Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Не верував дека за овој случај ќе пишувам тука, ама ете ми треба мислење.

    На кратко, одевме година и нешто, ме изневери и раскинавме. По година и пол пак ме побара. Му се вратив, убаво ми беше со него и мислев дека овој пат ќе биде друго. И навистина беше.
    Но, има еден проблем. Во таа една и пол година додека не бевме заедно, последните 3-4 месеца јас се гледав со човек со кој тој заврши средно, се дружат ама не се блиски другари.
    Мојов помина преку тоа, ама не е се‘ како што беше пред да дознае. За време на секоја караница тоа ми го спомнува.
    Преку глава ми е кога јас ќе се налутам мааалку за нешто тој да го заврти муабетот и да се враќа на таа моја грешка. :| :|
     
  2. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Па тоа не е твоја грешка.......прво грешката ја направил самиот кога те изневерил а тоа каде каде е поголема грешка,а за ова второво ти си била СЛОБОДНА девојка си можела да одиш со кого сакаш,па ете под некоја околност се погодило тоа да биде негов школски ама тоа не менува ништо затоа што ти не си била во врска па да ИЗНЕВЕРУВАШ некого ккако тоа што тоа ти го направил тебе.
    Мој совет да го седнеш и да му кажеш убаво дека и ако не заслужувал ти си му простила и ако сака пак да имате убава врска да си ги остави коментарите на страна затоа што ако и ти му споменуваш во секоја кавга дека тој те изневерил и него нема да му биде убаво а и врската нема да може да ви потраае......значи кажи му да биде благодарен што повторно сте заедно и потенцирај му дека ТИ ТОГАШ СИ БИЛА СЛОБОДНА па си можела да одиш со кога сакаш.....нема вајлда дома да се затвориш после раскинувањето со него.......се надевам дека добар совет ти дадов ;)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Ааааа чим ти префрла на секоја кавга верувај ми....И да си крива и да не си исто ке е...Мислам според мене седни го и кажи му убаво во 1.5 година си бев слободна и што сакав правев и не си ти тој што ке збори за темата ИЗНЕВЕРУВАЊЕ океј е но сепак машки се машки колку толку блиски знаеш како одат тие машки муабети..Може би те сака премногу па го боли ако тој го види и му пререче а таа машка гордост пред другарот не дава..Па на тебе ти се истура ...Седни и кажи му ...Срце остај го минатото да проживемее убави моменти на тие повеќе ке се, сеќаваме не се знае утре што ке биде :)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мое мислење, може ти се чини дека се е убаво но тоа минато, неговото изневерување и тоа што ти си била со негов другар ке ви стои секогаш како облак и никогаш нема да можете да преминете преку тоа..
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Во врска сум скоро две недели, знам дека е премал период за било какви заклучоци, но мене искрено ми е доста од неговото понашање :^)
    За се се лути, и за најмала ситница тој се лути, гледам сака да е се по негово, некако сака да наредува, неколку пати се пошалив на негова сметка, тој од мравка направи слон, јас сум немала право така да се шалам, знам има некои проблеми, го прашав што е дали можам некако да помогнам а тој ми одговори дека нема потреба да знам јас ништо, дека тој не требало на секој сметки да полага, неговите проблеми биле само негови :^)
    Пред некој ден ми се исклучил телефонот без да забележам и нормално не бев достапна, подоцна ко видов дека ме барал му звонев но не се јави, потоа тој се јави и почна да вика каде сум била, со кој, што сум правела, зошто сум недостапна :o

    Јас повеќе незнам што да мислам и како да реагирам на неговите испади, сум помислувала и за да прекинам, но некако се надевам дека ќе се смени :?: :?:
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ако уште сега вака се понаша, во иднина ќе станува се полошо. Бегај на време. Подоцна ќе биде ти биде потешко
     
    На Moira, kravce, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Чадорче, збирај парталите додека се уште трезно размислуваш :) Неговите проблеми тој треба сам со себе да ги реши, а не врз тебе да ги истура, и тоа на нова девојка, нова врска :!: Овој ли е тој со ајварот? Ај може ајварот поубав испаднал од дечково :D
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    па кажиму дека не е греска нели тогас не сте биле заедно?!..тогас не е никаква греска тоа..греската е негова сто тој те изневерил,а кога нареден пат ке го спомне тоа слободно кажиму дека тој прв те изневерил и дека вие не сте биле заедно тогас,па спомнимуја и ти неговото изневерување :!:
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    според мене си направила грешка што си се вратила на врска од минатото посебно по една и пол година :x ,мислам тоа е период бе девојко можат милион работи да се случат и сигурно се случиле никогаш ама никогаш неможе нешто да биде исто кое притоа претходни поради некоја причина прекинало како што гледаш и кај вас е така тиа кажувам од искуство еднаш прочитана книга се знае кој му е крајот за жал, а што се однесува до неговото префрлување мислам дека е смешно бидејќи во тој период сигурно и тој со некој се гледал и ако така се префрлувате никогаш нема тоа да има крај така да или седнете еднаш расчистете или според мене секој по својот пат...
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    :D Не е тој со ајварот Кравче :D тој отиде и толку беше, нит се јави, нит сам се јавила.
    Искрено и јас мислам да си ги соберам парталите додека е време, додека не е нешто посериозно :)
     
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    Ве молам за помош со дечко ми бевме во план да се земеме јас им кажав дома на моите и тие не се согласија бидејки тие немаат сопствена кука (живеат во државна) ми рекоја да се разделиме но неможам премногу се сакаме. Денеска цел ден со моите правиме за тоа муабет и им реков дека ке му купат стан но тие не ми веруваат мислат дека ги лажам и ми велат дека така лесно не се купува. Тој работи има кафана негова и ми велат дека јас неможам со него да имам иднина немам перспектива со него и ред други работи. Неможам без него ве молам за совет како да ги убедам незнам што да правам.
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    колку години имате вие двајца?????
     
