра од мене. Ма немој.
    Ќе најде девојка и ќе му се погоди, со среќа нека му е. Тоа не треба веќе да те интересира.
    Тој е веќе завршено поглавје.
    Никој не е незаменлив, само треба време да се навикнеш на промената.
    Повеќе самопочит, достоинство и главата горе. Ти треба да се сакаш повеќе од него.
     
    На Алек***, CarrieBradshow, Guns N` Roses и 20 други им се допаѓа ова.
  6. sunrisepinky

    sunrisepinky Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Dokolku moze nekoja devojka neka mi pise lp, potrebna mi e pomos...
     
    На KatrinaP и Lindaa90 им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @joyf Баш истото сакав да го пишам од вчера.
    Девојки дај бе малку држете до себе. Што е тоа ќе ме бараш ,ќе цркнеш ме знам што. Па такви нека цркнат да ама што подалеку од мене. И знам како е 3ца ми имаат така "раскинато" . Првиот бев тава една недела ,после си реков што е тој па ,што сум јас за да му се мољакам ,крај заврши. Вториот беше - појќе да не ме бараш ,без извинување. И знаете што ,не го побарав ,да ми беше тешко ,немав апетит една недела ,си дадов време го преболев крај (по две недели имаше заеднички профил со друга ).
    Е за третиот ,само го сретнав со друга низ град.. и по две недели ми пиша во 4 саат сабајле да сме излезеле . "Се договорив" ,не излеговме нормално ,ама screenshot пратив на "девојка му" ,ми пиша другиот ден ,што јас ќе сум добила со тоа , овојпат јас не враќав ,и веќе тој за мене не постои.

    Патем уште е со неа 3 години поминаа ,девојчето мислело дека треба да му прости..
     
    На Guns N` Roses, thelittle17, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Тиндерот е само изговор.
    И не се тешете со тоа дека ќе ве бара па ќе му свртите грбот.
    Едвај чекате да ве "моли" и прва прилика ќе му се вратите.
    Малку достоинство бе луѓе.
    Услуга ви направил што преќинал врска.
    Посветете си се на себе и други подобри работи, а вака ете и ја ќе си симнам тиндер чисто да види дека ќе му вратиш ми е детски.
    Ај барем сте се спасиле од токсични врски засега.
     
    На Guns N` Roses, thelittle17, sunshinebabe и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Види молим те срамота било за тебе, а за него таман.
    Што па тој е толку посебна снегулка за да може да си бара потенцијални партнерки за секој случај дури е во врска?
    И озбилно сакаш да си со вакво мажуле, да ти прости тој тебе иако тој е ѓубрето во приказнава?

    Ако ти е прва врска, ајде до некаде ќе разберам толку да те погодува прекинување. Ама ако веќе си имала претходни, обавезно првин да си поработиш на самодовербата пред да се впуштиш во нова. Зошто инаку вака ако продолжиш, секој нареден ќе си дозволува како сака да ти се понаша и ти ќе си припишуваш кривица на себе. Не знам за љубомората што ти ја предизвикало и само во однос на тоа можеби си постапила погрешно, но другото е сѐ резултат на неговото сељачко понашање и твојата ниска самодоверба.

    Многу среќа во иднина и ако те бара, само игнор и уживај.
     
    На Guns N` Roses, thelittle17, sunshinebabe и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Pretty butterfly

    Pretty butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Можам да кажам дека ми е прва љубов,претходно сум имала ама кратко било не сум се заљубила,во овој се заљубив,благодарам на советот и подршката.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    So toa,, ke me bara eden den,, e misla koga seuste e presno i navistina boli.
    Gledam deneska e bas vo trend da si zamines od nekogo bez objasnuvanje ili pak da cekas nekoj da zgresi pa kao demek ti si vinovnikot. Navistina e bolno koga rabotite ostanuvaat neobjasneti i nedokazani. No veruvajte podobro, ste se spasile. Taka samo kukavicite pravat. I ne cekajte da ve baraat, a ako ve pobaraat sitnete gi.
    Razresete gi vo svojot um, navistina ne vredi da se pati za decko koj ne zastanal kako maz da kaze vaka i vaka. Manipulatori.
    Znaci koga sakas nekogo, tuka si, naogjas nacini, resenija, kompromisi. Ne si igras toplo ladno koga si vo vrska, ne se blamiras taka. Samo vo slucaj koga nekomu ne znacis. Ne e vistinsko ova, ke se pojavi nekoj so koj ke bide vistinsko. Samo samodoverba i glava napred.
    I mene bivsiot taka mi napravi, uste poloso, ne mi ni prekina, cekase jas da mu prekinam za jas da imam griza na sovest. Nemase hrabrost da mi kaze kakvi se rabotite. Ednostavno ne me sakal. I me pobara navistina, i pak proba da me manipulira. Go sakav poveke od se, no sobrav hrabrost i go sitnav.
     
