Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678

    Едно е јасно од тебе сакал само секс , немој да правиш ништо остави го ;) Сам ќе те бара кога ќе свати што изгубил ! Такви има мноооогу.Не го бриши од фб , остави го нека се уништува , нека пати .Ѓубрето заслужи !
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678

    Ако не чуствуваш ништо за него биди искрена , тоа е најдобро . Така ќе го повредиш повеќе , само кажи му ја вистината мислам дека ќе те разбере :)
     
    На katuf4ekate му/ѝ се допаѓа ова.
  3. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Ајде и тука да пишам јас (да го копирам де :lol: )
    И јас малку да се расчепкам низ темиве, што екшли не се за мене :D
    Другарка ми ми кажа дека едно "детенце" ме свиѓало и ме моли да сум со него. А јас башка 13 годинки (уште мааааалку 14), сметам дека не сум за такви работи уште од сега. Веќе колку дена си чека детето одговор а јас си одолговлекувам :lol: Јас, искрено, баш и не сакам бидејќи сметам дека сум мала (како што кажав) а оној имал многу девојки порано и сите ги оставал како ќе му паднало на ум. А пази сега, ќе се запишува во исто средно каде што планирам јас да се запишувам следната година. Маки. Помош ве молам :sweat:
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Уживај младо си многу. Не мора да улетуваш во нешто што сеуште ти е непознаница. Доволно е да си имаш симпатија, да знаеш дека ете на некој си му драга ... рано ти е да се ставаш во улога девојка со дечко. Тоа те чека, не е едноставно ... сега кулирај и не му ја мисли. Ќе мислиш после, од љубовни маки нема глава да дигнеш. Сега не ти требаат. ;)
     
  5. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Кажи му ја вистината, најдобро е да знае на што е. Нема да згрешиш.
    Не мора да правиш нешто ако не сакаш. Ако не ти се допаѓа детето одбиј го. Ќе имаш и други прилики животот е пред тебе.
     
  6. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Проблемот е што јас незнам што сакам. И сакам и не сакам. Нема кој да ме свати :lol:
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Би се запознале т.е би се сретнале со личност со која разговарате преку фејсбук, разменувате мислења да речеме подолго време и ви оди муабетот. Не ја знаете доволно таа личност, но ви делува сигурно, посебно ако е на ваши години. Значи да конкретизирам, би прифатиле да се запознаете со врсник за кој знаете прилично доста информации, но не го знаете доволно добро преку фејсбук?
    Во случај да дојде до таква тема на муабет и го побара тоа од мене ќе треба да размислам многу дали ќе прифатам да се запознаам, но ме интересираат вашите мислења.
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Лукс што е толку чудно да се видите во живо, па нема со години да си губите време како виртуелни
    другарчиња?

    Сите електронски комуникации се само предчекор за средбата (да ја олеснат) ама се знае дека кафето и муабетот лице во лице се тоа вистинското па после се знае или ќе станете уште поблиски или секој на своја страна. Ако ти е страв, ќе земеш место со многу луѓе, другарка ќе те побара на мобилен после пола саат да те спаси ако ти е премногу досадно и решен проблем :D.

    Секој може да е фин на ФБ и Скајп ама не секој ќе го потврди тоа и во живо ;)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    да да и јас се согласувам со XMaN. подобро е да се видите да си напраите еден муабет ќе видиш што како е .сите се фини , добри , паметни , полни со убави зборови на фб или скајп ама друго е во живо :D сепак твоја е одлуката како што чувствуваш така прави :)
     