  13. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    по 24 имаме и двајцата
     
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Мона, нормално е родителите да се грижат за твојата иднина. Неможе ќерката што ја гледале 24 години, што вложувале во неа да ја остават да живее едноставно кажано без сигурен покрив над глава. Но ако е така како што кажа дека неговите ќе му купат стан тоа е веќе друго. Гледам дека штом и тука си стасала да бараш совет ти си решена да ги убедиш твоите и да стапиш со него во брак.
    Мој совет ти е лично дечкото да го однесеш дома, но притоа тој да биде запознаен со негациите на твоите од дома за на крај да не се изненади секако непријатно,па дури тогаш да настанат дополнителни и посериозни проблеми. Верувај дека тоа е голема навреда за некој.
    Верувај дека кога тој ќе каже дека навистина со тебе планира иднина и планира да гради семејство и дом и твоите ќе попуштат (ако само станбеното прашање му е проблем/пречка). Сепак друго е кога тој цврсто ќе застане на нозе и ќе ги увери дека горенаведеното и навистина така.
    Поздрав, па кажи што си направила :)
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    па не сте мали и двајцата и нормално работоспособни сте ке си работите и ке си спечалите
    што мора да има стан за да се земете ???
    што му фали на тиа парови што живеат под кирија со слога ке се спечали се
    нормално е дека секој родител го сака најдоброто за себе така и твоите се грижат за тебе за тоа каква иднина ке имас со него али најверојатно не те свакаат озбилно и мислат дека ова е илузија и за некое време ке помине али кога ке се уверат декавие се сакате и сериозно размислувате за брак тогаш верувам дека ке си легнат на брашното у секој случај убаво е и он да се запознае со нив и да си ја каже неговата намера
     
  16. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    ете сум и јас,незнам од кај да почнам и како да го објаснам проблемот,ама ке почнам од почеток и ќе бидам кратка за да не ве замарам ;) конкретно за вчера е работата....бев кај дечко ми,се беше супер,расположение и се спречкавме за нешто навистина небитно и ми вика: каква си напраена,не се трпиш :( мене неубо ми падна нормално и јас само издишав и ми вели не туку ми издишвај (ова со повишен тон го рече,да не речам ми се развика) и јас ништо не реков.по 10 мин како ништо да не било,се супер....вечерта мајка му почна да спомнува нешто за факултет (тој беше запишан ама само 2 пати беше,не му се учеше,почна да работи и не заврши) и почна да вика.мене ми се врти ми вели ти многу контра почна да ми одиш,незнам шо,незнам како,јас го извлеков подебелиот крај.ама во последно е ваков,се шо да речам јас му смета,се мурти,се лути,мора да биди на неговото,значи секогаш тој е во право ние другите ништо не знајме :fubar: мене понашањето ми било никакво........и ко ме носеше дома,в кола збор еден единствен не кажа.....слегов јас пред влез,се бацивме онака ладно и то беше,ми се јави после то дека стигнал и од ко си легна ама пак ладен! и јас многу се нервирам,незнам шо му проблемот,па ми се смачи веќе од ова,се плашам некогаш да речам нешто за да не се налути господинот,СЕ ГУШАМ!!! ама па го сакам,нема лоша душа ама е импулсивен,то му е најголемата мана.епа ве молам за некој совет,како да постапам,шо да напрам оти веќе не се издржва ;( ;( поззз
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    веке сте возрасни и двајцата обезбедете добро место за живеење и ти ке си разговарас смирено со твоите,па не сте деца за да не живеес заедно со саканиот.
    а тоа за родителите е нормална работа бидејки се грижаат за тебе..
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па добро ако имаат место што дека живеат во државана куќа има луѓе што живеат под кирија па не умреле,од друга страна родителите имаат право ако земете стан на исплата или живеете под кирија животот не е лесен треба да бидеш спремна на све си се запрашала како ќе биде и дали си спремна?но ако се сакате и ако напорно работите заедно ќе ја изградете вашата иднина и све ќе успеете точно е дека не е лесно да се исплати стан но не е и невозможно ако се води сметка и ако имате организација во финансиите све се можи,и твоите родители треба да бидат разумни ако се сакате и сакате да се земете наместо да попуваат нека поможат финансиски семејствата на младите малку на почетокот секој помага треба да се разговара не инает само да се води разговарај со твоите пофторно...
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Разговарај со него,прашај го првин да не има некој проблем,да му помогнеш колку можеш.А ако неговото однесување е чисто онака потикнато од ништо тогаш кажи му дека не си должна да го трпиш и да го слушаш.Па и ти си човек и имаш свои емоции,потреби,можеби и ти некогаш сакаш да му се развикаш за нешто-па си молчиш,епа ке се научи и тој така.Друго незнам што да ти кажам,само направи си еден муабет со дечкото,и биди спремна дека можете и да раскинете.Па во овој случај можеби е и подобро така.Ако сега не се научи како да се однесува спрема девојка-тогаш никогаш и нема.
     
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Пишав во темата Разлика во години ама имаше само еден одговор па ќе прашам пак тука бидејќи оваа тема повеќе се чита. :)

    Што мислите за разликата од 9 години, јас сум 17, тој е 26. Го одбив еднаш, но не сум рамнодушна према него, има некоја симпатија и ми се чини дека е добар.
    Што да направам бидејќи не се откажа од мене? :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.