Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тој те лаже дека бил женет за да види реакција, ти се мислиш дали да му кажеш да смени професија пошто на стрина ти не и се допаѓа :rofl:
    Зошто си барате проблеми таму кај што ги нема наместо да уживате во животов?
     
    На simoncelicius, pamelche, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    16.290
    Пол:
    Женски
    Јас би го баталила и не би го погледнала веќе. Нормална личност не прави вакви невкусни шали што не водат никаде. Што се троши кислород на земјава (facepalm).
     
    На Purplelilac, Nausicaa, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  3. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Од кај ги наоѓате вакви бре :rofl:
    Ептен зрел дечко алал.
    И друго шо сакам да прашам е.. Зашо трчете да кажете на братучетки, вујни, стрини дека се допишувате??? Уште се немате видено, не знаеш ни каков е ни што е. А ова со муабетиве и дека ќе зборат ич не треба да ти е гајле.
    Заклучок по ова мислење е дека немаш повеќе од 17-18 години.
     
    На simoncelicius, Purplelilac, Nausicaa и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Бреј мајкатаа, ова изгледа до занимањето им е. Изгледа нема салам камионџија. Се е мавнато со мокар чорап. -.-
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Пробај со некое друго превозно средство. Дистрибутер со комбенце, шофер на бус, пица деливери.
     
    На simoncelicius, Purplelilac, Осе и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки потребно ми е ваше мислење и совет за една другарка која ми го напиша следново:

    Со дечко ми сме 1 година во врска но тој се однесува премногу ладно кон мене и скоро за ништо не се замара но јас не сакам да му раскинам бидејќи премногу го сакам и сум поврзана кон него често имаме мали кавги бидејќи тој не ми враќа на пораките подолг период и кога ќе го прашам што не е во ред тој веднаш избувнува и ми вели ако ми одговарала ваква врска да останам, ако не да го напуштам.
     
    На ^Likigirl^ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Епа убаво и кажал, што да и кажеме повеќе?
    Ако и одговара таква врска нека седи, ако не, нека го напушти.
    Не можеш сосила да го натераш човек да направи нешто што не сака.
     
    На BejbiBlu, Nausicaa, Milobebence и 13 други им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Нека си оди.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    16.290
    Пол:
    Женски
    Што совет бара девојчево :?:?
     
    На Maša8, cresa-jagoda, Ivanna23. и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Нека го напушти. Или нека му кажи дека кавги се решаваат на поинаков начин - со разговор, кој можи да се случи во моментот или подоцна, со ладна глава. Ако не ја послуша нека си оди, вака ќе нема иднина.
     
    На Purplelilac, Milobebence, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Најверојатно не знае што да прави, дали да му раскине или нешто друго да превземе за да се промени нешто во врската:?:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    16.290
    Пол:
    Женски
    Разбрав, прашањето беше саркастично. Се прашувам како се уште е во врска со некој тип што очигледно е дека не ја сака, не знам каков знак повеќе бара, што треба дечково да направи за она да сфати.
     
    На Осе, cresa-jagoda и tinka-mace им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Влегувам во темава и притисАков ми се крева од проблемиве.
    Иначе, патам од низок.
    Кај ги ископувате бре, од Англија, па се налутил дека не може да се видат, па му рекла најдов друг... И како да те сфати, еј супер, занимавај се со него, јас да излезам од локдаун и ќе дојдам па ќе средиме. И виза на другиов ќе му направи и ќе си живеете тројцата заедно И во повторниов контакт шо ќе му кажеш “се зезав бе, те тестирав” ? @Katherine Manson
    Ко камионџијава на @Tih-ana шта речи а не заплакати?! Прошлиот камионџија од кјара и кажал на мајка му дека била невина, овој ја дава мајка му на телефон да го правда дека не е женет. Мислам... ништо не мислам. Се смирила веќе таа со него, шо има ние да мислиме?!
    Плус ете баба ѝ мисли, дали имал куќа, арно не прашала на колку спрата е и со колку соби... И за ова си ја тупате главата.
    чудо сте, чудо...
     