    На Lux и XMaN им се допаѓа ова.
  10. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш излегов на кафе со дечко од фб и започнав прекрасна дружба со него,само за него ја направив отстапката и не се каам за тоа.Не губиш ништо,можеш само да добиеш-и тоа прекрасна личност,никогаш не се знае..
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  11. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ? Нема ништо лошо во тоа . Ако ти е симпатичен,ако те интересира да дознаеш повише за него слободно искочи.Нема никаков проблем во тоа.Ти посакувам све најдобро.Со среќа :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  12. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Имам долга врска.. сфаќам дека и него му е веќе здосадено но во последно време е многу чуден. Има многу знаци што ми се сомнителни дека ме изневерува но немам никаков доказ. Синоќа кога бевме заедно му ѕвонеше телефонот некој број беше и он 5 мин стоеше незнаеше дали да се јави или не и потоа замина надвор да зборува и откако виде дека била сестра му се врати да го продолжи разговорот пред мене... (Можеби мислеше дека е некој друг). На фб започна да додава многу девојки... кога ќе излезе со мене на кафе зјапа во други девојки... незнаете како мизерно се чуствувам кога ќе го направи тоа.. и сега во последно време како демек на зафрканција ми кажува дека иде со други, дека ме изневерува и кога ќе се налутам јас ми вели оти се зафркавал он, не било тоа вистина.Дека ако прави нешто немало тоа да биде на фб ќе најдел друг начин дека ако сакал он ќе ме изневерел ама не сакал ..Ми е чудно затоа што ми изгледа како да сака да ми каже нешто а незнае како... А и му прочепкав во телефонот најдов многу непознати броеви за кои ми тврди дека се мажи. На фб ги брише разговорите неможам да најдам ништо ..Секс имаме многу поретко отколку порано..И синоќа ми рече демек јас сум била многу љубоморна он неможел веќе да издржи со мене ,па некое време да сум се средела ако требало и да не се гледаме некое време... што мислите дали ме изневерува или ја сум параноична.. Дајте некоја идеја како да дознаам... :worried:
     
  13. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    биди ладна и не му покажувај дека се трудиш да дознаеш,едноставно не ја покажувај љубомората пред него и одговорот сам ќе дојде ;)
     
  14. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Фала Lady97 ќе се потрудам :)
     
  15. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Се укажува на тоа дека дека не е ама баш ич заинтересиран за тебе повеќе,според горенапишаното,а дали те изневерува можеме само да претпоставуваме а незнам што ти е тоа битно кога и така тој се врти по секоја женска,вашата интимна врска полека изумира,и најјакиот дел-СИ БИЛА ЉУБОМОРНА,АКО ТИ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ДА РАЗМИСЛИШ,ДА СЕ СРЕДИШ,ЌЕ ТЕ ОСТАВЕЛ ГОСПОДИНОТ,ЌЕ ТИ ДАЛ ПРОСТОР..
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Па нема шанси ние да знаеме подобро од тебе, НО можно е да си и малку параноична бидејќи сите сме кога станува збор за губење на личноста што ја сакаш. Сепак, мислам дека не треба да го гушиш така детето и да му пребаруваш по фејсбук и по телефонот. Тоа е негова приватност, а јас од постов сфатив дека имате долга врска. Зарем не му веруваш? Соочи се со него и кажи му дека се чувствуваш мизерно кога гледа во други девојки, дека сакаш да ти посветува повеќе внимание бидејќи си му девојка. И ако веќе мислиш дека те изневерува, тој најверојатно нема да ти каже, доколку ти не му објасниш дека сакаш искреност и дека колку и да е болна вистината сакаш да ја знаеш. Ако тој те изневерува, сигурно го крие тоа од тебе за да не те повреди. Објасни му дека лагите те болат повеќе од вистината и можеби ќе ти признае. Ако тврди дека нема ништо, верувај му. Тој ти е партнер, ти си го одбрала него и тој тебе. Врските се темелат врз доверба. Ако го имаш неговиот пасворд на фејсбук, нека го смени. Не му чепкај по телефонот и не се интересирај кој го бара. Не прашувај. Задоволи се со тоа што тој самиот ќе ти го каже. Ти не си му родител, ти си му девојка и треба да ја почитуваш неговата приватност и слобода да има и живот покрај тебе. Почекај некое време и види дали ќе се подобри нешто. Ако нема промена, знаеш што треба да направиш. Со среќа. :)
     
