Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Засакај си се првен самата и цени си се.
    Не може да очекуваш друг да те сака и цени ако ти сама не го правиш тоа.
     
    На Принцезичка1, pikabu5, Ivan4e04 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ова воопшто не е за да се чувствуваш вака... Луѓето какви маки имаат ти што дечко си немала, ма искористи го животот научи сама како да се забавуваш и уживаш во него за да можеш потоа да го правиш тоа со друг. Мораш прво сама на себе да си посветеш внимание и секако што е твое ќе си дојде. Верувај провокативни слики нема да ти донесат дечко... Сигурно си сеуште тинејџерка, пушти го животот да тече немаш потреба со вакви мисли да се полниш негативности кога сеуште си млада... Прифати се себе си, излегувај дружи се...
     
    На Осе, Принцезичка1, Ivan4e04 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Ќе си легне мачка на погачка, кога тогаш.
    Дечковците нека ти бидат последен проблем во твојот живот.
    Со провокативни слики ништо нема да направиш. Провокативно треба да се понашаш само пред еден човек, кој ќе дојде порано или подоцна. Ако сакаш и голи слики објавувај, ако немаш во главата џабе. Тоа во себе што го имаш поработи го, надворешното е минлива ствар.
    Тој што ти кажал дека "машките не сакаат поштетни девојки" те излажал. Остани си своја. Оној што те сака, ќе те прифати каква и да си.
    Имај свој став и карактер.
    Ако некој се вртка околу тебе остави го тој да се труди да те освои, немора секој што ќе се појави во твојот живот да го сфаќаш како иден љубовен партнер. За некој да ти биде љубов, треба прво убаво целосно да се запознаете, да бидете најдобри другари па тек тогаш ако се разбудат чувства.

    Се надевам дека не потрошив 5мин за да ме изигнорираш. Поздрав.
     
    На Осе, Принцезичка1, Izaabella и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Немој да размислуваш така, дечковците не се единствениот проблем во животот. Еден ден ќе се појави вистинскиот пред тебе кој ќе те сака каква и да си. И немаш потреба да ставаш провокативни слики, со нив нема ништо да постигнеш.
     
    На Purplelilac, Принцезичка1, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  5. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.889
    Пол:
    Женски
    Девојче уживај во животот,дечко ке најдеш не треба поради тоа да не ти се живее.
    Почни прво самата себеси да се сакаш и цениш,верувај во себе.
    Тоа што е твое ке дојде,ке најдеш некој што ке те сака таква каква што си,ке те цени,почитува.
     
    На Осе, Принцезичка1, Hellobeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    @Ta-mara мислиш дека сите што се во врска им цутат рози?
    Гледам дека воопшто немаш самодоверба.
    Поработи на тоа, на себе, почни да се сакаш самата а се друго само по себе ќе си дојде.
    На светот има полоши работи од твојот проблем.
    Камо тоа да ми беше единствена грижа.
    Краток е животот за да се нервираш за ова.
     
    На Осе, Принцезичка1, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Epa vaka, mi treba sovet vo vrska so eden moj da recheme "ljuboven" problem. Zapoznav eden dechko online, toj e od Anglija i pochnavme da pishuvame aktivno dva meseci. Sfativme deka imame mnogu zaednichki raboti i mene pochna da mi se svigja, no problemot nastana otkako toj se izjasni deka ne saka da e vo online vrska tuku pobara od mene da odam da go posetam tamu ili toj da dojde ovde vo Mk. Mene iskreno mi beshe malce chudno shto bara od mene da go posetam a se znaeme samo dva meseci. Long story short, se vloshi sostojbata so virusov i nishto ne bidna, prifati deka ne mozheme za kratok period da se zapoznaeme. Potoa nekoi dve tri nedeli nashata komunikacija stana se po retka, i se pojavi kaj mene somnezh deka toj povekje ne e zainteresiran za mene, na sekoja poraka odgovarashe kratko no imase i situacii vo koi voopsto ne ja otvarase. Taka edna vecer jas iznervirana mu pisav deka sum zapoznala edno momce samo da za da vidam dali nego voopshto mu e gajle za toa sto se slucuvase pomegju nas, no deckoto bez mnogu da prasha me blokira. Sega od den na den me jade nesto od vnatre deka zgresiv sto izreagirav taka za vreme na lutina i ne znam dali da se trudam da stapam povtorno vo kontakt so nego. Help!
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Не. Батали го.
     
