А што поклони се носат за младенци? Другарка на која сум и старосватица не кани и некако не ми е да одиме само со цвеќе и бонбониера. Предлози?
Јас добив мн апарати за во кујна можеш ако знаеш дека и фали пр микро тостер блендер а можеш и да речеме слика некој украс и сл...
И јас исто планирав да откажам зашто веќе почнаа да ми се најавуваат. А чисто информативно, треба да славиме младенци само ако сме венчани во црква или?
Сите слават младенци годинава ако се земале лани, нема врска дали си во црква венчана или не. Е овие што се во црква венчани само треба да ги запалат свеќите од венчавката.
Jа мислам дека за младенци се кани акo правиш..какo сами се накануваат? Праксата пoкажува дека реткo кoj прави ,а и тие штo прават гo прават тoа вo тесен круг. Ние решивме да ги викнеме мoите и негoвите на ручек.
Премногу сме блиски со друштвото, се подразбира дека за секој празник сме заедно. Помислив и јас да ги викнам само моите и неговите ама и тоа ми е ризик. Моите се секојдневно меѓу луѓе, а неговите често по странство. Мислам дека нема никој да примаме ама ајде има време, може ќе стивне работата.
Еее кој би рекол. Тогаш зборевме 'ајде таман до мај додека се породам ќе стивне ова', а уствари поминавме 4 полициски патроли на пат кон болница. Оваа година викаме 'ајде ќе стивне до август, септември да идеме Грчка'.
Девојки ние во недела сме на младенци, бевме кумови но само регистрација правеа. Купивме блендер од техномаркет за 2045 денари на попуст.
Девојки, како е обичајот за свеќите од венчавката? Само се оставаат во црква, каде што се палат оние за здравје, така украсени, или?
Девојки како е обичајот за младенци? Знам само дека свеќите треба да ги догориме во црква. Ние само црква и матично правевме лани, па кого треба да поканиме не знам. Дали се слави дома или ресторан? А освен тоа ситуацијава со коронава...
А свеќите од црква каде ви се?Имавте венчавка во црква? @Mia 21 ние не сакавме да правиме младенци,со маж ми тој ден си излеговме да си шетаме.А немаше корона