  17. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Па нема шанси ние да знаеме подобро од тебе, НО можно е да си и малку параноична бидејќи сите сме кога станува збор за губење на личноста што ја сакаш. Сепак, мислам дека не треба да го гушиш така детето и да му пребаруваш по фејсбук и по телефонот. Тоа е негова приватност, а јас од постов сфатив дека имате долга врска. Зарем не му веруваш? Соочи се со него и кажи му дека се чувствуваш мизерно кога гледа во други девојки, дека сакаш да ти посветува повеќе внимание бидејќи си му девојка. И ако веќе мислиш дека те изневерува, тој најверојатно нема да ти каже, доколку ти не му објасниш дека сакаш искреност и дека колку и да е болна вистината сакаш да ја знаеш. Ако тој те изневерува, сигурно го крие тоа од тебе за да не те повреди. Објасни му дека лагите те болат повеќе од вистината и можеби ќе ти признае. Ако тврди дека нема ништо, верувај му. Тој ти е партнер, ти си го одбрала него и тој тебе. Врските се темелат врз доверба. Ако го имаш неговиот пасворд на фејсбу,к нека го смени. Не му чепкај по телефонот и не се интересирај кој го бара. Не прашувај. Задоволи се со тоа што тој самиот ќе ти го каже. Ти не си му родител, ти си му девојка и треба да ја почитуваш неговата приватност. Почекај некое време и види дали ќе се подобри нешто. Ако нема промена, знаеш што треба да направиш. Со среќа. :)[/quote]


    Во право сии.. претерувам. Му кажав дека ми смета тоа што гледа во други женски ама секогаш ми одговара со : "Господ ми дал очи за да гледам бе." :( . А дека не му верувам не му верувам затоа што и претходно ме има изневерено и јас дознав и до ден денес не ми призна иако знам се.. ама сепак простив но изгубената доверба неможам да си ја вратам никако.
     
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Па, тогаш, извини, но што бараш со него?
    Тој што те сака вистински никогаш нема да те изневери.
    Јас уште еднаш се извинувам, ти може си заљубена во дечково и не знам што те спречило да ја прекинеш врската кога си го дознала тоа, но останувајќи со него ти не правиш ништо друго освен што се понижуваш самата себеси. Дечково изиграва фраер, а? Те изневерил па уште и така ти зборува и ти дава време да се средиш?!
    Што е, зошто си со него? Мислиш дека не си доволно добра за некој друг? Дека не заслужуваш некој што навистина ќе те сака и цени?!
    За неверство оправдување нема. НИКАКВО. Разумот е постојано со нас. А, доколку некој сакаш и срцето и разумот кажуваат не, во каква и ситуација да се наоѓаш, ти едноставно не можеш да си го дозволиш тоа. Ама некои луѓе можат да го потиснат разумот. Само тие чие срце не ги спречува да изневерат се доволно силни да го направат тоа. И оние кои паралелно немаат совест, или пак не се плашат да се соочат со неа после тој чин.
     
    На princess92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Од напишаното се очевидни две можности. Му се смачила моногамноста ама не знае како да ти каже а да не те навреди па на малку глуп (несмасен) начин ти покажува за сама да ти текне.

    Втората можност е дека сака да ти раскине ама не знае како па исто чека ти да му предложиш.

    Едно од двете е ама поверојатно е дека е првото ;)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Така е знам.. незнам само што ме задржува во врскава .. не сум кизне колку заљубена во него, се навикнав на него ,мил ми е ама незнам што се случува понекогаш е чуден. Ќе видиме што ќе излези овој пат нема да попуштам ако најдам нешто дефинитивно ќе биде крај. Фала ви сепак за искрените зборови.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.