Фино ти текна за куќна помошничка, видиш, јас па водев борба крвава за пократко работно време, а не да спијам на работа на лејзи бег, ама ете за секого по нешто Ќути трпи, искрено, тоа го има и во ИТ, само младиве уште не го виделе, впрочем ниту една индустрија не е поштедена, бидејќи е насока во која се движи човештвото, неврзано само за работата. Сме станале одвратно себични, ама друга тема е. Не знам, доволно сме возрасни да знаеме дека во животот не е сѐ црно и бело, и секогаш ќе има немилосрдни газди и работници кои не се во состојба да направат промени. Нас на пример ни текнува дека текстилните работнички или луѓево што работат по моловите се обесправени, ама не ни текнува да ги бојкотираме газдите во обид нешто да се смени. А работници има секакви, зрелоста игра улога, младоста или возраста не многу. Иако ќе забележам дека младите денес имаат "капацитети" да бараат повеќе на сметка на нивните родители кои биле во кругот "трпи и ќути", инаку да не можеле да се ослонат на своите родители, тешко дека ќе имаа толку слободарски дух. Зашто желба е едно, а реален живот нешто сасвим друго.
Ретко кој го цени работникот и покачува плата. Може да вредат 10 луѓе, а тој да покачи на двајца плата. Себични се…не знам што не е јасно. Со секое покачување на плата,се покачуваат и придонесите на вработените. Тука нив најмногу ги боли и затоа дозволуваат да си одат вп Хрватска. Тој ќе работи 365 дена и гајле му е, ќе одам јас два месеци, ти три месеци,друг 6 месеци и он цело време ќе си го пополнува празното место и нема да изгуби.
Поентата е дека не е етички да правиш што сакаш на работа, без разлика на професијата, земање слободен ден во 5 до 12 (како пример) не е доказ за етика или "нетрпење", туку слаба организација би рекла (освен во случаи на итност, во кој не спаѓа бербер). Во однос на молерот (го зедов како пример и немав намера никого да омаловажам нормално), мене молерот ми изгледа супер иако има повеќе од 50 години, за разлика од младичиве кои ги среќавам од ИТ кои 12 саати се на столче, сите со огромен диоптер, сите подгрбавени, сите бабачко (малку претерувам, нормално не сите), ама секоја професија си има свои недостатоци, кога фатив Карпал тунел од компјутерот, посакав да сум молер.
Тоа си е индивидуално. Буквално ниедна работа не е толку итна да мора сега одма да се заврши, зборам за оние што работат нешто што е животозагрозувачки или зависат многу луѓе од него. Не викам сеа во секоја професија кој што сака да си прави, ама барем да бидат ценети. Ако платата им е минимална, или не е сразмерна со вложениот труд, нека не те чуди што на луѓе им е приоритет бербер наместо работа. Само тој што мора да работи за да прехрани фамилија или да врати кредит, само тој е посветен 100% на работата. Друг никој, нити мора, нити треба. Треба работата да ти претставува задоволство, а не мака. Нормално, не сите професии го нудат ова. Ама ако се океј претпоставените и колегите, се создава позитивна атмосфера, а со тоа и ефикасноста е зголемена. И волкот сит, и овците на број. А не, кога ќе е критично во некоја фирма, купи им 10 пици и 10 литра сок, и ајде - ние сме една голема фамилија. Не, така не се работи. Дај покачување, дај услови, дај човечки однос - сите ќе работат како што треба.
Абе и за сабатикал ми текнува мене, ама игрите капиталисти го прекрстиле неплатениот одмор во сабатикал, па види сега Инаку ова второво-хм...мислам дека е научено однесување. Од ќути и трпи родител, многу голема потпора нема, јер џебот празен, па и младиот ќе трпи и ќути, за да прикрпи. Слободарски дух, или ќе има корен во некој шо видел синдикална битка (и тоа постоеше едно време) или ќе има потпора во подлабок џеб. За трето...не знам интернет шо евангелисти има на таа тема, може постои и некој трет фактор, кој ќе го знае.
