Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Јас сакам дечко камионџија.
    Да го нема 3 месеци и кога ќе дојде парфем да ми донесе 8)
     
    На MarigoldA, BejbiBlu, simoncelicius и 33 други им се допаѓа ова.
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    И да не заборавиме дека иде да јаде тортичка за роденденот на мајката. :inlove:
    Тоа е тој пресладок гест што не можам да го заборавам, остајте го парфемот. ;)
     
    На Snowflake97, Vranjanka3, Veta и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Па и згора на се , да ве насмеам малце сега ме потсетивте. Прашуваше од шо фил е направена , со мајка му и тој правел торта за роденденот на сестра му. :D И сите филови ги разбира , ако престане со камионот да вози може слаткар ќе биде. :D
     
    На Milobebence, buba4e89, Lavender4 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.520
    Пол:
    Женски
    Ништо не биднало, се глупира таа а ти преувеличуваш. Уште го имаш на социјални мрежи и гледаш што лајкува? Бриши го одма и него и сите негови блиски ако сакаш да продолжиш напред.
     
    На raww, buba4e89, GrimTheReaper и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ти требаат повисоки критериуми.
    Каква Маркова кула пфф, Ајфелова додека не вети, не може да е арен.
    Само така ќе знаеш дека е озбилен.
     
    На tinka-mace, raww, black-angel и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како не го идеализираш?
    Толку љубов и внимание, а на мајка му и кажал дека ти е прв само затоа што таа сака невина снаа.
    Го идеализираш многу. Знаеш какви врски ќе имаш во иднина? Знаеш какви машки можеш да запознаеш само ако си дозволиш? Ако престанеш да се мачиш со овој?
    Можеш такви луѓе да запознаеш што работите кои тој ги правел за тебе, ќе ти се смешни.
    Крени си ги критериумите ајде.
    Млада девојка си, животот е пред тебе, толку многу можности и шанси ќе имаш во животов, ќе уживаш.
    4 пати сте се виделе, не си раскинала 10 годишна врска.
    Сакам со ова да кажам, баш треба да си среќна што завршило толку брзо.
    Пошто потешко е кога ќе се вложиш многу години и ќе се распадне.
    Вака било, поминало, продолжи напред, не ти пропаднало многу време па за толку да жалиш, 4 месеци само.
    Побогата за едно искуство и научена лекција.
    Ајде крени глава, избриши ги сите што те поврзуваат со него и од вечерва прекини да се грижиш за него, почни да се грижиш за себе.
    Грижата за себе значи да ги блокираш сите луѓе кои можат да ти пишат за него и да фрлиш се што те потсеќа на него.
    Да се тргнеш малку од него, да не мислиш цело време на него и да пробаш да се зафатиш со друго.
    Нема зошто да го романтизираш моментот на "прв" затоа што верувај ми дека многу од тие идилични приказни што ги слушаш за "прв" се од луѓе кои не им е убаво во врските и браковите ама мораат таа приказна да ја продаваат пошто самите себе се убедуваат дека им е убаво.
    Порано зошто немало разводи знаеш?
    Затоа што било срамота да се разведеш и бидеш со друг.
    Ако си разведена, ууу никој нема да те сака, не си невина веќе.
    И мисли си ти дека порано повеќе љубов имало.
    Не, баш напротив, трпеле све и свашта заради овие работи погоре.
    Епа ти треба да ги надраснеш тие работи, да се сакаш себе си повеќе од тоа и тогаш ќе престанеш да го романтизираш моментот на "прв".
    Има машки што можат да те сакаат најмногу на свет и не им е гајле колку дечковци си имала пред тоа и дали си невина.
    Барај такви, не идеализирај маж што на мајка му и вели дека ти бил прв само за да ја смири.
    Таквиот треба во секундата да ти се згади, а не уште 2 месеци да жалиш по него.
    Ти треба да си уживаш во животот, да имаш секс со кого сакаш, и воопшто да не се потценуваш себе си затоа што нема да си засекогаш со тој што ти бил прв.
    Затоа постои раскинувањето, па со мајките што не родиле не сме врзани, зарем ќе се врзуваш за машко?
    Ќе бидеш со еден, ќе испробате, ќе видите, оди-не оди, ќе раскинете и продолжувате со животот.
    Со другарката зарем со првата што ја имаш запознаено во живот, само со неа се дружиш?
    Не, растеме, созреваме, се менуваме, ни се менуваат карактерите, ни се менуваат потребите и желбите цело време па така и луѓето во нашите животи се менуваат.
    Ништо страшно, тоа е животот, на сите истото ни се случува.
    Разликата е во тоа дали ќе го сфаќаш како трагично и нема да си дозволиш себе си да продолжиш или ќе го сфаќаш ко нормален настан што му се случува на секого и е дел од животот и нема да дозволиш еден настан да ти влијае на целокупната среќа.
    Избриши солзите, избриши го него, се што те поврзува со него и направи денеска нешто што те расположува, комедија пушти си, цртај, музиче слушај и уживај.
     