    На Guns N` Roses, H.VAGA, Pretty butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Се нервирам. Многу сум глупава.
    Ми пиша од некој профил.
    "Мене не ми е тешко да ти пишувам работата е во тебе што ти не се оправаш".
    Му кажувам "Јас не се менувам за никој и ништо оправена сум си супер сум"
    Ми вика "Ете со самото одрекување си докажа дека не си оправена, толку си глупава што се надмина самата".
    Му викам "јас тоа не го мислам за мене"
    Си добив син.

    Чувствата ми се измешани.
    Од една страна осеќам олеснување, среќа, мир,планови за иднина. Од друга страна осеќам како сѐ е црно, како никогаш ништо нема да биде добро, ќе си останам сама засекогаш.
    Во меѓувреме се појави друг тип. Чуствувам како да правам нешто погрешно, дека не треба да влезам во друга врска. Сѐ изгубив самата сѐбе, пробувајќи да им удоволам на други.
     
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Не обрнувај внимание што ти вика и не му одговарај на пораки. Прекини секаква комуникација со него.
    И не влегувај во друга врска пред да ги расчистиш чувствата од старата.
     
    На Martka, Guns N` Roses, thelittle17 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Зошто воопшто му враќаш на идиотов?
    Зошто дозволуваш да ти кажува каква си и што си?
    Нормално дека ако му одговориш ќе ти изнакаже уште триста навреди за уште повеќе да „ти врати“.
    Затоа што тој му е капацитетот и „зрелоста“, бидејќи не знае како поинаку да го зададе последниот „удар“.
    Егото му го повреди откако го блокна, па сега за да си ја врати самодовербата ја гази твојата глупаков.

    Биднало што биднало, не се расправај повеќе.
    Ако ти пише пак, само мавни му seen и нека ужива во чувството.

    Кога станува збор за започнување друга врска, јас би ти рекла дека не е добра идеја.
    Дај си време за интроспекција, да си средиш емоции, да видиш каде си и што сакаш понатака.
    Дечково кој се појавил во меѓувреме, ако си му битна ќе ти даде време да се запознаете првин како пријатели, па потоа кога ќе си подготвена за нова врска ќе можете да излезете и на дејт.
    И самата кажуваш дека се чувствуваш како да се губиш себеси.
    Затоа, не дозволувај да избрзаш и да си го продлабочиш проблемот.
     
    Последна измена: 27 декември 2020
    На Annath, Guns N` Roses, noteforself и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Требало блок на првата реченица за да му покажеш дека не можат неговите зборови да допрат до тебе. Евентуално, да му вратиш Дечко, шетај/гитла со смајли, со се и да кулираш.
    Никако немој избрзано да влезеш во нова врска, уживај малку сама и поработи на себе.

    Овој ако ти пише пак или блок или заебавај се со него.
     
    На Guns N` Roses, thelittle17, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Не те заслужува типов.
    Свесна си и самата.
    Дај си малку време да бидеш сама. Дај си време да тагуваш, во граница на нормалата секако.
    Ќе помине сѐ.
     
    На cresa-jagoda и gazoza им се допаѓа ова.
  17. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Навистина ви благодарам :hug::l:
     
    На cresa-jagoda, edna_malecka, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски

    Тој што го боли тој е најгласен.
    Под тоа мислам дека се изненадил што си го откачила па ајде сега ќе си играме со навреди.
    Кој е тој да ти кажува која си и што си? Во ситуацијата ти не си глупава туку тој е затоа што се послужил со навреди, тоа не кажува за тебе туку за него.
    Во иднина не отварај порака до непознати профили.
    Од сега понатаму удоволи си себе, ти да си бидеш на прво место а не луѓе што немаат поим од животот.
    И уште не знам што треба да промениш?
    Нека си најде некоја на негово рамниште, тебе да те остави на раат.
     
    На Guns N` Roses, H.VAGA, gazoza и 2 други им се допаѓа ова.
  19. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Какво е Вашето мислење и искуство постојат ли верни машки. Јас сум во врска 2 години со дечко штоивее и работи во Германија. Обично летно време доаѓа тука но останува и повеќе. Комуникацјата ни е супер се слушаме постојано, слики и.т.н..Ми има повеќе пати кажано дека ме сака и мислам дека е искрен, и мислам дека не би ме изневерувал. Но моја пријателка цело време ме прави луда дека не било можно тоа ме убедува дека таму мора да има некоја и толку многу ме напнува што се повеќе мислам на тоа.Што мислите Вие иако не се гледаме ние мора ли да има некоја ради оноа незнам што да мислам веќе?
     
    На Lindaa90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.940
    Пол:
    Женски
    А да не ја слушаш пријателката што ти кажува,да не ти дава сомнежи за нешто што не знае.
    Ти најдобро си знаеш како ви оди во врската.
     
    На sparklie, Guns N` Roses, Luminary и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.