Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Јоана, не те познавам,ама ти се восхитувам на самоконтролата. Можам отприлика да претпоставам дека ти е тешко многу. Држи се девојко. Побарај си оддишка каде сакаш. Типот сега е фатен во блеф, и во глупавоста и неотесаноста сопствена и сака да те премисли.
    Јас единствено се мислам да не стане насилен, пошто очигледно има проблеми тој со импулсите. Биди многу, многу ладна и тактична . Не ги спомнувај ти лично родителите, оти ваљда му се тригер. Читам дека си мудра и интуитивна, ама можно е тој со манипулации да проба да те задржи. Или недај боже со насилство.
    Ако си решена, терај внимателно, зашто мислам само мирна разделба ви е во интерес на двајцата.
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
    На BejbiBlu, Martka, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  2. julija86

    julija86 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Драга @JoanaS еве вака како за споредба истиот проблем го имама веке 12 год. бидејки немав храброст да прекинам се на време. Почнат ли проблемите каде што и старите се замешуват знај дека ке ти остане засекогаш тој проблем (доколку останес со него) крај ке немаш на голготата. Ке манипулира со тебе, ке почнат секаков вид на насилства психички, физички, економски... Кога ке дојдат децата на свет проблемот ке ти станува се поголем и поголем и ке бидеш во ситуација да останеш со него само ради децата така да СПРЕЧИ го ова сега дур имаш време. Биди храбра ти посакувам многу среќа...
     
    На thelittle17, CarrieBradshow, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Те прочитав и првиот пат кога пиша, и сега искрено сакам да ти честитам на храброста и одлучноста бидејќи подобро е сега со време да се оттргнеш од него отколку покасно кога ќе имате деца па тоа ќе те спречува. Чим он избувнал за мала ситница и така изреагирал замисли што ќе биде утре во животот кога ќе имате стварно сериозен проблем или расправија. Не потпаѓај на неговите емотивни испади сега затоа што сака да те фати на емоции за да не го оставиш.
    Ти посакувам се најдобро понатаму во животот. :l:
     
    На BejbiBlu, thelittle17, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.155
    Пол:
    Женски
    Ако од сликите можиш да заклучиш дека има женска - има женска. Зошто колку и на пријателска нота да завршиш со бивш, не оставаш слики на профил кои иницираат дека сте пар. Слики со друштво или поважен настан не се couple pictures и не даваат слика дека некој е пар.

    Кажи му јасно дека е ради неговото однесување. Дека сама носиш одлуки и дека донесената одлука е ради неговото однесување. Најискрено, не мислам ни дека ќе прифати било шо од ова тој колку и да пробаш смирено да му објасниш. Како напрај со станот? Ќе одеше кај другарка или твоите спомена претходно? Пошто да ми беше другарка ќе те земав при себе за секој случај. Не велам дека ќе напрај нешто, велам само дека е мачење. Мачење и за тебе и за него да сте во ист простор од кога сте направиле тежок разговор. Тој не е во состојба да дава ултиматум за да се откачи, не можи да сте заедно ако едниот не е во врската. Оти со ултиматумот пробва да добие контрола. Не му го давај. Туку буквално оди кај другарка или твоите, плати сметки за станот среди оти нели рече неќиш да си проблем и мислам дека јасна порака ќе му покажиш него за каде седиш и дека е готово. Твоите не фрлија со влечка по тебе. Тој фрли. Твоите не пробват да те манипулират. Тој пробва. Твоите не го контролираат неговото однесување. Тој го контролира своето однесување.

    [​IMG]
    Ова е многу важно. Мислам се надевам ова шо си пишала сите шо ќе идат со guy problem ќе го видат. "Се сакам себеси најмногу, па после сите други и зато сакам крај". Колку убо напишано. :l: Никогаш не се менвај.
     
