1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emilly14

    Emilly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    лееле ок де! Гледам има теми ке ѕирнам за тоа. :)
    А сега да ми дадевте совет за она што побарав ? :(
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш како било, и нема што да му докажуваш на дечко ти. Ако навистина немаш никаква вина во ситуацијата, тогаш зошто да му се правдаш?
    Ако дечко ти одлучил да му верува на тој твој братучед, негово право е. А дали ти си му дала причина претходно да не ти верува, тогаш разбирливо е дека нема да ти верува. Не ме сфаќај погрешно, не знам каква ви е врската, каква ви била претходно, ама ако имаш 15 години, не треба да се заморуваш со такво нешто. И нема зошто да бараш начини да му докажуваш на дечко ти било што. Тебе ти е совеста чиста и не би требало да се грижиш. А таков дечко кој не ти верува, не ти ни треба.

    Што се однесува до стравот, ќе го надминеш. Не се сите машки такви ;)
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Не знам зошто ти е страв од машките, да не те смуваат?????????????? :lol: :lol: :lol: : Па ти ако не сакаш никој не може да те смува. Ајде да седеме дома да се криеме да не не муваат :D . И траума ти било, дај молам ти се. Знаеш ти што е траума? :^)
     
  4. Emilly14

    Emilly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    не барав совет за тоа. сепак фала. ;) а за тоа дека не може.. размисли малку ;)
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Место да те подржи тебе тој му верува нему.Ако навистина е така како што кажуваш не гледам зошто би ти било тебе криво за нешто.Штом одбрал да му верува нему, нека му е со среќа.Разговарај уште еднаш со него и кажи дека ова ти пречи и пак кажи му ја цела ситуација.Ако сепак остане на страна на братучед ти акни му клоца,шо ќе ти е некој кој нема доверба во тебе и кој на секоја караница ти вади низ нос нешто што и не се случило.А нема зошто да се плашиш, ете сепак ништо не се случило, не се сите машки исти немај гајле.Секоја од нас има налетено на ваков самобендисан заводник,само зависи во кој период од животот, и колку е зрела, да не кажам пораснета, па различно и си го има сватено.. ;)
     
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Видов за што бараш совет, но сакав да ти кажам дека се преоптеретуваш на 15 години со трауми, глупости... Ееее еден ден ќе се смееш на овие работи верувај. Дај боже се да ти биде како што сакаш во животот, но има многу потешки работи, а ти лошо се изрази траума ти било тоа :^) . И според мене не може кое машко сака да те смува ако ти не сакаш и цврсто стоам на тоа ;)
    А еве совет сега:
    не се нервирај и замарај со тоа како да го убедиш дечко ти, ако тој те сака нема да му верува на братучедот туку тебе. И нема потреба да ти го префрла постојано тоа, разговарај и кажи му, ако не најдобро оддалечи се и најди си друг симпатија бидејќи не вреди уште сега да се нервираш за вакви работи.
    А како трет братучед те смувал, тоа не се смета за роднина???? Размислува тој или?
     
  7. kacuska

    kacuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Имам другарка што имаше ваков проблем уште кога одевме на факултет. Секој ден правеше планови како да му раскине, но денес се маж и жена, имаат и бебче. И секогаш се смееме кога се враќаме назад. Ти посакувам среќа а господ ке ти помогне,и сама ке почувствуваш дали е вистинскиот.
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Aко ова нејзиното е траума, тогаш .... Ај да си ќутам ... Гами убаво си и кажала !
     
  9. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Епа вака феминки имам еден проблем т.е незнам дали да го наречам проблем... и ми треба ваш совет и мислење
    Вака.. има едно дете кое многу ми се свиѓа и е трета година и он не ме знае но јас него да и цело време ми лајкнува некои песни на фб а дур пишував статуси не ми лајкнуваше и сеа почна да ми ги лајкнува и имав постирано една песна тоа беше одамна и ми напиша коментар со срценце и цело време коа ќе го видам кога искачаме ме гледа.. значи не ме знае он а ми оставил срценце со коментар ај на другарки шо ги знае им остава коментар со срценце дали ова би значело нешто?

