1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младите и идеалите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 13 септември 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Периодов,присилно или како едноставно секојдневие со доза на разочараност,згаденост и огромна изненаденост често наидувам на луѓе и ситуации,а и самото од себе некако ми се наметнува да размислувам за нашиот млад човек кој дезориентирано лута и пие кафе по улица Македонија како главна цел на денот.
    Па сакав да ве запрашам,што е со денешнава младина?! Во која насока се движи и зошто е тоа така?!
    Да бидеме искрени, силата на една нација е во младината,нашата е некако трома и аморфна маса која кој како стигне ја обликува,а реалноста говори дека тоа им одговара на дел од постарата генерација која од петни жили се труди да се задржи,сеуште да зградби и доминира (мислам дека на добар дел ќе им текне за кого и за кој тип на луѓе мислам).Лајт мотив стана добро излегување,девојки/момчиња,џепарац на 20 и кусур години од родителите,факултет како изговор дека не седиш за џабе и не безделничиш,добар секс кој по секако е потреба и тоа во категорија а,но не и дополнителен мотив за живот,па апсолутно те прави една проста форма на животинка.
    Нема полет,нема живост,ја нема онаа борбеност која во времето на нашите родители била честа.Нема трагање на идеал,нема контемплација на идеи,насоки,доза на хазардерство во однос на тоа дали ќе успеам или не,дали моите можности се поголеми од ова. Во превод,се се сведува на тато носи,мама меси,сите тие ќе завршат факултет,ќе бидат бутнати во некои фирми и некако тука затихнува ситуацијата и се задоволуваат со се тоа.
    Сметам дека токму ради ова немаме најдобри спротисти,немаме научници, немаме екстремно добри наши фирми,со наши производи,ма ајде да почнеме од основата,немаме ни јако студентско тело кое го брани студентскиот глас затоа што тие се задоволени со своите ситни потреби и чувствуваат страв да се спротистават. Имам чувство како да живеам во време на генерација која е комплетно аутистична по тема храброст,борбеност,заинтересираност,љубопитност за нови нешта и постигнување на максимумот од себе во било која сфера на живеењето,а апатичноста и некоја чудна меланхолија се главна одлика и секојдневие.
    Кој е вашиот став по оваа тема?!
     
    На blady, Bright, EleMental и 3 други им се допаѓа ова.
  2. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Мое мислење е дека Македонија е катастрофа знам дека е моја но не е тоа тоа.. Луѓе гладуваат а се прават споменици безврска али мене ми е супер се преселив у Шведска тука државата мисли за тебе многу е добро, а кој ќе остане у мк нека го изгасне светлото да не се троши струја ;)
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Затоа што бдееме со мотото дека просечното е доволно. И како такво го прифаќаме и го правиме начин на живот. Во смисла зошто да се трудам од петни жили и да добијам повеќе, а која знае дали ќе добијам, туку ај јас да си терам со границата на „доволното“ онолку колку без ич, или наведната глава сабја не ја сечи, па ќе се задоволам со тоа. А се задоволуваме со премалку. Се повеќе правиме компромиси за да бидеме во една златна средина, затоа што надпросечното не е добро прифатено. Или што ќе каже ојле дојле, или за профит. Се повеќе калкулираме и се задоволуваме со се помалку.

    Искрено не ни знам од каде потекнува дотичното размислување и колку наназад тоа треба да да погледнеме за да разбереме. Дали етоа до воспитувањето како такво, дали од презадоволувањето од страна на родителите, кои ете одат со размислувањето: Јас се мачам цел живот за децата мои да имаат се што ќе посакаат. Разгалени сме и во никој случај не сме независни. Баш напротив, зависиме и тоа премногу од родителите. Само кај нас го има тоа, човек од 30 години да седи со мама и тато и да зависи од нивна плата. Не знам дали со ова ја ставив целата вина на родителите, но сепак има нешто во тоа.

