1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младите и работата

Дискусија во 'На работното место' започната од Biljarkata, 6 јуни 2023.

  1. QuickBro

    QuickBro Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Kaži mi Tanja što rabotes i dali seuste Baraat tamu?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.720
    Се откажаа од барање работник. Плус господата кандидати си истакнале дека не сакаат сложените обврски да ги работат, само наједноставните. Со тоа тимот никако нема да се сложи, оти нели секако ќе се бунат. Нема логика некој да зема иста плата со другите, а да работи обврски како со средно. Реално и не е работата нож до коска да мора и мора да се најде нов човек.
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm те прашаа за каква работа станува збор, секако не мора да кажеш на форум име на фирма, не ни треба, туку од прилика да знаеме што поточно е, зашо ептен ги испофали и сите не занима.
    Еве кој сектор е, јавен, приватен, граѓански или во повеќе сектори си вклучена?

    А штом не ги исполнуваат критериумите секако нема да ги вработите, вие си одлучувате сепак.
    Ако не е дојден ножот до коска зашо барате работници тогаш, шо се замарате со дечиња некои, вас ви требаат озбилни работници кои знаат како.

    Како што сфатив ти си една од најдобрите и најквалитетните работнички и ти нема замена па затоа нека не се секира многу газдата, нека не го боли глава шо не нашол нови луѓе и онака непотребни му се, викаш повеќе штета него корист од нив..
     
    На Billy Idol, Munchmallow20, staycalm и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.720
    Приватен сектор е. Банките се наши соработници и многу други. Не сум во НВО како што сте сфатиле некои тука што се расфрлате со зборот „платеници“. Не ја испофалив толку фирмата колку што ги покудив работниците. Ај кога ќе пораснеш, кога ќе почнеш да работиш, ќе видиш што се нема во Македонија и какви се луѓето. Ако најдат работник најадат, ако не најдат, пак добро. Кажав, 10 врвни работници има во Скопје во фелата, тие прво не се без работа, друго и да му нудиш добри пари, не се замара да ризикува, да менува тим, работно место.
     
  5. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Женски
    Ова е класично мислење на некој постар. Не те обвинувам но не си во тек со реалноста во мкд. Да порасната сум, барам работа. За основна работа со ниска плата, треба врски, партии. Не зборам за одма директорска позиција како што знаат да коментираат некои. Да беше работникот виновен а газдите најдоброто нешто, мкд немаше да биде во оваа состојба каде што има евакуација на работноспособно население, од сите профили/возрасти. Многу од луѓето (кои се професионалци) си одат поради нерегуларности, тоа што неписмени се шефови со нула искуство. Ако пред некоја година само парите беа причина да си замине некој, веќе причините се многубројни. Од труловп општество, полно со завидливи луѓе и малограѓанштина, до образование и здравство. Нема веќе простор за здрав напредок. А исто си одат и млади бидејќи немаат можност да стигнат да се надоградат во работат, немаат каде да формираат здрава околина за себе и за идна фамилија. Но добро, ќе почекаме за 5г па ќе видиме кој ќе остане да работи, газдите нека спијат на тоа уво (ако нема работник "добро", ќе видиме до кога)
     
    Последна измена: 28 август 2023
    На eliesaab, Billy Idol, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    22.682
    Не ја исчитав цела тема.
    Ама ај ќе си го кажам моето.
    Моментално работам за без пари, за искуство. И немам проблем да терам барем некое време вака. Е ама на местово кај што сум, вработени се многу малце и со женава кај што сум јас работи сама и без нечија помош не може да постигне.
    И наслушнав и дека намерно не вработуваат нови оти често им идат студенти или скоро дипломирани за искуство па што ќе плаќаат некого бе?
    Е вака ќе идат за искуство, еден друг трет и некако ќе се тера. Што јас нели, немам проблем да не ме плаќаат додека се учам ама самиов ред што си го имаат воспоставено е малце...не знам.

    Претходно требаше да почнам на друго место исто по струка ама се чекаше да де доуреди местото. Па наидов на преваранти. Куп лаги, одолговлекувања, дури и во измами се посомневав дека прават ама не навлегов подлабоко оти неќев белји над глава. Си заминав оти преку патка ми дојде.

    Лани додека работев келнер не ми беше ич тешко физички ама луѓе...кафичот беше мал а мислам секој што идеше пушеше.
    Си одев дома со страшни главоболки, спиев ко неарна и пак не бев наспана. Па фатив настинка, проблеми со дишење цел месец, катрани вадев од носот. И тука престанав.
    Вреќи цемент ќе носам ама ова не.

    А моментално кај што сум веќе брзо се уходав, башка фини се другите вработени. Е сега не мислам нели вечно да останам без пари да им работам, ама додека се научам да.
     
    На eliesaab, Mrs. right, dea.18 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    13.438
    Пол:
    Женски
    Извини, каква е таа професија каде што не се работи за беспари? И минималец да ти даваат, пак не си беспари, или си пријавена како практикант, ама и за тоа ти следува надоместок.
     