    На simoncelicius, Purplelilac, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не би му пишувала јас веќе.
    Настрана ситуацијата кај што те блокирал, и пред тоа не ти враќал или ти враќал кратко.
    Ако и тој го чувствувал истото како тебе дека имате многу заеднички работи, немало да се откаже за два месеци.
     
    На Luna91, deskarada, Martka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Јас не би пробала да стапам. Ако тој некој навистина сакал да се запознае со тебе и да биде, прво не би ни помислил да ти каже дека не е за онлајн врска со оглед на фактот дека сте во различни земји. Како мислел дека вашата врска ќе функционира некој период дури и откако ќе се запознаете?
    Второ зошто намалил со одговорите? Значи не си му важна. Некој кому си важна ќе те опсипува со внимание и ќе му биде важно што се случува со тебе.
    Околу блокирањево.. само си му ја олеснала работата. Сега барем апла знаеш на што си.
     
    На Purplelilac, bicycle, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    5.184
    Пол:
    Женски
    Човеков убаво бил јасен на почеток дека не сака он лине врска, ајде ти ќе отидеш еднаш , тој ќе дојде, ама тоа ли е врска? Јас разбирам дека на некои личности не им е проблем далечината ама зар не сметаш дека сте доста далеку за било што, посебно за да му се потресуваш?
     
    На edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Vo vrska so dalecinata, toj sakashe jas tamu da ostanam so nego ako si odgovarame eden na drug no toa shto mene mi pretstavuvashe problem e kratkiot period shto go pominavme vo dopishuvanje. Koj bi se nafatil da odi vo tolku dalecna i nepoznata zemja kaj nekogo shto go znae samo dva meseci. Toa i nego mu go potencirav no beshe so stavot deka taka najdobro kje se zapoznaeme otkolku da gubime vreme vo dopishuvanje.
     
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јас не би отишла да живеам во странство со непознат. Многу ми е луда неговата идеја. Кој го знае каков може да испадне дека е. Па после ќе нема таму кој да ти помогне. Не се залетувај по такви странци.
     
    На simoncelicius, oblace1, Purplelilac и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    5.184
    Пол:
    Женски
    Мене искрено многу ми е чудно ова, ти да одиш кај него, ајде он да дојде два три пати, да ги запознае твоите па да отидеш и тоа под знак прашање, ама дечково нешто мати, впрочем кој нормален би рекол на девојка да дојде прва кај него, плус странство, мене тоа ми е голем минус кога дечко ќе рече на девојка да дојде прва кај него, сепак ти си поминала 2 м. допишување со него, јас би се запрашала што намери имал човеков со тоа....
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто да ги запознава нејзините? :D
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Не, не и не.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    5.184
    Пол:
    Женски
    Па ако е толку сериозен со неа, како и вика да дојде да се пресели кај него, зар не треба да ги запознае нејзините или така само дојди и ајде? А нејзините па нема ли да се запрашаат каде и со кој е нивната ќерка? Друго е човек кога ќе рече да се запознаеме, друго е кога ќе ти рече дојди ти, барем јас така гледам на тие работи, ама ок секој различно.
     
    На oblace1, Осе и tinka-mace им се допаѓа ова.
  18. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.150
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека сакал да одиш ти кај него, само не сакав да се мешам и да те прашувам. Намерите ми изгледаат очигледни.
    И, на почеток многу е лесно некој да ве излаже дека си одговарате и дека ви оди муабетот. Да било толку сјајно ќе му било криво, уште едвај ќе чекал да се видите и ќе гледал иако на далечина, да ви биде убаво.
     
    На СуперДевојка, Bezimenka90 и raww им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    А колку ќе можат од едно/две гледања да го оценат нејзините, па да ја пуштат со него да замине?
    Јас кога ќе бидам мајка, нема шанси да си пуштам дете со таму некој си непознат.
     
    На Осе, eliesaab, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Јас ни во мојот град не би прифатила со некој толку непознат за кратко време да живеам заедно, а не па во друга држава.
    Уште не се ни сретнале во живо... каква ли е таа врска..
     
    На Nausicaa, eliesaab, Veta и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.