Meemaw легенда Спојлер Омилена сцена кога легна на подот да го земе далечинското на Менди и се укочи и се поседа така некое време дур не дојде Мери. А иначе детево што го глуми Шелдон секоја чест, во шестава сезона по гестури, изрази на лице, зборување и воопшто понашање многу потсеќа на Шелдон од тббт.
Се сложувам со сѐ што си напишала. Многу добри моменти имаше, развој на ликови, приказните беа далеку подлабоки и поемотивни. Не ми се вклопуваше сликата што ја имаа изградено за Џорџ во тббт, со ликот во серијава, како Мери зборуваше за него во тббт... Не како Шелдон го гледаше, туку како Мери зборуваше. И Мери е во тббт сосема различна, веројатно поради различната атмосфера во сериите, ама пак... Спојлер Знаев дека ќе умре Џорџ, ама уфффф... Не се сеќавам кога толку сум се потресла за лик од серија.
Ќе прашам маШ дал е безбедно ова. Да не ми дојдат со сметка од некоја илјадарка на врата Освен нетфликс имав и амазон ама трет четврт стриминг сервис јокккк.
Серијава ми е меѓу омилените. Вчера или некни последно гледав дали е новата сезона на Нетфликс. Уште не ми е гледана и то ми е најмачно. За жал на рилс видов точно како оди. Спојлер и ја преплакав од рилс само Ама пак ќе ја изгледам.
Чеки не сфатив, имаш нетфликс? Ако имаш можеш тука да ја гледаш до 6 сезона, седмата ќе дојде негде декември.
Знам и ја планирам, уште две епизоди имам од шестата. Ја почнав декемврито и уште не ми е завршена. Имаше периоди во еден ден да изгледам пола сезона, после да не ја чепнам два месеци. Сега ќе фатам скроз од почеток ионака нема што да правам попладне.
Ајде малку подетално да ја разглобиме. Спојлер Што мислите за тоа што Мери ги тераше Шелдон и Миси да се крстат? (така му доаѓа?) Не ми е јасно зошто во тббт Мери кажа дека се молела кога се пораѓала со близнаците да бидат попаметни од нивниот deadbeat татко. А видовме дека Џорџ, иако не беше совршен, не беше ни некаков страшен пијаница. Друго, имаше два срцеви инциденти и никому, ниту еднаш не му текна дека треба да смени исхрана и физичка активност. Добро, серија е во Тексас, ама што знам. Мери беше посветена домаќинка, можеше поздраво да готви, на пример, наместо да продолжат со мрсните месишта. Ми беше жал за Мима последните две сезони, баш го окрка стапот. Сакав со Џон да остане, преслатки ми беа и сакав да бидат endgame. И со Шелдон беше ептен блиска кога беше помалечок, после тоа веќе некако се тргна фокусот, посебно откако ја изгуби куќата. Кога сум кај Шелдон, oh boy, кој шок беше промената на гласот од една во друга сезона. Во последните две малку неподнослив ми беше. Само Џорџи ми остана срцка од почеток до крај. Неверството... Не ми се допадна како го решија, нели мајка му кажа во тббт дека ја изневерил? Ептен глупо ми дојде, ко да не сакаа да ја истераат до крај работата. Cop out move ми беше. Сакав да кажат со Пејџ што бидна, сепак беше дел од приказната, ми фалеше да се заврзе и тој крај. Песната ми е одлична, ја слушав целата и ми остана во глава I am a mighty little man....
Спојлер @RainBow повеќето работи што ги наброја се последица на лошото пишување на тббт. Имам размислувано за ова. Young Sheldon станува уште толку поимпресивна серија баш поради тоа што мораше да се справи со source material што е ептен ради реда напишан без многу размислување. Миси на пример во тббт ја донесоа колку да пополнат една епизода и да го постигнат тој шок фактор дека Шелдон има сестра близначка ама се многу различни. И од ваков површен plot point произлезе клучен елемент во young sheldon. Јас не можам да ја замислам серијава без Миси, Шелдон би бил 20 пати понеподнослив. За Џорџ исто така мораа да го сменат теркот, бидејќи немаше воопшто да биде толку убава, топла и емотивна серијата ако цело време имаше vaillain во семејството. Мило ми што ја направија таа промена и го држеа Џорџ на границата на likability. На тикток викаат дека изневерувањето што го памти Шелдон било кога им улета во соба додека мајка му беше облечена во фустанот од Германија. Демек погрешно разбрал. Е сега не се сеќавам дали и Мери во тббт има потврдено дека ја изневерил. Ако не се лажам има кажано и дека ги напуштил некое време. Исто и Мима во тббт нема допирна точка со оваа серија. Преглупави коментари за Ејми имаше и многу го лигавеше Шелдон, што никогаш не би го направила во young sheldon. Многу ми е мило што ги смениле овие работи. Според мене секој избор за plot hole што го имаат направено е комплетно оправдан. Дури и на тббт и' дава многу подобар шмек in hindsight.
