Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mid

    mid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11
    Немој да брзаш пред тебе е животот, од кога ќе се омажиш цел живот ќе бидиш жена, одете бидете заедно објасни им дома дека вистина се сакате, правете си планови за еднина ама иднината оставете ја за неколку години подоцна, уживајте сега е најубавиот период
     
    На mimii94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Аман бе?! Девојко имаш 18 години, колку и да се строги тие не можат да ти кажуваат со кого да се гледаш а со кого не. Покажи малце заби па ке видиш како ке се понашаат..
    Ти ако си го сакаш и сакаш да бидеш со него,иди им контра и ке видиш ке попуштат ..
    И мене ми бранеле ама запнав нема бе, мене ми е ок и битно е што сум среќна..
    па за што те сметаат они? за глупа? знаеш ти да разликуваш добро и лошо, црно и бело..
    ти викам, покажи малце заби ке се откажат.. нека го запознаат добро пред да му судат на дечкото,крај краева изгледот не треба да биде пресуден.. се додека те третира како што треба
     
    На mimii94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    mimii94
    Според мене дечкото сака брак за да може слободно,без тој притисок од родителите да те има,да те покаже,да биде со тебе. Ако се земете-значи сте заедно и никој не може да ви стои на пат. Јас ќе кажам браво за дечкото на таа возраст да помисли да направи нешто такво и да се нафати за тоа,ако не друго ти покажува дека стварно те сака,дека стварно сака да биде со тебе без разлика на се,и тој е на факултет нели-ама не е мислел на него,и тој сака да има кариера за да извади полесно парички за bas без да се мачи како грешен ѓавол ама сепак се нафатил нели. А ти сепак си го ставаш тоа пред него. Помисли добро над тоа. Нема да те советувам-не го прај ова,не се мажи,нормално е сите тука да ти кажат не се мажи,ти тоа го знаеш и си бараш малку подсилување за да напрвиш тоа по ти веќе си решила и веќе си го мислиш. Секој си има свој пат,дали ќе се земеш сеа или покасно само ти треба да си знаеш и одлучиш. Ама мислам дека колку повеќе мислиш толку повеќе нема да знаеш шо да правиш и ќе се збуниш. Гледај малку да средиш работите дома, од таму ти иде се-твоите. Среди го тоа,избори се да бидеш со него. Не верувам дека тоа шо е низок е вистинската причина така да ти прават,зад тоа се крие нешто друго. Не се деца па да велат дека изгледот е се во животот и затоа шо е низок не ти дават. Избори се ама на добар,убав начин со карање работите само можат да се влошат. И после ако веќе се гледате без забрана и пречка,ако и тогаш веќе сакате да се земете направете го. Се надевам ќе го направиш правилниот избор ;)
     
    На mimii94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    Дефинитивно, немало потреба од такво драматизирање.
    Не знам колку време сте заедно, но велиш веќе има година и пол, а тоа е доста долго и не заслужуваш такво однесување од негова страна, а особено прекинување на контакт без никакво објаснување.
    Изгледа како да му била целта да се скарате, како да морал да најде било што за да те обвини.
    Размисли дали можеби има некакви промени во неговото однесување. Освен таа ситуација. Можеби долго време ја планирал вашата пауза и баш тогаш нашол глупава прилика да избувне.
    А и ме интересира зошто би му се подналутила што тој излегол со другари во дискотека? Поради тоа што можеби се сомневаш во него, не му веруваш доволно, мислиш дека ќе те изневери? Мора да има причина за тоа што му се лутиш за такво нешто.
    Можеби би било добро доколку му се јавиш и да се договорите да се видите и да разговарате како луѓе.
    А доколку те игнорира или одбива да се видите и разговарате, тогаш тоа би изгледало на крај, за жал.
    Зошто да го молиш или да се каеш? Дали воопшто знаеш за што се каеш? Немаш за што да се каеш. Си излегла со другарки на кафе и ти да се извинуваш за тоа каде си била. Многу е бизарно.
     
    На Aylin123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Се согласувам со претходното мислење. Обиди се даа разговаараш со дечкото, бидејќи толкав период врска не е хумано да заврши на таков начин. Разговарај со него и од разговорот ќе сфатиш дали дечкото барал само изговор да се скарате и да не чувствува грижа на совест бидејќки знае дека премногу го сакаш. Разговарај со него и кажи ни што ќе направиш. Се надевам дека е само криза во врската и дека ќе си останете заедно. Со среќа!
     
