Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    3.854
    Не знам баш дали е соодветно прашањето за во темава, ако не е префрлете го. Вака, пред 2 ипол месеци раскинав 4 годишна врска. Немав желба да зборам со нови луѓе еден период, се затворив во себе и работев на себе. Пред 2-3 недели почнав да се допишивам со еден дечко на инста, претежно површен муабет имаме колку што и можеш да правиш со некој што не се познавате се уште. На почеток бидејќи ми беше ново, а и можда ми фалело машко внимание ми беше океј, интересно. Сега он предложи онака да излеземе да се запознаеме повеќе и бидејќи е фин и се тоа си реков ајде зошто да не и се договоривме за наредниве денови да се видиме но вчера мислев долго на тоа дали сакам воопшто да се гледам со некој и општо да започнувам било што ново и сфатив дека се уште не сум спремна за било што. Мислев дека сум спремна после раскинувањето за нешто ново но не е така, сфатив дека ми е потребно уште да работам на себе си за да се чувствувам подобро и спремна за нешто со некого. Сега ми е незгодно како да му кажам дека не ми е до гледање, човекот е сосема океј, не сакам да сфати погрешно а не сакам ни да давам вејќе надеж. Како на најдобар начин да му кажам?
     
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ако е океј дечкото, зошто да не се запознаете? Не мора врска туку така да си го позабавуваш мозокот. :?:
    А за одбивање, кажи му дека не си спремна за да се гледаш со некого и не сакаш да го повредиш. Ако е разумен дечко, нема да те сфати погрешно и ќе цени бидејќи си била искрена. :)
     
    На Veta, sunshinebabe, minne992 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.427
    Пол:
    Женски
    Oд едно запознавање и кафе нема да ти биде ништо, плус не мора да значи (веднаш)да прерасне во врска.
    Лошо правиш со тоа што се затвараш.
     
    На Ivan4e04, Veta, sunshinebabe и 11 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Немора да значи дека ако искочишс со некој веднаш треба да ти биде љубов.
    Треба прво другари да сте, некое време па тек тогаш ако ти се разбудат чувства.
    И самата кажуваш дека сеуште имате само површен муабет.
    Е сега што подразбираш под "површен муабет" ти си знаеш.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, sofija014 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    @sofija014
    Дај и шанса на шансата :)
    Да, релативно брзо сте раскинале ама па може дечкото да ти остави убав впечаток и да те воодушеви.
    Ништо не губиш, може само да добиеш.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто не му пишеш ко што е?
    Кажи му дека скоро си излегла од долга врска и одкако сте се договориле си сфатила дека не си спремна за нови искуства.
    Не се терај сосила ако не си спремна.
    Да, ништо нема да биде од едно излегување, ама баш е по безвеза да излезеш и после да му откажеш, ќе мисли дека нешто лошо направил на излегувањето.
     
    На eliesaab, edna_malecka, winnie7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ќе премине веднаш во нешто сериозно. Немој да се затвараш, и јас правев како тебе. Ти треба промена, излези на едно кафе, муабетете си, ако гледаш дека он сака нешто повеќе, кажи му отворено дека во моментов не си спремна за тоа, ако е океј со тоа, фино. Јас после мојата последна врска три месеци никаков контакт немав со машки, и потоа полека почнав да одам на дејтови, иако знаев дека не сум спремна за нешто посериозно. Искрено многу ми помогна. Не мора да се обврзуваш со било кој, ама излегувај, давај шанси, и само пријателство ако е, ќе ти смени многу.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Зошто да не излезеш? Не значи тоа дека веднаш врска ќе почнуваш, можеби ќе произлезе добар пријател од тоа ти секако си работиш на себе си, а тоа значи да си и даваш шанси ида запознаваш љуѓе нели и тоа спаѓа во работењето на сама на себе? Еден е животот ништо не губиш можеш само добар пријател да стекнеш, а ти секако биди си отворена дека не сакаш ништо повеќе од пријателство.
     
