Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Најдоброто решение ти е ова. Спакувај се и оди си кај твоите, дур не ти е предоцна. Зашто бракот сигурно пекол ќе ти биде. Гледаш и сама дека дури и насилен станал. Немој да продолжиш со таков човек.
     
    На BejbiBlu, Veta, kim.k и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Тоа е природно...Многу сме пообјективни кога нештата не ни се случуваат нам, туку на некој друг и никогаш не можеме со сигурност да предвидиме што ни носи утрешниот ден. Што и да решиш ќе биде твоја одлука, сепак нели, секој сам си го носи својот крст. Тоа што мислиш дека е паметно да се оладиш (5-6 дена) за да му ставиш до знаење дека те повредил или пак да се повлечеш кај другарка, тоа е маскирање на реалноста и ќе има краткотраен ефект, ќе се помирите, тој ќе се „покае“ и на наредната кавга, повторно ќе направи циркус...и така ќе биде се' додека си подготвена да му простуваш и да го прибираш назад. Сам треба да биде свесен дека те повредил, а не ти суптилно да го потсетуваш. Ако навистина ти е битен и се гледаш со него во заедничка рамка, тогаш не простувај лесно...Оддалечи се комплетно, не живеј со него, не го контактирај, остави го да се изнамачи додека добие прошка, држи го во неизвесност најмалку еден месец, за да сфати дека не може да се игра со твоите чувства (тишината дава многу повеќе одговори, отколку поставените прашања). Но, пак ќе повторам, само доколку МНОГУ ти значи и ако претходните 5 години ти биле прекрасни со него (бидејќи не знаеме каква е историјата на вашата врска). Ако имало и порано избувнувања за баналности, бегај подалеку. Никој не е вреден за твоите нерви и здравје, затоа што, секој стрес, еден ден ќе се одрази на твоето здравје, кое со пари не се купува.
     
    На BejbiBlu, Veta, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.221
    Пол:
    Женски
    @JoanaS Јас пак еве, со ова се согласувам.
    Мислам, ги земам објективно двете страни.
    Еве, @theowndemon е исто психолог, нека ме поправи ако тропам глупости.
    Гневот е реакција на некаква фрустрација.
    Јас не знам зошто се скарал со неговите, ама ај пробај да си ја поврзеш приказната? Да не можеби му е криво на некој начин дека тој еве нема такви родители, па сега нема да имаш ни ти?
    Ако сфати дека на нездрав начин си ја лечи фрустрацијата и побара помош и ако претходно не бил таков, може има шанса да се поправи.
    Ама запомни дека треба тој да сака, а не ти да се обидуваш да го поправиш.
    Ако не ни сфаќа дека има проблем, тогаш поздрав и се најубаво. Се согласувам со членките погоре.
     
    На BejbiBlu, Stephen Amell, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Едно ќе то кажам. Во мојата работа сум видела 10000 вакви случаи.
    Денес мавнал со влечка и те тегнел. Утре ќе биде шамар. Задутре 2. После тоа ќе бидат тепања.
    И да, секој пат ќе биде после молење за опрост и плачки, нема веќе, ти се колнам...и така во круг.
    Он има anger issues. Немој да се лажеш дека можеш да го смениш.
    Расчисти додека е време.
     
    На oblace1, Martka, Veta и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @JoanaS се што сакав да кажам ,кажала геа.
    Само ако сакаш да пресечеш,сечи во корен. Тешко ќе биде знам сепак 5 години не е краток период ,ама па подобро сега отколку подоцна. Ако не ти отстапи стан ,барај друг. Пред да почнеш со разговор обезбеди место каде да отидеш ако се дрзне пак да те нападне.
     
