Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Добро си направила... Се покажал каков е по пораките кои што не сакал да ги одговори... Да е бил како што си мислела немало да го имаш ова проблемче во прв план.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Николку, секој денес може совршено да изглуми и факт е дека не се иде туку така до друг град а камоли па преку неколку држави, тоа запознавање со родители го кажав како еден вид на некоја т.н. сериозност , но не мора да значи дека и покрај тоа доколку каже некој да ги запознае е сериозен, ама тоа дојди кај мене да се преселиш ми е надвор од секој паметен потег без разлика на намерите на дечково.
     
    На Осе, Bezimenka90, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А демек ако дојде да се запознае со нејзините гарантирано е дека е супер човек?
    Или таа смотана е, нема да може да го процени каков е ако дојде, ќе треба нејзините да дадат зелено светло?
    Не знам колку год има девојката ама претпоставувам возрасна е.
    Јас најсупер да сум, ако запознаам дечко после 2 месеци не планирам со неговите да се запознавам.
    Мислам, и најокеј да е човекот сигурно нема да прифати после два месеци да му кажеш дојди да те запознаам со моите.
    И во иста држава да е.
    Ова звучи ко свадба да е, ајде решивме да живееме заедно, да ги запознаеме сватовите.
    Сакам да кажам, колку што е лудо неговото да дојде таа кај него после 2 месеци, толку е и луда идејата да доаѓа тој и да се запознава со нејзините :D
     
    На Nausicaa, Biljarkata, deskarada и 8 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ти докажал дека не е за тебе.
    Цело време си правел шеги со тебе.
    Можно е да му била работата само жена да има дома.
    Уште поубаво за тебе што само ради една порака те блокнал. Утре можно е на сред центар да те остави сама ради ситна глупост и ич да не му е гајле.

    Преболи го.
     
    На cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  5. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што овде се работи за различни држави, не исти град па денес ќе идам утре не. Со самото тоа што дечково и рекол да се пресели, кажува дека на него му е гајле од каква фамилија потекнува, со кој живее, кои и се родители , какви се? Претпоставувам повеќето кога ќе најдат некој не во целост но,барем добар дел сака да ја знае и неговата фамилија, сигурно нема да ти биде сеедно да идеш со некој а татко му е сериски убиец (лупам онака) , овде е секако полесно да се извлечеш, ама лудост е за вакви работи да се размислува за човек што до вчера не ни знаела членкава дека постои а и доволно се покажал човеков колку е сериозен во намерите штом туку-така исчезнал. И овде поентата не беше буквално да се запознаат, туку пристапот на дечково колку е сериозен да вика девојка преку држави а ништо друго освен тоа не кажува т.е. не се интересира, мсм и повеќе од очигледно е, можеби и подобро девојкава што се спасила од него.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    14.415
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ќе помислам дека повеќе сакате да ве маткаат, отколку вистината да ви ја кажат. Дечкото, фино и искрено си кажал дека не сака врска на далечина, ти не си спремна да одиш, си му рекла дека си нашла друг и он си се повлекол. А што требало да прави? Едноставно не бил спремен да прави компромис и тоа е тоа. Животот продолжува. А ти како си ја замислуваше онлајн “ врската” без да се запознаете?
     
    На oblace1, Annath, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Denot koga me blokirashe beshe mnogu ladnokrven i edvaj prasha kako sum, imavme navika zaedno da gledame serija i samo me prasha dali sakam da izgledame nekoja epizoda i ja se soglasiv da vidam dali kje se zainteresira za mene. Mislam deka sfati deka nema da mozham da dojdam tamu iako jas ne rekov deka za tolku kratok period bi se nafatila da otidam. Imashe nekakva nadezh se dodeka ne gi stavija vo ushte eden lockdown shto kje trae do mart/april. Pobarav sovet zatoa shto si mislev koga mu rekov deka navodno zapoznav nekogo, si pomislil deka ne sum bila seriozna vo vrska so nas.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тоа "од која фамилија си" само во нашево државиче го има и слични на нас.
    На многу луѓе особено во западни земји не им е гајле од која фамилија си, се додека си одговарате еден на друг, така што и најокеј да е човек, ќе го исплашиш со идејата да доаѓа да се запознава со твоите после 2 месеци, прво, затоа што многу веројатно е дека ќе помисли дека си некоја опсесивна што мисли дека ќе те запознае со фамилија за да нема бегање или недоволно зрела за да може сама да одлучува па и треба "дозвола" од мама и тато.
    Во двата случаи може да те откачи, а ти да мислиш дека те откачил пошто немал сериозни намери, а во твојата постапка да не гледаш ништо погрешно.
     
    На Nausicaa, СуперДевојка, Biljarkata и 9 други им се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Повеќе не контактирате?
    Како доцна што си помислил?
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па веројатно си помислил.
    И јас би си помислила.
    А сега најискрено да збориме, не е баш најсериозна постапка да му кажеш дека си запознала некого, а уствари не си запознала, ама сакаш да видиш реакција пошто многу ти се свиѓа.
    Неговата идеја да се лути пошто не сте се виделе само после 2 месеци е смешна затоа што два месеци се многу кратко време за да фаќаш авион за друга држава на сред пандемија.
    Требало да биде потрпелив, ако и тој го осеќал истото ко тебе.
    А ако течело се океј, еден ден ќе требало или ти да одиш кај него или тој овде, пошто не може никогаш да не се видите, нели.
    Ама како ќе му објасниш доколку стапите во контакт пак?
    Ако јас бев на негово место и дечкото со кој што се пишувам ми кажеше дека ме излажал само за да види реакција, ќе прекинев сигурно со него пошто би ми изгледал прилично несериозно и не би гледала причина зошто да продолжам.
    Малце ви била "драматична" врскава а тек не се имате ни видено :)
     