    На Ivan4e04, banne1, Snowflake97 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Here we go again.. :yawn:
     
    На tinka-mace, Veta, GrimTheReaper и 12 други им се допаѓа ова.
  8. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    @Kjara15 Се надевам и покрај тоа што ти пиша другарка му, нема да потпаднеш пак во депресии и да се самоуништуваш. Кога напиша дека подобро се осеќаш баш се израдував, и сега ова пак.
    Не дозволувај ова пак да ти го наруши напредокот. Не вреди да се помисли на дечкото, уште помалку реферати тука за него, не вреди. Ти си побитна, стави се на прво место и продолжи понатаму.
     
    На raww, noteforself, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.428
    Пол:
    Женски
    Маци, а кај беше другарка му кога ви настанаа проблемите? Туку конечно си тргнала напред и ете ја од никаде го оправдува како му било тешко а од него ни трага ни глас или па биле заедно па си рекле ај да ти пишат да си гледат комедии од тебе.
    Што е тој толку добар па да не можеш да го заборавиш?с
    Зошто ги чуваш не знам, што очекуваш од нив? Сакаш да го заборавиш а ги чуваш сите негови...
    Ма кога раскинувам со некој бришам се од корен, прекинувам, толку.
    И тоа што лајкнува љубовни статуси за вени сечење не е ништо, може туку така му се допаднало и лајкнал.
    Ова ми звучи од типот - Аиии срце вчера раскинавме, ми го видел сторито, значи уште се замара со мене.:inlove: а тој случајно го отворил.
    Не дозволувај ништо да допре до тебе, ништо.

    Имало полоши проблеми пишувано овде, прекинување на веридби, 3 4 5 годишни врски а ти овде сечеш вени за некој мрсул што не знае што со животот а си била со него 3 4 месеци.
    Те разбирам дека ти е тешко ама за ваков човек ко него не вреди, тагувај ден два, не со месеци.
     
    На Izaabella, GrimTheReaper, black-angel и 10 други им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Изгледа се заљубувам во бивши на братучедка ми. Во ред е?
    Братучедка ми мажена многу далеку од тука, и веќе има расчистено со него.
    Јас ако се прашувам од една страна си викам "добро ви почетна фаза си заборави го неможе да има љубов тука" а од друга страна си викам "е ако де што има врска".
     
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Според мене не е во ред. Или барем јас не би го можела ова, што знам.. :|
    А тој има некакви чувства кон тебе, си приметила ти? Блиски сте?
     
    На ЕденЧлен, Maša8, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Види јас вака би размислила:
    Што ако прерасне во нешто ептен озбилно ,во крајност одам значи ,дали би можела да ја викнеш на свадба ?


    Мене така братучетка ми се смува со симпатија - знаеше дека ми е симпатија доолго време ,секако ништо не испадна ни од нивното ама мене не ми беше сеедно. Сега не би го погледнала и јас и онака ,се претвори во нешто...немам збор соодветен. Но сепак тогаш бев повредена.


    Или како последна опција ,доколку и кај двајцата има чувства би размислила отворено да разговарам со братучетка та.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Зависи колку си блиска со братучедка ти и каква е била нивната врска. Ти ја подобро познаваш и сигурно знаеш каква им е била врската и дали тој е добар човек за тебе и дали ќе и смета тоа да си си него.
    Доколу гледаш иднина со него, нешто сериозно запознај го подобро, доколку не подобро е некој друг...
    Сепак тоа е твој живот, послушај го срцето.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа каква им била врската. Некоја детска пролазна или посериозна?
    Колку си блиска со неа?
    Дали има емоции и заинтересираност од другата страна?
     
    На LadyLollypop и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Они двајца пробаа една година изгубија Али незнам зашто раскинаа. Со братучедка ми се гледам еднаш годишно на сила.
    Тој ми пишуваше едно време, сега сакам јас да почнам да му пишувам и да испадне сериозно.
    Ама незнам.
    Ќе пробам да го заборавам.
    Благодарам за советите сепак.
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Тој колку години има?
     
    На edna_malecka, Bezimenka90, Just_a_kid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.520
    Пол:
    Женски
    Таа сега го има заборавено него ехее, си продолжила со животот, ете во брак е, нема што да се секираш заради неа. Со мои бивши кој сака нека е, нема да ми е гајле, така да, пробај.
     
    На Juicy и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    21
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vranjanka3

    Vranjanka3 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам, се видовме со дечково, но само онака пријателски, ајде можеби бидејќи прв пат се гледаме и нормално нема да се понашаме како да сме во врска, но на крај кога ми рече мило ми е што се запознавме ми рече и можда ќе се видиме пак ако дојдам...што требаше ова да му значи:wasntme: му реков да пише кога ќе стигне и пиша , ама некако не знам ми делува дека се ќе остане на тоа само да бидеме пријатели, знам дека е рано, но јас со него не сакам да сум само пријателка, а никогаш не сум го направила првиот чекор со дечко, обично мене ми се пуштале, нити можам така..не знам каде ќе иде сето ова, страв ми е да не се разочарам:(
     
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кога ќе се влези во оваа тема, треба да излегува некое pop up прозорче на кое ќе пишува: запознавање со родителите на втор дејт не е гаранција за си живееле среќно и весело до крајот на животот.
    Ветувањата жена ќе ми бидиш и деца ќе ми родиш исто така.
    И сите варијации.
    Напротив, само знак за лажни ветувања, манипулатори и хехе маженца.
     
    На Biljarkata, Snowflake92, pikabu5 и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.