    На Guns N` Roses, Bezimenka90, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.789
    Допаѓања:
    169.720
    Пол:
    Женски
    Леле @JoanaS леле ... прво ќе почнам само со едната работа од твоето мислење со која не се согласувам, па после ќе продолжам со другото.
    Ако некој стигни до степен да не е во контакт со своите родители, јас би годела дека има солидна причина. Впрочем и ти велиш дека сфаќаш зошто. Нема зошто било шо да прајме зошто така е ред, или дека така треба ако емоционално то прај да се осеќаме полошо. Јас сум секогаш ЗА да се смират односите за да се најди некое чувство на припадност, ама не секогаш секој е спремен за тоа и некогаш оддалечување помага за зачувување на емоционално и ментално здравје на индивидуата, во случајов, вереникот. Како и да е, неговиот однос со родителите не е слика за каков треба да е односот со твоите родители и да се кара со нив јер му се можи.

    Сега одам на вториот дел од мислењето и доста важниот би рекла.
    [​IMG]
    Која е ганрацијата дека влечката нема да премини во шамар? Дека ова однесување нема да се повтори. Ова е големо црвено знаменце. Впрочем сосем сфаќам твојата потреба да преќиниш веридбата и начинот на кој се чувстуваш. Твоите чувства се валидни. И за шо? Сте биле кај твоите, се навредил, и дур спиел си гледала тв. Зато ова се деси. Шо ако некогаш се деси нешто посериозно?
    Ова кога го слушам од партнер, ролам очи. Не си ти должна да слушаш никој. Ти носиш одлуки сама, а кога бараш совет тоа можи да биди од кој било. Ова е начин како пробва да те оддалечи од твоите и целото влијание надворешно да ти иди од него. Само него да го слушаш. Само неговото е важно. Само тој. Значи се прават родителите помалку вредни како начин да се тргниш ти од нив.

    Во мои очи ова не се само црвени „знаменца“ туку доста големи црвени знамиња.

    Следно внимание ми зема неговото не извинување. Ако се извини, би рекла има љубов, разбирање, ја сфаќа ситуацијата, можеби има некаков простор за поправка, иако се сомневам, ама глумење дека се е океј и велење дека те сака не е решен проблем. Се согласувам со тие кои велат дека мора разговор ОД КОГА ЌЕ СЕ СМИРИ, ова е доста важно. И после те читав, мислам дека имаш добар план за во иднина. И го имаш најважното. Поддршка од твоите.

    Со среќа, навистина ти посакувам среќа и се надевам дека ќе бидиш добра и ова ќе е нешто кое по извесно време нема да боли кога ќе се сетиш.
     
    На BejbiBlu, tina2018, Luminary и 19 други им се допаѓа ова.
  7. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Благодарам на мислењето.
    Јас сум решена само чекам да дојди моментот. И со моите се слушнав и се им кажав мислам дека треба се да знаат.
    Мислам дека се ќе биди во ред кога се ќе се заврши
     
    На BejbiBlu, Veta, tina2018 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    60.631
    Пол:
    Женски
    Татко ти е злато. Татковска фигура што си го поддржува детето во било која одлука и не те форсира да направиш нешто или пак да ти даде до знаење дека што си си избрала, таму ќе си одиш како што многу често читам на форумов и ми се плаче. Има родители душата ќе ти ја извадат да влезеш во брак, да не си растураш свршувачка, па што ќе кажат комшиите и слично. Ме радува што има вакви родители што стојат зад тебе и сфаќаат дека ти се столб во животот.

    Многу убаво ти кажаа феминките пред мене, нема зошто да се повторувам затоа што истото го мислам. Не знам зошто се скарал со неговите, ама тоа не е причина да се рчка и со твоите, па за таква банална причина оти твоите сакаат пари да понудат не треба ни на муабет да се става. Нормално дека родител секогаш ќе сака да помогне, нема ништо погрешно во тоа. Па дете си им, не те купуваат со тоа, туку ти даваат симболично нешто од љубов.

    Убаво ти рече @lovestoneddd , слушај си го инстинктот. Никогаш нема да те излаже.
     
