Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Па не е човечки после 2 пати само да исчезне без траг и глас . И да не каже ни збор и да не враќа. А тој планираше да бидеме заедно.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто имаше секс ако си плачела од болки?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Тој НЕ планирал да сте заедно, само умешно глумел дека е така.
    И многу работи не се човечки ама ни се дешаваат. Мене еден за малку на аеродром ќе ме оставеше, 5000 км далеку од дома, ко куче ќе талкав, којзнае каде ќе бев сеа, ете среќа сум имала, навреме открив дека има жена и дете таму. И не дека ми беше лесно или сеедно ама пребродив. И јас мислам дека не било човечки да ме лаже, тогаш имав 20 години па ете...
    Мораш едноставно да продолжиш со животот, затоа и ти советував психолог, ќе поразговараш, ќе ти даде совет, терапија ако треба, ќе ти биде подобро.
    Да ослабиш 7 кила и да имаш мигрени за еден мочко не вреди. Ќе видиш сама каква мака е мигрената и тек тогаш ќе си ја чукаш главата, ради кого си се нервирала.
    А и тие другарките, шо те форсираат у к*рац да се носат заедно со него. Во кој век живеат па на 23 години да требало да мажиш?
    Не се мажам еве, тоа ме исполнува, да живеам сама, и шо? По кои правила е дека треба да се мажиме до толку и толку години или дечко да фатиме? Може девојки сакам? Бог да чува. Другарка е да ти даде поддршка, не да дотура масло на огнот.
     
    На Izaabella, Veta, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Па прв пат ми беше , првите 15 мин огромна болка имав , а и еден другар ми рече дека типов вајда не знаел да ме опушти доволно зашо не било нормално толкава болка да имам. Уште одма после првиот пат утредента другаров го хејташе викаше мрсул еден којзнае шо ти направил. И ми збореше другар ми дека 21 год е мал и е детиште и така и искочи. Ама го засакав многу и срце ми се кине шо не сме заедно.
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    Извини ама наивна си и драматизираш.Сите луѓе во животот можат кога тогаш да те разочараат и изневерат, и дечко и другарки, ти треба да очекуваш сѐ, а не да живееш во розов свет.Не сакам да те навредам туку искрено да ти кажам, зашто добив таков впечаток.Не сакам ниту да звучам како да ти го потценувам проблемот, ама стварно, стварно! постојат многу пострашни работи од тоа што си имала секс со некого и тој те напуштил.Една од тие работи е и нарушено здравје, кое ти полека го добиваш заради типов.
    Мораш да почнеш од некаде, посети лекар и земи нешто за смирување, ама најважно стави си во глава дека мораш еднаш за секогаш да се ослободиш од овој непотребен товар и да вложиш сила и зрелост да се вратиш во нормала.Ако некој од страна ти ја влошува состојбата, исфрли го и него.
     
    На BejbiBlu, oblace1, Emy867 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум наивна и дека си правам лошо сама на себе. И јас не можам да се препознаам али изгледа го засакав. А вака се осеќам зашо од мед и млеко он исчезна без збор да каже , а 4-5 месеци ме мољакаше и се натегавме да искочиме. И јас нејкам да се осеќам вака али џабе нишо не ми помага. Пробувам да го мразам , ама стварно беше генијален , ми беше наголема поддршка додека не искочи ова вака. И мајка ми од прво видување ептен добро мислење изгради за него. И сеа као у некој кошмар да сум , црни мисли ме надвладаа.
     
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Мислам дека си имала преголеми очекувања и замисли околу и како сѐ тоа треба да се одвива, и сега и гордоста и егото ти се повредени. Не дека него го сакаш, колку добро го знаеш или бевте блиски па толку се заљуби?

    Дај си време да преболиш и да прифатиш дека работите и животот не течат по терк. Исто така, не си правиш услуга што се споредуваш со другарките,си правиш уште поголем притисок, сите имаме различен пат кој мора да го изодиме.

    Што и да планираш, посвети се на себе и тоа што ТИ сакаш и уживаш во тоа, ми стоиш напната ептен. Како за почеток пробај јога, мастурбација, или било што би те опуштило. Диши длабоко, ослободи се од општествените стеги и предрасуди (гледам ти се набрале) и уживај во животот, еден е, колку што знаеме ;:P
     
    На WildMk, GrimTheReaper и Kjara15 им се допаѓа ова.
  8. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Да не ти е проблем тоа што мајка ти знае за него и другар ти знае дека секс сте имале?
    Колку време се гледавте? 4-5 месеци те молеше и само што искочивте или 4-5 месеци се гледавте?
    Можеби прва си му била и сега усрамен е од тоа како ви течел сексот?
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    Не е можно да си го засакала за толку кратко, не сте биле ни во вистинска врска.Затрескана? Да.
    Ќе ти помине, ама само ако преземеш чекори да ја прифатиш реалноста.Зборуваш со другите за него?
     
    На Kjara15 и ☆P!nselsp!tze☆ им се допаѓа ова.
  10. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Го знам 1 година. Бевме многу блиски , тој вози камион и прво 4-5 месеци пишувавме само , а после 4 месеци се гледавме , ама тој скоро цело време беше на пат. У тие 4 месеци дали се видовме 10-12 пати. Ама постојано се гледавме на вибер , ептен се зближивме.
     
