Дома , некои 15 луѓе сме. Мене ми имаат земено апарат за крофни, постелнина, даска за пеглање хахахахха некој пари, комплет убави филџани… ова знам дека ме прашуваа што ми треба де.
Нека ми пише некој поупатен, не ги знам многу обичаите, дали младенци се прават во куќата на момчето и како се тера овој обичај? Фала за секој одговор, предлог, совет...
Ние правевме дома. Сега незнам под тоа куќата на момчето што мислиш? Некои прават и во кафана. И нема ништо посебно. Дента се носат свеќите од венчавка во црква да догорат и остатокот како ви одговара и што сакате си правите. Ние блиска фамилија бевме со плус уште два пара драги луѓе.
Другарките ми рекоа дека се славело кај свекорот, така што погрешно се изразив...во секој случај многу ти благодарам за одговорот.
За свеќите од венчавката знам дека се носат в црква за да догорат и тоа ми е јасно, оти прашав и добив одговор.
Извини што улетувам, ама нас попот ни кажа свеќите да ги однесеме да догорат на некој празник, не ни кажа на Младенци. Ние ги однесовме на Преображение, така се погоди, прв празник беше тој после свадба, имаше и други пред тоа, ама дека после свадбата отидовме на одмор, и баш тој празник се погоди.
На ливчето од црква пишуваше така и така направивме. Да знаеш дека во секоја црква различно ќе слушнеш.
Нас ни рекоа на Младенци, на сите од друштвово што правевме претходнава година ни рекоа на Младенци, различни цркви. Ние сега ќе ги однесеме на Младенци.
Нема врска тоа, ние во кафана правевме најблиските. Од вечерта замесив погача ја однесовме во црква со свеќите, тоа друго ништо не се прави.
Мене ми кажаа кога правев свадба на Младенци да ги однесеме во црква и така направивме.Иначе дома правевме и беше супер.
Здраво девојки, дали на младенци се пости, затоа што некаде читам дека се пости а некаде не, па не ми е јасно?
Да се самоцитирам, Младенци секогаш се во пости, и се пости со масло. Ама сите што славеле Младенци што ги знам никој не спремал посно, сите спремале мрсна трпеза. Јас секогаш постам за Велигден без масло освен за викенди и празници, и за Младенци не планиравме ни да славиме по дома, ама свекрва ми си викна таму некои нивни роднини, дојде и мајка ми, јас си постев, свекрва ми си спремаше мрсна трпеза за нив, испаѓа дека таа си славеше Младенци.
Доаѓаат непоканети за Младенци? Да знам како да се спремам хаха, бидејќи на свадбата имав непоканети па се' е можно. И ние ќе славиме, и се мислеме дали дома, дали в кафана. И дали посна или мрсна трпеза? Инаку свеќите ги однесовме на друг празник, мислам Богородица беше. Не ни рекоа на венчавката дека треба на Младенци, туку на некој убав празник ни рекоа. Кои гости викавте на Младенци тие што имате прославено? Треба нешто погача за дома, или в црква да се носи?