Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Не ми е океј цел муабет.
    Не ми е океј исто така и неговиот одговор дека мајка му ја интересирало, а тој не знаел што да и прави.
    Секој родител го интересира се за своето дете и бара начин да дознае, до граници на нормалност.
    Ова може да биде и посериозен проблем од што изгледа.
     
    На raww и Tea678 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Каква е таа 'игра'?
    Може објаснување за стар чоек, ко мене.
     
    На Tea678, cresa-jagoda и Jana06 им се допаѓа ова.
  3. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Па она што погоре го имаше Зоки кажано, бриши пораки, се утрипува дека таа него го замара за фраер да испадни, верувај и такви постојат. (страшно знам)
    Ама кога кажа колку години има сфатив дека ситуацијава е далеку покомплексна. :|
     
    На raww, tinka-mace, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.426
    Пол:
    Женски
    Ај ако не е измислена приказна или трол нека не ве изненадува, мамини синчиња постојат.
    Годините уште помалку нека не ве изненадуваат, годините немаат врска со зрелост.
    Само не знам од каде ги наоѓате таквите.
     
    На edna_malecka, Reina.Gitana, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не мора да значи дека е мамин син.
    Може таа е стварно таква.
    Не ми е нереално мајка да копа по приватноста на децата.

    И јас сакам да знам се' за ќерка ми, ама сама да ми кажи.
    Од друга страна, познавам купишта родители што им читаат на децата пораки и што сурфале на нет.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    И да не е трол не верувам лично дека стварно се случило ова со мајка му. Заради тоа што секој нормален човек ако нешто вака му копаат по приватност ќе е барем малку нервозен и нелагодно ќе се чувствува, ќе проба да расчисти. Овој ја прашал мајка му и таа се насмеала (крипи) и баталил тој, се во ред. Не ми се склопуваат коцките. Јас пример не би му верувала, ако е вистина ова горе и не трола.
     
    На KateKane, СуперДевојка, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Точно така, до одредено ниво можиш да правиш нешто а не до крајности.
    А знам има родители што се мешаат до тој степен цела врска да растурат и под целосна контрола ги држат на децата, што не ми е во ред.
    Знам, не сум родител и можеби не знам како оди, но никогаш мое дете не би го контролирала до тој степен.
     
    На edna_malecka, Tea678 и WildMk им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама живее со нејзе тој, навикнат би бил на нејзиното однесување.
    Ако не може да ја смени, нема да помине 27 години во расправање со нејзе.

    Што ако е случај, сметам дека е премногу попустлив со нејзе.
    На негово место, би ставила пин за да не може да чита.
     
    На 6th sense, Tea678 и AgentGinger им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе и јас сум навикната на моите, ама до ден денес се расправаме за работи што не се ок. Не дека ми се мешаат во живот, Боже пази, ама нормално имаат маани и не секогаш постапуваат правилно посебно за самите нив. Не значи дека ако сум пораснала со нив дека ќе прифатам се како што е сервирано.

    Како да е дечково ако постои, или лаже или е мамин син. Јас и двете не би ги толерирала.
     
    На raww, neno0o, Tea678 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Поштовам.
    Во суштина, така треба. (y)

    Само сакав да навлезам тро подлабоко во позадината на нечие однесување како од примерот.
     
    На Tea678 и Celltica им се допаѓа ова.
  11. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и тој е голем маж и треба до некаде цврст став да заземи, и да нема мешање.
    А, ако до толку не можи, нека си стави пасворд.
     
    На Tea678 и WildMk им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.426
    Пол:
    Женски
    Абе дадо, приватност не се споделува, има и родители што копаат по приватноста, ете ти не си таква ама не значи дека не постојат.
    А ги има такви што кажуваат се на родителите, пример случајот со камионџијата што кажал на мајка му дека ја "скинал" ти текнува?
    Едино проблем ако не знаеш како да го решиш па да побараш совет од родител, а да одиме од крајност до крајност и да дозволам мајка ми да го земе мобилниот и да чита пораки еве според мене ептен е претерано.
    Можел типот ако му пречи однесувањето на мајка му да стави лозинка на мобилен и решен проблем.
    Што ќе било ете ако девојчево во тој момент му пишувала секси муабети или му пратила секси слика?
     
    На Veta, tinka-mace, Tea678 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А може и треба да размисли до кога ќе живее со мајка му, пак ќе речам, ако е вистина. Мене би ми било мноооогу тешко да поверувам.
     
    На tinka-mace, Tea678 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    На 27 год, ако мајка му чепка во тел, има лек. На моб може да се стави пин, патерн, пасворд, фејс анлок, фингр принт... А ако сака да спие, може и да го искл моб и да го стае под перница
     
    На flawless., ЕденЧлен, СуперДевојка и 7 други им се допаѓа ова.
  15. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Па треба да се тргни настрана.
    Само не разбирам зошто некои се толку заштитнички настроени кон децата? Ако е вистинска приказнава, не се работи ни за помладо дете туку за маж кој е способен сам да донесува одлуки.
     
    На tinka-mace, Tea678, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Еве ова е веќе конструктивен коментар. Искочи девојчето криво шо го "нашло". Ако тебе не ти се "паднал таков" значи имаш навистина за што да му бидеш благодарна на Универзумот. Чукни во дрво, пупупу и уживај.
     
    На Limpan, WildMk, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Дечки, фала ви на сите ми објасни дека порано имал многу лошо друштво и свашта му се случувало и од тогаш мајка му почнала да се секира за него и да ја интересира што прави и со кого се дружи , дечково е добар фин ете имал лошо минато ама сега се сменил и тоа било наводно причината, ако тој ме излажал ве излажав и јас вас, фала ви и на тие што одвоивте време па и на тие што мислите дека е измислено. (Камоли да беше)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Кажа јас утре ден кога ќе се женам, нема да дозволам да се мешаат ни моите а ни твоите, бидејќи ќе живеам сам со жена ми, како и да е ќе видам понатака како ќе се одвива ситуацијата, ако видам дека се сето тоа само зборови а не дела ете немам што да барам со него. Фала
     
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не мора да се жениш за да се осамостоиш.
    Плус ова горе што го пиша уште поневеројатно звучи. Според мене лаже суши :D И да е засекирана мајка му која потреба да брише пораки.
    Втора работа, кога влагаш во нешто сериозно со некој што има минато, треба да се осигураш дека стварно е минато.
     
    На KateKane, noteforself, AgentGinger и 7 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.426
    Пол:
    Женски
    Нема да се замарам да објаснувам, само ќе кажам дека не треба да толерира ако типот не знае да пресече.
    Врската е меѓу нив двајца а не и меѓу него неа и мајка му.
    Што бара со него ако не знае да постави граници?
    Утре за поголеми работи ќе се меша таа.
    Треба уште од старт да се средат работите а не да се одолговлекува.

    И не е воопшто крива, ама треба да размисли до кој степен би толерирала.
    Лично јас не толерирам, и имав таков пример и не чекав да се продлабочи проблемот, ама кај мене беше друг проблем, друг пат околу тоа.

    @Tea678 Зборувај со него за тој проблем, дај му ултиматум да го среди тој проблем со мајка му за да не се повтори друг пат.
    Доколку се повтори знаеш што треба.
     
    На Tea678 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.