    На tinka-mace, Purplelilac, pamelche и 22 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.428
    Пол:
    Женски
    Од мешање на мајки шајки тетки стрини затоа ништо не ви опстанува.
    Дури се чудам како имам нерви да ги читам овие работи, очите перде ми фатија што читам околу што се замарате.
    Ало бре, земете си ги проблемите во свои раце наместо да мешате трети лица.
    Утре плачете во темине, вака ми рече онака ми рече.
    Пресечи уште на старт ако си игра мајтап а не подоцна да си лупаш глава од зид.
    Кај незрел па и ќе ми кажува е женет па те лажел за да види реакција.
    Бреј, ама мажиште, па и со мајка му на телефон да зборела за да потврди дека се зезал.
    Па мене ќе ми биде срам да излезам пред очи на жената штом сум дозволила да си поигрува со мене и да му се смирам после тие драматизирања.
    Срам и од себе што сум си дозволила да испаднам идиот.

    Ама вие си знаете, големи сте.
    Џабе сите дадени совети по темата, секако си терате по ваше.(facepalm)
     
    На BejbiBlu, Purplelilac, pamelche и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Јас да ви се пофалам , ако ве интересира секако :D , дека сум каде каде подобра веќе. Ме фаќа чат пат пак тага и носталгија ама нишо страшно. Пресеков веќе , немам сила нит па имам уште 10 животи да плачам и тагувам. Другарка негова ми пиша нешо за него као знаеш дека тој е многу емотивен , збореше за тебе мака му било стварно. Ама јас немам повеќе желба да слушам , ако му било мака прво ќе се обратеше кај мене а не ќе играме расипан телефон. А мене не ми беше мака , 2 месеци пројдов низ емоционален хорор , упола човек станав. Ами и ја шо очекувам од 21 годишно дете. Нит се замарам веќе , шо сака нека е. Почнав да вежбам , да се посветувам сама на себе. Шо е мое ќе си дојде у право време , па макар и на 28 години. Боље уште 10 години сама него повредена од вакви луѓе. Само признавам криво ми е колку убаво почнавме , а како завршивме. Ама тоа е тоа нишо не е у моја моќ. Убав ден ви посакувам. :*
     
    На BejbiBlu, IRBBB, Fluffy^-^ и 21 други им се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Па Кјара, конечно! Редно беше. :wasntme: :D
    Ај сега ќе бараме рудари. :D
     
    На BejbiBlu, IRBBB, Veta и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одвоеното време, вас ви е смешно од страна ама ние што на своја кожа го доживуваме тоа со камионџиите верувам дека не ни е баш, ама ок. Во право сте повеќето, во мојов случај дечково ме имаше излажано од причина што со поранешната кога излегол се гледале и оваа после некое време му рекла дека е мажена и тоа го повредило и сега сакал истото и мене да ми го направи, ама ми рече дека е фин и добар и дека знае да сака некоја девојка само треба да чекам да ми го докаже истото, а коментарите од фамилијата повеќето не повредуваат ако сме искрени, не е сеедно да бидете само вие среќни со партнерот ако добивате негативни коментари од страна.
     
    На edna_malecka, Martka и Kjara15 им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Него му се случило истото со друга девојка и бил повреден и наместо да му дојде памет во главата и да научи лекција и да не повредува други како што бил и тој повреден, тој истото го прави.
    Не, не ни влијаат на повеќето коментари од страна, ако дозволуваш да ти влијаат, никогаш нема да си среќна.
    До тој степен да ти влијаат што помислуваш да му речеш да смени професија, не смееш да си го дозволиш тоа.
     
    На pamelche, Nausicaa, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Настрана тоа шо е камионџија.
    Ама типот првин те лажи дека е женет и после еј јас се зафркавам, мислам озбилно :^) Па ти ја дава мајка му, да ти потврди, од каде знаеш дека стварно била мајка му ? А и колку шо памтам не е мал, некаде 30тина години мислам имаше спомнато дека има, а се однесува како несозреан тинејџер.
    А тоа со роднини, вие ни кафе не сте пиеле цела фамилија знае, па уште од сега викаш, кога се мешаат од страна.
    Јас ова знаење од одма од страна на фамилии, па и запознавање не можам да го сфатам стварно.
    Доволно си голема барем така мислам и покрај горе коментарите од женските, се надевам дека правилно ќе одлучиш и после нема да те читаме кај шо ти е тешко и жал.
     
    На Purplelilac, Nausicaa, Tih-ana и 6 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.428
    Пол:
    Женски
    Тоа што си поминала со камионџијава не е ништо у споредба со оние вистинските проблеми.
    Се однесувал несозреано, ја изиграл твојата доверба поради тоа што му го направила бившата и подоцна ќе се правда колку бил добар и фин.
    Тука нема ништо добро и фино, баш напротив.
    И не е до професијата, туку до карактерот на човекот.
     
    На Nausicaa, Milobebence, Tih-ana и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.