  6. yanartgoth

    yanartgoth Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Ај ако знаете дајте некој совет..Имав еден дечко и многу се сакавме но заради глупост мораше да раскинеме. Глупоста, т.е проблемот е што тој сеуште живее во 15ти век,и уште некои работи.Сите ми викаат го најде човекот на кој што треба да ти е гад и да плукнеш од што не вреди..најдобриот другар ми вика глеј го каков е, подобра си од него, мутав е, незнае да се изјасни, грд е која ке го сака..А и ја му бев прва девојка други немал не ни има..Али не ми е тоа гајле, ја го сакам каков што е..Бевме долго време раскинати, но мене ми е многу жал а и го сакам уште.Пред некое време му пишав меил а пред тоа кога да му пишев ме блокираше, бегаше..Сега ми пиша вака-Сакаш да се смириш со мене, во ред да речиме дека можеш, ама како да ги заборавам зборовите што ми ги кажа јас сум бил ретардиран сум бил неспособен за работа само сум бил џаболебар, после заканите што ми ги прати ти досадвењето на домашен телефон.И на крај после се мама немала пари да ме абортира. Секогаш сакав да те научам на некој работи тоа ти го сваќаше како да сакам да те малтретирам епа.Ако мислиш така не ме барај а за прошка нема да ти дадам прошка имавме убави моменти не викам не нека ти бидат последни сеќавања од мене чао еднаш за секогаш и немој да ме бараш повеќе. Јас мѕ го реков тоа, но мајка му му збореше дека сум била ментална, он ми викаше дека сум гадна, ваква таква кога се скаравме..Но сега многу убаво му пишав.Другарка ми вика да не те сакаше немаше да ти пише реферат пак има нешто.А негов пријател ми пиша mislam ako mu recis deka iskreno mu se izvinvis i mu recis da probate us ednas poarno ke e..незнам кај да го најдам, сакам да сме заедно и барам идеа за да смислам нешто за да ми прости да се смириме извиниме..Инаку се гледа дека е повлечен,емотивен..така да незнам како..ај совет, идеа..
     
  7. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    Јавиму се на телефон,покани го на кафе и на разговор,ако те сака сеуште и ако не е толку повреден мислам дека ќе се смирите.
     
  8. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    yanartgoth
    Таквите работи стварно знаат да ме испровоцират. Кога се слушат само другите,кога луѓето во врска не се почитуваат и се прават лом,се навредуваат. Не ми е јасно зошто постојано се враќат еден на друг. Зошто,кога не се прифаќаат еден со друг,и си штетат еден на друг.
    Ако на мене некој а посебно другар/ка ми зборува така за дечкото или за некој шо ми значи нема да бидам ладна и да не реагирам,туку ќе си го заштитам. А ти дури самата сметаш дека он е таков,и дека тие негови особини ставиле крај на врската. Се гледа дека ти го сметаш за нешто подоле од тебе, прочити се како го објаснуваш. И бараш совет.. советот ти е да ги цениш малце луѓето шо ти значат и да донесуваш сама одлуки и да размилиш како е најдобро,а не да слушаш и прашуваш нон стоп другите.
     
  9. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ми треба совет,незнам што да правам..
    се работи за бившиот,раскинавме пред 2 год.,сега сака повторно да биде со мене,сериозна врска сакал,јас навистина го сакав премногу мислам дека и тој ме сакаше,причината за нашата разделба беше тоа што моите не ми дозволуваа да бидам со него,дека фамилијата не им се допагала,татко му имал швалерки и мислеа дека и тој ке бил таков,неможев да поднесам како ме гледаат дома и како морав да се кријам кога разговаравме по телефон,моравме да се криеме,(и последната врска ја уништив благодарение на нив),никаде не излегувавме заедно,освен кај него дома и во кола си седевме,неможев повеке така да се кријам и му раскинав заради друг а тој цело време ми звонеше и пред него и ми викаше дека ме сака,раскинав со овој и повторно се фатив со него но тој имаше загубено доверба во мене,и цело време се расправавме за тоа,знам дека направив многу глупости имав 19 год тогаш.инаку тој цело време од кога сме раскинати ми остава сигналчиња на мобилен понекогаш,по некоја порака ми пишуваше да праша како сум.Инаку јас уште имам чувства за него ама не како порано и тој ми кажа дека
    сеуште ме сака,а најмногу ме плаши ако бидам пак со него домашните повторно да не се разочарат кога ке слушнат дека сме заедно и пак да не ми забранат,а јас сакам нормална врска без криење,а тогаш
    како да не сакаше да излегува со мене да ме покажува,за викенди седев дома,а ако излезев со другарки се каравме и ми беше многу криво,не го сфакав и тоа беше една од причините за разделба.Инаку му кажав дека ке размислам дали пак да бидам со него и треба овој викенд да му одговорам,незнам што да правам,инаку сме генерација
     
