Младите и работата

Дискусија во 'На работното место' започната од Biljarkata, 6 јуни 2023.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.954
    Пол:
    Машки
    Работев во една фирма повеќе од 4 години, го давав максимумот, не знам ни јас колку неплатени саати прекувремено сум имал, некогаш асистирав колеги од дома, обучував нови колеги, работев барем две работни позиции а едвај бев платен ко за една (најжалното е што додека работев мислев дека сум добро платен, оти не знаев како се платени другите луѓе во други фирми, не зборев за тоа, прва работа ми е), се соочувавме цело време со недостаток на работници и дојдов до тој степен да осеќам како менталното здравје ми се влошува оти целиот терет беше на мене. При разговор со работодавачите за тоа сфатив колку не те ценат и те гледаат ко потрошен материјал, колку и да си работел. Ми скисна и дадов отказ.

    Е сега, како што спомнав и претходно, обучував нови вработени кои претежно беа млади (18-25 год.) Дали се неодговорни, мрзливи, свилени? - Искрено, да. Тогаш ги обвинував за тоа, оти мене ми правеа лошо, сега ги разбирам потполно. За минимална плата, толку. Знаете како викаат, минимална плата - минимален труд.

    Убаво искуство ми беше, созреав на еден начин со таа работа, не се каам што ја работев. Ама, веќе со месеци се каам за тоа што вложував се' од себе и што сум таков човек што сака се' да е погодено.

    Така да, не е целосно вината во младите, туку и во работодавачите кои се богатат на туѓ грб а не даваат плати и не ги ценат работниците. Мислам дека баш постарите генерации ги имаат поставено тие стандарди да бидат третирани недоволно добро од работодавачите.
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
    На Bella •••, Victorian, boo3 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Или готвач за кое што имаш завршено и уживаш да го работиш за 2 иљадници наместо тука за 380е.. а и келнерот што мислеше дека ке ме увредиш зимаат 3 пти повише од тука.
     
  3. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Иселувањето ги испразни училиштата, првачињата од Прилеп заминаа во странство
    Баш додека ти објаснувам излага ова на сител..да беше до работниците ке ги враќаа од таму никој Германец работодавец не ти дава 3,4,5к евра ако си неквалитет.
     
    На cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.894
    Знам. Ја видов веста. Овде останува неквалитет.
    Не реков келнер за да те навредам, не ни знам што работиш, туку знам дека во Хрватска највеќе бараат за во угостителство.
     
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.486
    Пол:
    Женски
    Како инженер со помалку од 1 година работно искуство, ми се допаѓаат бенефитите кои ми ги нуди компанијата, како приватно здравствено, соба за одмор со се и сешто внатре, приватна кујна за да си направиме за јадење, компјутер за на работа и плус лаптоп за дома, ранец и се останато од кабли, маус, слушалки, се од фирмата, ново, за нас и дома можеме да си го земеме ако имаме потреба.. Платата ги задоволува минималните критериуми за оваа позиција во споредба со други ИТ компании, и колегите се доста разбрани, помагаат, не се зајадливи, секој се труди највеќе да помогне што може, и сите работат, нема легачи, што мислам дека е многу важно за стекнување искуство.. Имам предвидено на ден по 2 часа да трошам за леарнинг активитис, и тоа е исто така важно за почетници..
     
    На Victorian, cresa-jagoda, winnie02 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.764
    Пол:
    Машки
    Немој Нина, не почнувај и ти да им кажуваш какви поволности имаме во ИТ. Ќе те направат и тебе лигава, размазена и арогантна која едвај чека газдата да те шутне затоа што му ги користиш бенифициите што ти ги дал. :D
     
    На senjorita-v, Victorian, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.486
    Пол:
    Женски
    Конзола за играње игрици, фудбалче, пикадо, лејзи бег, кафе/чај/сок бесплатно, тераса огромна исто за одмор, огромна трпезарија со кујна, билјард... Или ај да си ќутам..
     