    На BejbiBlu, oblace1, Juicy и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Членки знам дека сум глупа шо уше се замарам со типот , тие шо ме имате читано знаете за шо зборам. Али ја начисто мрднав со психа. Не можам да се помирам дека вака завршивме , се убив од плачење 2 месеци. Веќе почнав да осекам некоја јака болка у градите , и сабајле добив јака болка на десната страна на главата. Бев кај матичниот ми кажа дека е мигрена предизвикана од јак стрес и дека цел живот веќе ке ја имам . Пробувам да не мислам на него ама не можам да прегазам дека 2 години помал од мене вака ме измајтапи. Не можам да се помирам шо се ветуваше и само после 2 пати секс ова ми го направи. Пробувам да се дружам со пријатели на мајка ми и татко ми , да се мешам со луѓе , да слушам музика ама само у него ми е паметот. Не знам како го засакав за 4 месеци толку , а од тие 4 месеци се на се бевме 2 недели заедно. Се уништив . Знам дека не заслужува , дека е гнида . Некој совет како да продолжам понатаму , а и сум ослабела 7 кг.
     
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Посети психолог, можда разговор со стручно лице ќе ти помогне. Веројатно ќе ти препише нешто полесно за смирување, па со тек на време ќе се средиш.
     
    На Martka, winnie7, bicycle и 5 други им се допаѓа ова.
  11. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со членката погоре, треба да посетиш стручно лице и пред се треба да соработуваш. Не знам зошто е толку фама околу тоа дека бил 2 години помал од тебе. Ако беше 2 години постар , полесно ќе ја прифатеше случката и поприфатливо ќе беше тоа? Ти го поставувам прашањево, не за да те нападнам, туку малце да размислиш за ситуацијата. Не вреди ниеден човек на светов, за здравјето да си го расипеш, особено не некое лигле, што правел игри и се мајтапел. Не си знаела дека така ќе биде, и не е тука крајот на светот, друг пат ќе си поискусна, поинаку ќе постапуваш. Во животот , се можеш да најдеш или вратиш што некогаш било изгубено , освен здравјето, затоа би те советувала малку потрезвено да реагираш на работите, зошто и ти ќе оставаш некогаш некој , исто како тебе што те оставил некој. Се е тоа болка што те созрева, само ако знаеш да ја искористиш и насочиш во прав правец. И се поминува, и се ќе преболиш само ако сакаш. Доколку не си спремна да соработуваш со психолог за проблемов, не си ни ги троши парите на советувања.
     
    На Izaabella, Annora, busybee и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Мора да ја прифатиш реалноста! Веќе не сте во врска, и тоа е тоа. Мора да продолжиш со животот. И не те искористил, ако ти си уживала во сексот, тогаш и двајцата сте имале корист од врската.

    Почни со некое хоби, доколку имаш слободно време (за да не мислиш на него) почни со учење на нов јазик, почни да црташ итн. Ама самата мора да имаш желба!:!:

    Посети психолог, ништо страшно и јас имам одено. Ем ќе ти годи да имаш разговор со стручно лице, плус ја бараш помошта на вистинско место.
     
    На cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  13. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ме боли тоа шо еден мал мочко знаеше дека 23 години го барав правиот човек и дека ми беше битно со кој ќе го имам првиот секс , знаеше каква болка истрпев плачев , и го снема после вториот пат. Се осеќам искористено на некој начин иако и јас сакав. А и многу ме уништува тоа шо една другарка се омажи , другите 2 имаат долги врски . Само ја и уште една сме сами. И веќе сите ми зборат кога ќе најдеш ти бе дечко , кога ќе се мажиш , само ти немаш . И баш кога се понадевав дека го најдов правиот човек ова искочи. И на сите муабети од страна уше ова шо ми го направи мајмунов , и мислам дека стварно е крај за мене и никад нема да бидаѓ среќна и сакана.
     
