Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Red flags!!!
    Толку имам да кажам.
     
    На BejbiBlu, Elen4e_sonce, AgentGinger и 6 други им се допаѓа ова.
  2. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми се врти низ паметот..
    Само чекам после да си дојде од работа па да пробам на мирен начин да ги расчистиме работите бидејќи сме во стан под кирија за јас да си ја превземам одговорноста тука а тој дали ќе си се врати дома.
    Тоа ми е некако пречка што тука почнавме да ги делиме некои работи ама ако треба ќе преминам преку сите препреки ова некако ми е премногу...
    Мислам дека уште не можам да се совземам што ми се случи и не знам како ќе работам денес цел ден ама некако ќе издржам
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Можно е човеков да има некој психички проблем во моментов , ако порано не бил ваков вербално манипулант и физички насилен. А ако бил ваков и порано, тоа ти си знаеш, бегај што подалеку. Не да е ова red flag, туку црвен океан наместо знаменце. Нормално што сите аларми ти свират тебе.
    Ако не сакаш одма да заминеш, ултиматум: или ќе се прибери, или крај. За бесови, урлања- нека си оди на лекар да го евалуираат. За насилство, макар и влечка, викни му полиција следен пат ако се повтори и крај. За родители негови, јас не би се мешала, боље е за мене секој со своите да си тера како знае и умее. Нема што ти да притискаш да се смири со неговите дека татко ти сакал свадба, ниту пак тој има ронка право да се кара со твоите или да ги вреѓа пред тебе. Ако е ова ново однесување, можеби има минијатурна шанса да се прибере момакот. Ако е од стално ваков- едноставно е скот...
     
    На BejbiBlu, Elen4e_sonce, sunmoonstars и 11 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Без оглед, ако еднаш се случило ќе се случи и втор пат, и трет пат.
    Подобро на време да се расчистите.
     
    На BejbiBlu, Elen4e_sonce, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Со татко ми дискутирав насамо и ми кажа дека штом е вака работата бидејќи не покажувал почит према него дека многу му е чуден. И исто ми кажа дека од него имам само поддршка за било што само мене да ми е добро па макар и да прекиниме нема да сум ни прва ни последна, а за свадба не ме напорваат воопшто напротив после сето ова некако се вознемирени.
    За вториов случај со тргачењето не планирам да им кажувам бидејќи ми е страв од исхдот како ќе заврши за да ме се прават преголеми драми ќе пробам на мирен начин да ги расчистиме сметките измеѓу нас двајца, но не можам да си го тргнам од глава дека сакам да ја завршам цела врска
     
    На BejbiBlu, Elen4e_sonce, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Ако ти изгледа насилен ако евентуално раскинуваш, смири ја топката на секунда ако осетиш дека може да те нападне, а после замини си или смени брава
    Не сум кадра за совет да ти дадам оти не го знам човеков, ама ако е импулсивен до бескрај и ако почне да се дери додека ти мирно разговараш, деескалирај ситуација и после бегај што подалеку, ова најсериозно
     
    На neno0o, KateKane, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Сакав да дадам еден совет за ова, пошто ми делува лесно решливо, ама после го прочитав ова:

    :o

    Не знам што проблеми има со неговите, ама можело се фино да решите меѓу вас со еден разговор. Ако прекинал контакт со нив од добра причина, не треба да го тераат твоите на средби со нив. Тоа можеш ти да им го објасниш.
    Ама можел и он убаво да седне со тебе и да ти го каже тоа, а не со дерење, урлање, кршење, мавање.

    Ти ја нарушил довербата на некој начин, сега го гледаш поинаку. Не знам дали секогаш бил таков, ама за да има било какви шанси да продолжи врската нормално мислам дека треба да ти се извинува и да објасни ко човек што му е проблемот. Чим до сега не му текнало ништо од тоа да направи...некако тешко.
     
