Јас се регистрирав во Октомври 2015 а се венчав во црква и правев свадба во Јуни 2016.Свеките останаа во црква. Некако незнам дали да спремам, да славам или не?
И нашите свеќи останаа во црква на денот на венчавката. Направи си како што ти си мислиш и чувствуваш. Не слушај други, договори се со маж ти и правете како ви одговара. Нема тука никакви правила.
Се спремате ли за младенци, како планирате да го прославите? Ние ке прославиме дома, со најблиските. Читав на интернет дека требало посно да биде ама мене гостите не ми постат па така да ке комбинирам и посно и мрсно. Исто видов дека требало да се месат некои колачи младенчиња,ама не знам дали ке имам време да ги направам.
Дома со најблиските. Не знам за какви колачиња станува збор ама не планирам да правам. И кај мене ќе има по нешто посно и мрсно и тоа.
Планираме да одиме во црква да ги догориме свеќите. Дома не славиме, ама можно е да излеземе некаде да ги почастиме само кумовите, затоа што старосватовите ни се подалеку. Сум за да се испочитува христијанското на овој празник, но не сакам расфрлање и непотребни трошоци и малтретирање. И онака имаме доста трошоци околу изградба на спратот, а и мекици не чекаат на лето...
Младенци е убав ден,но тој ден според мене би требал да биде дома и да биде интимен,односно да се соберат најблиските и да се прослави дома.Ние утре правиме младенци наутро ќе одиме во црквата во која се венчавме и ќе ги запалиме свеќите и ќе се помолиме.Трпезата според мене треба да ви биде како што вие сакате,не е ова слава ова е еден ден кој се слави љубовта.Јас постам и сум вегетаријанец,но маж ми и моите најблиски не постат така што трпезата ќе ми биде комбинирана.
Обично се носи нешто за дома, демек заеднички поклон. Ние сме носеле мали апарати за домаќинство, чаши и слично.
Мене ми кажаа рано се одело пред да почне службата, јас неможам толку рано заради малиот, па барам друга алтернатива.
Можеби најдобро е да се договориш со младите, ама мислам нај често е нешто за кујна иако не е морално. Јас од мојот кум добив пекач за леб сеа зависи колку сакаш да се потрошиш , добив и некои комплет и садови за десерт. Брат ми осега ќе слават младенци па мислев тостер за вафли да им земам. Гуд лак со изборот Едит: не мора да биде истата црква. Ако сте во можност, убаво би било, но не е морално. И за рано пред служба да не ви биде морално, значи посабајле треба ако сте во можност ама цел ден е празник. Кој како може
Девојки оваа година славевме Младенци, си поминавме многу убаво се подруживме со гостите, а и прекрасни поклони добивме: тостер, електрична цедалка, сервис опал чинии, пегла, пекач од Делимано, два сервиси украсни чинии за торта и за визитарски благи на спратчиња, 2 тенџериња , сервис финџали за кафе, свеќници и рамка за слика, чинии големи за ордевер, сервис чинии за руска салата.хехе и толку мислам беше се. Презадоволна сум и од поминот и од поклоните и благодарна на сите гости.
Дали се слави Младенци доколу во истата година сме биле на погреб на член од семејството т.е баба, (бабата на маж ми)
Можеби е смешно моето прашање но ваква е сотуацијата: Ние сме регистрирани само, в црква ќе одиме летото кога ќе имаме свадбена веселба. Дали Младенци важи и за нас или мора да сме венчани пред Бога?