  14. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е зошто ти самата си имаш поставено сфаќање дека првиот пат мора да е со некој посебен и дека после првиот пат мора да продолжите. Реалноста е дека многумина го доживеале првиот пат со личност со која МИСЛЕЛЕ дека е посебна, само за да на крајот испадне сепак ништо посебно. Не си ставај некои сфаќања што се многу розови и sugar coated, зошто последици од случувањата тебе те кочат и психички те уништуваат. Ако ти е за утеха, сите мои другарки кога одеа долги врски и кога им се восхитував, јас имав 3 кратки пропаднати врски од кои за едната имаше голем потенцијал да е долгорочна. И јас се обесхрабрував мислев дека ништо не чини, но 3 години подоцна они сите испораскинаа со дечковците, јас сум во озбилна врска со дечко ми речиси година дена. Секој си живее според сопствениот биолошки часовник, секој има различни животни искуства и доживувања, само зошто сега не ти се случува не значи дека воопшто нема да се случи, нема смисла да очајуваш кога си млада и цел живот е пред тебе, не ги форсирај работите.
     
    На BejbiBlu, noteforself, busybee и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Уживаше во сексот? Тогаш не те искористил. Чим и ти си сакала, тогаш не треба ни малку да ти е жал.

    Остај шо зборат другите, за се има време. Не можеме сите да имаме деца, маж и кариера на 23 години. Кога ќе почнат да ти зборат за дечко, дека ти е време за мажење итн, биди дрска и кажи им да не си го пикаат носот насекаде.

    Не вреди за ваков, да мислеш дека нема веќе да бидеш среќна и сакана.:!:
     
    На Mencia, Limpan, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    А ти сакаше тој да ти е прв и последен?
    А ние со по 20 души што сме биле? Значи уште пред 20 години бил крајот за мене?
    Биди среќна што те оставил, а не си останала бремена. Биди пресреќна.
    На 23 години не си стара мома. Млада девојка која може да ужива во животот.
    Ќе помине ова само дај му време на времето. Тргни ги на страна сите муабети. Ако сакаш и на 40 години ќе се мажиш.
    Ако сите другарки имаат дечко или маж не значи дека и ти мораш. Се во свое време.
    Кога врвно достигнување е да имаш дечко или да се омажиш знаеш дека си на погрешно место и имаш погрешно сфаќање за животот.
    Абе уживај, работи, вежбај, трчај, смеј се, еден химен не го пресудува крајот на животот.
    Биди среќна што не сте повеќе заедно. Ќе имаш секс со втор, со трет и ќе видиш на каква глупост си мислела дека крајот ти е. Сексот е взаемно уживање, потреба.
    Подобро е да имаш секс со десет души и да бидеш среќна, отколку еден да ти е прв и последен и да си несреќна цел живот.
    Нз дали во кои филмови жените живеат среќно до крајот на животот со првиот колбас што им влегол ама во реалноста не е така.
    Биднало што биднало тоа е враќање назад нема ама затоа има НАПРЕД.
    Немој случајно да го бараш назад или да се понижуваш. Главата гордо крената највисоко што можеш и продолжуваш напред.
     
    На Izaabella, Annath, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Не , не сакав да ми е прв и последен , али не сакав само после 2 пати вака да искочи. Јас сум ептен емотивна и се врзувам многу брзо , и го засакав. Не ми е криво шо не сум невина веќе , него ме убива тоа дека само за 2 пати поминав низ таква болка и голгота.
     
  18. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Не си поминала за 2 пати низ таква болка, сега раат си дека нема да се мачиш со болки , туку ќе уживаш. Збориш како да те спалил на клада. Нормално е да боли, ете си го поминала најнезгодното , сега не ти преостанува ништо такво.
     
  19. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    А колку пати требаше да бидат за да си на чисто?
    Да сте биле пет години ќе речеш пет години заедно поминати и вака да испадне.
    Колку е доволно?
     
    На WildMk, cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  20. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Огромна болка беше тоа дури плачев солзи ми капеа. А и сега после овој хаос сигурно доста време нема ни да искочам со некој , а камо па да имам секс.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.