Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Знам дека е најлесно ајде ќе прашам на форум и што ми кажат тоа ќе правам. |(
    Ама сериозно имам проблем со моите емоции. Незнам да разликувам љубов од страст, од возбуда.
    Веќе подолго време се крши врската помеѓу мене и дечко ми. И проблемот е што сакам да научам да разликувам што ми треба , што сакам.
    Сакам да ве прашам ( иако е индивидуално) како разликувате кога сте на работ во врската, дали сакате да ја поправите или да ставите точка?
    Имавме пауза со дечко ми, и додека не бевме заедно ми фалеше сакав да го видам, знаев дека му е тешко бидејќи ме сака.
    Кога се видовме и се смиривме, исто како порано, првиот состанок како препородена бев, после тоа исти проблеми, исти срања . И пак ми дојде преку глава. |( |(
    И уште нешто , знам дека моето време нетреба да го губам , ама се чувствувам како кучка, бидејќи он наскоро ќе оди на неколку месеци во страство и ќе излезе дека му расипувам патувањето или дека користам шанса да се отарасам од него.
    :?:
     
  2. mija23

    mija23 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Прво што е тоа пауза извини?? За мене паузата претставува процес пред крај. Тоа пауза е веќе знак дека не оди врската ама воошто. Незнам зошто и како си дозволила за да стигне до тоа али како се чуствуваш кога знаеш дека ем не си со него ем си со него ?? м? за мене тоа е глупост или крај или ќе пробаме да поправиме ако нешто не иде али паузата е срање.
    Второ која е разликата, јас навистина тука незнам како да ти кажам кога воопшто незнам како се чуствуваш ти додека си со него (и на интимни ситуации мислам). Глупаво е да одговарам на прашањето ШТО Е ЉУБОВ бидејќи за тоа нема одговор едноставно тоа е нешто апстракно што можиш ти да го почуствуваш а не да бараш дефиниција од нас. Страст можам да ти го опишам како дел каде што неможете да си одолеете еден на друг па самото тоа што го правите додека сте насамо а сте желни еден за друг би го нерекла страст. А возбуда.. хаха стварно смешно ми е и мене што ова си го одговарам зар ти не знаеш што е возбудување?
    Трето за твојот проблем каде сте се скарале па смириле и повторно истата песна тоа ти е во кратки црти ТАА ТИ Е ПРОЧИТАНА КНИГА А ТИ ВЕЌЕ И ГО ЗНАЕШ КРАЈОТ. па добро ако не иде не иде тогаш стави крај пред да оди а не да се мачиш подоцна со тоа што ем нема да можиш да го видиш и да си средиш се очи во очи а тој бидејќи нема да биде до тебе ќе свати дека имаш друг, а веќе ако го сакаш и си решена и покрај проблемиве да продолжиш со него тогаш ти треба само еден добар разговор каде ке си ги отворите картите и ќе си кажете се што не чини. Јас можам само со ова да ти помогнам останатото е на тебе. Поздрав :) ... (и извини можеби бев ептен дирекна али вистината е секогаш најдобра) !! :*
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  3. M.Aa

