Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    После некое време во врската, ете кај тебе, после една година, се случува да имате се помалку и помалку да си кажете. Можеби ова било случај и на почетокот (не баш самиот почеток, но после запознавањето), а не си забележала бидејќи други работи ти го одвлекувале вниманието.
    Разбирам како е да бидеш во таква ситуација. Но, од друга страна е уште побитно доколку и покрај тоа што немате муабет, сепак не ја чувствувате непријатната тишина, напротив, удобно ви е да бидете еден покрај друг, без потребата да се зборува (без да недостига тоа).
    Ако веќе сакаш тоа да го смениш, обиди се да не споменуваш дека немате теми за разговор, туку иницирај на разговор со поставување на прашања.

    Уште од 17 години (ако е точна информацијта) да трпиш некого, нема логика. Зарем не се прашуваш ако сега треба да „издршиш“, што понатака?
    Кога ќе престанеш да го гледаш дечкото како иден сопруг и татко, дури тогаш ќе знаеш дека си ја надминала тинејџерската фаза на идеализирање на луѓето, и ќе гледаш пореално на работите.
    Младоста не треба да си ја трошиме на врски што не исцрпуваат и што не не прават среќни.
    Ништо, а?
    Па, ти девојко, сама се лажеш. (не можеш толку контрадикторни работи во една порака, барем во друга тема излажи, не во иста порака.)
    Не ми е целта да те критикувам.
    Еве што мислам:
    Се уште си во сегашнава врска поради:
    а) се плашиш да бидеш сама
    б) се плашиш дека ќе те снајде поголема несреќа ако раскинеш со него, а уште поголема е ако останеш
    в) другиов - потенцијален може да те откачи (можеби длабоко во себе мислиш дека те сака само заради тоа што си зафатена)
    А тоа дека ти е навика со сегашниот, не се ни сомневам. Толку ти станало навика што си се навикнала и си му дозволила да крене рака на тебе. За такво нешто нема прошка. Еднаш кренал рака, пак ќе крене. Тие луѓе не се менуваат.
     
  2. Nikolina22

    Nikolina22 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ^ Не те разбрав што лажам?
     
  3. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Па викаш немаш ништо со него, а всушност го бакнуваш. Тоа е нешто.
     
  4. Nikolina22

    Nikolina22 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    добро јас мислев на она другото, а да имаш право и бакнувањето е нешто :)
     
  5. Lady07

    Lady07 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Во врска сум една година векее вецерва се деси караницааа отидовме кај него домаа му имав спремно изненадуванјеее а тој сто напраи само што влеговме од врата се фати за компјутер да си ја изигрел играта и после ке пустел филм посто и така наводно беше договорот или филм или нешто другоо ... ама дечкото седна на компјутер и премногу се изнервирав и како наводно од после се ваддеше дека тоа било 2 мин дека сум се лутела без врскаа декаа сум се однесувала ко мало детее , мн ме извади од такт така што се испонаша
    што мислите вие :/
    Фала
    Чао :)
     
  6. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку пати сум била во оваа ситуација? Многу.. И секој пат се лутев и се чувствував глупаво,бескорисно. Разговарај со него,ти треба да бидеш приоритет..
     
  7. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Сигурно си моја врсничка или можеби година помала, не е битно. Претпоставката беше поради тоа што многу од нашите врсници од спротивен пол се привзани за компјутерот т.е. игириците. Тоа што го напраил не е ок, според мене и тоа што после се вадел демек било 2 мин. а најверојатно било цела вечер исто така е многу глупо. Знам како ти било затоа што и мене ми се има случено истото и јас. Претпоставувам дека ти си седела да не речам досадувала а он си ја играл играта, и можеби одвреме навреме сте направиле муабет и сте размениле по некој бакнеж.
    Верувај нема ништо да промениш колку и да се трудиш! Такови се едноставно и ке мораш да се помириш со тоа. Немој никако да се преоптоваруваш со тоа освен ако ептен станало сериозно, па стигнало до таму да играта му е побитна од тебе. За се друго гледај колку толку да толерираш ако сакаш да останеш со него. Гледај да направиш муабет со него за тоа, дека сакаш повеќе внимание да ти обрнува на тебе а помалку на играта затоа што ти треба да си му побитна.
    Пиши што ке направиш. :)
     
