се маав по темиве и едвај ја најдов темава,нели на младенци се носат свеките во црква др што се носи,а и некој ми спомна дека и бебушко можело да го носам и како тече процедурата во црква ако може некој да ми објасни.позз (а да не треба некоја погача?)
Да ти кажам дека е подобро да дадеш 1000 денари во плико отколку поклон од 50 евра пошто не знаеш дали ќе погодиш. Јас секогаш сум за пари и за свадба и за младенци.
Девојчиња, за Младенци оваа година има дупла причина да биде посно, и дека е петок, и дека се Велигденски пости, а плус и дека е прва недела од пост. Обично за Велигденски пости се пости од понеделник до петок без зејтин, ама црквата разрешила да може со зејтин затоа што е празник. Нема ништо да ви биде ако си спремите нешто посно, баш и поубаво ќе се осеќате. Како има и посни слави, па масите можат да се наполнат и со посни јадења, еве на пример посна сарма, полнети посни тиквици со ситно сецкан зеленчук и ориз, посна пита со готови кори и компир, посна бајадера, ехеее има многу посни рецепти. Како Православни Христијани треба барем нешто да почитуваме зашто сепак религијата ни претставува голем дел од самиот идентитет.
Неможев да се воздржам, а да не искоментирам, се изнасмеав слатко... Елена, не дека мисли за свеќи за свекрвата, туку за свеќите што се носат да догорат во црква на тој ден. Или па стварно муабетот беше за свеки како свекрва, а? Како и да е испадна многу смешно
^^ Се оди, се оди со свекрвата на црква, но не сум сигурна дали беше за Младенци или за Тодорова сабота, или пак некој друг празник. Знам дека еднаш (првата година по венчавањето) снаата оди на црква со свекрвата, а зошто и како- не знам. Ние не бевме. Јас не знаев, а на свекрва ми и текна отпосле (кога пројде празникот). Ние за Младенци со сопругот однесовме 2 од свеќите што ни останаа од свадбата (да догорат во црквата). Во нашиот град, младите вечерта чекаат гости. Во пост паѓа вообичаено, но ние не се придржувавме до постот (ретко кој се придржува) па имавме трпеза како за именден/слава. Гостите им носат на младите по некој мал подарок (вообичаено за домаќинството - демек да бидат домаќини ). Секој град си има различни адети.
Значи зборев за адетот кај нас,а тоа е дека со свеки(СВЕКРВАТА) се оди .Сите така одат кај нас. Плус се носи и погача,овојпат посна.Има нешто како мала миса,и мислам дека ќе биде убав ден За спремањето,ќе биде посно,убав ден е ,ништо нема да ни биде ако јадеме посно.Не сакам да го прекршувам денот.
Свеките од венчавката се носат да догорат во црква, а се друго е вишок и гости и гозби и поклони. Во минатото кога ке се омажела девојката и кога ке отидела да живее во „туѓа куќа“ на Младенци се одело за се види кај е сместена, да видат вујковците, тетките итн. и колку да не одат со празни раце носеле по нешто домаќинско - тањир, ѓезве, лажици и сл. А во денешно време не ја гледам логиката за славење Младенци кога сите одиме - идеме едни кај други и уште пред свадба сите знаат кој каде со кого.... и сите имаат се, мислам од овие домаќинскиве ствари. Јас НЕ СЛАВЕВ иако во нашиот град е традиција и не се кани него онака сами си доаѓаат гостите тие што дојдоа мислејќи дека славиме ги послужив со кафе сок и грицки и тоа беше се, како и било кој друг ден да ти дојде некој, а + јас секогаш си ги постам цели пости и не ми паѓа на памет да правам било што друго на тој ден кој секогаш е во пост.
А треба и двајцата да одиме во црква, јас и мажот ми, или може и јас сама, оти тој е на работа и не знам дали ке стигне порано. Поздрав
Moze I sama da otides. Za nasite mladensi popot ni kaza svekrvata da gi odnese svekite vo crkva, taka sto taa bese, a ne jas ili pak maz mi. Se izvinuvam za latinicata
И ние ништо не правиме, ниту кумовите, ниту старосватицата се тука, ќе одиме само до црквата каде што се венчавме да ги оставиме свеќите да догорат со мажот ми и толку ќе биде.
Хахаха, а јас па сфатив дека Елена не те разбрала убаво за свеки, значи јас не сум сфатила како треба дека прв пат слушам за тоа со свекрвата.
Nam svekite popot ni rece da gi zapalime na nekoj praznik,pa taka jas gi zapaliv za Mala bogorodica.A sto se odnesuva za Mladenci,odlucivme da ne slavime,ni dojdoa na mm drugarite,nekoi sosetki.Gi posluziv so sokce,kafe,nesto blago,gricki.
Честит празник да останеме секогаш млади и заљубени во срцето и душата. Ете јас пред работа си ги запалив свеќите така да си завршив за денес