Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Не не, тебе ќе те слуша што и судиш пошо не била стабилна.
    Ај важи.
     
  2. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    27.913
    Пол:
    Женски
    Не се стапува во брак само ради тоа што годините ти налагаат или под притисок од опшеството.
    Треба да бидеш подготвен за таков сериозен чекор во животот,не можи да стапиш во брак со првиот што ке налета оти годините те газат.
    И што ако сте во врска подолг период? Не мора да Значи дека треба да се стапи во брак.
    @Justicija немој премногу да се оптеретуваш со тоа,ако ти се флертува со други,флертувај уживај.Ке сватиш самата кога ке ја пронајдеш вистинската личност.
     
    На Bezimenka90, Mikha4, Anie93 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека е точно.
    Ама единственото решение е кај тебе, целото внимание и фокус насочи ги кон дечкото и вашата иднина, се друго остави на страна, па така можеби ќе сфатиш дека нема ништо да изгубиш ако го продлабочиш вашиот однос, остави го стравот на страна ете секогаш те спречувал и си прекинувала, сега промени го тоа и оди до крај, ама не со ставање крај на врската.
     
    На thelittle17, cresa-jagoda, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    @Justicija да не поминувате од старт ептен заедно, нон стоп секој ден да сте заедно, па да ти здосадува брзо?
    Еве јас пример не сакам да бидам со некој ептен блиска, по цел ден секој ден заедно и само со него. Така ќе ми здосади.

    Ако е така да сте нон стоп заедно, пробај малку оддалечи, да видиш тогаш како ќе се чуствуваш. Оди на вежбање, шетај повеќе со другарки, не знам нешто шо те исполнува тебе. Не пресекувај веднаш, види некој период како ќе ти биди.
    Нема врска изгледот и најубав на свет да е, можи да не те привлекува.
    Па ако не бива, ако исто се чуствуваш тогаш ќе си ја бараш на друго место среќата.
     
    На Angie1432, cresa-jagoda, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Од аспект дека сакам возбуда , ми се пуштаат мн машки , сакам адреналин , не сакам да се врзам за еден што тоа и не е баш нормално :(
    Природата ми е сосема поинаква
    100% сум сигурна дека нема во иднина да најдам некој како дечко ми
    Пробав , тоа ме прави уште понервозна и поладна
    Бидејќи за да се доближам до дечко ми што се не направив , и прво не сакав секој ден да сме заедно заради што лично се познавав , ете оладив и изгубив интерес , така беше и во минатото ....
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Понуди му отворена врска.
    Ако сака, арно, ако не, пак арно.
     
    На Biljarkata и Justicija им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Нормално е за оној што му е нормално, не е нормално за оној што не му е нормално. Во ред е да останеш со еден ист човек, но исто така и во ред е да менуваш партнери. Всушност сама си го даде одговорот. Едноставно не сакаш обврска и тоа е сосема легитимен одговор.
     
    На Mikha4, Justicija и Anie93 им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    14.401
    Пол:
    Женски
    Сама со себе во стапица... Клише е ама додека од внатре не ти дојде да пресечеш ќе си мислиш вака. Океј е да си таква каква што сакааш, да ги правиш тие работи. Тие под наводници.
    Нема нормално и ненормално. Се е тоа што со години сме гледале, ни се наметнуваат некои норми.
    Океј е да имаш желба да флертуваш, да сакаш авантури само според мене треба да си бидеш добар човек и да не повредуваш друг. Затоа што ако дознае дечкото сигурно не би се чувствувал убаво тој да планира брак а ти да си флертуваш со мажите што ти се пуштаат. Мислам само треба да му објасниш на него. Ако не гледаш иднина и ако си несреќна со ваков живот, раскини и терај си слободна и прави ги истите работи. Само не прави несреќна друга личност(поради твојот карактер, можеби и несигурност, неодлучност ни рекла) сепак ова е моја претпоставка по прочитаните коментари:)
     
    На GrimTheReaper, cresa-jagoda, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Мн е конзервативен , фанатик е , нема шанси да прифати
     
    На WildMk и thelittle17 им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Велосипедизам, алпинизам, јавање на коњи, стрелаштво, картинг, палаглајдер...
    Верувам дека емотивно и сексуално те исполнува дечкото, па ако ти фалат авантури, дали би можела да се насочиш кон нешто друго, пасијата и енергијата за искусување на нови работи да ја насочиш кон нешто што ќе те исполни и нешто што секогаш ќе има нови предизвици?
     
    На thelittle17, cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.056
    Допаѓања:
    180.378
    Знаев дека е кандидат за твојата фамозна отворена врска/ брак:lol:.
    Аа, и полиаморија постоело:drunk::D.