    На BejbiBlu, thelittle17, CarrieBradshow и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не дека чекам огномет да распалиш, ама врати се и прочитај го моето мислење што ти го пишав и ќе видиш дека скоро комплетно сум го предвидела неговото однесување во врска со понатамошниот тек на настаните и сега со сигурност можам да ти кажам дека ти имаш проблем со емоционален манипулатор. Таквите луѓе наметнуваат чувство на вина, за да ги реализираат сопствените интереси со тоа што на перфиден начин ги прикриваат своите намери. Твојот вереник не е во состојба да ги надмине личните потешкотии и со манипулација се обидува да дојде до степен на лична добросостојба. Доста е умешен во воочување на твоите слабости и истите ги злоупотребува, со тоа што го минимизира значењето на твоите потреби и твоето однесување и никогаш нема да преземе одговорност за сопствените негативни постапки. Тоа ќе те наведе да се преиспитуваш себе си за своите постапки , а таа детална анализа ќе те доведе до воочување на недостатоци кај тебе и непотребно чувство на вина за работи кои не си ги направила. Ќе игра улога на жртва, за да создаде впечаток дека неговите чувства и грижи не ги сфаќаш, не ги слушаш и не ги признаваш.
     
    На BejbiBlu, thelittle17, IRBBB и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кога ќе разговарате следно, кажи му дека прекинавте заради тоа што фрлил со влечка по тебе.
    Како си издржала 5 години со ваков.
    Друго што сакав да ти спомнам, видов дека тој е со неговите скаран и му пречи тоа што твоите прашуваат кога ќе се видат со сватовите.
    Сакам да кажам дека ако е скаран, ти требало да им кажеш на твоите дека нема да се видат и толку.
    Можеби татко ти има некоја замисла како треба да се одвиваат работите ама не испаѓа секогаш како што сме замислиле.
    Исто ако му пречи да ви даваат пари, нека не ви даваат.
    Претходно за парите рече "моите се такви" и сакам да ти кажам дека иако се такви, ако него му пречи, ќе ја сменат твоите родители таа навика, ништо страшно.
    Ова ти го кажувам за во иднина за со друг дечко, затоа што можеби грешам ама имам доживување дека ептен си приврзана со татко ти и не можеш да му кажеш "Не".
    А со овој насилник не продолжувај ни под разно.
     
    На thelittle17, MarijaMi90, Ugly Duckling и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Знае он за што раскинуваш.
    Глуп се прави и те манипулира.
    Наредрн разговор кажи му дека порано му палеле тие манипулации, дека не паѓаш веќе на тоа.
    Среќа па си увидела каков е, вакви луѓе секогаш тебе ти ја префрлаат кривицата, за да ти набијат грижа на совест.
    Не дозволувај веќе да те мавта.
     
    На thelittle17, Gea, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    А што има лошо во тоа што родителите сакале да им помогнат финансиски, како што знам дечково останал без работа па најверојатно поради тоа се понудиле, и секој родител би постапил исто верувам, само проблемот е како тоа го гледаш дали како понижување или помош и добра воља на родителот, иако не верувам дека родителите на девојката со тоа сакале да го понижат туку како веќе една фамилија сакале да им помогнат.
     
    На thelittle17, Juicy, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не е важно каква им била нив намерата.
    Важно е дека тој не сакал и тие со посебно семејство.
    Јас за секакви одлуки со маж ми се консултирам.
    Ако за нешто не се согласува, не го правам.
    Ова го кажувам пошто на форумов најчесто жени се лутат кога свекрвата им се меша и им помага неповикана, и сакам да кажам дека и во обратна насока е истото.
    Помош се дава само ако е побарана, а за да е побарана треба да се договорат партнерите прво меѓусебе.
     
    На sunshinebabe, Annath, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    @JoanaS Наместо да се обиде да ги смири работите, да нема притисок и тензии тој се повеќе ги влошува работите па и со влечка те удара.
    Уште во моментот кога ме тера да бирам помеѓу него и родителите, експресно ќе го кажам одговорот. Кај е тој крив, кај се однесува како имбецил па и те тера да бираш.
    Нормално дека родителите ми се поважни.
    Ме родиле, ме растеле, ми дале покрив над глава, ми биле најголема подршка а тој очекува да прекинеш контакт со нив? Кога тој е скаран со неговите зошто и ти да не си?