Спојлер Да, да, јасно беше тоа што Шелдон виде и дека он го смета тоа како изневерување од страна на татко му. Ама, и мене не ми текнува дали Мери спомна дека ја изневерил. И Шелдон, каков што е, што се држи тоооолку до правилата, никогаш ова на никој да не го спомне? Што знам, ми нема смисла дека не би го кажал ова одма на мајка му. Мима да, не се ни сеќавам во тббт како беше, ама дефитивно не беше ваква. Ми беше тажно што биле толку блиски како семејство, кога беше помал, а потоа не беше во контакт со нив. Ама, живот. Исто, нели Џорџи работеше како механичар кај татко му на Били и после немаше објаснување зошто престана таму да работи, а беше баш добар со гумите и тоа беше како предвесник за она што ќе стане понатаму, ама баш безвезе го скинаа тој дел. Како и со Пејџ приказната.
Ја завршив и јас, па заслужува да дадам некој коментар. Спојлер Седмава сезона можда беше најдобро смислената, не викам не, и другите беа одлични, ама како седмата нема. Иако знаев дека Џорџ ќе умре, пак се потресов. Кога дојдоа да им кажат дека умрел, начинот на кој Шелдон седна на фотелјата или после алтернативите што си ги правеше во главата стварно не можев да издржам па и ми се насолзија очите. После, тој говорот што го даде на погребот исто беше премногу за моите емоции (на крај испадна дека сепак не го дал) и сега крајов кога Миси и Шелдон се пулеа во празната собаи кога Old Sheldon шеташе низ куќата стварно ми падна жал. Си се навикнав со серијава,ја влечев еве 7 месеци и сега кога дојде крајот не знам што понатака. Секогаш кога ќе завршам серија си викам вака добра нема никогаш да најдам, ама сепак наоѓам, за оваа сум сигурен дека нема да најдам. Не е можно некој да направи сеија подобра од оваа. Спојлер Мери можда претеруваше о наметнувањето на религијата не само на децата, туку на сите околу неа, ама мислам дека Шелдон не згреши што се крсти. Барем ја направи мајка му среќна, а добро се гледаше во каква состојба беше после смртта на Џорџ. За Миси не покажаа дали се крстила ама мислам дека не затоа што му се раздра на Џеф и рече дека ќе си оди дома. Мислам дури и дека не беше на крштевањето на Шелдон. ТББТ никогаш не сум ја гледал, ама ми излегуваат на тик ток инсерти. Еден знам дека Шелдон раскажуваше како еден ден кога се вратил дома порано од училиште го видел татко му како ја изневерува мајка му со некоја друга жена. Такво нешто не беше прикажано во оваа серија. Џорџ стварно личеше и не само што личеше туку и се однесуваше како ОДЛИЧЕН татко и сопруг. Пак за ова не ги окривувам режисерите на YS туку на TBBT. Приказната во YS во секој аспект изгледа подобра смислена од TBBT, пак ќе речам не сум ја гледал никогаш ама од инсертите кои сум ги гледал на кои е обична 2000s серија, која сеогаш се се случува во една просторија (можда грешам, ама сите видеа што ми излегле се во иста просторија, слично како кај нас Петко) и на секои две секунди имаа sound track од смеење. За Пејџ има теорија на тт дека таа всушност умрела и затоа што Шелдон толку ја сметал за блиска, тоа го погодило многу и не сака да зборува за неа. Дури имало и некоја женска личност во TBBT која личела на неа и Шелдон целосно ја одбегнувал. Во секој случај мислам дека точно на време ја прекинаа серијата баш како што напиша некоја членка. Секоја следна сезона мислам дека ќе беше само упропастување на 7 годишниот Труд со која серијата стигна до оваа слава.
На hbo ја има цела, провери и таму ако си претплатена. Јас ја гледав дел на Нетфликс, дел на ХБО, пошто фалеше последната сезона на Нетфликс и којзнае кога ќе ја стават. Баш ме нервираат овие Нетфликс што не ги ставаат цели серии комплет.
Ја изгледав во еден здив. Толку убава и пријатна серија, многу сум позитивно изненадена. За разлика од тббт, наративот е многу побогат и подобро смислен, ликовите се подлабоко разработени и серијата си има природен тек. Thumbs up