    Можеби недостаток на мотивација, а можеби страв да не нивните размислувања и обид да направат, бидат осудени од страна на општеството. Па затоа сите се препуштаат ете на некои размислувања кои некој друг им ги наметнува и со кои ни малку не се согласуваат, само од страв. Страв да имаш сопствен став...И страв да почнеш нешто ново оти може да не успееш па после што. Ете толку кукавици станавме.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Мене воопшто не ми е јасно, како некои луѓе се задоволуваат со просечноста. Јас не гледам нешто убаво во тоа да цело време да се гњавиш во незнаење и да си кулираш на кафенеце. Ако ноктите и косата ти се средени - се е во ред. Среќен си ако успееш да отидеш на сите настани да те видат сите и да ги видеш сите. А замисли не знаеш што да облечеш... смак света. Дечкото те оставил заради друга, а ти си бегала од часови за да бидеш со него. :!:

    Ако тоа се единствените грижи и проблеми на нашата младина, 2012 те чекам со раширени раце. А главно е тоа. Или дечкото, или облеката или другарките. А како беше тоа... Се тече??? На фејсбук сите се прават мудреци со статусите, а никој не го почитува напишаното. За лајкови се бориме!

    Искрено, ги разбирам оние на 12-13 години, па и на 14 ајде (и покрај тоа што сега децата се порано влагаат во пубертет). Не знаат што сакат, изгубени се, проблеми со сите... Опасна работа е тој пубертетот ( а пазите, некои цел живот ги држе). Но кога ќе ти поминат бубчките, мора да се сфати дека надвор постои поголем свет од оној тинејџерскиот! А не цел живот, последна книга која си ја прочитал да биде Зоки Поки или пак да се палеш на Џастин Бибер.

    Целата неволја е во тоа што многумина не знаат што сакат! Немаат желба да се испитаат на некое поле. А ако имаат некој талент, го фрлаат како црлива јаболка. Но кој да и објасни дека напредувањето не боли? Но некој и од петни жили да се напне, кој да го слуша? Надвор има толку кул работи со кои можеш да се занимаваш, нели? |(
     
    На TheKiketoo, Monna.Monna, pink4ever и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секој има идеали, секој сака да биде над просечното, но окружувањето не’ притиска.
    На пример, студираме нешто што не’ интересира и со голем ентузијазам завршуваме и мислиме дека ќе бидеме алката што води кон промени, но потоа се соочуваме со реалноста. Не дека пред тоа не била јасна, но сепак се’ додека не дошло времето за осамостојување, сме имале идеали.
    Ти велат не можеш да бидеш поинаков затоа што така функционира системот. И повеќето ќе го прифатат тоа и ќе влезат во тој свет на просечни луѓе со просечни потреби и просечни соништа. Проблемот е што никој не тргнува од себе кога сака промена, туку најчесто нашите млади сакаат да им се создадат услови сами од себе па потоа да ги остваруваат своите идеали.
    Или за спортот - некое дете е талентирано од мало за гимнастика, на пример... Што ќе прави тоа со тој талент кога нема каде и како да го развива? Нема услови, нема тренери. Родителите ќе му речат: синко ти оди на игралиште во слободно време но учи редовно и одбери си друга професија зашто од ова нема леб. Барем третина од децата се соочиле со оваа реченица кога за нешто покажувале голем интерес.
    Колку и да биле борбени, решени да ги остварат соништата и да направат промена, на крај просечното секојдневие најчесто ги голта идеалите и останува она "што би било кога би било". И ме мава депресија кога размислувам на темава.

    Мојот став е "биди промената што сакаш да ја видиш". И да, стојам се’ уште зад тоа. Не сум тоа што сакам да бидам, но не прифатив услов што од секогаш сум го презирала за да бидам нешто повеќе од ова што сум. Совеста би ме убила кога би прифатила да бидам дел од тој глупав и расипан систем. Уште се држам, колку да знаете. :!:
     
    На Bright, thinkerbell, innablood и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Ливинг ако секој има идеали, сите би се бореле за нив. Ќе има поголема конкуренција и ќе има се поголем напредок.

    За жал многумина се задоволуваат со просечноста. Барем така е во мојата околина. Едноставно, некои луѓе си се сместени удобно во својата мрза. Не може некоја која само го тртли газот и бега од часови, китејќи се со единици да тежнее кон живот во кој ќе напредува.