    Каков манипулатор човече, страшно.
    Бегај и не врти се назад, толку, завршена приказна.
    Оди кај другарка, оди кај родителите, било каде, само не дели повеќе кров со таков човек.
    На време си видела кој и што е.

    За ситуацијата помеѓу него и твоите не би да коментирам, не сакам, не знам од кога е започнато тоа, но моментот кога посегнал по тебе требало само краток разговор, пакување куфери и секој по свој пат.

    Океј е што не сакал помош од твоите, не е океј што те тера да бираш, и што се осмелил на насилство кон тебе.
    Ако денес е влечка, утре ќе биде нешто друго.
     
    На Осе, sunshinebabe, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    @JoanaS
    Мило ми е што читам вакви трезвени размислувања кои доаѓаат од девојка.
    Кога знаеш дека заслужуваш подобро, и ќе добиеш подобро, верувај.
     
    На BejbiBlu, thelittle17, Осе и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    И јас сум од оние што веруваат дека родителите од двете страни се секундарни кога веќе ќе си створиш нуклеусно семејство ( маж деца или жена или само мж мм жж без деца) ; но во случајов се работи за преодна фаза имено веридба.
    По 5 години заедно очекувам лично јас партнерот добро да ме знае, да знае искуствено и интуитивно каква релација имам со родителите, пошто во 5 години сигурно бар еднаш биле тема на разговор, ако не знае јас ќе му кажам , ама не смее да ме притиска НИТУ да се карам со нив ( како он неа) НИТУ да се мирам со нив ( како таа него). Возрасни , полнолетни особи се двата кои имаат agency во психолошка смисла.
    Затоа се сложувам со Мантуб, оти пари од родители се фина работа, и јас сум ги добивала, и стан ми купиле, ама со секое давање родителите си купуваат билет за да се "мешкаат" индиректно. Иако моите не беа напорни со тоа, сепак лебдеше во воздух. Сега не ги знаам луѓево и не тврдам дека 100% сум во право, само онака ми падна во очи.
    И тоа дека е скаран со неговите: од каде знаеме ние на форумот што му згрешиле, или можеби и тој им згрешил, или и двете страни нешто згрешиле, но не е работа на вереницата да го гаси огнот за да се сретнат сватовите.
    Но повторувам: неговиот испад со нејзините е некултурен крајно и погрешен, а за односот со неа, кажав веќе : ужасно. Факт дека типов си има проблеми, кои никој освен сам тој не може да му ги реши .
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
    На Luna91, thelittle17, Осе и 14 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    60.402
    Пол:
    Женски
    Јас не прочитав да и се извинил што фрла по влечки со неа или што ја тргал за да не искочи надвор. Тоа е нешто преку кое ниедна жена не треба да преминува, како бе така со влечка да фрла некој по некого.

    За родителите може да се прават компромиси, да се разговара, да се смират, да расчистуваат, било како. Тоа може да е тема на дискусија, ама фрлање со предмети по неа не. Па уште кажувај кој го сакаш повеќе татко ти или мене. Зрел човек ќе проба со мирно да ја реши ситуацијата, да се бори за врската а не ко мало дете аааа кажи повеќе кого го сакаш.

    Сум се карала со дм, па ниту еднаш не сум помислила да фрлам со работи, боже сачувај. Ниту па ми фрлал по мене работи, тоа да направи збогом во истата секунда.
     