  10. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Штом поминало многу време а емоциите не ти се со јак интензитет како некогаш,размисли дали сакаш повторно да бидеш со него и да се криеш од твоите.Да го сакаш 100 процентно,нема да ти биде битно што другите па и твоите мислат,туку би направила да го прифатат и дефинитивно не би се криеле.Во целава ситуација битно е дали ти го сакаш а не твоите.А нема зошто родителите да не прифатат ако те видат среќна покрај него.
     
  11. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    незнам дали само моите се такви ама кога ке осетат дека имам дечко,почнуваат попреку да ме гледат,тотално се менуваат во односот со мене,разбирам дека се загрижени но претеруваат некогаш,ми отежнуваат само
     
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426

    Зошто да те гледаат попреку? Па не си мала, 22 години имаш. :?: Би требало да се радува родител ако си ти среќна и тие да се, освен нели (не зборам за тебе туку општо) ако ќерката ги менува често, нормално дека такви ќе бидат.

    Во друг случај не гледам некоја причина да се однесуваат така. Зависи и со кого одиш, каков е дечко ти, колку време одите и тн. Многу фактори влијаат на тоа, ако сакаш совет пиши подетално за што се работи. :) :)
     
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    имам пишано во претходната страна,инаку не ги менувам често,напротив
     
  14. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Сега прочитав. Деликатна ви е ситуацијата, но еве најнапред ќе кажам дека за 2 години многу работи се менуваат, созреваме подобро и гледаме каде порано сме грешеле.

    Прочитај го тоа болдираното уште еднаш и размисли добро. Во ред, грешка ти си направила, а тој пак не сакал да те носи во јавност. Сега сте разговарале? Што сака со тебе? Да бидете нормален пар како што доликува, да си излегувате на кафе, за викенд и тн., а не да се криете од јавноста?

    Исто така ако мислиш и знаеш дека го сакаш дај му шанса, но да ги исполнува овие услови што ги пишав погоре, штом веќе сака сериозна врска.
    Не оди така тебе да ти е сеедно со чувствата кон него, тој да сака само дома или во кола, пак ќе се вратите на старо.
    Значи види што сакаш ти, разговарај што сака тој, после одлучи дали ќе бидете во врска или не.

    А за домашните, ќе сменат и тие мислење кога ќе го видат во издание, лично. Ќе го запознаат, после нека даваат проценки дали е ко татко му или не.
     
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    фала ти многу за советот ,баш тоа ми требаше да си го разјаснам,и да му имам кажано да разговараме очи во очи,ке разговараме,ти благодарам многу уште еднаш :*
     
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ако сеуште имаш надеж дека може да функцинирате тогаш нема проблем, малку да се двоумиш може да создаде проблем. А и тој штом те бара, сигурно не му е сеедно за тебе. Се надевам дека ќе најдете добар компромис и решение. И за понатаму да си знаеш, тоа што ти смета ќе му го кажеш.