    И колку од младите имаат погрешни идеали!? Многу!
     
  7. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    да Де Ловелу е во право кога вели дека ние сме народ кој се задоволува со просечност.....имаме ние многу таленти,многу добри спортисти,уметници,актери итн само и нив ги удри бранот на оваа испартизирана држава.....секаде на секое поле владее политиката и партискиот систем па за жал дури и во уметноста.Кога ги слушав во една емисија познати наши актери коса ми се крена кога кажуваа како плати им биле намалувани,работата им висела на конец зашто не биле обоени во боите на Вмро...жал ми е што и тука мешам политика се надевам нема да бидам оф топик но сметам дека таа е реалноста ....Студентите!леле ако почнам да пишувам за нив нема да ми стигнат две страни....идат на факултет и ги плаќаат сите можни уплатници кои ќе им бидат ставени на рака...а не сакаат да се помачат и да прашаат дали на пример студентскиот сојуз мора да се плаќа....(ко шо беше случајот пред гопина дена) а не мора да се плаќа....тие и покрај тоа го плаќаат зашто едноставно ги мрзи да се бунат и да го кренат својот глас и полесно им е да си платат 200 ден.
    Корупцијата на факултетите постои знаете зошто?токму по вина на студентите.....зошто?затоа што им е тешко да научат некој потежок испит и да го загреат столчето па полесно им е да му платат на професорот 300 400 евра и ајт со здравје.Се плашат да се кренат и да го кажат својот глас...или поточно не се плашат, туку ги мрзи.
    Децата оние најмладите го изгубија чувството за детство....тие немаат детство....едно 7 годишнбо дете наместо да игра криенка на улица ...седи дома на компјутер и игра покер....е таква е реалноста....родетиелите им дозволуваат све и свашта.....имаат најмодерни телефони уште на 8 год .....кога ја на таа возраст освен стариот фиксен тел не знаев ништо друго.....и знаете што стопати ми беше подобро.....Го знаат англискиот јазик подобро од мајчиниот .....која катастрофа....Мајките им ги шатираат косите на своите девојчиња уште пред да ја добијат првата менструација.....им дозволуваат да си ги носат дечковците дома уште на 15 год.....Наместо да ги учат своите деца да научат 5 прашања за писмената тие ги учат како да препишат.Единствени идеали на младите им се некои бизнисмени кои едвај имаат завршено основно школо .ама преку продавање на дроги и крадење направија замоци од куќи и купија триста станови.
    има еден куп работи да се кажат на темава.....како и да е можда бев малу оф топик ама реалноста е таа
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    А нели ве провоцираат оние просечни и подпросечни кои се трудат да докажат на светот дека се многу повеќе,но на глупав начин што ги издава дека се ... така кажи морончиња желни за внимание?! Нивниот начин за отскок е константен критички став,катадневно тролување и ексцентризам.Со брзина на светлината и сарказмот и иронијата станаа примери за надпросек и вештачки се трудат да го вметнат ко дел од себе,иако природно не им припаѓа. Некако својата уникатност ја дават,за да се претопат во општоприфатена норма за да некому му се допаднат,а не се трудат вистински да го одбранат она кое нив ги интересира,им лежи или го имаат како став.
    Ќе се согласам со Ливинг дека секој има идеални и ќе додадам,можеби остануваат не реализирани да,поради условите,а условите не ги создаваме сами од страв од околината,особено нашата која е расадник на стереотипи и ко некоја мода последниве години се наметнува,ново и ново и сите престануваат да бидат свои.Надпросечноста ја втопуваат со вообичаеноста несвесно,не гледајќи дека моменталниот критериум и не е најдобар,а и не е нивни во целост. Се плашат од нивната страст кон нештото, а некои прават некои работи скришно од страв од осуда. А плус,ние сме таква земја каде што сечиј успех е предмет на подсмев чисто за да ти ја намали твојата моментална вредност,а нивната безвредност. А и воопшто,не постои расположение за признанија и искрено воодушевување на некои исклучителни и храбри...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Оној дел од нас, кои имаат или имале идеали фрлени во центрифугата на нашето општество излегуваат или целосно испрани од нив или со избледени, лоши копии на дамнешните идеали.
    Јас рано се соочив со разнишување на своите идеали, на самиот почеток од својата втора декада кога решив да студирам и работам паралелно. Поголемиот дел од моите врсници имаа уште идеали во поглед на градење кариера или сопствен развој во рамките на општеството.
    Во нашето општество во овој момент на цена се друг тип вредности и идеали од оние за кои говориме овде. Моето децениско работно искуство ме научи дека важи паролата дека една ластовица не ја прави пролетта т.е. немаат ни интерес ни слух повеќето крути средовечни и пристари луѓе кои ги заседнале позициските фотелји за било каков напредок. Ќе посочам најелементарен пр. во една од компаниите каде работев им предложив компјутерски да го составам пописот го одбија предлогот, да сме го сработеле на дигитрон.
    Во однос на тоа што ни преостанува, да го збогатуваме сопственото знаење, да не ја губиме верата во сопствените идеали целосно, бидејќи нека звучи колку сака утопистички јас верувам дека ќе осамне ден во кој идеалистите ќе бидат ценети и на оваа наша родна грутка.
    Меѓутоа факт е дека сегашната состојба е идеална микрофлора за паразитската младина, поточно оној дел од неа кој има само еден идеал - терање редовни дневни кафе шеми и целоноќни лумпувања.
    И се согласувам со Ливинг нема секој совест ни па карактер да биде послушно партиско војниче спремно да кима и вели „амин„ на се‘ што му е сервирано. Не ми треба да сум дел на ваква евалуација, ама не се девалвирам да го изгубам најприоритетниот идеал - да останам своја во ова (не)време. Секој вреди колку што вреди, поентата е да не се продаде евтино себеси и своите идеали.
     