    На thelittle17, Gea, sunshinebabe и 13 други им се допаѓа ова.
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    A шо е толку погрешно во тоа родител да дава пари на своето дете? Помош е тоа, колку и да си добро ситуиран тие секогаш ќе бидат тука да те поттурнат напред.
    Крај краева ако тој толку се лутел ради парите, си можела да си ги земиш ти и да си ги тргаш настрана.
    Ама па каква е таа врска со криење и страв, подобро и да не сум заедно со некој ако се плашам да му кажам дека моите ми дале пари да се почастиме нешто.
    Тој си влечи фрустрации ради кавгата со неговите родители и криво му е шо ти имаш супер однос со твоите. Добро е што ќе раскрстиш со време, пошто денес му пречи оти ти помагаат, утре ќе му пречи шо се гледате. Со такви луѓе тешко се излегува на крај, цело време ќе ти ја цицаат енергијата и ќе те трујат со негатива. Прави крвопијци.
    Делот со влечката и емотивните манипулации не би да ги коментирам, доволно се кажа за нив.
    Единсвтвено шо можиш да направиш сега е да се сместиш кај некој близок, не си должна да го трпиш и да живеете во ист стан. Не е хумано тоа, ни за тебе, па ни за него.
    Ти посакувам се најдобро, биди силна. :l:
     
    На Осе, Veta, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А што е лошо свекрвата да дојде и да ти помага и да ти се меша неповикана и да те прави да се осеќаш неспособна?
    Или за мама и тато боли, ама свекрвата и свекорот нека се носат у три лепе.
    Помош се дава кога ти е јасно побарана, во спротивно не е културно.
    Нема ништо лошо родител да му дава пари на своето дете, точно, ама ако некој дошол за мажење и женење не е веќе дете.
    Да беше маж во прашање, сигурно немаше да ти дојде да кажеш "дете" за возрасен, пораснат маж.
    Кога планираат сериозни врски и бракови, двајцата партнери треба да имаат скинато папочни врвци со мама и тато.
    Членката пиша дека него иако му пречи, нејзините родители "такви се".
    Не може да се такви кога ќерката им се омажила и се одделила и не е веќе мало девојче на кое треба да му купуваат се што мислат дека му треба.
    Настрана од дечково, нема дискусија дека е насилник и манипулатор и таа не смее да помисли да се враќа со него, ама многу вообичаено е тоа што му пречи да им даваат нејзините пари.
     
    На MarijaMi90, minne992, mila89 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Излегов да се видам со дечкото за кој предходно го спомнав, не знам какво мислење да барам, се е смислено, повеќе би сакала да ви кажам да внимавате кого запознавате, дечково беше фин, добар, културен, интересен за муабет се допишувавме ноќи/денови 24/7, до 6 сабајле сум останувала за него и конечно дојде време да се видиме во 4 очи јас така среќна излегов, ми се свиѓа топ, однесување, убавина, дечко каков што одсекогаш сум посакувала....всушност дечково да имал жена и сакал да утепа време со некоја, јер жена му не е од тука и се враќа за 5 дена, верувајте дека не се изненадив нешто многу, не дека секој до сега што сум излегла ми го кажал истото, ама ова е општи хаос, како бре не му беше страв да излезе со мене? Да ме додава на соц мрежи, стварно ова камионџииве не се за доверба, чест на исклучоци , уште ми вика пријатели да останеме, е туго што држи оваа земја, значи денес човек страв да го фати на што се нема да налета, сега ги сфаќам тие со стројници што се мажеле/женеле, отворете очи со кој излегувате и по кој се залетувате, дечково ми се свиѓаше, џабе надеж ми даде, ама не се чуствувам лошо, разочарано , само го блокирав, може и ја се мрднав веќе ама останав рамнодушна на сето ова, а зашто не знам ни јас самата
     
    На thelittle17, CarrieBradshow, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ух, добро е што си дознала веднаш а не после подолго време.
    Тоа е..секакви има.
    Не се грижи и разочарувај, многу подобро што сега знаеш на што си. :)

    Пс. Човече, стварно да не е нешто до камионџииве. :wasntme: :D
    c6c7322df1086fd6b8b3a488c9107ee7.gif
     
    На thelittle17, CarrieBradshow, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  18. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Штом има слики не верувам дека не се заедно.
    Остави не чепкај, биди мирна.
     
    На thelittle17, Осе и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Заклучок: НЕ! за камионџиите
     
    На CarrieBradshow, Tih-ana, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Никако веќе! :!: :D
     
    На CarrieBradshow и LadyLollypop им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.