  8. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    Со дечко ми сум сеуште во врска требаше да се земеме но моите не ми дозволија (ви ги пишував претходно причините) е сега проблемот е што јас им кажав дека веке не сме заедно дека раскинавме тие не го сакаат ама ич тој не знае дека така имам кажано и мајка ми кога ми се јави јас се морам да ја лажам дека сум кај некоја другарка а не со него а тоа го нервира. Незнам дали ако се земеме нешто ке се промени што не верувам дека ке има промени. Ве молам помогнете ми потребно ми е

    заборавив да кажам дека работиме на случајот бебе и можно е да сум трудна
     
  9. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Прва грешка ти е што ги лажиш родителите,седни и кажи им дека ти не сакаш да ја прекинеш таа врска...застани цврсто на нозе и кажи им го тоа
    Втората грешка е тоа што правите бебе со цел да се земите,ако тие сега не го сакаат тогаш кога ќе сватат што сте направиле само за да се земите уште помалку ќе го сакаат и ќе мислат дека тој те наговорил на тоа.........значи совет мој ти е да се откажиш од бебето правење има време и за такви работи,да си седнеш со родителите да си направиш муабет асолен и да им кажеш дека ти сега за сега немаш намера да се откажиш од него,и ако тие мислат дека тој не е достоен за тебе речи им дека и да е така сакаш сама да го сватиш тоа а не под притисок нивен да бидеш цело време............
    И трето во право е детето што се лути кога ти лажеш со кого си.......секој би се лутел дури и да си ти на тоа место да сте во обратна ситлуација.........и да се земите и да останиш ти во контакт со твоите дури тогаш пекол ќе ти го направат животот.
     
  10. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Бебе е голема одговорност и не треба да се избрзува со тоа кога веќе имаш нерешени проблеми... Седни направи муабет со твоите кажи им дека тој е твој избор и дека не сакаш да се откажеш од него и не е фер да го бараат тоа од тебе.. Нормално е да се грижат пошто ти се родители и со неколку муабети можда ќе попуштат а тоа што ги излажа само ти одмогна ако си сега трудна повеќе ќе се налутат... Ако се веќе парите толку голем проблем зошто тие не ви дадат на заем пари колку да почните дај им до знаење дека нема ти да се откажеш од него и колку и да се противат ако запниш кога-тогаш ќе попуштат :*
     
  11. Anai

    Anai Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Девојки се молам за помош. Имам дечко, не идеме многу можеби една недела.
    И денеска нешто ми е чуден, а овие денови ни беа прекрасни неможам да се пожалам. Но денеска во себе чувствувам некој страв, 2 ноќа не можам да спијам со знак дека нешто ќе се случи. Пред неколку месеци ме повреди бившиот со кого одев долго време години и години, и кога идев со бившими на почетокот го имав овој исти страв. Не можам повеќе, илјада мислења прочитав низ форумов. Имав профил тука но си го заборавив пас и корисничкото име. А што е најлошо ми кажа дека ме сака, што логички не ми се верува, а се имаме видено само еднашка бидејќи тој е од др.град. Ве молам за помош, сакам да бидам среќна и со ништо да се не замарам, но еве денеска речиси и невозможно е, цел ден се тресам и тешко ми е. Ептен ми се допаѓа типов и сакам да ни успее. Сакав да му пишам дека сакам да го видам утре да одам јас, но што ако добијам негативен одговор?
    Помош!
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Па дечко ти е, зашто да ти биде страв?!
    Отворена комуникација, сакам да те видам и иди види го.. немаш што да изгубиш, ако не пробаш нема да знаеш ;)
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојче смирисе што паничиш толку,па секој има лош ден а и покрај тоа се гледате само неколку дена тоа не е одење чекај малку сега ако паничиш толку за неколку дена што се гледате што е работата како е што ќе правиш понатаму вени ќе сечеш :x и да е почеток треба да знаеш дека неможи секој ден рози да цветаат и неможи човек секој ден да е расположен со тек на време повеќе се бидите отворени и спремни за комуникација сега тој сеуште не те осеќа блиска за да ти се довери има време не треба толку да паничиш дај му време на ова вашето да прерасни во врска сеуште рано е...
     
