1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младенци

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 22 март 2012.

  1. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Девојки сигурно треба посна да биде храната за празников? И ние ќе славиме, сакаме дома и се надевам дека ќе не собере, околу 30 луѓе, и тука спаѓаат само најблиските :( Да прашам во црква за сигурно или секоја година е исто? Кога одам јас на гости не приметувам ама ако не прочитав тука немаше да знам дека треба посно :)
     
  2. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека нема врска што се паѓаат на велигденски пости не значи дека треба да се служи посна храна. Да се паднеа во среда или петок тогаш се служи посно но бидејќи се во сабота ние мрсно ќе служиме
     
  3. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    И ние сме во недоумица, па зборевме да има комбинација и посно и мрсно, и за тие што постат да има што да јадат.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Посно секако ќе има некој ако сака, нормално нема да ги оставам гладни луѓето, ама ќе биде мрсничко, мевце, салата, даска...
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Каде спомна Македонка Валентин и сл.?
    Колку што читам никаде, па тогаш што ги извртувате зборовите ? :^)
    Никој не рече дека не е убав празник, туку дека е претеризам да се слави по кафани. Само тоа.
    Иначе сите славете си го со убаво, како си знаете и умеете.
    Мене исто така ми е жално, кога при беспарица некој се зајмува (дури и кредит зема) за да прослави што побогато.

    Логично е на сите празници кои се паѓаат во ПОСТИ, да се служи посно.

    Пример: Свети Никола, во Декември, Св.Наум во Јули, Иванден исто, се паѓаат во пости и секој кој ги слави служи само посна трпеза.
    Не сакам да паметовам, ама мене лично глупаво ми е и против верските правила да се служи мрсно.
    А, со посна храна никој нема да остане гладен.
    (Јас цел живот сум на посна храна и еве ме :P )
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Дефинитивно нема да канам. Ако некој дојде ок, ако не пак ок.
    Мајка ми ми се најавија, тоа знам, со нив само на другарки и кумовите ќе кажам тоа се не повеќе од 10души(ако кажам и на тие).
    Не планирам трошкови да правам за ова дефинитивно. А + и во црква не сме венчани така да....
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Силвер абе јас реков дека спомна или што. Реков дека ги забораваме нашите традиции а прифаќаме некои други, туѓи, ај да не не е така. Не планирам да зимам кредити, скраја да е, со мм кредит би зеле исклучиво и исклучиво за дообразование на некој од нас двајца и за дом, за ништо друго. Кафаната, ајде ќе ви дадам отчет чунки без тоа гледам не се разбираме, ќе ја платиме речиси на пола цена, плус ДДВ нема да платиме па ќе ни излезе за џабе, за трошок што се вели, ете се снајдовме така и супер ни дојде. Е сеа, за разлика од тоа дома за да прославиме ќе ни треба прилично припреми, треба да разместуваме, треба да кречиме бидејќи во најголемата соба ни се појави влага годинава, треба да зготвам за тие 50 души, значи два-три дена порано има газот да ми падне од работа, кога ќе дојде ред да седнам со гостите ќе бидам преморена, нема да можам да седнам со сите бидејќи за толку гости ќе треба да местам во двете соби во најмала рака, ако не и во третата. Ќе помине младенци, ќе треба да се утепам од чистење, миење, работење и сума сумарум исти трошок ќе ми излезе. Како што кажаа повеќето, правел не правел ќе ти дојдат, сепак се работи за младенци, сите знаат дека сме тазе земени и си планираат, ете немам кажано никому почнале веќе да ни купуваат, само на работа им реков не ве викам ќе ви донесам овде за јадење пиење, не можам да си дозволам толку многу гости, па ми кажаа дека сепак они собрале пари ќе ми купеле тенџериња, значи луѓето си планираат вака или така.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    30.272
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое мислење и не сакам никој да критикувам но ќе си го кажам и моето мислење. Се сложувам со Ангел, и другите кои го слават овој ден, и јас си го славам, можеби и вие другите ќе го смените вашето мислење кога ќе стапите во брак, сега мислите едно, тогаш ќе мислите друго. Света работа е овој празник според мене, тоа е за малдите кои стапиле во брак, е сега јас лично можеби нема да го славам со 50 души и во кафана, но денот како ден секако ќе го одбележам. помалку или повеќе, секој си ги знае сметките и плановите по дома, и да, тотално е во право Ангел, кога планира да има толку гости, зошто кога Господ ги дал кафеаните, да растурам по дома, две недели пред прзникот да чистам и уште две по празникот, да барам прибор за јадење(фала Богу 50 лажици, вилушки, чинии Не секој може да има дома) па да барам столици и тоа нема да биде празник замене, туку за гостите, а во кафеана и јас сум гостинка.
    Нејсе, кога можеме да фрламе беспотребно пари, на пр. една прошетка на страна од нашиот град, па да не зборувам за спремањето за празниците кога можеби и никој нема да ти дојде, зошто па тогаш да не славам празник кој е за овековечувањето на нашата љубов?
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Паметно од твоја страна. Ние не славевме Младенци, туку бевме кај сестра ми на Младенци. И да не славеа тие, ние пак немаше да славиме. Имаше роднини што ни се јавуваа да прашаат дали ќе славиме, ама ние на сите им кажувавме дека нема да славиме. Не сме венчани во црква, а и не ни се фрлаа пари за Младенци. За мене тоа е непотребен трошок.
     
