Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Не ми е јасно зошто се прават толку драми за обичен преглед на гинеколог?
    Закажувам, испаѓам од дома, одам на преглед. Што има тука страшно, срамно, ненормално.. па за да ми треба храброст да отидам без мама?
    Над 20 пати сум била сама, којзнае колку пати со мама претходно, не ме изеле до сега. :worried:
    За односи, и тоа не ми е јасно зошто мора да се кажува. Секој си има различни ставови за ова прашање.
    Го замислувам муабетов- здраво мамо, јас имав секс. :|
    Како да изреагира мајката? Нормално заштитнички ќе биде настроена, секоја се плаши да не те изигра некој мангуп.

    Само да се филозофирало непотребно, докажување кој е најпаметен тука. Излезете малку од форумов и таму бидете паметни, лесно е тука позади екран.
     
    На S.W.A.G, Ambrosia, Just_a_kid и 10 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Башка како што знам, забрането е да влегуваш на доктор со придружба, во пандемијава, освен ако се работи за одредена возраст. Уште еден плус, да не се плаши. Зад затворени врати, може слободно што сака да сподели со гинекологот. A и гинекологот не смее да споделува информации за полнолетно лице, доколку самиот пациент не сака да ги каже. Плус, може да кажеш на сопствената мајка да излезе, мислам јас не би го сакала тоа за себе, на таков преглед некој да ми виси дополнително, и онака ми е секој пат незгодно.
    Мене ми изгледа дека на членката, најголемиот страв е што ако оди на гинеколог, ќе дознае мајка и дека имала секс. И затоа прашува дали да каже првично или не. Да ја омекне состојбата, а да не биде шок.
     
    На tinka-mace, ЕденЧлен, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.517
    Пол:
    Женски
    @poi не ти треба мајка ти да доаѓа со тебе. И да дојде, секако ти сама влегуваш за преглед, ама не мора да доаѓа воопшто. Можеш само да и' ја кажеш причината поради која ќе одиш на гинеколог, но не мора ни тоа да кажуваш. Твоја работа си е. А како што разбрав 2 години си во врска, мислиш мајка ти очекува да не си имала односи во тоа време? Само што ни те прашува ни очекува да и' кажеш, оти не мора.
     
    На S.W.A.G, Martka, pamelche и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Направивте турска серија од едно прашање на девојчето. Мајка и била оваква-онаква, дечкото бил проблематичен. Секогаш си додавате свои зборови!

    @poi треба да одиш на гинеколог, пред се за твоето здравје. Бидејќи си сексуално активна, треба да имаш матичен гинеколог (уствари секој треба да има матичен гинеколог, со редовни прегледи). Здравјето треба да ти е побитно, од стравот што ќе каже мајка ти.
     
    На BejbiBlu, S.W.A.G, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Девојки жал ми е што направив олкава збрка. Еве да објаснам некои работи:

    Мајка ми не дека не го сака дечко ми, туку таа е со мислење дека на мои години тоа уште е т.н. детска љубов, т.е. дека имам уште време за сериозна врска. Важно и е моето образование, а секако и за мене тоа е најважното нешто. Не би сакала да го запоставам образованието за дечко, а ниту пак обратно. Значи како прво не знам како да и' објаснам на мајка ми дека јас искрено го сакам. И да, сега можам да кажам дека имам сериозна врска, но не можам да кажам што точно ќе се случи во иднината. Мајка ми често ми зборува дека една грешка може да ми го смени цел живот, секогаш ми зборува да мислам што правам и да бидам со умот в гла (се осеќам како да не ми верува). Не сум толку блиска со неа. Дури се сеќавам пред две години кога прв пат и кажав дека имам дечко, почна да се смее (нели детска љубов)... Значи последно е поокеј спрема ситуацијава. До скоро не го викаше и на име. Детето е навистина супер. Можеби не е одличен ученик, но затоа е совршен човек и тука нема минус. Дознав дека и комуницирале на телефон пред некое време, дури таа закрижена за мене го побарала (пробав да си наштетам). Повторувам, детето е супер и нема причина зошто не би го сакала. Единствено преовеличува со тоа "биди со паметот в гла, мисли што правиш".

