А кажете со свеките што се прави? мене ми рекоа дека требало на трипати т.е на младенци да биде третиот пат да се догорат, и исто ме интересира дали има некоја служба во црквите за тој ден??
Девојки ај кажете ми за младенци јас знам дека се осватаа свеќите да догорат, сега случајно ми кажаа дека се држеле за време на литургијата па после се чувале за крштевка. Ние имаме 4 свеќи, а некои гледам по 2, и сега на триста ума сум што е правилно сите 4 свеќи ли да ги носиме , да ги оставиме ли таму, да ги вратиме ли дома :/
Еве го ливчето што ми го дадоа во црква, не знам дали се чита добро. Свеќите од кумот треба да се однесат да догорат во црквата каде што сте венчани.
Бевме денеска во црквата каде што се венчавме Пресвета Богородица, имаше посебен дел за палење на свеќите за младенци, сите 4 ги запаливме така сите правеа. Ни дадоа и икона
ПРашање: КАко го славите младенци, со ептен гости и вие кои сакате да викните,(муабетот ми е дали се канат гости за на младенци или сами треба да знаат?), или само најблиските да речиме од кај мене и сопругот?
Колку што јас знам, не се канат гости за младенци. Сум забележала дека младиве почнаа и да ги канат гостите. И подобро е така. Во спротивно, ќе ти се тупне некој не толку близок. Сестра ми канеше за младенци, ама само најблиските. Ние не славевме младенци, туку бевме кај сестра ми на младенци. Вакво славење ми е фрлање на пари беспотребно. Ако не отидевме кај сестра ми, ќе отидевме некаде на ручек.
Па и јас имав идеја некако само моите родители, на сопругот родителите, браќа сестри наши со сопрузи сопруги и толку...Еден убав ручек семеен дали дома или во кафана (ама ми се спрема дома кај нас демек еве младите да се види какви домаќини се)...Па не знам дали е глупаво така или не..........
Подобро отидете на ручек во некоја кафана. Не се замраш со спремање низ дома и со расчистување отпосле.
Јас незнам дали е глупо или не ама ние одлучивме младенци дека ке прославиме само со кум, старосват, моите и родителите на маж ми. На најблиските им кажавме дека не славиме, а за не блиските не знаат ни дека каде живееме, барем од моја страна. Сум за тоа да се завршат верските обичаи како што е редот ама правење дома свадба без невеста ноу тенк ју. Башка ептен непосредно пред или по тоа ако не и баш на денот треба да се породам и младенци, мекици доста се собираат трошоци.
Јас имам да прашам кога точно се чекаат гости мислам ручек/ вечера давате на денот - 22 март, или на 21 се прави?
Па можеш : Баник,кифли,мајонез салата,дропче,ролат со мелено месо,ролат од спанаќ,салати благо торта некоја.. пијалок и штознамм
Menito za mladenci e individualno, koj sto saka, po moe mislenje moze na pr kifli, banik, zelena salata, nekoja krem salata, nesto suvomesnato, moze nesto pohovano ili na primer skara, nesto blago, pijalok I dosta e
Можеби е глупаво прашањето, но ќе прашам. Свеќите утре ќе ги однесиме во црквата да догорат, е сега треба да ги запалиме таму и да ги оставиме или да чекаме да догорат? И тие панделките на нив што се да ги фрлиме само или се прави нешто и со нив? Ве молам вие што сте поминале низ ова помагајте! Фала
Ќе си ги однесите свеќите ,ќе си ги запалите и не треба да чекате да догорат , А панделките јас си ги извадов и си ги чувам, бидеќи ми беа убави ,а можиш и да ги фрлиш тие немаат никакво значење
Сакам на сите младенци да им го честитам денешниот празник, да имаат долг и хармоничен брак исполнет со љубов и деца.