    M.Aa Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Паа вакаа... Се запознав со детето пред околку една недела многу ми се бендиса и излегофме...отогаш мислам дека го засакаф можеби е малку рано да се каже ама... Проблемот е во тоа што незнам што да направам да му го освојам срцето... можеби малку детски ќе ви звучи ама стварно незнам што да правам ://.. aj pls sovet :) иначе имам 18 години :D
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ме интересира ваше мислење, колку сум во право..
    Значи проблем ми е што секогаш гледам на нештата од повеќе аспекти, и и кога ќе се налутам за нешто, потоа го погледнувам својот став и проблемот, од некој друг аспект, и не можам да се решам што е правилно... Малце е неважно можеби, или пак е многу важно? :^) :D
    Со другар ми што си се муваме, и веќе си кажуваме и дека се сакаме, ама сепак е мување ова, кога се возев пред некој ден во кола , беше најпијан што бил до сега со мене, и прекрасен цела вечер ( кога е пијан или уморен највише си го сакам :lol: )и на крај ја упропасти вечерта со тоа што додека бевме на семафор им блиндираше на 2 женски кои поминуваа, а плус не беа ич згодни...
    Дали му дојде, ( може има таква навика што не сум му ја приметила до сега) па затоа, зашто откако го направи тоа, во секунда, јас изреагирав луто и го нападнав, а он како да не знаеше што направил, дури и ги критикуваше какви биле, дека не е будала. Више од пола саат му бев лута, и прво се вадеше дека не направил ништо, потоа му реков да се заколне :tmi:( пошто он мене ми има викано да се колнам за нешто) и кога видов дека не сака, си реков , значи сепак е свесен, после ми викаше, ама јас тебе те сакам , со тебе сум, ( што значи признава дека го направил тоа) и откако сеуште бев лута после 15 мин пак почна да не признава и уште да се расправа навреден дека јас него сум го сметала за толку будала да направи нешто такво кога покрај себе го имал најдоброто ( мене).
    Си отидовме скарани, возев брзо, едвај се извлеков да не ми пишат казна, и глупача му свртев после тоа , и овој веќе кома беше , си заспал одма !!! :o А јас уште не бев ни стигната дома...
    И таков едвај збореше на телефон , и како и друг пат кога сум му била скарана, само ми повторува тивко -Те сакам бе злато......
    И сега се прашувам дали треба да прејдам преку ова, зашто во себе две личности ко да имам и не можам да одберам.... :devil:
    Едното мислење ми е дека е ова најголемо понижување и дрскост и треба да го избришам засекогаш , ( и тоа нема веќе да ми биде толку тешко, зашто мн пати ме разочара и доста сум оладена )
    Или пак да си размислувам позитивно, да прејдам преку тоа ,да го прифатам тоа како лапсус кој не би трпела ако се повтори, ( и дека знам дека не му се свиѓаа тие ), стварно не разбирам зашто го направи тоа.
    Дали ситничарам, или треба да пресечам...
    Иначе убавите моменти не ги набројувам, па може да се чудите кога ќе пишам, убаво ми е со него, :D па затоа сеуште се двоумам..
    Знам дека му значам, и тој на мене....
    Дали ќе се згазам себеси ако преминам преку тоа, или ??? :angel:

    Да надополнам
    Една причина со која си го оправдувам е фактот дека 20 мин пред тоа дур седевме во кафич, зборевме долго за се и сешто, и онака со фин тон ама се расправавме, за еден дечко што го запознав, зашто он ми вика дека не може да поднесе да идам со друг, а му кажав дека ќе идам со тој, и нема да ме сопре, и он кога пробуваше да го критикува, јас :fubar: цело време го фалев, каков е прекрасен, згоден, убав, тип, и го нервирав срцушот мој. :wasntme:
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Кога велиш дека нема да ти биде тешко да го избришеш за секогаш зашто многу пати те разочарал и дека доста си оладена, треба да имаш една црвена линија до каде и до кога тој може да те повредува и разочарува, според мене тој не заслужува да биде со тебе, треба да си најдеш некој кој вистински ќе те цени и нема никогаш да те разочара.Мислам дека треба да пресечеш. :| ;)
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Премногу рационализираш. Бил пијан и затоа заспал. Исто ти покажал и дека има очи и со нив гледа други женски покрај тебе. Не знам зошто е тоа толку страшно. Сепак ако ги гледаме работите од твоја гледна точка е навистина понижувачки и сигурна сум дека би му била страшно лута на дечко ми да направи вакво нешто. Но, да прекинеш поради ова? Зависи. Ако се она во што си уверена дека постои меѓу вас и добрите, преубавите моменти можеш да ги фрлиш во вода поради тоа, повели. Одлуката е твоја, ама тој изгледа не го направил ова свесно. И ти самата велиш дека бил пијан. Кога е пијан без тебе мислиш дека не прави слични работи? А дури и не сте во врска.
    Да останеш со некого не е лесно. Треба заедно да се борите за да изградите вредна и квалитетна врска меѓу двајцата, а не при секоја ситница да размислувате истата да ја прекинете. Дали навистина се работи за љубов кога се размислува така?
    Кога нешто ќе се расипе - се поправа, не се фрла. Освен ако е премногу расипано за тоа.
    Како и да гледам на ова не можам да ти дадам конкретен одговор во врска со тоа што да направиш. Ти го знаеш одговорот. Само размисли малку, прошетај со мислите од вашиот почеток до сега и ќе сфатиш дека си знаела цело време. :)
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Он и порано си гледал други пред мене, и јас машки сум си гледала, иако јас сум била подискретна , а он порано дури пред мене си коментираше...
    Но овде се работи веќе што ги пушти дугачките светла во моментот кога тие поминуваа пред колата...
    Знам дека беше премногу пијан, и дека бидејки не сме официјално пар, немам право да се лутам...
    Но, всушност, имам право да кажам дека со тоа што на некои таму им ги дигна акциите додека јас бев покрај него, мене ме згази, и тоа за едни никакви, бар да беа добри. ( може ќе бев полута тогаш, не знам :lol: )
    Само се прашувам каде треба да се постави линијата, и дали ако денес се правам како да ми е сеедно, утре ќе се повтори пак... А ме изненади мн зашто преминатиот пат кога беше мн пијан, пред нас поминааа еден куп женски , и позгодни од овие, и он не ги ни погледна :!: ,
    а јас го гледав и очекував . :lol:
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мене ми се чини sweеt дека ти постојано бараш причина да ја прекинеш врската или пак признание од некој друг дека ти вреди човеков. Мислам дека си исплашена од себе си, од него, од целава ситуација и од тоа што може да биде.
    Дека било безврска моментот со девојките, било, па ти си го земаш како плус причина да се држиш на резерва кон човеков. А искрено мислам дека многу си се сакате. И јас да сум ви блиска, ќе ве седнам двајцата и ќе ве искарам зашто вака се однесувате. Дајте бре опуштете се и официјализирајте ја врскава веќе еднаш :wasntme:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ако ти се правиш дека ти е сеедно, тој утре пак истото ќе го направи и до кога ќе се правиш дека ти е сеедно?! :) :| ;)
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Можеш да му кажеш дека ти пречи. Нема ништо лошо во мала доза љубомора. Така тој дури ќе се осети сакан и ценет. Доколку се преправаш дека не ти е гајле и гледаш други можеш само да предизвикаш повеќе вакви случки.
    Ако веќе верувате дека се сакате, преминете во врска и оденсувајте се како пар. Ако сакате да остане само на ова, слободно гледајте си каде сакате и кој сакате, ниту едниот, ниту другиот нема право да се лути. Сепак тоа што го направил не го оправдувам. Навредувачки и понижувачки е. Кажи му и инсистирај да поразговарате околу тоа. :)
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Стварно е вака најдобро, мислам бар...
    Не знам, он понекогаш сака да си поигрува со моите чувства, па ми кажува некои работи кои се сомневам дали ги мисли,и ми е страв да не поверувам во тие зборови, па затоа се трудам кога ќе се зближиме пак да создадам мала дистанца..
    И кога го направи ова баш се осетив како еве ми шанса за нешто да направам проблем , ама па он е крив...
    Фала за советите. :hug:
    Ќе зборам, ако му се збори и признава што направил,
    и дефинитивно наредниов месец ќе го анализирам повеќе, за да одлучам дали треба скроз да се повлечам и да го баталам, или да му верувам и да уживам... :)
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Кравче значи секогаш најточно ми ги гаѓаш мислите. :bow: :D
    И да, да не види било кој низ град ќе свати дека нешто има меѓу нас, нешто цврсто, многу силна хемија и поврзаност веќе...
    А да официјализираме, :?: некако не е изводливо... :|
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Двајцата сте зрели не за врска туку за брак со понашањево а те читам од почеток :lol: . Еден стап треба за двајцата да ви дојде памет да престанете со изводењево како две 15-годишни тинејџери. Не биле во врска, дрн дрн јариња :D , двајцата си мачкате очи а си љубоморите бетер од повеќето повеќегодишни врски :D

    Ако бидне да каниш :D

    Пс. Типот точно знае како треба со тебе, фино ти прави инаку досега 200 пати ќе го оставеше :lol:
     
    На fallenangel, Micheleljubov, sweet25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Не ме зезај. :P
    Ме изнасмеа. :rofl: :rofl:
    Не знаев дека така може да делува од страна.. :D
    Инаку во право си , знае со мене ,
    све да му е*ам! :devil:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Мислам намерно вака те нервира.
    Дел од мживе знаат кога треба да те оладат малку за веднаш да се загрееш повеќе. И мене вака да ми рави повеќе ќе го сакам, БАШ затоа што ќе ме нервира, а да е се мед и млеко ќе ми се здосади .
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nina16