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    сакам да ве прашам што и како се спремате? има ли некои посебни адети? планирам да славиме, ама не знам ништо поврзано со празникот... ќе ги викаме само најблиските моите, неговите, кумовците и толку, ако имаме плус некој денар за фрлање може и другарите...
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Мислам дека адети нема освен одењето наутро во црква за да се изгорат свеќите, е сеа не знам треба ли да одиме и ние што веќе сме ги изгореле свеќите после свадбата. Нас ни кажаа после свадбата одма да ги запалиме во манастирот кај што се венчавме и отидовме отприлика две недели после свадбата. Ние веројатно ќе си идеме сабајлечки да си запалиме свеќа, што дека не се оние што не венчавале со нив. Ние закажавме за во ресторанот, 50 души со најголемо кратење, што да правам кога сме багра голема, поготово од кај моите, све се бре големи фамилиишта, моите се со повеќе сестри и тоа е.
     
  12. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Пошто мм нема да биде присутен на самиот празник, некако се губи поентата да го правам. Во секој случај ќе одам до црква да запалам свеќа. Немам свеќи за догорување, според други адети се венчавме. Ама ќе одам до црква со мајка ми.
    Е сега нешто за по дома ќе спремам. Нема да викам, затоа што за младенци не се викаат гости (така сум учена). Луѓето сами си знаат каде биле на свадба и кој се' се земал изминатата година и доаѓаат на гости. Сигурно ќе дојдат и кај нас. Иако само од мојата страна на фамилијата, на сопругот се во друга држава и не слават ваков празник. Мм ќе се обиде да ни се приклучи на скајп барем на кратко. Колку и зетко да го има :)
    Инаку сметам дека кој може да си дозволи, секако да си го одбележи празникот во ресторан. Нити нозе да ти паѓаат од спремање, нити после да чистиш по дома. А кој не може, и за по дома се постигнува со добра организација. На крајот на краиштата не мора гозби да се прават.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Нема некои посебни адети, освен што свеќите со кои што сте се венчале во црква треба на денот на Младенци да ги однесете во истата црква да догорат. Што се однесува до спремањето на храна, се зависи од можностите. Кај што сум одела на Младенци, на масата имало кифли, салати, сувомеснато, колачи и нешто за пиење.
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Мои блиски што досега правеле свадба свеќите ги носеа во црква да догорат на Св. Петка во август месец, а не на Младенци. Така и кажуваа.
     
  15. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    На младенци кои свеќи се горат тие од кумовите или тие од старосватицата???
     
  16. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека и од кумовите и од старосватовите тогаш се горат
     
  17. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ме збунивте со свеќите. Кај нас се носат тие што ги држат невестата и младоженецот - значи две свеќи. Вие по колку свеќи држевте? :^)
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А зошто не поминете до црквата да си прашате? Во секој крај има различни адети.
     
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    кај нас јас и мажми не држевме свеќи, 2свеќи држи кумот и 2старосватот, и нас ни кажаа дека сите свеќи треба да се изгорат на младенци, секаде е различно
     
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    7.974
    Пол:
    Женски
    Младенци по правило каде се слави, дома или во ресторан? Јас мислам во домот на младенците. И плс ми е мерак дома да си правам, зошто посебно си живееме и ова ќе ни биде првата слава што би ја правеле дома, па мерак е. А свеки запнала ресторан па ресторан :@