    Ве молам помогнете ми ако имате некој совет или коментар пишете ми у лична порака или тука. Однапред фала :worried:
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    LitttleRNBPrincess зошто не му се обратиш, пиши му на чат како е како си ,започни разговор со него и ќе ги сфатиш неговите намени ако веќе ти е страм прва да му пријдеш ;)
     
  11. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    па срам ми е... :/
     
  12. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    25
    Девојки ми треба совет и мислење :(
    Со децко ми сме заедно година ипол и во последно време само се караме без некоја послебна причина.Несака да излегува со мене(не ми го кажува тоа директно ама се познава),постојано си наога изговори,не сме како порано чувствувам немаме заеднички теми на разговор и кога сме заедно ќутиме и двајцата немаме што да си кажеме иако не сме се виделе неколку дена.И сексот не ни е нај нај.Нема гушкање,нема бакнување,нема галење...... :( :(
    Незнам што ни се случува во последниов период ама дефинитивно неможам да продолжам вака....Некој совет?? :(
     
  13. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Време е да почнете да експериментирате. Ќе почнеш да правиш работи што го прават среќен. Стави му до знаење дека тој е тој што губи ако се разделите.
    Биди мила, нежна, не му префрлај ако сака да излезе со другарите. Почни да му ги готвиш омилените јадења, одамна е докажано дека патот до срцето на мажот води преку стомакот. Купи си нова долна облека, играј му стиптиз.... До утре можам да набројувам со што може да се усреќи секој маж. Ќе видиш како за брзо време ќе почне со гордост да те покажува пред сите и работите ќе се вратат на свое место ;)
     
    На Mija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мија,потребни ти се промени,за излегувањето излегувај со другарки да видиш како ќе реагира,сексот мора да го освезиш и да му посветиш големо внимание,често токму тој ја враќа блискоста,а истовремено е поврзан и со бакнувањето,галењето.Во подолги врски доаѓа и до кризи,ама не очајувај,преземи акција,промени ги нештата.
     
  15. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    25
    Пробав така ама се чувствувам како некоја будала само јас му се јавувам,само јас му давам предлози да правеме нешто заедно ......незнам дали е до мене работава или?
    Немам ништо против тоа да излегува со другарите ама секој ден и секој ден да нема време за мене нели е малку себично? :(
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мија,а што ти вели кога отворено ќе го прашаш зошто е таков?
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Можеби станува збор и за презаситеност,обично во подолгите врски се случува да настапи периодот на монотонија.Можеби му треба издувен вентил.Пробај малку да не форсираш дека нешто не е во ред и постојано да го прашуваш за тоа.Однесувај се сосема природно како се да си е во најдобар ред.Само по себе се ќе се сложи,проблемот ќе избие на површина.Женските понекогаш знаат да бидат и драматични-машките се попрости во тој поглед,како амеби се,со чест на исклучоци.Не сакаат некој нон-стоп да ги прашува:што ти е?А зошто вечер не си со мене?Што се случува?...итн,сите оние „хиљаду зашто“прашања, што ние успееме да ги поставиме во рекорден рок од 25 секунди. :|
     
    На Mija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    25
    Не сум го прашала така директно зошто е таков,кога ќе почнам нешто така да го потпрашувам почнуваме да се карам

    Можеби навистина треба малку да се правам на ''тошо '' дека работите се во ред можеби така тој ќе свати дека не е се како што треба
     
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Епа тогаш пробај обратен метод. Не му се јавувај скоро ич. Кога ќе ти се јави еј во гужва сум, ова-она, ама насмеана секогаш, како ништо да не е. Па он ќе почне да се прашува дали нешто згрешил и зошто не е како порано :?:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Најмалку сакам да те разочарам но најверојатно се работи за заладување на односите во врската што се надевам дека е привремено. Мој совет е малку да му оставиш простор, како на нас така и на машките им треба понекогаш.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.