Има разлика меѓу нетрпење шефови кои се изживуваат врз тебе и едноставно мрза за работа. Во денешно време некако побледа станува границата меѓу овие. Ако често каснам, ништо не ми е погодено, не ми се работи, сите колеги не чинат, имам mental breakdown за една замерка бидејќи сум направила грешка и се карам со сите, до мене ќе да е. Од друга страна, ако те местат да работиш работа што реално е за барем двајца, си играат со твоите слободни денови и одмор, не ти излегуваат во пресрет кога нешто навистина ти треба, ти се дерат кога направиш грешка и сл. тоа е сосема друго. Моментално каде што работам повеќе од една година, не сум осетила неправда врз мене, ниту јас сум забушавала намерно. За исплата на плата, слободни денови и одмор (и плус уште за различни ситуации од животот како свадба или смртен случај), коректно однесување од страна на менаџментот, излегување во пресрет кога навистина е потребно немам никаква замерка бидејќи сум го осетила тоа и сум го видела по пример на други колеги. На интервју не добивав прашања од типот дали планираш да раѓаш, фамилијарните луѓе се сосема прифатени. И да знам дека сето ова треба да е нормално и bare minimum, ама толку приказни слушам од фирми кои не се придржуваат на ова што ми се чини дека е неверојатно. Во оваа година додека работам само еднаш чув за случај на кого не му бил продолжен договорот бидејќи се зафркавал и многу попуштил во работата (многу така кажуваа барем), па отишол да се испокара со менаџментот после замерката, поради што не му го продолжиле договорот. Сакам да кажам, има секакви луѓе и секакви фирми. Никаде не е најсовршено реално. Има луѓе што злоупотребуваат и навистина не им се работи, и такви кои знаат колку вредат без да омаловажуваат други, не трпат неправди од шефови и секоја чест за нив. Треба сите, и вработени и газди, да се стремат кон постигнување здрава работна средина.
Па тука е негде развојно економијата цело време. Од феудализам, во феудализам, со очајни обиди да се врати робовладетелство, само уште фенси име да му измислат
Моја перцепција е дека младите денес не се поразмазени од она што биле нивните родители на нивна возраст. Нивните родители поретко работеле и студирале истовремено, а денешните млади не се плашат да ги прават и двете нешта и да се помачат. Дали е тоа добро за нив е друго прашање и веројатно зависи од многу нешта. Со оглед на тоа дека некои од нив МОРА да работат заради економската состојба која е полоша од онаа на времето на нивните родители, можеби и дел од младите вработени и немаат многу избор. Можеби немаат за јадење дома. Вистина е дека не трпат некој да ги малтретира и тоа е добро. Добро е што се ценат себе си и тоа што го знаат и умеат. Имаат смелост да кажат гласно ако нештото не е во ред и да му свртат грб. Но, да знаете и вие помладите дека таквата смелост не е само по ваша лична заслуга туку и благодарение на моменталната состојба во едно општество и колку има слободни работни места, колку има невработеност во земјата и сл. Некој спомна погоре шефот рекол оди си ако не ти чини и си отишол. Ако е масовна невработеност во земјата, малку потешко ќе си отидеш ако знаеш дека друго работно место тешко ќе најдеш. Всушност, таа реченица - оди си ако не ти чини ја научија газдите токму во тој посттранзициски период, кога за едно работно место се тепаа десетици невработени и можеа да бираат од огромниот процент висококвалификуван невработен народ. И иселувањето и вработувањето надвор од земјата е фактор. Во ситуација кога младите се иселуваат, оние кои имаат потреба од работници со одредена специјалност, ќе се потрудат да ги задржат тие малку квалификувани што уште бараат работа. И овде не мислам само на високообразован кадар, мислам и на одредени стручни лица кои кај нас ги снемува. Еве нема угостители, кувари, пекари. Тие што ги бива, за да не отидат по странство ги задржуваат со повисока плата и со други поволности. (сум слушнала за кувар кој добива 2000 евра плата и за пекар на кој газдата му го реши стамбеното прашање за да не се исели од земјава). Мислам дека работите се сменети во последниве декади и дека тие промени ги диктираат и овие односи меѓу фирми и вработени и го диктираат пазарот на трудот. Оние кои ќе се прилагодат ќе опстанат.
И тие што не работат за 400 евра, дали веќе не дотераа до просечна плата од 1.000 евра? Не. Едвај 35.000 денари е просекот. Секој изминат ден без психоди и стаж е огромна штета.
Ако не дај боже скинеш конци пред пензија, џабе стажот А проблемите од работното место ти влијаеле на секое поле од твојот живот. Работиме 40 години за 5-10 години пензија која не е ни нешто добра. Работи за џабе и со нервози, ама за себе, не за новата кола на газдата.
