Секој си знае за себе, јас секогаш постам за Велигден, и риба јадам само за Благовец и Цветници. За Младенци е дозволено само масло, риба не, ама како што пишав, секој си спрема како му одговара. Е сега и тие што нема да постат треба посно зошто Младенци оваа година се паѓа Петок. Тие што не постат спремале мрсна трпеза.
Посна трпеза, не поради Велигденските пости, туку поради што е Петок оваа година. Најдобро во кафана, дома треба да спремаш, да служиш. Па доаѓаат блиските непоканети, зависи какви ви се роднините. Инаку најдобро е само кум, старосват, родители, браќа, сестри, ама тоа вие си одлучувате, и колку ви се можностите. И ние свеќите ги однесовме за Преображение, попот ни кажа на празник, не ни кажа на Младенци.
Најблиските, кум, старејко, моите, неговите, фамилијата на вујко му и на вујко ми и уште неколку гости. Погача се носи во црква.
Како бе така непоканети на свадба јас ќе спремам посна трпеза и мислев без риба дека денес еден поп ми рече се пости само со масло риба не ама мм вели што ќе се стави др освен салата така да купив 9кг риба а погачата во црква ли како и што се прави таму се дели??
Погача во црква ? Добро, во сите краишта поповите различно кажуваат? Кога прашав што треба и дали нешто треба тој ден, ми рекоа само свеќите, добра мисла и дома гости ако сакаме. Ние посна трпеза имавме. Пости се за Младенци и мене ми е не ок да ставам мрсно. Секој како сака, ама еве јас не ставив мрсно, си почитував дека паѓа во пости.
Негде имам прочитано дека невестата месела 40 лепчиња, дека нели 40 маченици, ама ова порано, останало сигурно негде по селата. А за риба штом не постите за Велигден можете да ставите. Оваа година баш за Младенци е првата недела од постот, ама видов дозволено е масло. Јас дека постам без масло за Велигден, за Младенци јадев само салата, а свекрва ми, пишав и погоре спремаше мрсно, а и тогаш мислам Петок беше, не гледаат тие многу на тоа, и сегде кај што сум одела на Младенци имало мрсна трпеза без разлика дали било Среда или Петок. Оф топик- и за Благовец се јаде риба, па на именден имало мрсна трпеза, и затоа не одам, никој не оди за јадење, ама ќе кажат "види ја оваа па ништо не зема", не ми пишува на чело дека постам. Исто и за Тодорова сабота тие што слават спремаат мрсна трпеза, а се пости, не е само да се слави. Секој си знае за себе, ама еве како има посни слави, сега има секакви посни работи. Без масло е потешко. И салата без масло не е вкусна освен патлиџани само со сол. Ние не славевме Младенци, свекрва ми славеше. Од кај мене само мајка ми дојде, и тоа свеки запна да ја викнам, и кажав дека не славиме, јас постев, ќе спремам мрсно, сигурно. Штом си викнала гости нека си спрема. Инаку сакавме во кафана негде блиските само, кум, старосват, родители, ама кумот и старосватот не беа тука, и на тоа свеки ни кажа планирала и нејзините браќа, сестра, па не сакаа во кафана. Штом не сакаа, таа си спремаше дома. А за во кафана ако ги поканев на мм вујковците, тетките, требаше и од моја страна, не планирав дополнителни трошкови за без врска.
Ние лани добивме пари,сервис тањири комплет,сервис вилушки,лажици...,миксер. Тоа ако ти биде од помош. По мое можеш некоја карикатура,рамка останува за спомен
Ви благодарам на предлозите, со мм зборувавме да ставиме 50 евра во плик и букет цвеќе да земеме. Но некако на два памета сум дали 50 евра се доволни