    На Ariel и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Не знам дали ја сфатив суштината на темата, но ќе продикутирам
    Сакаме се’ да ни падне од небото, а ние да не помрднеме со прст.
    Сакаме се’ на готово, се’ од мама и тато. Но,мама и тато нема секогаш да бидат тука.
    Никогаш не сме се потрудиле сами, без нечија помош да почнеме да правеме нешто за себе. А, сакаме да успееме во животот, да бидеме ценети, почитувани, да бидеме некој и нешто, но со прст не мрднуваме да го постигнеме тоа.
    Само дај, грабаме и грабаме,а зад себе ништо не оставаме.
    Сме задоволни со тоа минимално што го имаме, а не тежнееме кон повеќе. Има исклучоци,секоја им чест, но во целост младите се вакви.
    Но, пред се’ треба да имаме потпора, подршка од државата, а ние тоа го немаме. Државата треба да ни биде стимул за нас, да не принудува да се стремиме кон повеќе, со самото тоа што ќе отвара нови работни места за квалитетни кадри, со признанија и дипломи за нашиот самостекнат труд.
    Исто и општеството има голема улога. Се потсмеваме на некој кој се труди, учи да биде некој и нешто, додека ние си уживаме и чекаме се’ на готово.
    Работите во животот никогаш нема да ни бидат дадени на послужовник и ние само да подигнеме раката за да ги земеме. Треба работа, пот, труд, треба да бидеме самостојни. Само така ќе успееме во животот.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Влијание имаат и нашите.Од желба да ни олеснат, зашто ним можеби им било тешко, прават се во нивна моќ да ни удоволат, за било каква работа.
    Познавам луѓе на моја возраст на кои мајка им уште им спрема доручек, секој ден.Кога се запишував на факултет имаше бруцоши со мамичка под рака чекаат ред и пополнуваат пријави.
    Мама и тато прават се ако можат-бараат врски за подобра оценка во средно, за факултет да не коментирам, финансираат буквално се од одмори, облека, излегување.Има исклучоци, но тоа се семејства без големи приходи.
    Не познавам ниедно, ама баш ниедно семејство со големи приходи што рекло не на синчето или ќеркичката кога станува збор за пари.И какви идеали да имаат после?!Имаат кола уште во средно, ја пропатувале демек Европа, имаат се што сакаат, па и повеќе од тоа.Нормално дека тоа дете нема да размислува како да си ја обезбеди иднината, да се фати за книга, да се вклучува во разни организации, да биде амбициозен.
    Сум забележала дека деца од поскромни фамилии се на појаки факултети, со повисок просек, амбициозни, сакаат да се истакнат, планираат иднина.Тоа се деца што знаат како е да се нема, што сонуваат да имаат нешто што никогаш го немале.
    Не велам дека само економската потковеност има влијание, но секако има удел.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Идеали можеби имаат сите млади ама клучот мислам дека лежи во амбициите. Која амбиција може да ја има еден млад човек кога се му е принесено на тацна а тој треба само да голтне. Иако некогаш и таа голтка оди тешко а пак недај боже да се задави-засркне ќе му се сруши целиот идеален свет.
    Зошто да бидеш поинаков кога неможеш да бидеш уникатен?!?! И потоа следува плукање по системот во кој функционираме, а зошто така функцонираме ??? епа така ни кажале :$ Дали да се смееш или плачеш.
    Ако немаш амбиција, немаш ни мотив. Мотивот можеби може некој да ти го наметне ама амбицијата никој. Е тука веќе станува збор за тежок паразитизам или народски кажано ,,толку му сече секирчето,,.