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    22.682
    Па не ги плаќаат волонтерите тука и по мојава струка општо.

    А во моментов искуство ми треба ептен така да...
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Не е само тој проблемот, Селена. Не се искрени на интервју, јас одбив работни места заради ова. За да задржат некој лажат слеш манипулираат. Платите моментално се порка мизерија, еве јас ако треба да патувам во соседен град, да си носам храна со мене оти нема платен оброк, не знам што точно ќе ми остани од таа плата? Ако решам да барам стан под кирија, уште полошо, тогаш не само што нема да остани туку нема ни да биди доволно. Кириите се скапи, бараат депозити, а во киријата не се вклучени сметки. Снајди се па живеј. Па уште се дрзнуваат да кажуваат на младите не им се работело. Направи ти социјалистички услови, па ќе видиш дали нема да работат. И за крај, држава која ги мрази младите и ги саботира на секој чекор е пропадната држава. Со среќа нека им е на “газдите“.
     
    На Billy Idol, eliesaab, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам, не сакам да пишувам за сите фактори, бидејќи прво е долго и веќе сум уморна од тоа да се докажувам дека животот во мкд е преживување. И ако се осмелил да бараш нешто повеќе те напаѓаат. Државава не е за сите лоша, тоа е факт. Но пак ќе кажам уморна сум да се докажуваме а за возврат да добијам коментар "ако си толку способна што не останеш тука да опраиш работава", "одма сакате висока плата", "морате да волонтирате за беспари неколку години па тогаш".
     
    На Billy Idol и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.720
    Јас те разбирам потполно. Во право си. И јас сум слушала за луѓе кои одат на работа, па ќе ги извисат, ни плата, ниту го пријавиле, ништо, газди манијаци, се пуштаат на работнички, не дај боже да е самохрана мајка, не дај боже да е трудница, и не дека фирмава е на седмо небо, ама за македонски услови е солидна(Не е НАСА како што се зезаат). Идеално во Македонија нема, не верувам дека ќе има. Дури мислам дека има полоши колеги од газди. Какви главоболки ќе ти направат, ќе ти се стемни. Еве кај мене сега имам колешки што бегале од токсична средина, велат шефови лицемерни, фини со тебе, одат кај газдите, ти ги превртуваат зборовите, те кочат да напредуваш. Имаат вина и двете страни за состојбата, ама пак она злобното дека еве не отидов на интервју, го зезнав, ќе пропаде, го уценив, не ми држи вода, затоа што газдите имаат еден бизнис, па тој го врзуваат со друг, па тој со фирмата на жената или сестрата, и добро како бре луѓе некој уфилман кандидат за работа без реално знаење него ќе го потоне, кога направил пари за децата комотно да му живеат? Сите знаеме дека Македонија не е Швајцарија, јасно ни е, ама па и продуктивноста кај нас е многу помала. За малите градови да не правиме муабет, работа е научна фантастика.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам. Животот тука знае да биде агонија, не за сите во ред, ама за поголемиот процент е. Нема што да се докажуваш. Од лично искуство знам дека луѓето лажат. Луѓе кои најмногу се жалат, добиваат најмногу помош. А луѓе кои тврдат дека се најголеми работници, најмалку работат. И тоа не е нешто лично кон некој што пишал овде, во реален живот го имам видено феноменот.
     
    На eliesaab, Tanjamm и Selena01 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.720
    Може па и јас сум старомодно воспитана, без разлика како делувам на форумов, надвор од форум двапати мерам еднаш сечам. И јас сум одела на интервјуа порано и тоа во звучни фирми кои ги знаете, ми нуделе мала плата, сум имала подобра опција хонорарно повеќе да земам, сум кажувала дека не ми одговара платата и тоа е тоа. Ниту сум скокала во збор, ниту сум се однесувала арогантно, ниту сум навредила, напротив сум персирала, сум се однесувала одмерено, ама па тие фирми не пропаднаа дека јас ги одбив и денес постојат и работат. И дел од тие што ме интервјуирале тогаш денес ни се соработници, така што можам да им се обратам, се немам замерено и слично. Животот во Македонија е доста тежок, уште и ако си шалабајзер, отиде возот. Додуша шалабајзери има многу во нашава средина, ама па и тоа нема вечно да трае.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.563
    Допаѓања:
    14.718
    Пол:
    Женски
    Лажат сушат. Многу од високото се, ама за нешто помалце од 5 години има да молат. Буквално да молат работници. И сега знам дека во некои професии многу тешко им оди, доста се ретчат. Само уште се горди, ама нема за долго.
     
    На Billy Idol, Selena01, Spicy Senorita и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Не знам какви се, ги гледам методиве уште со геслајтинг се занимаваат, дури и по форумов. Што значи, иако им фалат работници, уште не ја научиле лекцијата дека со човек не треба така. Ваљда кога скроз ќе се осети променава, ќе биди касно. Леле, само Тања да не дојди од некаде да ни кажи дека сме шалабајзери...
     
    На eliesaab, L.i.n.a.a, Космонаут и 2 други им се допаѓа ова.