    На Nausicaa, Осе, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Vranjanka3

    Vranjanka3 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво :) Овој месец започнав да зборам со еден дечко од врање, на почетокот ми беше напорен некако нон стоп ми испраќаше пораки, еј каде си те нема...но во последно време гледам не ме бара толку како на почетокот, ама сепак пишуваме инаку од почеток се договараме да се видиме, тој спомна не сме далеку ќе дојдам, но проб. е што често спомнува да дојде а никако да дојде хаха , го прашувам дали работи ми вика не на одмор сум, не сакав да испаднам некоја што му пишува да дојде секој ден, глупо ми е, еднаш само кога му спомнав кога планира да дојде ми рече кога ќе се договориме и на тоа остана, стварно не знам зашто ми зборува ќе дојдам а никако не доаѓа а мене ми е глупаво да му пишувам секој ден кога ќе дојдеш? Еднаш ми спомна дека се плашел да не не излезам ако тој дојде, му реков нема зашто да не не излезам, како би можела да го убедам и тоа не ми е јасно, плус ми се свиѓа и ми делува на добар, ама тоа ќе дојдам и се нешто демек ќе се договориме тешко ми паѓа, како од една страна да не сака да дојде а ваму ми пишува:(
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ти веќе потпишана врањанка, тој се плаши да не не излезеш :P
    Прашај го дирек - кога ќе дојдеш?
    Кажи му, нејќам да сум досадна, затоа ако можеш сега да ми одговориш кога планираш за да имам во предвид.
     
    На BejbiBlu, Purplelilac, Vranjanka3 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    :rofl:
    Само што сакав да го искоментирам ова. :D
     
    На Vranjanka3, Biljarkata, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.428
    Пол:
    Женски
    @Katherine Manson Седи си таму кај што си.
    Не летај по такви личности.
    Од кај знаеш кој е и што е?
    На интернет може многу лесно човек да лаже а да е всушност спротивно од неговиот опис за себе.
    За едно бил искрен а тоа е дека не сака онлајн врска.
    Тоа е се освен врска.
    Тоа што ти рекол да отидеш кај него и да останеш ми смрди нешто.
    Не е во ред ова што го барал.
    Не стапнувај во контакт повторно.
    Да сака тој ќе те побара.
    А и таков не ти е потребен.
     
    На raww, cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Вака, јас пишував за еден дечко камионџија дека се гледавме, на кратко да не должам он ми кажа демек бил женет а после ми вика се зезав, намерно ми рекол да ми види реакција, почна да ми пишува упорно и дури мајка му ми ја даде на телефон да ми докажела дека не е женет, ајде помина и тоа пак почнавме да се допишуваме , братучедка ми знае дека се смиривме и дека пак ќе се видиме, проб е што кажала на тетка ми и баба ми , еј ... се гледа со камионџија има дечко со камион, иначе они се доста завидни и само гледаат кој за кого се омажил оженил и прееска ми се јавува тетка ми и ми вика а тој има ли куќа бидејќи камионџиите пола и повеќе ден го поминуваат во камион, сакав да и кажам, не само камион има;) мене ич не ми е смешно, зашто мора толку да омаловажуваат туѓи избори па и професии, се подбиваат со мене, а таман најдов некој кој е ок , не знам да му речам да смени професија , која сум па јас за тоа, ама коментарите од роднини, нашла камионџија не ми е сеедно некако..
     
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.460
    А ти живееш за тетки , за стринки?
    На братучетка ти очигледно е грешка да и се доверуваш, или пак напоменувај и дека не сакаш да пренесува. ( ма да....нема гаранција за тоа)
    Трето, мене лично не ми се допаѓаат такви лажги од нова особа која сигурно нема 16 години за да се лигави на тој начин. Се зезал. Фаќу...|(. Ова е жолт или црвен картон.
    Не знам колку години имаш но баба ти што мисли, навистина не е важно. Освен ако е пророчица или има докторирано психологија...
     
    На Purplelilac, Nausicaa, Осе и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Искрено, ова океј малку дискутабилно е. Уште не запознаени ти тепа муабети "женет сум", па мајка му на телефон...ко 12 години да има.
    Ми изгледа и како да имате голема разлика во години.

    Е сега за луѓето шо велат не треба да ти е гајле, ако тебе ти одговара ич не е битно шо мисли тетка ти (освен ако нема причина за нејзиното мислење).
    Шо е работата со муабетот "нашла камионџија"? Некој посебен вид се? Или исто ќе ти збора каков и да најдиш?
     
    На Purplelilac, Nausicaa, Осе и 10 други им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Значи ептен се нејасни ова камионџииве во државава, брее. :^)
    Остај ова родниниве што дрдореле, тоа е стандард пикање на носот во туѓ двор.
    Мене друго не ми е јасно, што е со камионџијава и зошто побогу те лажел дека е женет? Кој нормален кажува таква лага на девојка со која испаднал на дејт? :^)
     
    На Nausicaa, noteforself, Just.do.it и 8 други им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски

    Дали е типот ок, е дискутабилно прашање.
    Според неговиот однос, несериозен и незрел, вклучувајќи и друго лице, не ветува многу.
    Воопшто не ја разбирам потребата од споделување лични ситуации со други, а најмалку од типот допишување.
    За мир и безгрижни мисли, молчењето е незаменлива опција.
    Кога навистина ќе бидеш сигурна во изборот одлуката ќе биде твојот заштитен механизам.
     
    На Purplelilac, Осе, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    WTF?

    Да бидам искрена, овде би спуштила слушалка и би го блокирала. :|
     
    На Purplelilac, Nausicaa, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.