    На noteforself, KateKane, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  8. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    @Bezimenka90 @Dentina
    Мислам дека е најдобро во теков на работнава недела да се однесувам тотално ладно колку да видам дали ќе му текни дека треба да се смени нешто и да види дека инсистирам да прекинеме се.
    Сабајле пред да оди на работа се однесуваше како ништо да не било ми кажуваше дека ме сакал јас на тоа само си преќутив бидејќи стварно не се осеќам така дури и ми се гади.
    Единствен проблем е што ќе мора да го натерам тој да си оди од тука бидејќи јас немам друго место каде да отидам затоа што сум од деуг град, а тој има две куќи.
    Мене ми одговара да си останам во овој стан за сама да ја превземам одговорноста околу него за кирија сметки итн..
    Но, искрено не знам се како ќе се реализира.
    Се што знам е дека се некако ми се сруши пред очи
     
    На oblace1, noteforself, neno0o и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Да , добар ти е планот мислам. Пробај да се смириш иако не е ич лесно претпоставувам, значи никако да не влезеш во замка да викаш и ти, туку баш како што велиш ладно и ладна глава колку што се може. И тој и ти сте на потег , не може ова само ти да го решиш без тој да соработува, ама ако се понаша неразумно сеуште, пиши пропало.
    Секое добро ти посакувам.
     
    На Bezimenka90, KateKane, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Искрено, кога ептен ќе се изнервирам и јас вака се однесувам ладно кон некој, не сакам да комуницирам и сакам простор. Ама сакам да го променам тоа, пошто реално е лошо и е џабе губење време.
    Подобро би било кога ќе се видите денес после работа да го прашаш директно да разговарате за тоа што се случило.

    Ама пред да разговарате би рекла спреми се за секаков исход. Ако бесне пак да имаш алтернатива каде да отидеш, макар на ден-два. Ако е нормален човеков, не би инсистирал ти да се иселуваш, кога немаш друг престој, а он има две куќи.
     
    На Billy Idol и JoanaS им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа веднаш да се разговара, да не се чека со денови. Ќе си расчистите се' и ќе најдете решение.
     
    На oblace1, Martka, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    @JoanaS Ако сакаш разговарај, јас толку лесно нема да простам и ќе размислам дали ќе продолжам. Ако уште на почеток почнува со урлање доколку се одлучиш за разговор, крај во истиот момент, без ултиматуми, без ништо па што сака нека прави.
    Ако типот не знае или не е способен да најдете решение и компромис би раскрстила, ова не е наивна работа.
    Од една страна би ти кажала биди среќна што пред време си го покажал лицето затоа што во брак не би сакала да помислам каков би бил.
    Ту мач ред флагс.

    Со среќа што и да одлучиш.
     
    На BejbiBlu, Martka, flawless. и 9 други им се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Раскрсти додека е време , ова однесување ќе си повлече и друго полошо однесување од негова страна. Било што било ќе го заборавиш 5 години не се малце , ама 35 години е премногу да трпиш вакви испади и однесување.
     
    На BejbiBlu, Elen4e_sonce, Martka и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Дали си размислила за кратко да се прибереш кај некоја другарка или роднина, дури најдеш нов стан? Макар и за привремено може да гледаш опции за стан неделава. Знам дека не е лесно изводливо, само пробај ако веќе дојде до крај да најдеш и план б, да не те врзува станот со него, или евентуално ако пак ескалира, да можеш да преземеш нешто. Сакам да кажам да не си врзана да седиш таму ако дојде до лош момент.
     
    На sweet-cherry, flawless., Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Вчера тоа ми проаѓаше низ памет да отидам на ден два кај другарка додека да сњ снајдам ама денес па си помислив дека е подобро да платиме сметките баш неделава треба тоа и да видиме после на чисто да се расчистиме. Затоа што ако не се расчистиме како што треба ќе треба да се бркаме, а стварно не сакам сопствениците на станот да се растргнуваат со нас бидејќи стварно луѓето се предобри и не сакам да бидат во ништо инволвирани. Едноставно барам начин најлесно како ќе можи да се изведи се...мислам дека се некако ќе оди многу тешко.
    Стварно ова ми е нешто шо прв пат ми се случува и некако се осеќам прерастргната..знам дека нема туку така да се откажи и да замини
     
    На BejbiBlu, 1209, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да ок ти е планот. Ова чисто да имаш варијанта да не седиш таму ако не е во ред ситуацијата. Да имаш бекап опција да речеме.
     
    На Bezimenka90, KateKane, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.246
    Допаѓања:
    39.599
    Пол:
    Женски
    Ако има проблеми со своите, не треба да им враќа на твоите за тоа.
    Ако има проблеми со себе, не треба да ти враќа на тебе за тоа.
    Слушај си го инстинктот, не мора нас,странци анонимни од форум. Инстинктот е тој кој никогаш нема да те излаже.
     