Не знам имаш ли брнаут или слично, да се вадиш на тоа Искрено, јас сакам да верувам дека луѓето не се садисти и дека знаат што е добро за нив, така што јасно ми е зошто се плашат или не се мрднуваат од своето место, немаме сите исти прилики во животот, џабе вергламе дека сме еднакви кога не сме. Еве јас во Италија после толку години живот сум сѐ уште extracomunitaria и ден денес ме прашуваат дали сум Филипинка (висока, тенка и бела како снег сум), без разлика на моите квалификации и искуство. Замерувам индивидуализам до оваа мера до која одат денешните млади кои да сме живи и здрави ќе дочекаме да видиме што тие ќе изградат за своите деца ако веќе мораме да се мериме
Се чудам шо муабетов на некои испаѓа вака: Бидете среќни со 350 евра пошо у Африка им е еден долар дневница. Таквиот став е проблемот. Уствари проблемот се баш повозрасните шо навикнати на социјализам се пензионираат во истата фирма во која што почнале и за 40 години ако не ја рачунаш инфлацијата уствари никогаш немале покачување на платата. Пантелиќ е муабетов. Млаџи референт 6 месеци пред да се пензионираш. Па у Македонијава никој не се бори милионер да е. Борбата е освен основната плата да ги добиеш и основните работнички права. Да си пријавен, да си пријавен на цело работно време, да си пријавен на цела плата а не да добиваш дополнување во плик... Факинг борбата е да заработуваш за основните човечки потреби, ко кров над глава шо треба да ти го доисплатат внуците твои. Најголем просек на луѓе шо живеат со своите дома иаме во Европа. Просечна возраст на селење ни е 31 година. Не велам дека менталитет и други работи немаат влијание, ама има и економскиот фактор. И ваљда е поголем од сите други фактори. Не е проблемот да работиш за 20.000. Проблем е шо све треба да трпиш за тие 20.000 кој просечен македонски газда ти ги претставува као услуга од негова страна. Ако не па фала кажувајте им коа ќе ви пуштаат плата. Епа кој е будала да се откаже од сите права као работник и да трпи секакви неправди, притисоци и мобинг на работното место за 20.000? 2 минути немојте да трпите вакви газди. Тука кај нас ако не бараш, ништо нема да добиеш. И коа ќе бараш во многу форми нема да добиеш, ама барем си кажал, си зуцнал, барем знае дека не си теле туку имаш памет како човечко суштество.
Вака сега,искрено да си кажам,како сеуште стојат работите за жал..Овде уште си постои тој став дека ако се пожалиш дека си дискриминиран,угнетен,се бориш за своето место под сонцето,ти си бунтовник и неработник...Треба да молчиш,па макар и бил највредниот и не злоупотребуваш пауза,боледување,не дремеш со саати над телефонот...А тие поплаки скоро секогаш имам приметено дека доаѓаат од постарите,кои се навикнати на некој веќе умрен квази режим(глумим строгочу).Што добиваат со тоа само ја не знам..повеќе поени кај шефот..Бедотија... Тие се навикнати да бидат заморчиња всушност... Кај треба да се работи за малку пари(минималец),па уште и да трпат мобинг и вечито фрустрирани бабускини и дедовци...?Па не се мајмуни...Секако ќе станат и ќе си најдат подобро..едноставно МНОГУ ПОВЕЌЕ си се ценат од оние постари генерации! Мислам дека си го знаат квалитетот и дека можат да создадат револуција,вистински промени наместо да трпат како што се трпело..редно време е да се сменат оние права на работникот што ги заслужува,сепак сме 21 век!
Повисока плата, повисоки придонеси, повисоки даноци. Откако се качи минималецот платите кај нас не ги качија, туку даваа бонуси. Е сега, кажано е, ако продолжиме со добри резултати, ќе зборуваме за покачување. Претходно имавме слаби резултати од некои други околности, ама не дадоа отказ никому. За да се продадеш, да имаш избор каде ќе работиш треба да го испечеш занаетот. Состојбата никогаш не била добра во Македонија, ама ако седиш дома, затапуваш, забораваш, губиш контакти и си се подалеку од наоѓање добро работно место.
Да, но тоа е заради преголемите класни разлики кои и ние внатре во државата ги имаме, не се бега така лесно од животот, некој кој има само две ниви и не може на детето да му купи ѓеврече, живее многу неизвесен живот. Иако мислам дека Источна Европа и Балканот имаат многу висока стапка на поседување имот (Романија предничи мислам), така да тоа е и менталитетот, што сака нека биде, кров над глава да се има, за разлика од Европјаните, кои се раѓаат и умираат под кирија, делумно затоа што нив ги води кариерата, не семејството. Јас можеби не знам многу на темава, ама младиве кои толку ги споменуваме, живеат многу во својата индивидуалност и освен примери на претприемачи, во моја околина јас не гледам многу револуционери, баш напротив, знам многу "млади претприемачи" кои ги експлоатираат своите врсници во фирми по станчиња под изговор дека добиваат поголема плата. Така што, до луѓето е, сите трчаат за пари, сите сакаат да уживаат во капитализмот ако се во неговиот привиден врв, тогаш некако се стишува борбата. Исто како што сакаат да уживаат во некои буџетски услуги ( настрана колку се тоа пристапни услуги кај нас), ама не сакаат да имаат буџетски обврски, мене ми е тоа знак дека уопште не се свесни што колективноста значи и колку нам како мал народ може да нѝ ги реши најбитните проблеми.
Мотивирана од друга тема, отворив вчера вработување.мк. Што отворив-просечната плата за оваа позиција е 20-22 илјади. Тугооо Просечната плата може и 45 да биде, со функционерските плати покачени за 100 посто, ама врска нема тоа со реалноста .
