И јас не се осудувам да почнам, мислам дека ќе се разочарам и одма ќе ја откажам. Денеска мислам втората епизода излегува.
Конечно ја изгледав пред некој ден, иако ми беше спојлната. И официјално последни две епизоди не можев да ги догледам. Спојлер Си плачев до погребо. Мери ко почна хистерично да плачи, почнав и јас чиниш мој маж е во ковчегот. Немаше смисла да продолжам. Едноставно не можам. Премногу бев соживеана со ликојте. Можеби некогаш во иднина ко ќе ми се емоционално далечни ќе догледам.
Гледана, мислам дека сите сезони по два пати, освен седмата, таа еднаш ја гледав. Спојлер: спојлер Шелдон ликот е супер, многу добро се држи до улогата. Фино е што децата можат да видат и дека некој паметен е океј да биде паметен, бидејќи сега некако е кул да си глупо дете што не учи. Миси беше исклучително паметна, и да не беше Шелдон исклучителен, она ќе беше многу понапред. Она има огромна интелегенција, особено добра во социјалните релации и ако не беше мајка и лош родител, ќе беше супер психолог, да речеме, или што и да е, што вклучува анализа и помагање на луѓе. За жал огромна, мајка и никогаш не беше добра со неа, во смисла на родител. Џорџи си е добар во механика, и да му беа добри родителите и да го поддржуваа и поттиккнуваа правилно, ќе беше супер и во школо, ако го запишеа на нешто што сакаше да работи и учи. Нив некако не им беше приоритет тоа дете, а мајка му го сакаше само кога реши да се крсти. Бабата е најкул лик и многу често подобар родител од двајцата родители. Многу ми се свиѓаше што само она го учеше Шелдон за начини на однесување - на пример каков му е изразот налицето кога игра карти и какво треба да биде. Мајка му само трчкаше околу него, а татко му изгледаше како да му е смачено од него. Старата знаеше и со Миси за дечковци да разговара, и на Џорџи му го спаси бракот. Џорџ беше за жалење. Значи, мажи, пазете како се жените, он ја забремени Мери и морал да се жени, ама она цела кариера му ја поеба. На крај направија коо демек ете прифати нова работа што му беше желба од секога, и Мери прифати, ама умре. Да имаше Мери мајку мозок и да беше помалку себична дека мама ќе и помага за децата за она да може да оди у црква, човекот одамна ќе беше надвор од тој град и со подобра кариера. Се застана оти она не сакаше. Сељанка. Мислам дека сфативте дека мери според мене е уќасна и себична, па ја оставив на крај, оти не ја поднесувам. Го кристи внучето без да го праша синот, се караше за него за да го думка, како секое бабиште, па дури и напна да раѓала пак за да има бебе дома. Некако ко да не сфаќаше дека она треба да биде само баба, не мајка, не светица... Она неколку пати му застана на патот и на Шелдон, она заради ураганот сакаше Шелдон да прекине со едукацијата у Гермација, и го лажеше, она времето кога требаше да им помогне на децата после смртта на Џорџ себично го минеше у црква. Она ја малтретираше мајка и да чисти у црквата а со неа и Шелдон, не заврти ни една другарка, не сфати кој никаков човек им е тој попот, нестабилен, побитно и беше да и е зготвено отколку децата да се среќни. Се на се, супер серија, си ја гледавме второт пат заедно со детето, да порасне и заедно ке ја гледаме и Возрасната верзија.