    @Justicija не знам каков совет би ти дале на 32.
    Факт е дека во МК времето застанало или рикверц оди, затоа е потешко за некои жени да си најдат соодветен маж. Ако не го сретнев јас мажот ми, сигурно немаше да се омажам во Мк, на друго место ќе си барав соодветен партнер. Авантуризам и флексибилност, за жал, ретко виреат на Балкан. А можеби едноставно и не си тип кој се врзува, и тоа е во ред.
    Совет- пакувај побрзо куферите;)
     
    Последна измена: 23 јануари 2021
    На Bezimenka90, WildMk, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    @Justicija не знам зошто, ама секогаш сум имала впечаток, дека кога луѓето ќе се осамосталат, кога нема да бидат зависни од никого, ќе имаат добра кариера и сл. многу потешко наоѓаат партнер што ќе ги исполни целосно, и нема да изгубат интерес, мислам дека некој долго што бил слободен му е тешко да се врзе за една личност, или пак му е страв од брак и обврска, ете различни карактери, кај мене ако сум се оладела еднаш, не постоело шанса некој пак да ме заинтересира, ете не знам ама таква сум била. Или ќе дојде некој некогаш, што ќе "кликне" а можеби ќе е далеку од совршен, ама тебе ќе ти држи внимание, и ќе го сакаш, или ќе си тераш вака и ќе си бараш адреналин во нов партнер цело време, според мене и двете работи се ок, се додека си искрена со партнерите за ова. На крај ти самата ќе одлучиш што и како сакаш, а ете можеби таков слободен живот е во преден план.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Ова не е далеку од вистината , но во главава ми е таков хаос што не знам што да правам
    Ќе пробам да ги одовлекувам работите , па ќе видам :o:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    @Justicija Ако човекот е океј ,а конзервиран најпрво зборувај со него кажи му дека си динамичен човек и сакаш возбуда.Ако тој има чуства кон тебе ќе се прилагоди. Ти ќе се прилагодиш на некои негови работи и тој на твои. Тоа е на крајот добра врска,вложување труд и меѓусебно прилагодување.Според мене треба да пробаш бидејќи живееме со држава каде што тешко е да најдеш нормален човек све народ со пороци,изневерувачи,ќвази доминирачки мажи и итн.А ти што си нашла океј човек треба да разговарате да и дадете зачин на врската. Се може да се разгори и направи интересно. Потполно те разбирам бидејќи и јас сум таков човек кој не верувам дека некогаш ќе порасне и секогаш желба по недозволеното.Ама знаеш што и во тоа има убавина.Ако човекот се потруди да ти угодува тој е човек за тебе.
    Сега знам дека сите ќе ми се натурат ама после 30 мислам дека време е за партнер (доколу човек има желба за тоа) бидејќи како поминуваат годините се помалку човек сака да се врзува и сака да биде сам.Самотијата е болест на некој начин.И ова ми е од една братучеда кажано.Кога ја запросија вака 33 имаше. Викаше кога ќе погледнам сите фатиле на страна, и кога почна со еден вака првиот месец све најдобро потоа се јавија некои мали мани,далеку од пороци,туку не според нејзиното планирано. И зборуваше како неможеме секогаш да очекуваме да биде романтично и возбудиливо и сфатила дека досадните моменти се дел од реалниот живот, и дека подобро со некого со кого има разбирње да и е досадно отколку сама да е. Јас сум за да продолжиш.
     
    Последна измена: 23 јануари 2021
    На eliesaab, cresa-jagoda, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Епа барај некој што е како тебе.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не се согласувам со последниот пасус. Не е точно дека подобро со некој, отколку сам. Тоа популарно се нарекува, немање самовреднување. Подобро сам, него несреќна во врска/брак. Освен ако бракот не го гледаш како екскурзија, па често да си стапуваш и разведуваш.
    Никогаш нема да се задоволам со медиокритет, или ќе го најдам тоа што го барам и сакам или ќе уживам сама со себе.
     
    На Biljarkata, Mikha4, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Затоа и напишав дека освен ако не е личен избор. Ама во љубовта има и досадни моменти кои се дел од реалниот живот.И јас по тоа што е напишано од стана на @Justicija дека дечкото баш бил погоден за неа и на првиот моент каде што се губи возбудата се откажува.Врската никогаш не е бајка. Едно е да не го сакаш човек а друго е да имаш период без возбуда,дури и да е напочетокот,барем со коронава и многуте уќинати можности и ограничена слобода може да афектира и на врската. Затоа треба време и плус самиот факт што самотијата е завист многу влијаее.Последниот пасус е дека мора да се адптираме и на досадни моменти и на навики на човек.Идеално нема. А ситуацијава ми е буквално иста
     
    На cresa-jagoda и Justicija им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Треба да се адаптираш, ама не по цена да се погазиш себе си.
     
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Се согласувам ..ќе се потрудам да го пребродам периодов , ќе се потрудам и ќе дадам шанса
    Јас не верувам дека ќе најдам подобра личност од дечко ми , ќе седнам да разговарам со него
     
    На cresa-jagoda, GrimTheReaper, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Таа никаде не се погазува, не напиша такво нешто
     
    На cresa-jagoda и Justicija им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.