    На BejbiBlu, Elen4e_sonce, Martka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. SNAODLIV

    SNAODLIV Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Zlatna eve sovet od MASKA strana go procitav tvojot problem i site zenski komentari jas gi PODRZUVAM stom ne gi pocituva tvoite a TI si vo STRAV koga ce dojdes doma kako ce te preceka namesto baknezi i guskanje pa neli ste VERENI moze da dobijes i SLAKANICA .Imas sreca sto nemate dete zatoa ZAMOLIGO ako malku te saka da ti go prepusti stanot pa neli ima 2 kucy znaci toj si misli deka BOGAT pa moze da te ponizuva a ti si edna prekrasna dusa kazimu deka sakas da si bidete "prijateli" i da si POMAGATE no deka sakas veridbata da ja R A S K I N E T E inaku duso ce si imas golemi problemi posebno koga ce dojde MALECKO ovoj sovet ne go trgaj na strana tuku realzirajgo i sakam site da procitame deka si sama BEZ stravovi i UGNETUVANJE i toa pod HITNO da ne si se premislila zlatna duso &
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Драга Јоана, те прочитав внимателно и си земав за право да ти дадам свое мислење.
    Без разлика што сте 5 години во врска, вие само што започнувате заеднички живот, а тој веќе покажува насилно однесување и тоа за ситница, од типот ти сакаш да гледаш ТВ, а тој не. Човек што се дрзнал еднаш да крене рака на тебе, ќе го стори истото и втор пат и секој нареден пат кога ќе имате различни ставови по различни прашања или пак различни потреби. На ваква личност, цел живот ќе треба да му бидеш подредена и потчинета и да се однесуваш според неговото расположение, а тоа знае да биде навистина напорно и тешко и на крај повторно ќе резултира со разделба, само што тогаш, можеби ќе имате и деца, па одлуката да го напуштиш ќе биде уште потешка. Запомни едно, луѓето не се менуваат! Еден веќе изграден карактер, може само привремено да се прикрива, додека нештата му се битни и важни, но кога еуфоријата ќе помине, а се' поминува, тогаш ќе те зема здраво за готово и уште повеќе ќе си дозволува да лечи фрустрации врз тебе. Кога ќе дојде денот да потпишеш во матично, тој не добива документ за склучен брак, туку „имотен лист“ со кој ќе те поседува за да те уценува, бидејќи од она што ти го напиша, јас мислам дека си имаш работа со емоционален манипулатор, а таквите луѓе се склони на вакво и полошо однесување. Вие уште сте на почеток на една приказна, а тој веќе не зборува со неговите, им наоѓа маана на твоите, избувнува за ситници...тоа многу кажува за една личност и навистина треба да размислиш дали ќе останеш со таков човек. Бракот е инситуција, но и голем компромис. Ако стартно почнете да ги мешате родителите, на добар пат сте да имате постојани несогласувања и кавги. Утре може да се случи да добиеш забрана да се гледаш со твоите и за секоја понудена рака за помош од нивна страна, да имаш сцени и стресови по дома. Ако вереникот те почитува, ќе го почитува и семејството од кое доаѓаш, овдека никој не вели дека треба да ги сака, меѓутоа здрава личност, ќе ја препознае нивната добра намера и ќе ги почитува. Ако решиш да го напуштиш, не очекувај дека и тоа ќе биде лесно...ќе глуми жртва, ќе се извинува, ќе те убедува дека никогаш повеќе нема да постапува така, ќе ти докажува колку му значиш, до моментот додека не биде сигурен дека си му простила и дека те убедил во своите приказни, а потоа на првата наредна кавга, очекувај дека сите ветувања ќе бидат подгазени и дека ќе покаже поголема агресија во однос на сите претходни настапи. Ако ме прашуваш мене, јас не би останала со таков човек. Подобро сама, отколку во брак кој наместо да започне со љубов и разбирање, започнува со кавга и недолично однесување. И мора да бидеш цврста и истрајна во својата одлука. Понекогаш убавите зборови и она што сакаме да го слушнеме од некој што ни значи, за миг ни ја поматуваат потсвеста и влеваат надеж дека тоа било само епизода, но верувај дека не е епизода, туку ќе прерасне во шпанска серија додека не го исцица и последниот атом енергија од тебе, додека не те направи да се чувствуваш комплетно безвредна и додека не ти ги распарча на ситни делови срцето и самодовербата, кои во позрели години, уште потешко се составуваат.
     
    На oblace1, Ivan4e04, Izaabella и 22 други им се допаѓа ова.
  20. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам..
    Секогаш сум се чудела како може жени да трпат вакви работи а и уште полоши и од овие и сега јас дојдов во таа ситуација. Уште сум во шок..
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.