    Друга работа - сакам да појдам на гениколог за мое лично здравје. Се плашам да појдам со неа за да не дознае дека сум имала односи. Да, сум имала односи, но заштитени и нема причина да се сомневам во нешто. Но еве деновиве ми доцни (и тоа 4-5 дена). Иако бевме сигурни дека е невозможно да сум бремена, направив тест и испадна негативен. Чим ми доцни сигурно има некоја причина и затоа сакам (морам) да појдам на гинеколог за мое лично здравје.

    Уште еднаш се извинувам за настаната збрка и недообјаснетата ситуација. Се разбира, ви благодарам на сите за вашитр споделени мислења и вашето одвоено време. Нема потреба од карање и дофрлување, јас го почитувам сечие мислење и секој совет.
     
    На BejbiBlu, S.W.A.G, Stressed Out и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Пак ќе се повторам, ако не сакаш да и кажеш на мајка ти, не и кажувај, тоа што не се осеќаш блиска со нејзе, за жал е нејзина вина, не твоја.
    Не те разбрав пак за моментот со гинеколог, зошто не можеш да одиш без да и кажеш?
    Оди и не и кажувај или ќе треба да објаснуваш пари за кај ти требаат?
    Или таа ќе инсистира да доаѓа со тебе?
    На гинекологот треба да му кажеш дека си имала односи, не е во ред да го избегнуваш тој момент, за да биде прегледот целосен.
     
    На S.W.A.G, nextredstyle, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ако толку не сакаш сама да отидеш на преглед, јас би отишла со партнерот. На мајка ти ќе и кажеш, ако сакаш и кога сакаш.
     
    На S.W.A.G, Martka, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Според ова мислам да споделиш со нејзе. Жената не постапила никако лошо туку сакала да ти укаже да не забаталуваш други ствари поради љубов, како образование и пријатели ( и да не го правиш тоа,нејзина должност е да те упати).Да си имаш убав живот и умот во главта секогаш. И не дека не ти верува туку пуста мајчинска грижа. Ми делува човек на кого можеш за се да се потпреш. И создади си близина.. за работи како посегнување по живот да не ти се случуваат.Туку кога ти е најтешко да имаш да се изнаплачеш и потпреш. Така да зближи се со мајкати и уживај со дечко ти.
     
    На Veta, Stephen Amell, Titanium 2 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Дечко ми сакаше да дојде со мене, но си реков зошто прв пат да одам со него кога тој е машко. Кога подобро размислив си реков зошто да не кога тој ми е најголемата поддршка.

    Знам дека се грижи за мене, но на моменти се осеќам дека не сака да ме разбери.
    Сега за сега нека остане вака, па ќе видиме што ќе ни донесе иднината.

    Ви благодарам на советите!
     
    На edna_malecka, Stephen Amell, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.217
    Допаѓања:
    125.529
    Пол:
    Женски
    @poi Нема потреба да се извинуваш.Твое право си е да одлучиш дали ќе споделиш со нас или не.
    Истото важи и за тоа дали ќе ѝ кажеш на мајка ти.
    Што и да одлучиш,немаш причина да се срамиш.
     