    На cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  9. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве известам - бев сама на гинеколог (со другарка). Не беше ништо страшно, само ехо. Си викам "леле, зошто толку паничев". (facepalm) Се' е во ред и нема место за грижи. Бидејќи ми доцни неколку дена, треба да почекам. Вика сигурно е хормолно или од стрес.
    Си имав некоја страшна замисла за ова, не знам зошто. Поминав одлично! :D
    Иииии фала ви што ме охрабривте на овој потег, ве сакам! :l:
     
    На tina2018, BejbiBlu, sunshinebabe и 8 други им се допаѓа ова.
  10. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Сега се чувствуваш ужасно - биди искрена. Кажи му ја вистината. Доколку е океј момче ќе има разбирање и нема да сака да те повреди. Ако мислиш дека имаш сила, дај му прилика само за пријателство. Сигурно да излезиш сега со него (макар и како пријател) е претешко за тебе, но никогаш не знаеш како му е него, т.е. што доживува тој. Тоа е причината поради која треба да си искрена кон него. Викаш дека сте се зближиле, значи би требало да разбери.
    И не се откажувај душо, се надевам дека брзо ќе го пребродиш овој период! :l:
     
    На cresa-jagoda и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. sleepyprincess25

    sleepyprincess25 Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Имам потреба од совет и затоа се регистрирав. Се допишувам со еден дечко на инста, од различни градови сме, муабетот е океј и сам кажува дека чувствува хемија и бла бла. Сингл сме и двајцата. Ме праша дали одам во неговиот град, кажав не, и без мислење кажа дека “морал” да дојде и да се запознаеме. Требаше да дојде овој викенд, Вчера не ми пиша ништо конкретно кога тргнува и сл. но по муабетот беше јасно дека денес ќе дојде. Јас, искрено, поместив планови, се ослободив од работа денес и утре и сѐ за нели, да му посветам време. Ценам што се нафати да дојде. И дечково денес го нема. Не ми пишува, ни доаѓа ни не, ни ништо. Возрасни сме, не делува ко заебант и сл. Не знам дали да го прашам отворено или да се правам на три ипол. Цела сум ко испаничена, имам грдо чувство во мене, цел ден се вртам в место и многу ми е непријатно. Не знам што да правам ниту што се случи со детето.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.516
    Пол:
    Женски
    Како не пишал ништо конкретно а јасно било дека ќе дојде? Тоа треба да се договори. Прашај го секако.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ~*~

    ~*~ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    @sleepyprincess25 пиши му де, прашај го дали останува планот за денес, барем ќе си знаеш.
    Иако малце неодговорно делува што ништо не пишал и не те известил.
     
  14. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Требало да се договорите конкретно. Ти си поместила обврски, планови и си зела слободни денови од работа за средба што не ни знаеш дали ќе се случи. Пиши му за да знаеш на што си, ако не доаѓа да не чекаш џабе.
     
    На sunshinebabe, poi, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  15. sleepyprincess25

    sleepyprincess25 Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Па така, вчера пишуваше некои шали и кажа демек не замерувај, петок е расположен сум. Го прашав што го расположило толку? Дека ќе ме запознаел.
    Ми е незгодно некако, испаѓа ко да го молам, не знам...
     
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Директно прашај го , па не сте мали деца па да те мотка . Нема да испадне како да го молиш , ти не го молиш само го прашуваш .
     
    На sunshinebabe, poi, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  17. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Чекај сега како што разбрав не сте се договориле дека ќе дојде денес за сигурно туку е било само на муабет? Зошто си си поместувала планови ако не си била сигурна и плус не сте се договориле јас мислам кога некој ќе дојде се договараш, пишуваш и прашуваш дали си слободен тоа време да се видеме и слично онака како би се најделе и како ќе биде сигурен дека и ти би била слободна тоа време? Мене ова ми личи само на муабет оставено...
     
    На sunshinebabe, eliesaab, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Фраер на батерии. Се кажува идам/не идам и ајт. Освен ако не му искрснало нешто као корона/смртен случај, работа или било што. Но, кога знаел веќе дека има договор, можел да напише една реченица и да се извини.
     
    На raww, Alisa22, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.427
    Пол:
    Женски
    @sleepyprincess25 Колку години има типот? пошо е ова крајно неодговорно од негова страна.
    На негови години треба да се однесува зрело, искрено, фер и џентлменски.
    Ако му искрснал проблем, требало да ти каже, да не го чекаш.
    Кај си поместила планови за него а тој глуми ваму недопирлив.
    Без оглед на тоа дали се имате договорено за денес или утре, требало да ти каже каков му е планот.
    Мене искрено после ова ќе ми биде глупаво да разговарам со ваков тип, ќе се чувствувам извисено.
     
  20. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    @sleepyprincess25
    Јас од ова можам да заклучам дека не сте договорени да се видите. Ти претпоставуваш дека ќе дојде ( зошто така ве водел муабетот) и го очекуваш цел ден.
    Баш поради тоа што сте возрасни, требало да го прашаш дали останува за денес да се видите и договарате време и место.
    Сега и да недојде, немаш право да му се лутиш затоа што и од твоја страна немало иницијатива за договор.
     
    На edna_malecka, Milobebence, Avery и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.