    На cresa-jagoda, Ajronmen, winnie02 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.844
    Допаѓања:
    202.910
    Пол:
    Женски
    Кој црн пазар во Македонија... Гледаат само да те искористат за минималец, одмор арно ќе е ако ти дадат една недела, слободен ден е мисловна именка. После зошто шетаме од фирма во фирма? Треба ли да трпиме да се изживуваат со нас, и да ќутиме само за да имаме стаж и пензија? А која црна пензија ќе биде ако цел живот си работел на минималец? Сите исто ветуваат, за почеток ќе биде со помала плата, нека тргне работата, па ќе има покачување. Лажги со опашки. Еве, година и пол сум тука кај што сум, работата тргна, има голем наплив на пациенти, покачување требаше да има на секои 6 месеци како што беше во договорот, не сум го добила, само порамнување кога го покачија минималецот.
    Слободен ден на кој имам право како ден од одмор го одработувам, ако треба да завршам обврски утрото, попладнето одам да го сработам пропуштеното. Еден ден не отидов на работа оти бев со температура, низ нос ми го извадија тоа.
    Затоа и напуштам. Оти не ме ценат како вработена, плус на свој грб имам четиричлена фамилија што мора некој да ја рани, оти 40 и кусур годишен вол не знае и не сака ништо да работи, полесно му е вака. Ќе барам друга фирма, макар што знам дека исто ќе биде. А секое ново работно место ми е со надеж дека ќе ме почитуваат како работник и дека ќе си ги имам правата. Амбиција да, ама не по цена на здравје и немање време за семејството. Мене не ми гори под нозе, нив им гори, не можат да ми најдат замена, ама тоа не е мој проблем. Ме молат да останам, ама не нудат ништо за возврат. Не сум првата што си заминала од тие причини, нема да бидам ни последна. Сѐ додека е таква атмосферата во повеќето фирми, луѓето ќе менуваат работни места, или ќе трпат.
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Тебе може ти е ова "бенефиција" дека си млада, мене искрено све освен кујна (која ја имам дома) ми е непотребно. Сок па ич, не сум се напила сок од '95. Јасно е дека зависи од годините и искуството, кој што ќе си сфати дека е бенефиција, сок и бербер не се, па не се.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Да се прашуваме и ние зошто не отидовме во ит ;(
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.486
    Пол:
    Женски
    Па добро, имам и фул пакет со приватно здравствено, се опфатено со полисата, од пораѓај до коронки на заби, се што можеш да замислиш а спаѓа под здравствено осигурување и тоа во сите приватни клиники во МК, без да плаќам, не е со рефундација, туку со број на полиса, не да плаќам па да ми враќаат, туку воопшто ништо не плаќам на лице место.. Ете ова е бенефиција и за млади и за стари, ако не ве интересираат другите бенефиции.
     
    На l0vekim, Victorian, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Така е, се сложувам. Со оглед на тоа што повеќето ИТ фирми се пакет странски инвестиции, се надеваме дека ќе останат тука не само 5+ години.
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.764
    Пол:
    Машки
    Не е некоја бенифиција огромна, но значи многу.
    Јас бев првиот којшто не го занимаа овакви работи, дали ќе има грицки, сок, фудбалче итн. итн. Но, откога почнав да работам за компанија која нема канцеларии овде, и единствената социјализација со вработените ми е на Slack, чуствувам колку ми фалат овакви работи за да се релаксирам.
    Имам јас буџет за настани платен од компанијата кој си го користам со друштво, но тоа ти е истото друштво со кое се гледаш секој ден. И додека они имаат активности со колеги, ти, немаш.
    Ама, адресирано е ова и ќе се промени со запознавања на настани. Е, сега, не знам како ќе биде за сите, пошто тимот не ни е само од Европа...

    Значи, сепак е битно за социјализација.

    Од друга страна еден од најголемите бенифити е баш тоа што рече @нина122 за приватно здравствено осигурување. Штета во моето нема за пошироко семејство, пример за родители.

    И ова не се некои којзнае какви бенифиции што ги наброја она, почетни се, понатаму има и други.
    И, според мене овие бенифиции треба да ги има во секоја компанија, или поточно за секоја работна позиција што е поврзана со високо образование. Треба да биде bare minimum, како што е во странство.

    Проблемот е што во другите дејности, компаниите се домашни, па имаат менталитет на "биди среќен што имаш работа", но, и тоа се менува со одлевањето на работната сила.
    Сите оние што вредат, се едуцирани, информирани, знаат како е во светот, се ценат, и си бараат подобро, не стојат во место. Што е за одлична пофалба.
    Па така имаш млад кадар како Кечап што работи графички дизајн и му нудат 25 000 плата за да работи 3 работни позиции, и графички, и анимации, и видео дизајн и социјални мрежи и што уште не, буквално one man team.
    Епа таквите "деца" кога ќе го испечат занаетот ќе се "продадат" во странска компанија за странска плата.

