Новиот работник се воведува во работата, тука или неуспешно е воведен или не покажал афинитети да се адаптира и научи нови работни вештини. Сепак во вториов случај не треба да се стави да работи со клиенти кога не научил се колку што му е неопходно за да работи самостојно. Ако газдата има правилен вредносен систем кон трудот и работата на сите вработени од најнов до најстар, вклучително и тие што воведуваат во работа не би било вака хаотично и несолидарно. А солидарноста да не се лажеме не се покажува само со тапшање по рамо, така што тука првенствено е виновен газдата пишав зошто.
Знам, ама требало да научи, па тогаш да го стават на шалтер. Значи основна операција не знаеше. Недопустливо е да седнеш на шалтер, да примаш плата како банкарски службеник и да го потпрашуваш колегата „ееејј, види, пак ме враќа назад, еј види на екран што ми излезе“. Колегата си има редица клиенти, не може да учи приучени и ненаучени и да зјапа во туѓ компјутер. На крајот ме анкаа од еден ред во друг ред, при двајца неписмени, отидов кај трет писмен што ми среди за 2 минути. Се разочарав, си реков „ееејјј, на какви будали ги доверуваме нашите пари“. Двајцата шупаци и утре нема да знаат таа основна операција да ја вршат и ќе речат „ај дојди утре“, со надеж дека утре странката ќе се престрои кај друг колега. Плата земаат, не волонтираат. Банка е, не е зелен пазар и треба да има некој имиџ, да држи ниво.
И пак мешаш поими, ова што ти го кажуваш е пример за лидерство каде се работи тимски, нема јас туку ние, тимска работа, другото ти е менаџирање кое ти вели заврши го ова и ова и достави го во даден час.
Jas izvini ama nemozam da se slozam so tanjamm.Jas mislam deka na sekoj treba da mu se dade sansa I sekoj treba da nauci.Od druga strana pak dobro e ako prasuva I ako se interesira za rabotata.Site sme bile pocetnici vo svojata rabota.Samo covek ako saka moze da uspee.Jas koga otidov kaj mene na rabota neznaev nitu edno cveke kako se vika osven ruza normalno koj ne ja znae.Ama so tekot na vremeto I godinite sakav I nauciv.Znaci ne ima sekakvi I rabotnici a I sekakvi gazdi.Taka da djabe se komentira na ovaa tema se e toa ljubov prema rabotata.Ako sakas ke naucis toa e toa.Ova e moe mislenje se nadevam ne gresam
Чекаме Били да не просветли со некој абер за ќотекот и неговото влијание на неокапитилстичките правци во ИТ индустријата.
Јас мое искуство ќе си споделам како млада во работна средина. Најкраткото работно искуство ми било 6 месеци ради тоа што неможев да ја издржам средината и луѓето со кои бев беа тотално изгубени за да ми бидат претпоставени и да ми наредуваат што да правам. Платата беше таман за тоа време. Втората работа ја најдов и си заминав од првава, имаше подобри услови, подобра плата, али менаџментот се гледаше дека нечини уште од самиот почеток. Ова време многу трпев зошто бев "млада" и "неискусна" па ми фрлаа еден куп работа зошто мислеа дека можат да ме мавтосуваат како сакаат. Биднаа многу глупости во меѓувреме и на мене ми пукна филмот па се испокарав со менаџментот за користење ден од одмор ми рекоа само дека ако не ми се допаѓа да си одам. После два месеца си најдов нова работа и директно отидов кај нив и им го дадов отказниот рок, беа во шок, ја само им се насмевнав и ги потсетив што ми кажаа. Овдека останав 1,5 година, платата беше ок на почетокот али 3 пати се зголеми минималецот и третиот пат најдоа да ја покачат. Многу се потценував колкав капацитет имам, но и ме изгради како човек. Третава работа ми супер сега за сега, условите се добри, луѓето се пријатни и платата е пристојна.