Муабетот ми е да не се оди во екстреми. Еве младите многу се ценеле, а платите во државава дно. За мене лично, кога првпат останав без работа, и 6 месеци немав примања, од нервози ослабнав 7-8 килограми и тоа беше видливо за око. Без ќор денар во џеб, кога ќе немаш за едно кафе, за едни чорапи, а камоли за одмор, еее тогаш абе ќе пукаш од здравје. На секое работно место има стрес, само како совладуваш комуникациски и работни вештини, тој стрес ќе биде се помал, едноставно отрпнуваш на глупости. Ако скинеш конци, а имаш малолетно дете, тоа ќе си прима пензија до 26 години. Слушам парите од втор столб ќе можело да се вадат на 55 години. Малку може е, ама џабе не е. Како стареам си мислам, добро што ако имам век од 85 години на пример? Пензија ќе ми треба.
А што ако живееш до 85, а пензија нема? Појма немам која генерација сум, ама негде меѓу милениалс и џен зи сум од видеото @theowndemon Единствениот начин да добиеш значително покачување е да смениш фирма. Парадоксално но вистинито. А за тоа, треба да знаеш да се продадеш, ваљда џен зи тоа го знае најдобро, појма немам.
Да живееш до 85 години и пензија да немаш, значи ќе примаш социјално, ако ти дадат и ќе трпиш за леб. Затоа сакам да се изборам за повисока плата, поголеми придонеси, а тоа носи и поголема пензија. Не сум стара, ама не знаеме колкав век ќе имаме. Ако млад човек не ни сака да работи, затоа што платата му е мала, а тој се „цени“ и се сели од фирма на фирма, каде и како ќе се продаде? За да формираш добри деловни контакти, со помош на кои ќе се продадеш добро, ти требаат години и години. Треба да те паметат дека си Станка што беше добра работничка, професионалец во таа и таа фирма, а не дека Станка беше една жена што никаде не и чинеше, смени 20 фирми и никаде не се прилагоди. Мало морген што ќе земат таков нестабилен на работа, а не па добро да се продаде. Еве скоро ни стигна такво цв, човек на 43 години, тотален анонимус, никој не го знаеме, сменил еден куп фирми во животот и е без работа. Денеска си отиде едно девојче од понизок ешалон. Сакала унапредување, не го доби, оти не се покажа и си замина. Не нашла нова работа, ќе седи дома да размисли, што и како. Некој ќе рече се „цени“. Не се „цени“, туку испаднала будала, не учела, не купувала знаење, туку се зезала пола работно време и нормално, зошто газдата да ја унапредува. Не е будала да фрла пари во ветер. Од утре нема ни да се осети дека таа фали во тимот. Друга колешка ми кажа дека се препородила кај нас, оти немало манипулирање. Претходно каде работела, атмосферата била многу лоша, а женава е со 20 години искуство. И штом во Свети Николе веќе има 6 Индијци, сметајте дека ќе почнат газдите да носат странски работници овде.
Ќе си аплицира човекот на повеќе места без гајле. Искуство во повеќе фирми и проекти се валидира наместо 20 години во една фирма каде врв на напредок е пица за тим билдинг. Жити се, што е мотивацијата да останеш во мк фирма децении освен рутина? Ќе те стават ко-основач, ќе добиеш акции? Ни во сон. Монотоно е за амбициозни луѓе. Девојчето побарало унапредување, нешто што е нормална работа, ако се осетила дека и треба. Нејзината одлука подобро да не работи отколку да не биде вреднувана е нејзина. Ако стварно имаш вештини нема ниту една минута да се плашиш. Со празни раце нема да останеш, само работодавачот ќе изгуби квалитетен кадар.
Зошто мислите дека само платата е проблем на младите? Не е само платата. Еве јас ќе ви кажам Покрај платата, вработените во фирмите се многу завидливи,љубоморни,настроени со омраза према некој помлад колега кога ќе дојде. Они се тие уствари штпо немаат почит према помлад колега и покажуваат некаква надмоќ и владеење во фирмата. Епа младите ова не го трпат и ова е резултат на некултура и никакво воспитување. Со една реченица, тотално заклучен мозок имаат и тоа е тој македонски менталитет, каде што мозокот никогаш не го хранат и надоградуваат за да станат подобар човек,подобар колега, подобар пријател и т.н. А за шефовите и “газдите”? За нив треба да се воведе вечерно школо,во областа на воспитно образовниот процес, за да научат како треба да бидат лидери без титула.
Не си во право. Да беа мрзи, немаше да посетуваат милиони курсеви за себенадоградување и константно да работат на себе. Ова го немаш кај повозрасните генерации. Извини на бруталната вистина, но се бројат на прсти тие што прочитале барем една книга во животот или одвоиле време, не биле мрзи за да умствено се најранат себеси. Тежок е тој процес. Затоа ретко кој го напрабил и прави тоа од нив, затоа што они се мрзи и од генерација на генерација си пренесуваат некакви ограничени ставови.