    А за домашните, ако си цврсто убедена дека сакаш да си со него ќе го докажеш токму спротивното од мислењето на твоите за него. :)
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Нормално е родителите да бидат загрижени и треба да ги сфатиш, а не да е лутиш, бидејќи родителите секогаш ко сакаат најдоброто за своите деца. Верувај родителите можат да почувствуваат што им се случуваа на своите деца, во случајов дека имаш дечко и сигурно имаат причина што не сакаат да си со него и биди сигурно декаа во наајголемиот дел од случаите кога ќе бидат против нешто, аа ти тоа нешто упорно го сакаш и ќе ги мразиш бидејќи не ти дозволуваат да го имаш ( во случајов дечко) верувај дека после некое време ќе сфатиш дека биле во право. Јас не сум родител, меѓутоа моите родители никогаш не ми забранувале да правам ништо, секогаш остаавале сама да си ги носаам одлуките, а тие само ме советувале. Верувај дека секогаш нивниот совет бил правилниот, самао што тоа го сфаќав многу касно откако веќе нештото е направено, секако како што јас сум сакала. Меѓутоа секогаш тие беа во право!
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Вака девојки...во врска сум една год. Го сакам и знам дека ме сака ама... не сум среќна со него.Ова му го имам и кажано во една кавга. Се фаќам себеси како помислувам на друг, како водам љубов со друг..не знам...сега бевме разделени една недела поради работа и се слушавме, сето тоа да но не чувствував дека ми фали..а кога ке помислам дека може да има некоја друга е тогаш ме обзема бес..мн сум збунета .Не сум материјалистка далеку од тоа но ми пречи и што немаме услови сами да останеме да отидеме некаде само на кафе и тоа е тоа.А јас сум постара од него и сакам да отидам да прошетам барем еден викенд да сме сами заедно...Помислувам и да раскинам но не би сепак можела без него. Не знам ако иам некој вавкво искуство нека ми каже што да правам
     
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426

    Сигурно ти е страв да не останеш сама, затоа и те обзема бес. И сама велиш дека не си среќна со него, помислуваш на друг... а дечко ти само го врзуваш за себе. Исто така зависи што чувствува тој? Колку ви е сериозна врската? Што мисли тој за тоа? Ако не си сигурна во вашата врска, не се чувствуваш заљубено, подобро да ставиш крај. Ако има барем малку надеж, пробај да вложиш повеќе, може ќе бидеш посреќна тогаш.
     
  20. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Refused
    Според мене си во кризата на долгата врска ;) или не знам како да ја наречам на друг начин. На почетокот на врската се е ново,интересно,после како мине време се запознавате убаво,работите малце затишуваат и се осеќаш така како шо во моментот се осеќаш и после ако издржиш тој период,ја гледаш реалността и не дека се помируваш,ама знаеш на шо си,со каков човек си,и еден вид шо ти носи таа врска на тебе лично. Јас сум во долга врска,многу подолга од твојата,имало периоди кога сум имала некои од тие мисли,ама кога ќе престанеш да се бориш,да се инатиш,и едноставно да ги прифатиш работите такви какви шо се и личноста до тебе таква какво шо е,без да бараш и очекуваш се од него повеќе и да не си задоволна се од него,ти ќе гледаш подруго на работите и врската е подруга. Барем мојот,неговата љубов си ја искажува на свој начин,а не на начин како шо јас очекувам и сакам. Или кога ќе гледаме романтични филмови и одма се лутиме дека нашиот партнер не ги прави тие работи и одма не сме задоволни од него. Си ја искажуват љубовта,ама на свој начин. Сите сакаме да идеме некаде,за тоа сите си фантазираме ама кога нема услови ќе се помирите. Или ќе се потрудите да си заштедите некој денар за да одите некаде,било да е блиску до вашето место,или ќе се помириш и ќе се потрудиш да ги направите интересни работите. Излет,прошетка низ шума близу до вашето место,со автобус може на еден ден да одите во друг град.. идеи има колку сакаш. Кога знаеш дека некој е со тебе и го имаш,тогаш си посмирен и се осеќаш сигурно и тоа може да те доведе до такви мисли или да го искористиш тоа на некој начин. Ама кога некој не е достапен,не си сигурна дека те сака,забушава-тогаш и мислиш повеќе на него и ти недостасува повеќе. Да се одалечи од тебе,да ти каже он-не сакам,не сум сигурен во врска со нас сигурно да не ти се јави цела недела,ке ти недостига и ќе мислиш често на него. Шо знам,интересни се врските и треба малку игра на топло ладно понекогаш. Замисли да си со некој шо само те подржува цело време,ти вели-да во право си-ти ќе си кажеш досадно ми е,сакам предизвик,не те сакам. А кога си со некој шо те предизвикува,и знае да се налути,да биде стог понекогаш со тебе-тогаш има движење во врската. Ако се сакате потруди се за твојата врска. Во овој случај барем дали си среќна или не зависи од тебе. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.