    Многу е полесно кога имаш цел и амбиција да оствариш некој идеал. Значи не тапкаш во место и вртиш во тој затворен круг. Идеалот е пред вас, ама стасај до него и не по секоја цена.
     
  13. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Која држава да биде стимул за нас? Оваа корумпирана, преполна со непотизам и глупости, што незнае што шета по неа, какви дегени и идиоти ранети со сребрена лажица, медиокритети без грам мозок држи?
    Оу не, можда сум исфрустриран тинејџер, ама гајле ми е. И си имам комплекси и ако тука ги лекувам, океј.

    Што да правам јас, како поединец во општеството, кој нема пари? Знаеме сите многу добро дека ова е монетарен систем, тие имаат најголема цена на берзата на човечки вредности. Сакам уметност, боемштина и живот пред се, како да го добијам тоа кога ме гушат сите лажни морални правила и стеротипите и предрасудите околу мене? Како?

    Имам идеали, желби, волја, елан, младост пред се, своја сум, ама што ми вреди тоа, кога знам дека секогаш пред мене ќе бидат деца на богаташи со пилешки мозоци?
     
    На Princess.S, Magnolija и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Какви идеали!? Лејди Гага? Парис Хилтон? Чарли Шин? Место Тоше, тоа се идеалите на моето време. Од страв да не се уклопиш у друштво се ќе пробаш и воедно ќе пропаднеш. |(
    А зошто ги обвинувате само младите? Да де, треба да се трудиме да посегнеме за повеќе од она просечното, но што ни нуди државата?! :^) Некои смешни факултети на кои корумпираноста расте повеќе од знаењето? Па зошто да учам, да се борам да ја постигнам својата цел кога знам дека немам шанси да успеам? Што ако сум талентирана по тоа и тоа кога за да се запишам на тој факултет прво ми требаат пари? Никој не го интересира твоето учење, посветенста кон одредениот предмет за кој се запишуваш на факултет ако зад тебе стои некој со пун џеб пари, без тронка интелигнција. Секако дека тебе ке ти каже чао, пријатно барај си послаб факултет, а тој зад тебе ќе го примат со раширени раце. :fubar: Па тука треба и родителите да се спомнат како виновници. Место да му каже на детето „Сине, фаќај книга, труди се, учи, за да се запишеш на нешто, да бидеш човек“, тој ќе земе пари ќе плати диплома и зошто, само за да не го “мачи“ детенцето златно. Место да и посакува светла иднина, мајка и одвај чека да ја омажи. Чист пример другарка ми: мајка ја напнува да учи сега во основно само да ја запише на во некое средно да не плаќа казна, а одма после средно, да бе она ке дава пари за факултет, ќе ја омажи и чао пријатно. Таа точно знае дека ако сега не и дава да излегува после 6-7, кога ќе стане полнолетна ќе излезе и лом ќе се направи. Знае дека ако сега не и ја објасни темата секс, дека ќе излезе и ќе дознае што е тоа. Заради таквите пропаѓаме. Заради заостанати родители и заради пренапреди родители. Веќе ја нема златната средина. Заради доктори со купена диплома кои немаат везе каде инкеција да ти стават, а не па операција да ти прават не дај боже. Заради политичари кои немаат везе од политика. Заради професори кои им гледаат под сукњите на студентките, или евентуално по џебот, место да земат да ги научат нешто. После јас ќе се трудам да успеам тука, во Македонија? Ма бегај бре, нека ми испаднат очите на компјутеров, ќе си аплицирам за стипендија некаде во Америка, место да се гужвам и нервирам овде. |(
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Ќе го кажам следново во множина, бидејќи така е: Нема борбеност во нас. Што толку многу не‘ надвладеа па останавме во сенката?
    Порано, колку само луѓето се бореле за своите идеали, дури и животи дале за ние сега да се „тегниме“. Им симнувам капа на оние кои барем во својта околина, заедница, семејство го прават тоа. Сепак, тоа не достигнува светски рамки. (Ние) Студентите треба без страв да го искажеме она што го мислиме, да го истакнеме она што го твориме, или пак во она што сме добри да станеме подобри и тоа да го примениме, без разлика што студираме и што ќе бидеме во иднина.