    Истото се случува и во ИТ. Сите овие услови што ги имаме е затоа што странски компании се навлезени во нашиот пазар, со една цел, а тоа е евтина работна сила.
    И нашите вработени во ИТ, по некоја година се "продаваат" во тие западни фирми за плата 4-5 пати поголема од оваа овде.
     
    На senjorita-v, l0vekim, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    40.492
    Пол:
    Женски
    Бев млада и почетник пред повеќе од 16години. Од клупа буквално директ во фирма. Без ден работно искуство и не не ми беше проблем да почнам од најдолу. И да мислам дека таа перспектива на раст и себе развој ме направија она што сум денес. Признавам дека во почетокот малку и коцките ми се наместија (заминаа луѓе и се отворија позиции набрзина), ама вложував и сама од прв ден во фирма, а ако не вложував во тоа време на страшен непотизам на тогашниот директор многу лесно можеше наместо мене, некој друг да ги искористи можностите.
    И не застанав, еве и ден денес се вложувам во работата и повеќе од максимално, ама затоа и успеав сама со свој труд да стигнам до тоа ниво каде што сум.
    Низ годините покрај мојот стандарден тим кој го водам, ми поминаа низ раце и многу практиканти, кои не беа тука за да ни купуваат бурек или варат кафе. Од нив знаете колку оставија впечаток?! Едвај тројца, од сигурно 30. Зборувам за луѓе кои се вложиле и покрај доделените обврски сами барале да научат и повеќе од тоа. Ама за жал како доаѓаат се понови и понови генерации нивото на квалитет опаѓа. Бар она што проаѓа кај мене. Значи мене ми е неразбирливо млад човек од 20тина години во денешно време да не знае да порамни ворд документ, да почнува нов пасус со одделување на првиот ред со спејс, штрчат различни фонтови кои очи бодат, а дел од работата му е да направи официјален документ во име на институцијата....доволно или да продолжам понатаму. И тоа ова е помошна алатка, што со останатите скилс??? Ова чисто за да доловам ниво на неспремност. И незнам до образованието ли е или до незаинтересираноста?
    Значи не сакам да генерализирам, од секогаш сум мразела генерализирање и стереотипи, ама за жал поголемиот дел од помладиве генерации малку наопаку тргнуваат во целата приказна. Плати ме за да научам (ако воопшто научам), а не размислуваат да дадат свој инпут за да покажат дека залужиле и тоа да биде соодветно наградено. Значи не зборувам за работа од утро до мрак, зборувам за ефикасна работа во рамки на работно време. И како што некој спомна повеќе ќе се посветат да се побунат дека тој некој што дошол пола година после нив отишол понапред, а не гледаат дека тој некој вложил во процесот и колективот многу повеќе од нив. Најглупаво нешто ми е тоа јас сум подолго тука.
    Да не зборувам за не тимски играчи во тимска работа. Најпроблематична за одмори и евентуални дежурства ми е најмладата, со најмалку искуство и со најмал инпут во работата. И покрај планот за годишни одмори кој се прави три месеци однапред, секогаш знае да испреврти и направи каша во нечиј туѓ термин. Најгласна да се бори за некои нејзини замислени заслуги, а нај неколегијална кога треба да се излезе во пресрет да се покрие некој процес.
     
    На xplady, tanjaaa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.894
    Koj e волот не те сфатив? За колега или сопруг збориш?