Шо ми се извинуваш 22 години иам и глеам поише од вас постарите Пола моја генерација уше не знаат да пишуваат. Мислат мора почетна 500€ а од факс искачаме живи дупки. Не ми кажувај Се надоградуваат едвај 10% И од нив 5% си идат после стекнатото знаење, останатите 5% се мачат овде
Мене коса на глава ми се крева од муабетот "се ценам, не работам за 400 евра" или "добро ќе се продаделе", мислиш секој втор е научник од светски ранг во Македонија. Тие што не се потценуваат да работат за 400 евра, седат на Фејсбук по цел ден, бараат пари за фармерки од мама која во текстил зема 400 евра, а сметките ги плаќа тате кој вози такси по цел ден исто за 400 евра. Некој денар во семеен буџет префрла и баба со пензија од 14.000 денари. Мама и тате знаат дека детето им е разгалено и мрза, дека свирка не бива од него, ама да не бидат груби, собираат стресови, се пресметуваат до денар, и ако немаат дијагнози, нешто ќе закачат, дијабетес, притисок. Знам дека 400 евра се малку, ама подобро да покриеш свои трошоци и да не си на терет на родители, да си платиш еден скромен одмор, да ти тече стаж, да имаш некоја сигурност во случај на стечај на фирма или технолошки вишок. Добар кадар немало никогаш во Македонија. Татко ми додека работеше, пола фирма беа крадци и мрзливци, па крадеа лепило, плочки, чекани од градилишта, а во приватни куќи на бизнисмени се послужуваа со кулени, чајни од фрижидер, по некое винце си крадеа мислејќи нема да се примети. Работното време од 8 до 16, овие штом техничарот ќе си отиде, тие по него, фаќаат магла, во 14 часот се дома и на крај платите биле мали. Викендов беа во еден македонски град, двата музеи не ни работат во сабота. Едниот музеј, се распаѓа. Па почни бре да работиш во сабота, наплаќај влез и среди ја фасадата. Колешкава сигурно веќе ја барале од Наса, патем во нашава фирма неколку пати газдите кажаа добила жолт картон пред отказ. Газдите на фирмите се пријатели или познаници, во секој момент можат да кренат телефон и да ве проверат што кадар сте. Се имам дружено со луѓе кои високо се ценат, па така излегувањето со нив е "дај телефон, да свртам немам кредит", "да пиеме кафе, ама немам пари, ако честиш", "абе жешко е, да фатиме такси ако имаш пари", "оди во продавница, купи чоколади за децата на другарката, јас немам пари, а срамота да одиме со празни раце". Еееххх, времиња колку сум била толерантна.
Прво зборуваше за преквалификувани луѓе кои многу барале, што менувале места, затоа не чинеле, сега за неквалификувани луѓе кои не чинеле оти не оделе на работа. Значи само работнициве што ќутат и трпат најдобри. Ми мириса на некој експлотирачки газда уплашен од немање џабе работна сила Цитираното што го напиша е карактерна карактеристика и финансиска неписменост, а и ствар на опкружување. Плус не те осиромашеле ако кафе или звонење на телефон е причината, радо би на странец а не пак на познаник. Неодговорен човек колку и да зема плата до крај на месец ќе е рачунат на туѓо частење. Квалификувани луѓе што се ценат поштувам и охрабрувам уште по прибирливи да се наместо да ги дотепуваат. Неквалификувани не ги судам воопшто, можеби решиле да се посветат на дом и семејство, можеби уште не ја пронашле својата пасија, можеби така решиле ете да ден-губат. Се е подобро од “ќути може и полошо” , пијавици на шефот, кодошење и сопки на колеги и помирување со иста плата со години. Буквално секој друг избор е подобар и зборува повеќе за личноста.
Ако одат од едно на друго работно место не значи дека се преквалификувани, туку се несериозни, не можат никаде да се адаптираат. Еве имам бивша колешка која буквално ги помина сите скопски фирми, плус има работено и во внатрешноста на Македонија. Значи селење од фирма на фирма, откази, кавги, тоа ти е нарушување на меѓучовечки односи секаде. И буквално остаре, селејќи се од фирма на фирма, ама не го најде тоа што го бараше. Мене тоа ми нема ефект. Ретки се кај нас луѓето кои навистина вредат и кои навистина можат да се продадат добро на овој пазар.
Не се секирај ке се "продадеме" на Германски,Хрватски,УК итн да не ги набројувам сега пазари за работа за тројно повише парички.На вас работодавачите kе ви дојдат од Индија и Бангладеш "квалитетните работници". За 350 евриЌи почетна (ако им дадете и тоа) Интересно е воа како нашиот кадар сегде се вреднува освен у маика..ќе да е до работодавачите изгледа ?
Не сум работодавач. Никој никого нема врзано фала Богу. Јас ви кажувам дека газдите не се наивни, знаат кој, колку може, знае, знаат во сите конкурентни фирми колкави се платите итн. Ако му значиш како работник, ќе ти покачи плата, нема да дозволи да одиш да бидеш келнер во Хрватска.