    Шетам по ходниците од филозофски и гледам постери залепени со по една реченица која ми одекнува во ушите дека ние сме тие, младите, полни со живот и енергија, време и идеи кои треба да ги воведеме ако сакаме да видиме подобро македонско општество. Без жалење, бидејќи најлесно е да се рече „Не можам“.

    Јас лично си имам идеали кои се‘ повеќе и повеќе ми се зацртуваат во главата и ако пола исполнам, јас ќе се почувствувам како успешна личност. Ќе почнам од малку, па ако успеам ќе продолжам. Во нечии очи тоа нема да значи многу, но јас го сметам тоа за добра постапка. Да дообјаснам, како инспирација на оваа замисла ми беше Dead Poet Society. И јас еден ден ќе бидам професорка и поинаку гледам на таа професија. Бидејќи јас како ученик сум жеднеела за повеќе знаење, поинаков пристап на учење... Во иднина за идните ученици тоа сметам дека може да биде реалност.

    За луѓето околу мене... младите од мојата генерација... што да кажам. Велат, сакам работа, сакам пари, ќе го шетам светот, ќе го купам фустанот од излогот... а до тогаш скролаат ли скролаат низ фб, разгледуваат профили... Тоа е досадно. Тоа не лични на младалашки дух. Ќе прочитаме по некоја мудра мисла која не ја применуваме... Ама ете има и доста паметни луѓе кои несебично ги споделуваат нивните мисли преточени во поезија, нивните погледи во фотографии, нивниот слух во добра музика. Желбата за промена нека стане нов начин на живеење.
     
    На LivingGlam и Mayyya им се допаѓа ова.
  16. maser

    maser Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    abe se e katastrofiral vsicko e kak da ti kazam namam zborovi vsicki mladi na pocivka i nisto ne gi interesiruva samo pocivka i po nakoe livce v kladilnica ili da se fne nesto gratis za rabota ne im govori site ke bdat direktori zastoto imale fakulteta si ami kaj se rabotnicive koj ke rabote tae nosi mama mesi :D ke se sredi nekogas so mladive znaete koga nikogas site samo mamo tato a za rabota gi nema nikade pros narot silna drzava :D ajde pozz do site femina korisnici :D
     
  17. Bundaa

    Bundaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    13
    Незнам каде да го поставам прашањето па решив овде :D
    Дали некој на по прост начин може да ми го објасне значењето на монетарен систем ?
     
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Нискиот стандард во Мк ја уништува амбицијата кај младите. Потребен е стимул и поддршка, за да дојдат до израз талентите. Исто така, неопходно е да се зголеми стапката на вработеност, за да младите имаат поголем интерес да се реализираат себе си на научен план.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    За идеале гину будале. Јас би рекла, подобро да ги немаш, отколку да ги имаш погрешни како што ги имаат повеќето.