Дали разбра што пишав или? Источна Европа е посиромашна од Западна Европа, но и покрај тој податок за економската ситуација, Европјаните на Исток во многу поголем процент се сопственици на имот, за разлика од западњаците. Романија е богата или сепак има малку врска со менталитетот? Ние сме така научени, само во моја зграда куп бабиња и дедиња што уште плаќаат кредит за стан на своите деца кои одамна емигрирале и на крај памет не им доаѓа да се вратат, битно стан во Скопје ги чека, ама не се знае што ќе им е. Исто и со гастербајтерите од внатрешноста, силни куќи издигнаа, иако поколенијата доаѓаат 10 дена на летен одмор. А таму каде што живеат, живеат под кирија. Тоа не е симптоматично за Балканци/Источњаци? Пошто во Италија на пример немам сретнато фамилија која живее на едно место, а дига кредит да гради куќа на местото на потеклото, бидејќи нема многу логика.
А каква врска има тоа со темата? Уште плаќаат кредит, оти го земале да живеат таму, сега што да праат, да го дадат на банката ли? За тие што допрва кревале куќи, не знам што да кажам- може ќе се вратат некогаш. А може и 30 кила за куќарка негде е поарно отколку 3 квадрати во Минхен на пример. Како и да е, скроз друга тема е.
Не ја започнав јас темата, муабетот го започна Ајрон со статистиката зошто младите живеат дома до 30 години. Овие податоци се дел од таа иста статистика. Менталитетот се спомна.
Значи џабе ги кажуваш примерите. Јас во почетниот коментар пишав дека не можеш лесно да купиш свое место за живеење и дека ќе ти требаат 50 години да отплаќаш кредити и дека затоа луѓево си живеат со родителите. Ти ми одговори дека тоа е така бидејќи кај нас се напињаме за купување недвижнини и индиректно кажа дека треба да го следиме примерот на западните земји и да се живее под кирија како нив. Па моето прашање, т.е. коментар беше јасен: Како Македонец шо живее и работи во Македонија ќе искочи од дома и ќе живее под кирија од 250 евра со плата од 350 евра? Исто ти се фаќа...
Со квалификации или без шансата да дојдеш во нешто твое без да го отплаќаш цел живот е 0,01, значи пола плата ќе ти оди на ќирија, значи ќе живееш од месец за месец со работата = зошто да работиш? Нема поента ништо веќе за овие генерации
Ти мислиш дека не се доаѓа лесно до живеалиште наспроти статистиката дека во сиромашните земји на Балканот има многу повеќе сопственици на имот отколку во Зпадна Европа, дали е можно да не ја гледаш контрадикторноста, тоа го кажав? Впрочем, не знам зашто се правиме на будали, за кого се изгради Скопје у последниве десет години, секако за мене не, некој ги купува тие станови.
Сум сменила многу позиции, а највеќе сум се внела во оваа што сум сега. Работам без грешка и без страв. На почетокот не сфаќав сериозно и ношналантно се однесував па ме тргнаа од едниот сајт(школо беше). Сега имам два сајта на кои редовно работам и ми праќаат луѓе на обука. Иии ова колку не сакам затоа што се неписмени, џабе ги обучувам ако работиме заедно без мене не можат да сработат. Млади сме сите. И што ако сум млада жива ненаспана сум, секој ден по 16 часа вклучувајќи го и патот до работа. Сум работела со болна нога,со тромб у нога, со температура, кога сум била мртва уморна и кога требало човек во итни ситуации. Не дека се фалам има подобри од мене или полошо е ноќна да идеш затоа што не смееш да спиеш. Да ви кажам има млади мрзливи, го мрзи да си испегла кошула, да си облече униформа. Има млади што злоупотребуваат должност ( позиција на која работи) за глупа приватна причина. Ми доаѓале секакви ликови, пробале да ме наместат се наместиле сами. Уствари, колку само пробале да ме срушат кога ќе ми текне се смеам. Е сега да се навратам во Мкд работев за позната пицерија од персонал до кадар мизерија. Кога имав напад на работа од колешка газдата ми рече не сум требала да дигам прашина, полиција и слично. Од тогаш немав мир од него, па си дадов отказ. Кога ќе ми текне како се обидоа да ме понижат пред сите дека ме отпуштиле па си кажав да признаат дека прва си дадов отказ, колку беа самоуверени ми се смее. Им ја повлеков сера багра, после мене уште колку им напуштија и нонстоп имаа огласи. Уште имаат гледам, им работат неписмени, што не знаат што е слава и кои се св.Кирил и Методиј. Нека им служи на чест сѐ, дека многу јака плата даваа па се силеа. Немаа поим од работење ни самите. Со таа плата, тој став и тоа однесување се испразни Мкд, младите избегаа не само ради условите него и ради тоа што ги тераат да работат три различни позиции за една плата!
Нема контрадикторност, класното раслојување е очигледен фактор. На истокот едно време беше комунизам, на западот капитализам, ама и тој комунизам, значеше можност да имаш свој дом. Сега сегде е капитализам, и сегде е подеднакво тешко, скоро невозможно да се стекне живеалиште. Значи статистиката е рефлексија на една историска акумулација на имот, на запад е концентрирана кај малкумина и тоа е тоа. Зградите во Скопје се феномен за себе, кој ќе крпи цел живот со кредит за да исплати, кој пере пари, кој акумулира капитал. Секако премногу ги има што зјаат празни.