Еве како си пишал, Таквите вработени кои си ги опишал, верувај, газдата едвај чека да ги замени. Едвај. Гарант бара замена без да се дознае, и потоа ме шутнаа. Епа другар, тоа си бараше. Не е убаво да се преценуваш а зависиш од газда. Да се навратам на темата. Значи освен ИТ и фриленсери со флексибилно работно време, кои се многу мал процент, нема друга професија во која може вака да извољеваш. Муабетиве ти се како мојот син од неполни 4 години кога ке почне да пробува до кај може да оди. Треба малку да се вратиш во реалноста. Никој газда нема да ти исполнува каприци. Не знам дали те воспитале дека е ок да можеш да побараш се што мислиш дека ти следува, или ти си пораснал со убедување дека не треба ништо да ти скрати, некој си таму менаџер. Пффф. Замисли работиш во аптека. Еден аптекар покрива една смена. Или бутик. Или медицинско лице. Многу професии каде ако работничката ја фати пмс или работникот сака на бербер да оди, треба за тој ден катанец на врата. Се е убаво додека си ти вработениот а не газдата.
Јас ова со подобро ситуирани семејства и помалку го сфатив од аспект, првите можат да напрат избор и животот да не му зависи од то. А вторите често и не можат да си дозволат да се без работа.
Ако е каприц да одиш на доктор или ти трба одмор еден ден пошто веќе си прегреан од работата, браво. Здравјето дојде да ни е каприц. Луѓе не можат да се направат операција од тоа, нема кој да те замени. Другарка дојде до операција од тоа што немаше кој да ја замени. Се додека двете страни се задоволни, нема мир ниту правда. Секој од нас е заменлив. Како можат да пријавуваат некој на пола работно време или на четврт а фул обврски и работно време? Еден човек со 3 работни позиции, менаџерски или нз што. Со вакви ситуации што праиме?? Не можат да најдат човек на еден ден хахах ма немој.
Ако има медицинска причина за отсуство, си има лекар кој ке даде боледување. Законот за одмор е познат. По 6 месеци ти следува одмор. Ако газда не го почитува тоа, тогаш се дава отказ. Јасно е барем. Пишуваше една членка дека им фали работник, менаџерот не дозволува, и за ова треба отказ. Затоа, ако има добар однос газда вработен, каприци како одење на фризер е разгаленост и ништо повеќе.
Младите ќе го спасат светот Многу ги почитувам за критериумите, високите барања/очекувања и брзото менување лоши средини. Тие поставуваат стандарди и им се може. Се помалку лепачи на плакати во партии, се помалку купувачи на бурек на шефови, овие деца се родени за други светови, а мене сонце на надеж ме огрева да ги гледам Не сериозни? Мрзливи? Во околина во која се вреднувани не е така. А за комплимент и фала не си го оставаат здравјето на работа. Постариот кадар место да биде ветар во грб за искуство и помош, не може да ја поднесе агилноста на помладиот… Се надевам ќе имам прилики да работам со помлади константно во животот.
Ретко кој учи и слуша постар вработен. Многу веројатно е стариот банкар да е со средно, па кој е он да го праша. Мислат дека се сезнајковци. Одат на обуки кадешто треба да полагаат за плус лиценца, и 4 пати паѓаат испит.. @Tanjamm банките мака мачат да најдат асален кадар и вработуваат и помалку кфалификуван кадар што не сака да учи. Нон стоп имаат отворени огласи, ама тука во др тема пишаа дека не било така сите биле со врски Затоа исклучоците, тие што прашуваат и тие што знаат ќе бидат многу, многу понапред.
И за таков однос се дава отказ. Закон не е испочитуван. Не може некој да работи цела година без ден одмор. Ке си најде газдата начин.
Тоа е. Или поставуваат услов 2 недели пред да ти треба слободниот. Ако заминеш макар 3 саати порано од работа, пример ради болки, одма истиот ден се бара боледување и ти кратат, фактички исто како да не си бил.
Во мое искуство ова не се докажало како точно. Не дека нема вакви, туку многу почесто сум сретнала стари вработени кои го чуваат знаењето премногу цврсто, како да си тука да му ја земиш работата, а не како да работите заедно. Особено ако постарите се со средно или виша, а не факултет или магистратура, одма иди муабет: "е шо да ти кажам, ти си со факултет треба да знајш" ко искуство од книга да се добива. Дури и ко горчина да постои. Дури и најпросто кога сум студирала и одела на пракса, па волонтерство, имаше места каде несебично делеа знаење и сум благодарна. И места каде со шилец збор не можиш да извајш оти "то е нивна работа и нема ти шо да знајш тука", а буквално си пратен да стекниш искуство, а често пати и да работите заедно и да зависите еден од друг.