  14. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски


    дечко ти е... треба да имате разбирање меѓу себе.. ако те одбие, да не можи да се видите ќе одложите за друг ден. Не паничи смирисе.. почетокот можеби е тежок, но доколку силно сакате да бидете заедно сите препреки ќе ги преминете заедно .. ;)
     
  15. sonja21

    sonja21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ми треба помош и ваше мислење женски. 3 години контактирам со едно машко кое е 12 години поголемо од мене. Јас имам 17, а тој 29. Комшија ми е седи на другата улица од мене, но дури сега оваа трета година почнавме да се гледаме. Цело лето се гледавме, но проблемот ми е што тој има врска од 4 години. Во летото се скара за да бидиме заедно но јас неможев цело време се оптоварував со неа и како тој ја сака и ред други работи. Тој многу работи ми прости, ме трпеше кога бев најлоша, не ги слушаше другите... и слични работи. Од тогаш се скаравме, но кога ќе се сретневме само едно здраво правевме колку без ич. Пред 4 дена бевме заедно во кафана, пијавме и цело време ми велеше како ме сака..неможи без мене сака да биди само со мене!! Неможам да го разберам. Јас заминав до вц, а кога се вратив тој го слушнав велеше на телефон од мене до тебе песнава. Сигурна сум дека и се јави незе, иако тој ми велеше дека на некој другар му звонел. Ве молам за совет...дали мислите дека ме сака??? Пример денеска е со мене, а утре со незе ќе замини... се скаравме скроз вчера, ми пиша сабаљево порака само да знајш дека те сакам. Не планирам да му враќам, ќе си го сменувам бројот...што мислите???
     
  16. lavce1359

    lavce1359 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    16
    значи во питање се многу години и разликата е многу голема затоа мој совет е да го оставиш затоа што како веќе што прочитав тој 4год. е во врска, и плус не си сигурна дали те вистински сака. :)
     
  17. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Мое мислење е дека типов воопшто не те сака,туку намерата му е друга,без навреда сака да те одведе во кревет знаеш да смени малку дека е долго со девојкаму.А неа ако не ја сакал одамна ке и се скарал,кај тебе гледа нешто ново и така интересно му е,знаеш машките одвреме навреме го прават тоа(не мислам да изневеруваат) туку сакаат да бидат доминатни да докажат себе а и на останатите дека сеуште можат да освојуваат.И не,не те сака не се залажувај,значи можеби типот е пред женење и сега едноставно сака да се издува и за цела среќа тука си се пронашла ти.Значи батали го немој да му служеш како играчка и огромна е разликата тој е доста поискусен ти сеуште си малечка и лесно си паднала на неговите провокации.Поздрав :*
     
  18. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Разговарај со него најотворено , немој да ти биде срам.Кажи му се што ти лежи на душа и прашај го СЕ.
     
  19. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    имам дечко една година ама немат доверба во мене незнам како да напрам да добиет доверба во мене тој сам м викат немас напраено нисто за да имам доверба незнм како да напрам да добиет доверба ве молам кажетеми што да направам
     
  20. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Што би направиле вие на мое место....Милам дека ме свига..ама не сум сигурна. Почна од Септември..Ме гледаше постојано, одеше по мене, ми се смешкаше а и неговите другари се шегувааше со него кога поминував.И јас почнав да се заљубувам во него.Чуствата ми се испомешани ама мислам дека го сакам.Ама никој ништо не презема.Фраер е во градот, 2 години е постар од мене ама е срамежлив.Пред 2 дена се судривме во школото, и двајцата бевме дежурни и јас трчев и се мавнав во него. Ми се насмевна и јас му се насмевнав и си продолжив.Пред тоа имав една топчичка, ми падна а тој се затрче по неа да ја земе и ми ја даде..Не знам што да правам а не сакам прва ништо да направам ми е срам. :?: Помош?? :tmi:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.