    nina16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво, имам еден проблем и би сакала ако можете да ми помогнете ... Со дечко ми идам 2 години пред 2 месеци бевме скарани и не бевме во врска...прет тоа со другарка ми се испокаравме и бев со неа само што се вели на здраво... значи додека бев скарана со него нон стоп беа само провокации ... една вечер искачам и а гледам другарка ми со него и одма кај мене се јави љубоморна и бес... цело време ништо не прозборев но неможев повеќе да издржам и морав да и кажам ... и пишував на фб да се тргне од кај него ... како и секоја друга што мислам дека ќе изреагираа ... се направивме лом... цело време од нејзина страна по фб ме провоцирашее... беше падната во некој филм и сега е де .. ама како и да е ... било што било ... е сега работата е што јас со дечко ми се смирив а она пак зафааќа со истото провокации му пишува ... едноставно се глупираа.. а мене тоа ми пречи ... он несака да и каже да се тргне настрана .. бидејќи се дружат вели дека јас имам лошо мислејне за неа и дека јас не гледам добро на работите ... а ипак мислам дека не е така ... ве молам помогнете и кажете што да правам ... не за друго нон стоп само она ми е во главата кога ја гледам како се понаша ... и нон стоп со дечкоми се расправаме за неа .... иако тој ми кажал дека никогаш нема да биде со неа и дека мене ме сака ... едноставно неможам ниту него да го сватам ... зошто кога ме сака несака да и каже тој дека едноставно пречи она во нашата врскаа.. и после се да е океј меѓу нас ... Кажете што да правам ..благодарам однапред:)[/b]
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.093
    Пол:
    Женски
    Здраво Нина :hai: .
    Проблемот е другарка ти,која му се нафрла на дечко ти,му се пушта така ли?
    Тогаш ако не сака тој да и објасни ,предложи му двајцата да седнете со неа,да ги разјасните работите,дечко ти да и објасни дека тебе те сака и дека е со тебе.А и не сфаќам каква ти е таа другарка која отворено пред тебе му се пушта на дечко ти :^) ?
    Земи опомени ја,или престани да ја дружиш,ова на ништо не личи :!:
     
    На nina16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Јас пак ти викам да ги баталиш и двајцата. Ете така, фино лепо.
    Оваа е некоја неиживеана ку*вичка што сака да си се плетка, да е некоја друга во прашање, океј, али ти си и другарка, се знае дека нема мешање со дечко ти, ало! Па макар и бивши да ти бил, не оправдувам.
    А овој, дали сака фраер да си се направи, дали си ја држи нејзе ко резерва, па затоа не сака ништо да и каже, не знам, али и тој голем токмак ми стои.
     
  19. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    срце немој да се секираш еднсотавно некои луѓе немат чувство за осет, немаат свое јас немаат гордост!!
    јас мислам дека најпаметно ќе биде доколку престанеш да му зборуваш на дечко ти за неа, престанеш секаков контакт со неа, едноставно да свати дека ти си со дечко ти и дека она е небитнаи дека не се замараш за луѓе кои незадоволни од својот се мешаат во туѓ живот. мое мислење е дека откако ќе увиди дека не е битна, ќе се повлече сама и посрамена затоа што не успеала да ви наштети! не го напињај дечко ти за неа, он сам ќе увиди каква е ситуацијата. ЕДНОСТАВНО НЕ ЈА СТАВАЈ ВО УСТА! не дозволувај никој и ништо да ти ја расипе врската,љубовта,среќата. играј малку попаметно од неа. на крај краева дечкото е само твој. поздрав мила. се надевам ме свати што сакам да ти доловам со муабетов. :* :*
     
  20. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Зошто воопшто прашуваш за нив? Другарката е, како што напомена девојкава 2 реда над мене, неизживеана и ужива во тоа да меша прсти на туѓо место. А од каде знаеш, може па конкретно кон дечко ти и нешто повеќе чувствува.
    А тој па, мрсулкото? Ништо не чувствувал кон неа, а излегувале додека не бевте заедно? Не ми е јасно, јас да излезам со другарка на девојка со која сум скаран, сигурно не би имал „чисти“ мисли во глава... значи НЕ зборуваме за личнo моја другарка. А ако навистина не било ништо сериозно, тогаш ти сигурно МНОГУ повеќе му значиш и ќе нема ништо против да и’ каже да не се меша кајшто не треба... Или нема храброст, му ласка и годи тоа што го бркаат две девојки, а? ЕПА НЕ МОЖЕ!
    Што има да го сфатиш? Бегај и од него, и од неа! Знам, знам, лесно е да се каже, тешко е да се спроведе, но што повеќе чекаш? Лично да ги начекаш како се гушкаат, бацуваат или не знам што? Е тек тогаш ќе видиш што значи вистинска болка, ем дечкото, ем „другарка“ ти, две во едно.
    Бегај девојко, од двајцата!
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.