  11. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Проблем ми е тоа шо тој на роденденот на мајка ми дојде на торта и и кажа дека сме заедно , се течеше најдобро и разговор и се. Организираше вечера со сестра му и зет му , ме однесе кај неговите , со неговото друштво на пијанки. Се беше супер , премногу се грижеше навистина приоритет му бев. Иначе 4 месеци само пишувавме , и после 4 месеци се на се бевме заедно , али 10 пати се видовме у тие 4 месеци. Тој вози камион , и затоа беше како шо беше. Не сум му прва имал пред мене со други , само шо искочи и зашо нејќел нишо сериозно ај донт кноу.
     
  12. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Ете, не знаеш што му се врти нему низ глава не си го тупи мозокот без потреба, ако премислуваш и ако плачеш и се самоуништуваш нема да го вратиш назад. Ако он можел да продолжи понатаму без тебе, можеш и ти. Сепак сите членки едногласни сме за ситуацијава , ти ги дадовме истите совети твое е како понатаму ќе постапиш
     
    На Kjara15 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  13. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    И јас знам дека не вреди и свесна сум. Ви благодарам многу :* :)
     
  14. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Хфигххјхттхгдфтхххгххххјјјккккјјкллмннннѓѓлјјјјјјјмкмнјјјјјкккјјкккклкјнцфтѕхѕхјууу
    Очигледно само ти си се зближила со него.
    На 21 година стварно возат камиони?
    Што барал на роденден кај мајка ти? Ти ептен си била затрескана.
     
  15. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Сам се покани да дошол на торта. Да чичко му вози цел живот и го повлече и него.
     
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    @Kjara15 тоа што тој идиотски постапил треба да ти е причина што полесно да го поминеш раскинувањето. Ајде ти да го повреди него, разбирам да се чувствуваш лошо, ама вака? Вака треба одбивен да ти стане и да се радуваш што си го покажал лицето за 4 месеци а не 4 години.
    Членката пред тебе прашуваше за совет за 4,5 годишна врска и цврсто стои зад ставот дека се цени и знае што заслужува.
    Прочитај, можеби ќе ти помогне и туѓо мислење и став.
    И стави се на прво место.
    Некој таму не му ја мисли и нема грам грижа на совест, ти ќе си го уништуваш здравјето за човек без осет, емпатија, човечност.
    Млада си, вложи си во себе. Другото сè ќе дојде.
    Знам дека е тешко, сите сме биле во слични ситуации, ама верувај од денешен аспект тргам по себе, по некое време ќе си речеш, за што се нервирав и губев нерви. Се е минливо.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, ☆P!nselsp!tze☆ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    @Kjara15 и мене бившиот ми беше прв, секаде заедно, раскинавме на лош начин и еве ме, жива сум.
    Не вреди, не си загрозувај здравјето, продолжи напред, не е крај на свет што е готово.
    Има многу риби во морето.
    Ќе се појави некој што ќе те цени и сака.
    Знам дека е клише, и јас бев иста како тебе.
    Сфатив дека не вреди и продолжив напред.
    Никој не заслужува да си го уништуваш здравјето.
    Што порано тоа го сфатиш, тоа подобро.
    Смири се, посети психолог ако е потребно, најди си некоја занимација и поработи на тоа да го преболиш.
    Вака ништо не правиш, само се уништуваш а ова не е излез.
    Животот е премногу краток да го трошиме за луѓе кои не вредат.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, ☆P!nselsp!tze☆ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Така е со првите ,затоа јас велам да не се бројат !
    И ова 23 години врски мажења. На 23 бев сингл и пресреќна заради тоа - само што излегов од врска со психопат. Мајка ми тажеше ,ми вршеше притисок ,ми носеше "стројници" - Чак едни беа спремни (ни го знаев ни го познавав ) со цвеќиња и бомбонери да идат. Знаеш што и кажав ?
    - Дали сакаш место немажена да зборуваат дека ќерка ти е луда ? Ако сакаш кажи му да дојдат да видиш што ќе направам. Помина и то не дојде никој. Сингл бев до 25 па запознав еден лигле што немаше Мади*а ни ова да ми го кажи ,туку го видов на сред град со друга . Толку беше и од него ,ни зошто прашав ни како. Па на 26 си го запознав сопругот. Ама ни ова не значи дека ти или било која друга треба на 27 да се омажи.
    Патем од моите средношколски другарки само 3 сме мажени. Ако толку ти е за годините ете ти споредба дека границата е увелико поместена.
    И добро рече некоја од членките поарно со 20 и среќна отколку со првиот несреќна.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    У право сте и јас сум свесна и знам дека не вреди , ама ете прв пат толку бев среќна со некој. Морам да профолжам понатаму зашо ептен здравствено сум катастрофа. Сега дури и притисок мерев 160 со 120 ми е шо е ненормално висок за мене. Ете ваљда и мигрена добив , осеќам као со игли да ме буцаат у срцево , бодежи. Ретко кој ке си зима волку при срце за ваков проблем ама ептен сум емотивна и се приврзувам брзо. Се уништив скроз , ама од утре ќе дадам се од себе да свртам нов лист. И пак да бидам среќна.
     
    На ☆P!nselsp!tze☆ и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  20. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Ваљда ќе запознаам и јас некој со кој шо ќе може да имам секс следен пат. Со овој ептен бевме блиски , стварно беше дете од мајка родено. Поише и тоа ме мачи зашо беше дечко шо ретко се наоѓа културен , паметен , вреден , посветен на мене скроз , грижлив , а досега никад не сум имала ни приближен како него ни 1%. Затоа и ми е волку тешко да прифатам дека е крај зашо додека не искочи воа ја бев најсреќната девојка со него. Али секад господ чува нешо боље за нас . Што е мое ќе си дојде макар и на 29. А и ,,другаркиве” ме излудуваат тераат мајтап со мене , сеа ти се ебе а нема со кој , зашо толку бираше еве избра.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.