    На edna_malecka, poi и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  11. Anjickas

    Anjickas Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет:)
    Другарка ми веќе 3год оди со дечко кој е зависник од наркотици.Она не е ни полнолетна и нејзините родители не ја одобруваат врската уште од почеток.Најпрво почнаа со убаво за да ја оттргнат од него бидејќи беше мала но не им успеа.Почнаа и да ја тепаат,а таа избега од дома.Едноставно животот им стана пекол.Сега почнаа да се плашат да не направи нешто и ништо не прават а секако не ја подржуваат врската.Само со разговор но таа не прифаќа им вика дека го одбира него и дека он не се дрогира.Јас долго време ја скривав и молчев за се(а знаев одамна)се додека не го видов со свои очи.Тогаш и кажав,а она само пушти солза.Од тој ден веќе не ми прави муабет.Ве молам за совет како да се оттргне од него па макар и нека не ми прави никогаш повеќе муабет.Многу ми е важна се дружиме од 5 год,и не сакам да и се случи нешто лошо.А и за семејството ми е жал.Луѓето навистина живеат во пекол и страв секоја ден...
     
    На Ivanagirl20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Кажи си го твоето дека не е за нејзе, да ги тргне розевите наочари да гледа малку реално. Нејзин си е животот, свесна е сама. После тоа тргни се.
    На човек на сила неможеш да му дадеш ако не сака.
     
    На cresa-jagoda, ЕденЧлен, poi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ја тепале сопствената ќерка, па сега треба жал да ми падне за нив дека живееле во страв, оф оф.
    Не знам дали им текнало дека можеби избегала од нив пошто никој не сака да седи кај што го тепаат.
    Освен со разговор, не знам како да и помогнеш.
    Со убедување константно, се додека тебе не ти стане товар. Ако ти стане, повлечи се.
    Институции можат да се вмешаат ама за тоа треба семејството да потегне и семејството има најголема моќ бидејќи има најголема одговорност кон девојката.
    Избегала од дома малолетна, зарем не пријавиле во полиција?
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anjickas

    Anjickas Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Многу пати до сега и го имам кажано тоа дека не е за нејзе.За жал продолжи исто..Таа помеѓу родителите и сестра,и деугарките го одбира него.
     
    На Ivanagirl20 и Tarara им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Врз основа на последната реченица, треба да ти стане јасно каква другарка имаш. Ако на нејзе и е најбитен дечкото наркоман, подобро дистанцирај се. Штом родителите не можат да се справат, не можеш ни ти. Сепак тоа е нејзин избор, иако погрешен, почитувај го и продолжи да живееш без неа како пријател.
     
    На Hellobeautiful, minne992, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Anjickas

    Anjickas Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Значи од кога избега од дома мајка и се разболи.Татко е исклучил на момент и ја истепал.И го зеде и телефонот.Но пак исто тераше она по старо.Мајка и се плаши да не си направи ништо и тогаш почнаа да не и викаат нешто.А кога избега беа спремни да пријават во полиција,но ја најдоа кај него дома..
     
  17. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    За жал нема како да и помогниш кога таа ни сама не сака.. твоето си го направила и си и кажала што е правилно..нејзино е да си одлучи..сепак родителите треба да си го земат случајот во свои раце и да превземат нешто кога е веќе малолетна..
     
    На edna_malecka и Anjickas им се допаѓа ова.
  18. Anjickas

    Anjickas Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Нема што да прават и они.Имаат се пробано.А за неколку месеци ќе стане полнолетна и се плашат дека уште полошо ќе биде.Секој родител сака најдобро за своето дете,се плашат да не си замине кај него,да се омажи.За да не го направи тоа треба да го прифатат ,а неможат во никој случај.Незнам како да ви кажам ама најголемиот наркоман и дилер е тој.Беше и на лечење но неуспешно.
     
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.428
    Пол:
    Женски
    @Anjickas Не можеш да помогнеш на некој што не сака да си помогне себе.
    Твоето го имаш направено веќе.
     
    На Hellobeautiful, Mikha4, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ништо не можеш да направиш ако таа не сака да прифати совет/мислење. Човек се поправа кога сам ќе си ги увиди грешките, рано или касно, сеедно, но само сам може да донесе одлука да корегира нешто. Додека таа не увиди сама дека тој не е за неа, вие не можете со инка да ѝ го турите тоа.
     
    На simoncelicius, Hellobeautiful, Mikha4 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.