И точно е дека децата од богатите семејства полесно поминуваат. За нив нема зима. Ќе споделам пример. На моето прво работно место, имаше една колешка која е ќерка на една позната јавна личност. Работеше по 2.5 часа, доаѓаше кога сака, си одеше кога сака, не фермаше никој, си работеше како си знае, како лисица со опашот што мете, оти беше дојдена со врски. Дојде еден ден газдата, познат тајкун, и пред сите 10-12 души во канцеларија почна да и посочува каде греши. Значи дојде и директно ја прозва „ти работиш еднолично, те гледам секој ден едно, исто, погледни ја конкуренцијата, срамота е, да видам подобрување“. На сите ни беше нелагодно, типката мува не ја лази. Не се коригираше воопшто, туку за некој месец си даде отказ и си отиде. Сигурно се пожалила на тате, па тате нашол друго место каде таа ќе си клати врата и ќе си прима плата. @KuklickaSk додека редици луѓе чекаа пред банката, двајца банкари беа излезени рано наутро, па веднаш до банката си пиеја кафе и си пушеа цигари во кафич. Муабетот на странките беше „ако оваа е најдобра банка, какви ли се другите“. Влегоа внатре двајца пензионери, дури чекаат си кажаа два три муабети, и не беше гласно, дојде обезбедувањето им вика „ако ви е за муабет, ајде надвор, да не ве бркам“. Која дрскост. Кое невоспитување. Каков крш. Не менувајте фирми секој месец или секоја година. Кога ќе треба да одите во пензија, ќе видите какви маки ќе имате. Три месеци стаж од ваму, 5 од онаму, основица минимална, ваму на пола работно време, каша попара. Вие ќе бидете оштетени. Јас 7 години и 3 месеци сум во иста фирма.
Почнав релативно млада во огромен колектив. Буквално од клупа на работа. Кај менаџер кој го знаев цел живот меѓутоа на работното место беше тиранин. Не сум стара меѓутоа во тоа време беше коментарот издржи, работа тешко се наоѓа, што ќе правиш без пари. Убаво е кога ќе земеш плата итн. Во помал град ова, пред многу години, со работни места на прсти да се бројат. Не го оправдувам останувањето во такви услови, макар што јас останав и низ годините се изборив за далеку повисока позиција и плата. Е сега низ годините сретнав повеќе од 100 млади во истата ситуација и компанија. Прв впечаток ни е дека "денешните млади" бар оние кои се на возраст како мене кога почнав, не се замараат и трудат толку. Околностите се сменети, имаат можеби грб позади себе, има многу компании каде што можат да менуваат работа. Па и отворен пазар низ цела Европа и пошироко. Не дека нема такви кои се трудат по секоја цена да научат или останат на работа, но се повеќе се тие со коментари - јас ова не го трпам, не работам за плата од 400 евра, можам да си заминам кога сакам и сл.
Мене само ми е криво зошто сум родена во погрешно време. Кога јас барав работа, толку ја немаше што се прифаќаше и работа без слободен ден и одмор од 7 дена се на се. Па и непријавени по месец два, додека "се уверат" дека си ја научил работата. Колку сме биле заменливи секој ден ни беше кажувано. Сега младите имаат и грб од родителите и флексибилност, можат да бираат, поценети се, а што е за право и поинформирани и знаат да покажат став. Пред некое време баш за ова коментиравме со пријатели. Дека шефовите не можат да се справат повеќе со нив - не им се работи, се расправаат за се и сешто, се обраќаат на постар и поискусен колега без почит и со потсмев, не прифаќаат авторитети и сл. И ова е донекаде позитивно, ама и негативно. Имав помлади колешки, и не дека не можат да научат, ама биле несериозни и мрзливи. И на многу лош начин сакале да постигнат позиција преку ноќ. Газат се пред себе само да си ја постигнат целта. Од прв ден те гледаат како конкуренција, а не како некој од кого треба да учат. Колегијалност и не постои, се како да им е сведено на интерес. Секако, секогаш има исклучоци, ова е само моето искуство