    Инаку @Billy Idol и @нина122 и јас имам приватно здравствено осигурување. Не сум во ИТ, домашна компанија е. Сега кога пишавте ми текна, скраја да е, со болести, лекари не сакам да си имам работа, но сепак е привилегија, ќе осетиш ако си во зор. За пример, другарка една операција ја плати 90.000 денари во приватна болница пред неколку години.
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.486
    Пол:
    Женски
    Млада е, ќе научи дека се што лета не се јаде, оставете ја, сите биле некогаш како неа..
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Били, ти стигна ферман да напишеш, ама не стигна да ми одговориш што ќе правиш кога лекарот кој треба да те оперира (а користи исти бенефиции какви што користиш ти), ќе одлучи во 5 до 12 да си земе слободен ден (и да ти откаже операција) бидејќи сака да оди на бербер или да си брка свои работи. Од таму тргна муабетот, па да се образложи и тој момент. Бидејќи едно е да имаш услови за работа, а нешто сосема друго е да си измислуваш некои замислени и непотребни бенфиции како бербер и сок на работа, затоа пак ќе пишам, такви работи значат за млади деца и одат во склоп со она што се вика бренд еплојмент, па сега се тепаат фирмите да купуваат Нутрибилети и лејзи бег, затоа што ете тоа на младите им е битно.
    Ама темата не си ти или ИТ индустријата. Не знам како да ја продолжам дискусијава кога човече ти си цело време оффтопик, сенешто кривини фаќаш, да беше писмена единица ќе добиеше. Мислам, сакаш нешто да кажеш, ама некако не ти оди. Пс. Јас сум бајаги постара од тебе (претпоставувам), работам во ИТ (а не сум ИТ), работам во Европа, познати ми се приликите, ама пак, тоа не е темата.
    Псс. За виското образование, не знам што да ти кажам, пак си сам со своите мисли во својот свет, бидејќи мојот молер има средно, ама повеќето вработени во ИТ може да ја сонуваат неговата плата. Тоа ќе ги сфатиш најубаво кога ќе ти дојде ред да кречиш дома. Ама пак, друга тема е тоа.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.844
    Допаѓања:
    202.910
    Пол:
    Женски
    Каков сопруг, управител се води во поликлиникава кај што работам. Ништо не прави, а зема плата на наш грб, заедно со жена му двајцата. Тие се шетаат наваму, натаму, ден не сработиле во животот, ама битно плата им легнува. И се му е криво, ако не е како што замислил, мајка му и татко му не можат да уживаат во пензија ради него, оти ако и тие не работат, нема плата за него и жена му.
     
    На Tanjamm и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.052
    Допаѓања:
    188.070
    Од бенефит признавам само куќна помошничка да ми платат, друго сполај ти:D

    Ќе се согласам со @staycalm дека претходните генерации го имаат поставено стандардот трпи и ќути, ама еј, за 365 дена земјата ќе сврти круг околу сонцето, нема веќе стечајци што ќе одат на работа беспари, се менуваат приликите.Се испразни земјата, оти за сегде не бива, освен за таму, и памет не им иде. Ова, за ,,големите газди,, малите се, ко преживи причаче.
    Сега веќе не е време за ,,ќути и трпи,, или тоа време сеуште се нема вратено.Којзнае и дали некогаш воопшто било, јас такво време не памтам- може останало од старо турско.

    Едит-ова од Ана погоре, не е газда, паразит е. (facepalm)
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
    На senjorita-v, Victorian, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  20. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Да, ама затоа не сите позиции ги имаат тие бенефиции, ниту треба да ги имаат. Доктор, не треба и не е етички да си прави што сака, затоа што работата му е таква. Дали е соодветно платен, он си знае. Тие што работат ИТ, или нешто друго што е онлајн, најчесто нема некои престроги дедлајни, па си го организираат поинаку работното/слободното време, а пак работата никаде не застанува/не касни. Нормално, не е во сите фирми исто, ама затоа и платите се различни.

    Јас на пример никогаш не би работел молер, не дека не ја ценам професијата, туку дека според она што го гледам е мачна, и никој, ама никој досега немам сретнато да му биде желба да биде молер. А платата не треба да се споредува само како цифра, туку и на кој начин е заработена. Што ако молер зима 2000 евра месечно, кога за 10 години телото ќе му биде во лоша состојба од работење во нелагодни позиции. Не мора точно молер, било кој мајстор нека е. Не се развиваш умствено, не правиш/откриваш нови работи, не создаваш ништо. Да не збориме за нивото на муабет помеѓу група мајстори и група инженери.

    Немам лошо мислење за ниту една професија, туку кажувам дека лично пре би работел нешто помалку стресно, полабаво за помала* плата, отколку да рмбам за 2000 евра и после сите пари да ги дадам на лечење.

    *Не минималец, туку доволна за живот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.